
Скопје
11ᴼ /
11ᴼ



Денеска (28.03.2025) околу 12.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Илинден“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген широко“ со скопски регистарски таблички, управувано од А.Д. (20) од Скопје, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски таблички, управувано од А.К. (43) од Скопје и патничко возило „мазда“ со скопски регистарски таблички, управувано од Д.Д. (55) од Скопје. Повредени лица нема, ...
Иницијативата О2 денеска соопшти дека се придружуваат кон барањата на градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски, изнесени на денешната прес - конференција за кривична одговорност од Булмак 2016 по повеќе основи за излевањето од рудникот Тораница на 14 март во Крива Река, на како што наведуваат, голема сива маса која потполно ги заматила Крива Река и реката Тораница. Во соопштението се посочува дека дента примероци од водата ...
Кривичниот совет на Апелацискиот суд во Штип денеска ги отфрли како недозволени жалбите по однос мерката куќен притвор на двајцата поранешни градоначалници на Кочани, Ратко Димитровски и Николчо Илиев, кои се дел од осомничените во истрагата за пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во кој животот го загубија 59 лица, а речиси 200 се повредени. Со тоа останува решението за определување куќен притвор на Димитровски и Илиев, а Основниот суд Кочани ќе ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 39-годишен жител на Петровец за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело „телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1“ од Кривичниот законик. Како што информира ОЈО, вчера при вршење семејно насилство тој телесно го повредил неговиот татко. По кратка вербална расправија, започнал агресивно да се однесува, да го удира татко му со шлаканици по лицето, а потоа се ...
Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам денеска одржа конститутивна седница, со која претседаваше националниот координатор Павле Трајанов. Општа е оценката дека земјава е стабилна, а заканата од терористички напади е на ниско ниво. На седницата, којашто е прва по назначување на новиот состав, националниот координатор информираше за поставеноста и дејствувањето на Националниот комитет во кој се вклучени ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска прими делегација на Сојузната здружена команда на НАТО во Неапол, предводена од адмирал Стјуарт Манч, кој со своите колеги престојува во земјава по повод 5–годишнината од членството на нашата држава во НАТО. На средбата присуствуваше и амбасадорката на САД, Анџела Агелер. Како што посочуваат од Кабинетот на претседателот, истакнувајќи ја својата благодарност за нивното присуство на значаен ...
Во трговијата на мало во февруари годинава, во споредба со февруари минатата година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 9,6 проценти, а реално за 2,6 проценти. Во Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, стапката на прометот е зголемена номинално за 2,1 процент, а реално опаѓа за 0,8 проценти, во Трговија на мало, освен трговија со ...
Кошаркарот на Далас Маверикс, Кајри Ирвинг успешно го оперира левото колено, објави американскиот клуб. 33 годишниот Ирвинг го скина предниот вкрстен лигамент на левото колено, без да оштети други лигаменти или менискус. Во соопштението се наведува дека кошаркарот на Далас бил опериран во болницата за специјална хирургија во Њујорк. Ирвинг се повреди на 3 март за време на првата четвртина од натпреварот во НБА против Сакраменто. Оваа сезона во ...
Новак Ѓоковиќ продолжува да бележи победи на Мастерсот во Мајами и да поставуваат рекорди. Српскиот тенисер со 37 години и 10 месеци стана најстариот полуфиналист на турнирите во оваа категорија. Ѓоковиќ во четвртфиналето на Мајами го совлада Американецот Себастијан Корда со 6:3, 7:6 (4) и стана најстариот играч кој стигнал до полуфинале на еден Мастерс во историјата. Овој рекорд претходно го држеше Роџер Федерер, кој се повлече од тенисот во ...
Европските сојузници на Украина, на состанок во Париз, едногласно се изјаснија против какво било укинување на санкциите кон Русија. Воедно Франција и Велика Британија изразија подготвеност да распоредат војски во Украина како „гаранција за безбедност. Во таа насока, француско-британска мисија ќе замине „во следните денови за Украина“, објави францускиот претседател Емануел Макрон. Париз и Лондон веќе се водечки земји во мобилизацијата за ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Брисел се подготвува за војна, иако, како што наведе, во моментов нема закана од војна. „Нема закана од војна, Унгарија нема да војува со никого. Остануваме на страната на мирот и ако Европа започне војна, ние сигурно нема да влеземе во неа“, рече Орбан на прес-конференција, пренесе МТИ. Орбан рече дека во моментов не се чини дека Европа има непосредна закана од војна и дека е многу малку ...
Канцеларијата на европскиот јавен обвинител (ЕППО) ја суспендира својата обвинителка Теодора Георгиева во рамките на покренатата административна истрага за евентуално прекршување на правилата на институцијата од нејзина страна, соопшти оваа тело на ЕУ со седиште во Луксембург. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, европската главна обвинителка Лаура Ковеши веќе ги информирала институциите на ЕУ дека против Георгиева, кој по потекло е од ...
Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Мјанмар, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), додавајќи дрека набрзо следел уште еден силен потрес од 6,4 степени според Рихтер. Британските медиуми јавија дека епицентарот на потресот бил во близина на градот Мандалеј, на длабочина од 10 километри, а се случил утринава во 6 часот и 20 минути. Засега нема информации за евентуални штети или жртви. ...
Властите на Мјанмар oбјавија итна крводарителска акција поради големиот број повредени во земјотресот што денеска ја погоди земјата. Земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала ги погоди регионите Сагаинг, Мандалај, Магвеј, како и североисточните држави Шан, Најпидау и Баго. Во соопштението на Државниот административен совет на Мјанмар се наведува дека бројот на жртви и повредени е голем. Поради итната потреба од крв, властите ...
Црвениот крст информира дека заклучно со денешниот ден собрани се 102.410.247,00 денари. Досега е извршена исплата на средства на семејствата на сите починати и повредени лица кои се лекуваат во странство од трагичната несреќа во Кочани. - Во тек е прибирање на податоци за повредените лица хоспитализирани во болниците во државата во соработка со Службата за општи и заеднички работи на Владата. По добивање на списоците веднаш ќе се изврши ...
Извештајот од испитаните примероци на водата во Крива Река земени еден ден по хаваријата во рудникот „Тораница“ покажува дека концентрацијата на олово е зголемена за десет пати повеќе од дозволеното, а за неколку стотици пати на цијанид, фосфор и азот, информираше денеска градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски. Тој најави дека општината ќе бара кривична одговорност за загадувањето по повеќе основи, истакнувајќи дека ќе ги преземе сите ...
Овошна садница за пластично шише. Под ова мото општина Босилово четврта година по ред реализра пролетна еколошка акција која има за цел да ги мотивира граѓаните да го селектираат пластичниот отпад и да учествуваат активно во чувањето на животната средина. Секој граѓанин кој ќе донесе 30 пластични шишиња добива овошна садница по избор. Во акцијата се вклучија и 22 годишниот Виктор од здружението „Говорот на срцето“ заедно со неговиот татко кои ...
Осум студенти од различни факултети и академии на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“, се жртви во страотната катастрофа во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а има и повредени. Студентската заедница и вработените на УГД се тешко погодени од трагедијата и нудат сестрана помош на семејствата на загинатите и повредените. -Универзитетот, уште од самиот почеток, заедно со студентските организации, почнавме да работиме, на некој начин да ги санираме ...
Контролите на кабареата ,ноќните клубови и дискотеките во Охрид се завршени и наскоро се очекува конечна информација кои ќе продолжат со работа.Од вкупно шест објекти кои биле предмет на инспекциски надзор од кои едно диско клуб, три кабареа и два ноќни клубови на три им е изречена забрана за работа се до исполнување на минимално техничките услови. Се чешлаат и образовните институции а во станбените згради се работи на оспособување или ставање ...
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани и амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Михалис Рокас, денеска презентира мерки од Планот за раст за Западен Балкан и Реформската агенда за Македонија. На презентацијата во Медија центарот на Владата беа претставени конкретните активности од Реформската агенда, како и Планот за комуникација и видливост на реформите. Целта, како што наведуваат од Министерството за европски ...
Единството во Армијата и единството во Алијансата да го преточиме во единство меѓу граѓаните и да изградиме општество кое ќе се развива од сите аспекти и ќе се прилагодува на новите предизвици со една цел, подобар, побезбеден и поквалитетен живот за сите граѓани, порача министерот за одбрана Владо Мисајловски, на свеченоста што се одржува денеска во касарната „Илинден“ во Скопје по повод 5. годишнината од пристапувањето на Македонија во НАТО ...
БУЛМАК 2016 ДООЕЛ Пробиштип подружница Рудник Тораница, Крива Паланка е казнет со 200 илјади евра за инцидент во кој пукнала цевка преку која се доведува технолошката вода од таложникот за јамски води до погонот флотација, прекршок, кој според Министерството за животна средина и просторно планирање е од трета категорија. - По извршен вонреден инспекциски надзор на ден 24 март годинава од страна на Државниот инспекторат за животна средина, ...
СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против правно лице од Струмица и управителот Ј.П.(59) од село Секирник, општина Босилово, поради постоење на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“ по член 279 од Кривичниот законик. Во периодот од 01.12.2020 до 31.12.2020, согласно пријавената состојба од вкупно 11.755.927 денари, пријавените имале обврска да пресметаат и уплатат данок на друг доход ...
Единството во Армијата и единството во Алијансата да го преточиме во единство меѓу граѓаните и да изградиме општество кое ќе се развива од сите аспекти и ќе се прилагодува на новите предизвици со една цел, подобар, побезбеден и поквалитетен живот за сите граѓани, порача министерот за одбрана Владо Мисјаловски, на свеченоста што се одржува денеска во касарната „Илинден“ во Скопје по повод 5. годишнината од пристапувањето на Република Северна ...
Началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајот Сашко Лафчиски денеска истакна дека петгодишнината од пристапувањето на земјава во НАТО не ја покажува само нашата посветеност кон колективната безбедност туку дека тоа е и одраз кон нашата непоколеблива посветеност кон демократските вредности, слободата и стабилноста. Пред пет години, рече Лафчиски, исполнивме една од нашите најзначајни стратешки цели - членството во НАТО, а патот не беше ...
ДУИ бара Европската Комисија да испратела тим од експерти кои ќе ја следат истрагата за случајот со пожарот во кочанската дискотека каде меѓу осомничените е и нивниот поранешен министер Крешник Бектеши кој се наоѓа во притвор. Од ДУИ сметаат дека истрагата се води селективно. „Ја повикуваме Европската комисија итно да испрати правни експерти и директно да се вклучи со засилен мониторинг на овој случај; по тоа, со својата експертиза и сознанија, ...
СВР Штип поднесе кривична пријава против Ж.М.(56) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавената, директор на средно училиште во Свети Николе, распишала оглас и на 05.09.2024 вработила лице како наставник со неполно работно време од 18 работни часови. После тоа, во периодот од септември 2024 до март 2025, пријавената од пет вработени на неопределено ...
СВР Скопје ги известува граѓаните дека во недела со почеток од 10.00 часот поради одржување атлетска трка, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот на манастирот Св. Пантелејмон и обратно, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. Од СВР Скопје апелираат до сите граѓани ...
Синоќа, на подрачјето на Гостивар, едно лице се обидело на сила да ја земе малолетната ќерка, која била под старателство на неговата поранешната сопруга. На 27.03.2025 во 20.30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.К.(36) од Гостивар. -Полицијата постапила по претходна пријава дека физички ги нападнал неговата поранешна сопруга, нејзината мајка и нејзиниот партнер, а потоа со употреба на сила се обидел да ја земе ...
За разлика од претходните години, тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо нема понуди од ривалските клубови за кои би требало итни одлуки за неговата иднина, пишуваат германските медиуми. Алонсо ја искористи репрезентативната пауза за националните тимови во март минатата сезона за да размисли за својата иднина, во услови на интерес од Баерн Минхен и друг негов поранешен клуб, Ливерпул, бидејќи двата тима бараа нови тренери пред следната ...