Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
На 06.08.2026 во 18:00 часот во СВР Скопје, С.С.(35) од Скопје пријави дека околу 17:00 часот на подрачјето на Центар замолил едно машко лице да му помогне да извади пари од банкомат, но откако ги извадиле, лицето со употреба на сила ги земало парите и се дало во бегство. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР. На 06.08.2026 во 18:00 часот во СВР Скопје, С.С.(35) од Скопје пријави дека околу 17:00 часот на подрачјето ...
На 06.08.2026 во 16:40 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 51-годишен жител на селото, постапувајќи по претходна пријава дека на 01.08.2026 на тераса од семејниот дом физички го нападнал неговиот 19-годишен син и го турнал по скали, кој притоа се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е ...
Нискиот водостој на Дунав продолжува да открива остатоци од Втората светска војна. Откако неодамна во Србија ниското ниво на реката откри германски воени бродови, сега слично откритие е направено и во Будимпешта. Во близина на пристаништето на плоштадот Батјани, спроти унгарскиот парламент, сушата откри германски воен мотоцикл стар повеќе од 80 години. Се претпоставува дека станува збор за модел DKW NZ 350-1, специјална верзија на мотоцикл ...
Периодот од вторите десет дена од јули до последните десет дена од август е периодот во кој се случиле 23-те најголеми шумски пожари во Грција од 2007 година до денес, според анализата на метеоролошката служба Метео на грчката Националната опсерваторија, што конкретниот период го посочува како најопасен за појава на шумски пожари, јави дописничката на МИА од Атина. Од Метео преку анализата на пожарите во последните речиси 20 години ...
Седум лица, вклучувајќи го и напаѓачот, се убиени во денешното пукање во училиште во округот Банг Круаи во покраината Нонтабури во Тајланд, соопшти полицијата. Во нападот, кој го изврши ученик од деветто одделение на возраст од околу 14 години, повредени се најмалку 15 лица, од кои двајца се во критична состојба. Претходно властите соопштија дека напаѓачот убил наставник и ранил четири лица, од кои тројца ученици. Тајландскиот премиер Анутин ...
Вооружениот 14-годишен напаѓач, кој денеска отвори оган во училиште во близина на тајландскиот главен град Бангкок, првично ги застрелал своите баба и дедо во нивниот дом пред да се упати кон училиштето, соопшти тајландската полиција. Според најновите податоци од тајландското Министерство за здравство, објавени од Би-би-си, билансот на пукотницата е осум мртви, во која ученик од деветто одделение на возраст од околу 14 години убил пет ...
Шпанскиот премиер Педро Санчез денес ќе претседава со вонреден координативен состанок со неколку министри на кој ќе се разговара за ситуацијата во Сеута, по масовниот прилив на мигранти од Мароко минатата недела. Состанокот ќе се одржи преку видеоконференциска врска, а Санчез ќе го води од државната резиденција Ла Марета на островот Ланзароте, објави ЕФЕ. Целта на средбата е да се координираат активностите на различните министерства и да се ...
Рано утринава, уште во 7:20 часот, на плажите во Полихроно, Грција, веќе биле поставени пешкири и столчиња и чадори, иако самите плажи во тој се празни. Фотографиите се објавени во Facebook групата „Грчка инфо“, со краток опис: „Добро утро од Полихронo. Во 7:20 нема место на плажа.“ Снимките покажуваат интересна глетка – целата плажа е „зафатена“ со пешкири и столчиња, но без туристи на нив. Објавата привлече голем број коментари и реакции ...
Со натпреварот меѓу Шкендија Арачиново и Силекс што се игра попладнево со почеток од 17 часот на стадионот Чаир ќе стартува второто коло од Првата фудбалска лига. Ова ќе биде и единствениот натпревар што ќе се игра денеска. Утре на програмата се два дуела во два термина. Во 17 часот во Куманово, Башкими го пречекува Тиквеш, додека во вечерниот термин од 19 часот во Штип, Брегалница е домаќин на Арсими. Во недела двата дуела се играат во 17 ...
На 06.08.2026 во 17:35 часот во с.Стрезовце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишија од слобода К.И.(77) од Куманово поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик. При претрес во негови простории во с.Стрезовце, извршен со судска ...
На 06.08.2026 полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Н.Н.(19) од Скопје затоа што вчера (05.08.2026) во 21:20 часот на крстосница од ул.„Борис Сарафов“ и ул.„Крсто Раковски“ во Скопје, со патничко возило „фиат пунто” удрил во 48-годишната А.С.К. од Скопје и го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.С.К., констатирани во ЈЗУ ГOБ “8 Септември“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа ...
Од Министерството за здравство утрово информираа дека се известени од компанијата - носител на одобрението за ставање во промет на лекот „Фостер“, што се наоѓа на Позитивната листа на лекови, дека се направени промени во интерес на пациентите на кои им е потребен. - Почнувајќи од овој месец, осигурениците повторно ќе можат да го подигнат лекот од аптеките без доплата, односно само со плаќање на законски утврдената партиципација за услугата ...
По повод одбележувањето 75 години од основањето на Музејот во Охрид, денеска напладне во Галеријата на икони ќе биде претставена исклучително вредната мозаична икона „Исус Христос на престол“ од XIV век. Мозаичната икона била откриена во 1960 година во црквата „Св. Богородица Перивлептос“ во Охрид. Таа претставува исклучително редок пример на пренослива мозаична икона од византискиот период и значајно дело од охридското културно наследство. ...
Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по суви коловози. Како што соопшти Автомотосојузот на Македонија, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена ...
До 7:30 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, два се под контрола, а 20 пожари се изгаснати, информира утрово Центарот за управување со кризи. Активен е пожарот во местото Стојанова Населба во село Грешница во општината Македонски Брод, каде што гори ниска вегетација, деградирана шума и грмушки. Под контрола е пожарот на депонијата во Делчево и пожарот во ...
Американски суд ѝ наложи на матичната компанија на Фејсбук, „Мета“, да плати 567 милиони долари за санирање на штетите нанесени врз младите од нејзините платформи. Судијата од Ново Мексико, Брајан Бидшајд, пресуди дека платформите на „Мета“ претставуваат „јавна опасност“ и дека компанијата се вклучила во активност што „ги нарушува јавното здравје, безбедноста и добросостојбата“ во Ново Мексико. „Иако ’Мета‘ не е единствена во овој поглед, ...
Најмалку две лица беа убиени и 13 беа ранети при експлозија на минибус во предградие на Дамаск, пренесе сириската државна новинска агенција Сана. Претставници на Министерството за здравство изјавија дека внимателно го следат развојот на ситуацијата и оти блиските болници и службите за итна медицинска помош се во зголемена подготвеност. Претставник на службите за безбедност за државната телевизија „Ехбарија“ изјави дека според првичните ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува војната со Иран да заврши наскоро и додаде дека вооружените сили на САД се соочуваат со тешкотии во испораката на оружје. – Сметам дека тоа ќе заврши многу наскоро. Не мислам дека тие можат да издржат уште многу – рече американскиот лидер во Овалната соба на Белата куќа по повод војната против Исламската Република. Некои американски медиуми во вторникот јавија дека американската ...
Претседателот на Украина, Зеленски, ги обвини партнерите на Киев дека доцнењето во испораките на противракетни системи директно придонело за големиот број жртви во вчерашниот руски напад врз главниот град. Истакна дека Русија лансирала 24 балистички ракети а украинската воздушна одбрана не успеала да пресретне ниту една. Во нападот загинале 15 цивили а над 50 се повредени. Според украинскиот претседател, во првата половина од 2026 година ...
Загадувањето на водата во Гостивар, од кое повеќе од четири илјади граѓани побараа лекарска помош поради симптоми на труење и кожни инфекции, ја алармираше и канцеларијата на Народниот правобранител. Омбудсманот формираше предмет по сопствена иницијатива за да утврди како дошло до нарушување на правото на чиста вода за пиење. Побарани се информации од Институтот за јавно здравје, Општината, јавното претпријатие Комуналец и Центарот за јавно ...
На 06.08.2026 полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Т.С. (60) од с.Боговиње, тетовско, поради основи на сомнение дека на 05.08.2026 околу 23:00 часот пукал на семејна веселба, а еден од куршумите оштетил покрив на куќа на Б.Л.(66) од с.Синичане, тетовско. По добиена судска наредба, извршен е претрес во дом на Т.С., при што во дворот биле пронајдени три чаури калибар 9 мм и две чаури од гасен пиштол. Во врска со случајот, ...
Ручекот во рестораните и сместувањето за одмор стануваат се поскапи. Новите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека цените во угостителството продолжиле да растат и во изминатиот месец јули. За една година, угостителските услуги се поскапи за 3,2 проценти, а од почетокот на годинава растот е 2,9 проценти. Туристичките работници велат дека има благо покачување на цените но сепак Охрид останува конкурентна и најевтина ...
Редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавката на лекови од пред министерството за здравство побараа онколошки пациенти. Иако од вчера почнала да пристигнува дел од терапијата за рак на дојка и на дебело црево која ја немаше изминатиот период, од здружението ХЕМА ОНКО инсистираат во иднина тешко болните да не доведуваат во неизвесност дали ќе добијат цитостатици, зошто ваквите ситуации се случуваат со години без разлика кој е ...
Гостивар и денеска ја живееше истата слика. По улиците можеа да се видат луѓе кои се помагаат меѓу себе, по двајца носат пакет вода за да си го олеснат патот, други туркаат колички полни со шишиња, а од продавниците постојано излегуваат купувачи со купена вода. Гостиварци мораат да се снаоѓаат за да обезбедат питка вода на овие пеколни горештини, па пакетите се пренесуваат дури и на тротинети и во багажниците од моторите. „Нема веќе вода, ...
Една чаша вода на секои 15 минути да пијат лица кои престојуваат подолго време на отворено и имаат интензивна физичка работа. На пеколните горештини најважна е хидратацијата на телото но и почитување на основните препораки за заштита, стои во препораките на Инситутот за јавнo здравје. Оние кои поради обврски мора да излезат и на пладне кога е најтопло, но и долгото чекање на автобус на постојките, може да биде освежено со вода која овие ...
3,66 – ова е просечната оцена на државната матура за оваа година. Резултатите се скоро идентични со ланската, која се заокружи со просек од 3,69. Надлежните сметаат дека тоа што за првпат се полагаа три вида матура, државна, државна стручна и државна уметничка вродило со плод – бидејќи секој бил тестиран за она што го учел во изминатите години. 02.34 „Задоволна сум што две години по ред се одржува овој просек за разлика од 2024-та кога ...
Скопското јавно обвинителство поднесе жалба на ослободителната пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски во предметот „Талир 2“, кој се однесува на противправното финансирање и изградбата на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ. Надлежниот обвинител Кристијан Смилевски, кој го презеде случајот по оставката на обвинителката Ленче Ристовска, ја прими првостепената пресуда и во законскиот рок вложи жалба против одлуката на Кривичниот суд. ...
Во текот на вчерашнит ден (05.08.2026) во периодот од 17.00 до 23.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 222 возачи. Од нив, 186 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 14 возачи се лишени од слобода поради сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик, сите возеле без возачка ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 15 лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Сите 15 лица управувале моторно возило без возачка дозвола, а пет од нив биле малолетници. По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Министерството за внатрешни ...