Денеска ненадејно почина д-р Виктор Исјановски, истакнат македонски психијатар и поранешен директор на Здравствен дом Скопје во периодот од 2019 до 2024 година. Роден е на 21 јули 1978 година во Скопје, каде ги завршува основното и средното образование. Медицинскиот факултет го завршува во 2003 година, а дел од студиите поминува и на Универзитетот во Мајами, Калифорнија, САД. Својата професионална кариера ја започнува во 2004 година во ...

Странските директни инвестиции во 2 квартал изнесуваат скоро 76 милиони евра. Бројка која е најниска од 2023 та година, објави Народната банка. Во првата половина од годината пак, вкупно во земјава влегле 221 милион евра, од кои најголем дел се реинвестирана добивка на фирмите. За лошите бројки лидерот на опозицијата ја обвини власта – странските инвестиции се преполовени во однос на првото полугодие лани, кога СДСМ беше на власт. Со овој ...

Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, изјави дека е незамисливо рускиот имот замрзнат во рамките на Европската Унија поради војната во Украина да биде вратен без Русија да плати воени репарации. – Воопшто не можеме да замислиме, ако дојде до примирје или мировен договор, тој имот да ѝ биде вратен на Русија, а таа да не плати репарации, изјави Калас за новинарите пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Копенхаген. ...

Европската Унија останува поделена околу тоа како да реагира на катастрофалната хуманитарна ситуација во Појасот Газа и какви мерки да преземе против Израел, утврдено е на денешниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Копенхаген. Европската комисија предложи суспендирање на финансирањето за истражувања на израелските компании откако внатрешна ревизија на ЕУ заклучи дека акциите на Израел во разурнатата територија го прекршуваат ...

Андриј Парубиј, поранешен претседател на Врховната рада – украинскиот парламент, и една од клучните личности во револуцијата Евромајдан, денеска беше убиен во Лавов, јави Kyiv Independent. Националната полиција соопшти дека политичар бил застрелан во западниот украински град, а пратеничката Ирина Херашченко од партијата Европска солидарност потврди дека жртвата е токму Парубиј. Веста ја потврди и претседателот Володимир Зеленски. „Министерот за ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во осминафиналето на УС Опен, откако го синоќа го совлада Британецот Камерон Нори со 6:4, 6(4):7, 6:2, 6:3. Седмиот тенисер во светот дојде до победата над 35. тенисер на АТП листата по два часа и 49 минути. Во осминафиналето, Ѓоковиќ ќе игра против Германецот Јан-Ленард Штруф. Германецот Штруф (АТП-144), пласманот во осминафиналето го избори, откако во три сета го совлада Американецот Френсис ...

Португалецот Кристијано Роналдо го постигна својот 940. гол во кариерата во победата на Ал Наср над Ал Тавон со 5-0 на гостински терен во првото коло од првенството на Саудиска Арабија. Новото засилување Жоао Феликс постигна хет-трик, а уште едно ново засилување, Кингсли Коман, го запиша својот дебитантски гол во дресот на Ал Наср. Кристијано Роналдо постигна гол од пенал во 54 минута, приближувајќи седо бројката од 1.000 голови. „Првиот чекор ...

Кошаркарите на Србија и Финска ги забележаа своите втори победи на Евробаскетот во 2. коло од натпреварувањето по групи. Најголемиот фаворит за златото Србија ја победи Португалија со 80-69 во Рига во Групата А, додека Финска беше убедлива против Велика Британија со 109-79 на домашен терен во Тампере во Групата Б. Никола Јокиќ постигна 23 поени со 10 скокови, додека Никола Јовиќ додаде 18 поени за Србија. На другата страна, Диого Брито се ...

Шеснаесет пливачи, 10 во машка и шест во женска конкуренција точно во 10 часот од Свети Наум тргнаа на 25 километарската патека „Климе Савин“ во освојување на 38. Охридски пливачки маратон. Стартот го означи градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков. Првите пливачи се очекува да пристигнат околу 16 часот на целта, на Градското пристаниште. На годинашниот Охридски пливачки маратон покрај од Македонија, учествуваат и пливачи од Италија, Полска, ...

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне и во текот на ноќта под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд и за кратко време ќе наврнат над 20литрина квадратен метар, како и со засилен ветер од над 60 километри на час и изолирана појава на град. ...

Пожарот кај Тиквешко Езеро е ставен под контрола, изгаснат е пожарот кај Мушов Гроб, информираа синоќа од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. - По напорните и повеќечасовни обиди за гаснење на пожарите што денеска избија на територијата на Кавадарци, информираме дека пожарот на Мушов Гроб (Кожуф) е целосно изгаснат. Пожарот на Тиквешко Езеро е ставен под контрола, споделија од кабинетот на Јанчев. Оттаму најавија дека денеска ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 20 минути, додека на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ. АМСМ препорачува прилагодена брзина на ...

Заклучно со 8:30 часот утринава на територијата на државава има еден активен пожар, а пет се ставени под контрола. Активен е пожарот во Општина Кавадарци во близина на Тиквешкото Езеро каде гори нискостеблеста шума и трева, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Како што посочуваат оттаму под контрола се пожарите во Општина Македонски Брод во Повеќенаменското подрачје Јасен каде гори мешана шума, во Општина Гевгелија на планината ...

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, вчера оцени дека најголемиот проблем на Европската Унија е тоа што во Брисел се наоѓа „либерална, провоена политичка елита“ која не ги заснова одлуките на реалноста. – Верувам дека најголемиот проблем е тоа што со Европската Унија во моментов владее исклучително либерална, провоена политичка елита која во основа е многу фрустрирана од сопствениот недостаток на успех и ги заснова своите ...

САД одобрија продажба на повеќе системи за противвоздушна одбрана Патриот и друго оружје на својот сојузник во НАТО, Данска, која со тоа планира да ја поддржи Украина во борбата против Русија. Американскиот Стејт департмент го одобри договорот вреден 8,5 милијарди долари (7,3 милијарди евра), кој вклучува шест лансери, радарски системи, системи за наведување и проектили. Данска и другите членки на НАТО сакаат да ѝ испорачаат на Украина напредни ...

Апелацискиот суд на САД пресуди дека повеќето од царините што неодамна ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп се нелегални, поткопувајќи ја неговата употреба на царините како клучно оружје во меѓународната економска политика. Трамп ги направи царините камен-темелник на надворешната политика на САД во својот втор мандат, користејќи ги за да изврши притисок врз земјите што извезуваат во САД да преговараат за поповолни трговски услови. ...

Хрватски државјанин е осомничен дека извршил семејно насилство врз својата бремена собруга во домот во Скопје. Тој најпрво почнал да и се обраќа на висок тон, а потоа физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници и шлаканици по главата и телото. Потоа продолжил силно да ја притиска за вратот, иако знаел дека е во петтиот месец од бременост. Во еден момент ја зграбил и насилно ја фрлил во креветот, по што и ја удирал главата од ивицата на ...

Центарот за управување со кризи информира дека има активни шест пожари, а четири се под контрола. Активни се пожарите меѓу селата Добри Дол и Врапчиште во општина Врапчиште каде гори сува трева, кај селото Копаница во општина Сарај каде исто така гори сува трева, како и кај селото Магленце во општина Старо Нагоричане. Активни пожари има и во велешко кај фабриката „Киро Ќучук“ и во близина на Тиквешкото Езеро, како и во битолско поточно кај ...

Постапка за собирање потписи за градоначалници до вчера (28 август) започнале вкупно 13 независни кандидати и тоа по еден кандидат во Македонска Каменица, Куманово, Охрид, Дебарца, Дебар, Демир Капија, Македонски Брод, Кочани, Битола, Могила, Новаци, Демир Хисар и еден кандидат за Град Скопје. Сите кандидати ја подигнале својата кандидатура освен во Куманово каде постапката на собирање потписи е сеуште во тек, информираат за МИА од Државната ...

Во време на криза минималната плата ја дигнавме од 8 на 22 илјади денари, просечната од 22 на 42 илјади денари. Првиот човек на опозициската СДСМ Венко Филипче во Тема на денот вели - главната разлика кога неговата партија предводеше со Владата и сега е што во моментов нема криза во Европа, а тие морале да се справат и со Ковид и со последиците од воената инвазија на Русија во Украина. Вели, инфлацијата од 4,8% е далеку над проектираната - под ...

Засилување на воената поддршка за Украина, нови санкции за Русија и европски придонес кон повоените безбедносни гаранции за Украина се главните теми на кои денес и утре ќе разговараат министрите за одбрана на ЕУ во Копенхаген, Состанокот се одржува само еден ден по рускиот воздушен напад врз Киев во кој загинаа 23 лица, вклучувајки четири деца. Во нападот материјална штета е предизвикана и во просториите на Делегацијата на ЕУ и на Британскиот ...

Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој (УСАИД) официјално е во фаза на затворање, соопшти американскиот државен секретар Марко Рубио. – Од јануари, им заштедивме на даночните обврзници десетици милијарди долари. Со мал број клучни програми кои се префрлени во Стејт департментот, УСАИД официјално е во режим на затворање. Рос Ваут сега го презеде раководството на процесот на ликвидација на оваа агенција, која одамна го ...

Рускиот претседател Владимир Путин ќе биде главен гостин на настаните по повод одбележувањето на 80-годишнината од победата над милитаристичка Јапонија во Пекинг, вклучувајќи и парада, соопшти денеска помошникот на рускиот лидер, Јуриј Ушаков. Путин ќе ја посети Кина од 31 август до 3 септември, каде што ќе учествува на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС) во Тјенѓин, а потоа во Пекинг ќе присуствува на воена парада. – Нашиот ...

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека нема намера да поднесе предвремена оставка пред гласањето за доверба на владата, закажано за 8 септември. Причина за гласањето е незадоволството на населението поради мерките за штедење предвидени во нацрт-буџетот за 2026 година, а премиерот Франсоа Бајру најави дека прашањето за доверба ќе се разгледа на вонредна седница на парламентот. – Што се однесува до мене, јас верувам во демократија. ...

Царинските службеници откриле повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани котури со сајла со дијамантски прстени наменети за сечење мермер, лекови, објективи за камери, цигари, маслиново масло и ремени за товар, информираат од Царинската управа. Вкупно 18 котури од по 10 метри сајла со дијамантски прстени наменети за сечење мермер откриени биле од страна на царинските службеници од ЦИ Богородица, пронајдени по ...

Пожарите кои зафатија делови од селата Мерово и Церово во општина Желино се целосно изгаснати. Изразуваме искрена благодарност до екипите на тетовските пожарникари за нивната професионалност, посветеност и навремената интервенција, изјави денеска директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамед Али. Тој упати апел до сите граѓани за поголема внимателност и одговорно однесување, со цел, како што рече, зачувување на природата и ...

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, утре попладне, во текот на ноќта и во недела претпладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд и за кратко време ќе наврнат над 20 литри на квадратен метар, со засилен ветер над 60 километри на час и ...

Во Општина Илинден беше извршено примопредавањето на донацијата – специјално возило или работно АТВ, од страна на општествено одговорната компанија „Мото Илинден“. Како што информира градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, станува збор за донација на теренско возило за планински делови. Ова возило ќе биде користено за одржување на ридско-планинските патеки, како и во ситуации при гаснење на пожар, односно на тешко достапни ...

Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен од откупот на земјоделски производи, кој како што истакна постојано се зголемува, бидејќи колку повеќе се произведува помалку ќе се увезува. Порастот на откупот, според него, исто така, е и показател на тоа дека за оваа Влада земјоделците се приоритет. -Многу сум задоволен од откупот на земјоделски производи. Зошто? Затоа што во вториот квартал имаме околу 60-тина милиони евра повеќе споредено со она што ...

Подметнат е пожар на локалитетот Мушов Гроб, информираа денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. - Мобилизација на сите надлежни служби на терен, поради подметнат пожар на локалитетот Мушов Гроб. На местото веднаш интервенираат екипите од ТППЕ Кавадарци, кои со координирани активности работат на локализирање и целосно ставање под контрола на пожарот, соопштија од кабинетот на Јанчев. Оттаму подвлекоа дека ситуацијата е ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
94%
1018
weather icon

Белград

10ᴼ / 8ᴼ
1.54
86%
1019
weather icon

Загреб

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
100%
1019
weather icon

Софија

13ᴼ / 12ᴼ
0.7
45%
1019
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
0.61
88%
1019
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
90%
1019
weather icon

Атина

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
79%
1019
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
88%
1016
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
100%
1017
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 12ᴼ
1.03
92%
1018
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 9ᴼ
2.24
90%
1017
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 17ᴼ
1.54
77%
1020
Currency

61.5038

Currency

53.1929

Currency

69.846

Currency

34.5366

Currency

37.8684

Currency

66.0499

Currency

7.47357

Currency

0.65794

Currency

0.34652

Currency

0.52488

Currency

0.60009

Currency

1.26056