На своето враќање на глобалната сцена Доналд Трамп ги обвини производителите на нафта дека ја продолжуваат војната во Украина така што не ги намалуваат цените и се закани дека ќе воведе царини на целиот американски увоз. Обраќајќи се преку видеоврска на Светскиот економски форум во Давос, тој побара од земјите-членки на ОПЕЦ да ја намалат цената на нафтата, со цел да се намалат приходите на Русија и да се стави крај на војната во Украина. „Мора ...

Карла Софија Гаскон денеска стана првата трансродова личност која била номинирана за Оскар во која било актерска категорија. Педесет и двегодишната Шпанка е номинирана за најдобра актерка за филмот „Емилија Перез“, кој освои најмногу номинации – 13. Филмот во продукција на „Нетфликс“ ја следи Емилија, озлогласена шефица на наркокартел која бара помош од адвокатка (Зои Салдана) за да ја лажира својата смрт и да направи операција за промена на ...

Хрватскиот филм „Човекот кој не можеше да молчи“ на режисерот и сценарист Небојша Слијепчевиќ доби номинација за Оскар во категоријата најдобар краток игран филм, соопшти денеска Академијата за филмска уметност и наука. „Човекот кој не можеше да молчи“ лани доби Златна палма за краток филм на Канскиот фестивал и стана првиот хрватски филм со оваа престижна награда. Филмот доби и Европската награда за најдобар краток филм од Европската филмска ...

Битола веќе шести ден е под магла со екстремно згаден воздух. Министерството за животна средина вчера соопшти дека е надминат прагот на алармирање за присуство на суспендирани честички со големина до 10 микрометри во амбиенталниот воздух. Веќе два дена среднодневните концентрации на суспендираната прашина се над 150 микрограми на метар кубен, а со оглед на тоа дека маглата останува и денес, ова ќе биде трет последователен ден со присуство на ...

Францускиот филм „Емилија Перез“ доминира меѓу номинациите за Оскар и ќе конкурира во дури 13 категории. Следен е од „Бруталист“, кој доби десет номинации. Покрај нив, за најдобар филм се номинирани и „Анора“, „Целосно непознат“, „Конклава“, „Дина: Втор дел“, „Уште сум тука“, „Nickel Boys“, „Супстанција“ и „Злобница“. Ејдриен Броди („Бруталист“), Тимоти Шаламе („Целосно непознат“), Себастијан Стан („Приправник“), Реиф Фајнс („Конклава“) и Колман ...

Имаме претседател кој загина во авионска несреќа и Владата мора да размислува како да се намалат вакви ризици, рече портпаролката на Владата Марија Митева по најавите за купување нов владин авион. Директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски неколку пати по стапувањето на функцијата изјави дека е потребно да се набави нов владин авион бидејќи „лирџет 60“ е стар и постојано се расипува. „Зборуваме за нешто што значи ...

Русија е спремна за еднаков дијалог, дијалог со заемно почитување, кажа Кремљ, откако Доналд Трамп вчера ѝ се закани на Москва со царини, даноци и санкции ако не ја заврши војната во Украина. „Чекаме сигнали кои се уште не се дојдени“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков. Тој додаде дека Русија не гледа ништо ново во заканите на Трамп. „Тој сака такви методи, барем ги сакаше во својот прв претседателски мандат“, рече Песков. Брзо запирање ...

Грчкото министерство за надворешни работи денеска излезе со реакција на вчерашниот говор на премиерот Христијан Мицкоски во Њу Џерси, каде што пред македонските иселеници кажа дека „треба да победуваме и во Вашингтон, Брисел, Берлин, Лондон, Париз, Рим и други светски метрополи ако сакаме македонското прашање конечно да добие своја разврска бидејќи тоа не е решено, тоа со векови тлее и трае и сè уште постои“. Од грчкото МНР велат дека ваквата ...

Во школите не смее да има кафулиња бидејќи станува збор за воспитно-образовни установи, велат од Министерството за образование и наука (МОН). Откако САКАМДАКАЖАМ.МК по добиени пријави од граѓани на алатката Пријави проблем објави текст дека училишните дворови се претворени во кафеани во кои се прават забави, родендени па дури и свадби, од Министерството изјавија дека оваа пракса мора да престане. „Во училиштата се обавува воспитно-образовна ...

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте ги повика САД да продолжат да ја снабдуваат Украина со оружје, а Европа ќе ја плати сметката. Зборувајќи на Светскиот економски форум во Давос, Руте кажа дека алијансата мора да инвестира повеќе во одбраната, да го зголеми производството на оружје и да преземе поголем дел од трошоците за помош на Украина. „Во поглед на Украина, ни треба САД да останат вклучени. Ако новата администрација на Трамп сака да ...

Денеска во Основниот кривичен суд Скопје заврши судењето за предметот „Организатори на 27 април“, а обвинетите Миле Јанакиески, Трајко Вељановски, Спиро Ристовски и Владимир Атанасовски се ослободуваат од кривично гонење. Тие беа обвинети за кривичното дело Терористичко загрозување на уставниот поредок, во врска со нападот во Собранието на 27 април 2017 година. „Главната расправа е завршена, можете да си одите, слободни сте“, им кажа судијата ...

Керолајн Ливит стана најмладата портпаролка на Белата куќа во историјата. Дваесет и седумгодишната Ливит, која беше портпаролка и на кампањата на Доналд Трамп, денеска ќе стапи на функцијата. Првиот брифинг на новата администрација е секогаш голем момент. Првиот портпарол на Трамп во првиот мандат Шон Спајсер предивзика контроверзи на своето деби кога претера со проценките за големината на толпата на инугурацијата и изјавуваше дека Белата куќа ...

Школски дворови изнајмени за кафулиња во кои се точи и алкохол има само во Скопје. Во другите градови училиштата имаат договор за изнајмување само на спортските терени. Изнајмувањето носи солидни приходи за училиштата, но и директорите на училиштата и локалните власти велат дека во иднина ќе се внимава со допрецизирање на договорите. „Има аномалии и во иднина ќе се внимава какви договори ќе се склучуваат за издавање на училишните дворови“, вели ...

Доналд Трамп го опиша нападот на американскиот Конгрес на 6 јануари 2021 како многу мал инцидент, бранејќи ја својата одлука за помилување на напаѓачите. Тој навести дека оние го ставиле низ четири години пекол преку кривично гонење би требало да бидат ставени под истрага, додавајќи дека Џо Бајден згрешил што не се помилувал и себеси. Во своето прво интервју по враќањето во Белата куќа, Трамп се осврна и на укинувањето на пресудите и отфрлањето ...

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека Европа нема да се крие, реагирајќи на враќањето на Доналд Трамп како претседател на САД. Говорејќи во Париз пред средбата со францускиот претседател Емануел Макрон, Шолц рече дека Европа ќе биде конструктивен и самоуверен партнер на САД. „Ние сме силни, стоиме заедно“, рече Шолц, кој беше во француската престолнина за одбележувањето на 62-годишнината на Елисејскиот договор, кој го зацврсти повоеното ...

Доналд Трамп кажа дека Русија ќе се соочи со високи нивоа на царини, даноци и санкции ако Владимир Путин не ја заврши војната во Украина. Тој на својата социјална мрежа му изрази љубов на рускиот народ и кажа дека има добри односи со Путин, но потоа му издаде директно предупредување. „Запрете ја оваа смешна војна! Ќе стане уште полошо. Ако не постигнеме договор наскоро, ќе немам избор освен да воведам високи нивоа на даноци, царини и санкции на ...

Општина Штип почна да ја реконструира големата сала која е наменета за разни општински настани, а најмногу за одржување на седниците на општинскиот Совет. Градоначалникот на Штип Иван Јорданов најави експресна реконструкција, а Општината за комплетната обнова на салата од буџетот издвоила околу 16.000 евра. Според Општината, стариот инвентар комплетно ќе биде обновен сосе столиците и клупите, а сега ќе биде една целина со малата сала која беше ...

Тетово доби нова градинка во која ќе можат да престојуваат 165 деца. Ваков објект градот добива после повеќе години, бидејќи капацитетот на постојните градинки не беше доволен да ги згрижи сите деца од предшколска возраст. Изградбата на градинката „Рилиндја“ е финансирана преку Годишната акциска програма „Поддршка на ЕУ за образование, вработување и социјална политика“ за 2017, со вкупен буџет од околу 805.000 евра и со кофинансирање од државата ...

Почина реномираниот сликар Коле Манев, објави неговото семејство. Имаше 83 години. Манев е роден на 11 ноември 1941 во Бапчор, Егејска Македонија. Манев спаѓа меѓу најеминентните македонски сликари, но тој е и филмски и телевизиски творец. Училиште за применета уметност завршил во Скопје. По студирањето на Ликовната академија во Белград (1960 заминал на студиски престој во Париз. Потоа престојувал во Прага, каде што посетувал предавања за ...

Во тетовско Теарце денеска беше одбележана 24-годишнината од загинувањето на полицаецот Момир Стојановски (29). Тој беше убиен при напад со ракетен фрлач врз полициската станица во Теарце на 22 јануари 2001, што се смета за почеток на вооружениот конфликт таа година. Во нападот изведен од припадници на т. н. ОНА, тешко беше ранет полицаецот Давор Евросимовски, кој подоцна им подлегна на повредите, а со полесни повреди се здобија Борче Ѓуровски и ...

Размислуваме да создадеме Центар за обука на пилоти во Македонија, рече денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, по состанокот нa Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, чиј претседател е тој. Како што рече Тошковски, на седницата разговарале дека се потребни системски решенија за справување со пожари, поплави, земјотреси во земјава, како и создавање на една функционална институција. ...

Две лица се убиени во напад со нож во јужниот германски град Ашафенбург близу Франкфурт. Напаѓачот е уапсен откако се обидел да избега, а мотивот не е познат. Нападот се случи во парк близу центарот на градот и полицијата кажа дека веќе нема опасност за јавноста. Весникот „Билд“ објави дека една од жртвите е дете. Безбедноста на јавните места е важна тема во пресрет на вонредните парламентарни избори во Германија на 23 февруари. Шестмина луѓе ...

Нема пет лекови за третман на пациентите на Клиниката за онкологија и радиотерапија, а директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) Сашо Клековски вели дека очекува неделава да се надмине недостигот на два лека, а другите лекови ќе бидат набавувани во соодветни постапки и тие ќе бидат за брзо време достапни. Пациенти од Онкологија вчера реагираа дека нема лекови за биолошка терапија. „За да се надмине проблемот, треба да се знае зошто ...

Авиокомпанијата „Изиџет“ доби субвенции од Владата за воведување авиолинии од Скопскиот аеродром до Женева и до аеродромот „Орли“ во Париз. Од Скопје за Париз ќе се лета од 2 април, а за Женева од 3 ноември. Овие две нови дестинации се воведуваат со вториот повик на Министерството за транспорт и врски за субвенционирање на авиолинии. „Јавниот повик е сè уште отворен и на него можат да се пријават сите заинтересирани авиокомпании кои ги ...

Општина Центар забрани да се користат мобилни телефони за време на наставата во основните училишта. Како што соопшти денеска кабинетот на градоначалникот Горан Герасимовски, до сите школи се испратени препораки за забрана за користење мобилни телефони за време на настава. Оваа одлука на Општината доаѓа по зачестените инциденти со предизвици на ТикТок и заради зголемување на безбедноста на учениците. „Сите основни училишта на територија на ...

Ќе се бара дисциплинска одговорност кај здравствените работници кои учествувале во лекувањето и исписот на новороденчињата-близначиња кои починаа поради премрзнување на 16 јануари во Прилеп, соопшти Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). Инспекторатот ќе издаде решение со наредба за спроведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност, откако на 20 јануари изврши вонреден инспекциски надзор во Прилепската болница, конкретно ...

Доналд Трамп ја засили својата кампања против програмите за различност, притискајќи го и приватниот сектор да се придружи на иницијативата. Тој кажа дека сите федерални службници вработени преку програмите за различност, еднаквост, инклузија и пристапност (ДЕИА) веднаш одат на платено отсуство. Трамп вчера потпиша серија извршни наредби насочени против програмите за ДЕИА, кои промовираат можности за жени, етнички малцинства, ЛГБТ лица и други ...

Кај велешани позната како куќата на Аликара или на Апасиеви во Велес, која лани требаше да се реконструира со средства од државата, е на работ на паѓање. Според годишната програма за 2024 на Министерството за култура, куќата требаше да се реконстурира преку Националниот конзерваторски ценатар (НКЦ), со средства во висина до 1.200.000 денари (околу 19.500 евра). Повеќе од три години се ставени градежни скелиња на куќата, лоцирана во стариот дел ...

Володимир Зеленски кажа дека ќе бидат потребни најмалку 200.000 странски војници за да може да се спроведе каков било мировен план помеѓу Русија и Украина. Зборувајќи на Светскиот економски форум во Давос, Зеленски кажа дека европските лидери не би требало да се прашуваат себеси што би направил Доналд Трамп следно, туку мора да преземат колективни чекори за да се одбрани континентот од можна руска агресија. „Европа мора да се постави како силен, ...

„ОпенАИ“ се здружи со „Оракл“ и „Софтбенк“ за да изградат центри за податоци опремени за напојување на вештачката интелигенција, при што во прв момент ќе инвестираат 100 милијарди долари. Во друштво на шефовите на трите технолошки гиганти во Белата куќа, Доналд Трамп кажа дека „планот е гласна декларација на довербата во потенцијалот на Америка“. „ОпенАИ“, кој го креираше популарниот четбот ЧетГПТ и „Софтбенк“ кажаа дека планираат да инвестираат ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
63%
1020
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
2.57
75%
1021
weather icon

Загреб

22ᴼ / 16ᴼ
1.03
73%
1023
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
4.12
72%
1020
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.61
79%
1019
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
0.51
92%
1024
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
7.2
59%
1011
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
49%
1015
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
7.2
38%
1018
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
2.24
72%
1018
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 17ᴼ
1.34
63%
1022
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
8.75
64%
1013
Currency

61.525

Currency

52.5197

Currency

72.0328

Currency

34.2833

Currency

38.3069

Currency

65.7588

Currency

7.32673

Currency

0.6714

Currency

0.36257

Currency

0.52345

Currency

1.31598

Currency

0.61434

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15030.00

Рутениум

21637.45

Калај

34.19

Сребро

1157.12

Злато

105266.98

Бакар

10.18

Паладиум

36394.65

Платина

43046.71

Родиум

175221.57

Цинк

2.75