Вкупно 18 пожари на отворен простор се евидентирани денеска до 18 часот, два и сега се активни, соопштија вечерва од Центарот за управување со кризи. Во информацијата од ЦУК се истакнува дека четири пожари се под контрола, а 12 се изгаснати. -Активни се пожарите во општина Македонски Брод - село Грешница, место викано Стојанова населба, каде горат ниска вегетација, деградирана шума и грмушки, како и во општина Струмица - помеѓу селата Ново и ...

Полициски службеници од СВР Тетово вчера го лишиле од слобода Т.С. (60) од с.Боговиње, тетовско, поради основи на сомнение дека на 5 август околу 23:00 часот пукал на семејна веселба, а еден од куршумите оштетил покрив на куќа на Б.Л.(66) од с.Синичане, тетовско. По добиена судска наредба, извршен е претрес во дом на Т.С., при што во дворот биле пронајдени три чаури калибар 9 мм и две чаури од гасен пиштол. Во врска со случајот, извршен е и ...

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на W75 турнирот во германскиот град Лајпциг откако во второто коло го предаде мечот против Алена Ковацкова од Чешка. Таа во вториот сет прв водство на ривалката со 1-0 во сетови и 2-1 во гемови го предаде мечот. Ривалката го доби првиот сет со 6-1 во гемови, откако поведе со 5-0. На стартот на вториот сет Ѓорческа по 14 одиграни поени го доби првиот гем, но потоа следните два гема и ...

Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ соопшти дека во земјата се регистрирани првите два случаи на западнонилска треска оваа година. Според Институтот, заболените се жители на Белград на возраст од 75 и 82 години. Двајцата се хоспитализирани на Клиниката за инфективни и тропски болести во Белград поради развој на невроинвазивна форма на болеста. „Батут“ препорачува употреба на репеленти при престој на отворено, ...

Иран и Оман се согласија за рамката за повторно отворање на Ормуската Теснина, која би траела 60 дена, а би имала за цел да го врати поморскиот сообраќај, како и да започне технички разговори за трајно решение во тој период, изјави денеска висок функционер запознаен со ова прашање. Службеникот, кој зборуваше под услов да остане анонимен, за Ал Арабија изјави дека постигнатиот договор за отворање на Ормуската Теснина би можел да биде објавен ...

Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вонредни инспекциски надзори во здравствените установи во кои пациентката С.М. била прегледувана, породена и понатаму лекувана, соопшти Министерството за здравство. Надзорите се спроведени во Општата болница во Струмица, Клиничката болница во Штип и Универзитетската клиника за неврологија. Инспекторите извршија увид во здравствената евиденција и медицинската документација, а се земени и ...

Од паднатите дрвја по силното невреме што го зафати Скопје ќе се создаде нов моторички парк на Водно, информираше градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Дел од здравите стебла од паднатите дрвја нема да завршат како отпад, туку ќе добијат нова намена. Од нив ќе се уредат природни препреки и реквизити за развивање на рамнотежата, координацијата, агилноста, прецизноста и физичката подготвеност. Новиот простор ќе биде наменет за деца, ...

На 6 август 2016 година Македонија ја погоди силно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Најтешко беше погоден Скопскиот регион, особено Стајковци, Сингелиќ, Смилковци, Црешево и Арачиново. За само 24 часа во Скопје наврнаа 93 литри дожд на квадратен метар, а во првите два часа беа регистрирани повеќе од 800 молњи и громови. Поплавите предизвикаа огромна материјална штета, а во Скопскиот регион животот го загубија 22 лица. Најмладата ...

Не размислуваме за зголемување на цената на електричната енергија. Ние правиме план како да најдеме формула да ја намалиме или барем евтината тарифа да ја зголемиме, за разлика од најголемиот дел од земјите во Европа коишто планираат да ја зголемат цената на електричната енергија, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на договорите за финансирање на изградбата на железничката делница ...

32-годишен жител на Тетово е приведен откако, според пријавата, во текот на изминатата недела постојано им се заканувал на своите родители со остар предмет. Од МВР информираат дека В.М. (32) бил лишен од слобода на 5 август во 08:25 часот од страна на полициски службеници од СВР Тетово. Според пријавеното, на 3 август, откако родителите не му дале пари, тој оштетил дел од покуќнината, а потоа со остар предмет се обидел да го нападне својот ...

Вчера во 10:15 часот во СВР Тетово бил извршен службен разговор со Л.М. (25) од село Мала Речица. Според пријавеното, околу 09:30 часот во угостителски објект на улицата „ЈНА“ во Тетово, каде што работел Л.М., дошло до расправија меѓу него и А.Ј. (53) од Тетово. Во текот на расправијата, Л.М. со остар предмет му нанел повреда на раката. Л.М. бил задржан во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде ...

Министерката за образование Весна Јаневска предупредува на дополнително намалување на бројот на ученици во основното образование. Според неа, во учебната 2026/27 година во прво одделение ќе се запишат најмалку 3.000 првачиња помалку во споредба со минатата година. Јаневска посочи дека во моментов разликата е околу 4.900 првачиња, но очекува бројот да се намали поради дополнителните уписи што ќе следуваат. Сепак, конечната бројка, според неа, ...

Вкупно осум пожари на отворен простор се регистрирани до 13:00 часот, од кои два се активни, еден е под контрола, а пет се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Општина Македонски Брод кај селото Грешница, м.в. Стојанова Населба, каде гори ниска вегетација, деградирана шума и грмушки и во Општина Гостивар кај селото Падалиште каде гори ниска вегетација и нискостеблеста шума. Под контрола е ставен пожарот ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека очекува да се изнајде решение за што е можно побрзо носење на пакетот три закони за високо образование (за високо образование, за научно-истражувачка дејност и за квалитет во високото образование), кои се во собраниска процедура и, рече, блокирани преку алатката бадентер. Како што рече, со задоволство прифаќа да дискутира на уште една јавна расправа во Собранието за да се усвојат ...

На 5 август во 20:30 часот во ОВР Прилеп било пријавено исчезнување на 11-годишно момче од селото Десово, Општина Долнени. Како што информира Министерството за внатрешни работи, 34-годишниот А.У. пријавил дека неговиот 11-годишен внук се оддалечил од домот. Од МВР велат дека се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на детето. На 5 август во 20:30 часот во ОВР Прилеп било пријавено исчезнување на 11-годишно момче од селото Десово, ...

Во насока на обезбедување на квалитетен и функционален јавен простор кој ќе стои на располагање на сите генерации, Општина Кисела Вода континуирано работи на санација и реконструкција на урбаната опрема и на опремата во детските катчиња на целата своја територија. Од Општина Кисела Вода информираат дека општинските служби интервенираат на повеќе локации, следејќи ја реалната состојба и мапираните потреби. -Имено, во населбата Расадник, во ...

Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот, а тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци. Ќе продолжиме во таа насока, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Во рамки на денешниот настан за потпишување на Договорот за инвестициски грант обезбеден преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) на Европската Унија, како и договорите за финансирање со Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и ...

Вчера во 14:30 часот во струшкото село Радоджа, од слобода е лишен А.С.(56) од Германија поради сомнение дека сторил кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“ согласно член 350 од Кривичниот законик. Тој бил затекнат како со дрон ја снимал караулата во селото Радожда, сопственост на АРСМ, место што е во забранета зона за снимање. Се преземаат мерки за целосно ...

Во Украина минатиот месец се регистрирани најголем број загинати цивили од април 2022 година, последица на засилените руски напади со балистички ракети и беспилотни летала со долг дострел, соопшти Канцеларијата на Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права. Во соопштението не е наведен вкупниот број жртви за односниот месец, но се посочува дека само во нападот врз Киев и околината на 4 август загинале најмалку 17 цивили, а 44 ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира да обезбеди дополнителни 242 милиони долари за поддршка на борбата против епидемијата на ебола во Африка, соопшти американскиот Стејт департмент. Средствата, чие одобрување зависи од консултациите со Конгресот, ќе бидат наменети за брза реакција на епидемијата, зајакнување на регионалната подготвеност и хуманитарна помош поврзана со ширењето на болеста. Инаку, откако стапи на ...

Хирошима денеска ја одбележа 81-годишнината од американското атомско бомбардирање со повик до светските лидери да работат на целосно укинување на нуклеарното оружје, предупредувајќи дека растечките меѓународни тензии го зголемуваат ризикот од нова нуклеарна катастрофа. Комеморативната церемонија почна со минута молк точно во 8:15 часот, времето кога на 6 август 1945 година експлодираше атомската бомба над градот. Се проценува дека до крајот ...

Пронајден е мртов исчезнатиот германскиот турист, по кој крајбрежната служба на Грција спроведе спасувачка акција пто започна во неделата попладне, откако заедно со уште седум лица, кои беа спасени, биле на едрилица, што откако ја напуштиле пловела без контрола во морскиот дел во близина на грчкиот остров Сими, јави дописничката на МИА од Атина. Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека вчера, во утринските часови во морскиот дел ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, ги отфрли медиумските наводи дека се намалени залихите оружје на американската армија, тврдејќи дека Пентагон располага со големи резерви муниција, а производството дополнително се зголемува. Истовремено, тој ги обвини лицата кои оддаваат доверливи информации за „предавство“ и најави нивно кривично гонење. Трамп во објава на својата социјална мрежа „Truth Social“ наведе дека САД располагаат со ...

Околу 150.000 пријави за несакани реакции поврзани со лекови за слабеење се регистрирани во Велика Британија, покажува анализа на The Times, базирана на податоци од британската Агенција за лекови и здравствени производи (MHRA). Најголем број пријави се однесуваат на Mounjaro (тирзепатид) – 100.810, при што во 98 случаи е пријавен смртен исход. Кај Wegovy (семаглутид) се евидентирани 44.073 пријави и 37 смртни исходи, додека Saxenda ...

Секоја година во Тренто, Италија, во рамките на фестивалот „Feste Vigiliane“ се одржува традиција позната како „La Tonca“. За време на симулирано јавно судење, локалните политичари, функционери и симболични личности се „судат“ за најголемите грешки и непопуларни одлуки во текот на годината. Лицето кое е „осудено“ симболично се става во метален кафез и се спушта во реката Адиџе, со што се оживува казна која некогаш се применувала во градот ...

Во Рабат, Мароко синоќа се одржа состанок на раководството на ФИФА, на кој присуствуваа претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, генералниот секретар Матијас Графстром и членовите на Управниот совет. Генералниот секретар на ФИФА и присутните членови на Управниот совет ја потврдија својата целосна поддршка за претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Исто така, беше објавено дека предлогот за создавање на „FIFA Forward Enterprise“ (FFE), кој би се ...

Тренерот на Арсенал, Микел Артета даде свое видување за поразот од Бетис во пријателски натпревар. Англискиот шампион синоќа во Даблин загуби со 3:1. – Најважно е да се победи, а ние не успеавме да го сториме тоа, па секако сме разочарани од резултатот. Во првото полувреме, кога имавме повеќе од нашата почетна постава на теренот, имаше два сосема различни аспекти на нашата игра – како се справувавме со топката и како се натпреварувавме. ...

Вкупно 20 пожари на отворен простор се регистрирани изминатото деноноќие до 07:30 часот изутринава, од кои еден е активен, еден е под контрола, а 18 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активен пожар има во општина Македонски Брод во село Грешница, м.в. Стојанова Населба, каде годи ниска вегетација, деградирана шума и грмушки. Под контрола е ставен пожарот во општина Делчево, кај депонијата Делчево. ЦУК информира дека се ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Во Скопје, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски синоќа во обраќањето на партиски настан во Ново Село изјави дека на барање на дијаспората е отворена директна линија Женева-Скопје. Николоски синоќа присуствуваше на партиски настан во Ново Село, организиран од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, каде што се сретна со претставници на македонската дијаспора, членови и симпатизери на партијата. -Прекрасна енергија во Ново Село! Вечерва ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.42
42%
1017
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
6.5
51%
1016
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.79
76%
1021
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
0.64
45%
1017
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
0.79
47%
1015
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 21ᴼ
1.0
86%
1021
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
3.54
39%
1012
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
1.71
51%
1014
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
4.08
41%
1015
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 21ᴼ
5.81
57%
1017
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 21ᴼ
1.34
39%
1021
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
3.73
100%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.3095

Currency

71.9016

Currency

37.6328

Currency

38.2403

Currency

65.7872

Currency

7.89886

Currency

0.64604

Currency

0.33463

Currency

0.52413

Currency

1.11649

Currency

0.55857

Бакар

13.36

Цинк

0.00

Родиум

278103.96

Злато

141498.65

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Сребро

2102.98

Паладиум

43853.62

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.34

Платина

56328.11

Калај

56.16