Повеќе од четири недели Гостивар е без чиста вода. Повеќе од 4.700 граѓани завршиле во болница. Епидемија на жолтица. И до денес – ниту едно стручно лице од надлежна институција не излезе пред јавноста да каже каква е реалната состојба со водата. Ниту еден официјален документ. Ниту една потпишана експертска проценка – наведува СДСМ во партиско соопштение. Зошто? Затоа што никој не сака да потпише документ со кој би го потврдил тоа што го бара ...

Случајот во Ново Село, каде што приврзаници на предавниците Венко Филипче и Зоран Заев, насила сакаа да предизвикаат инцидент, го извади на површина целиот талог на СДС. Луѓето кои Филипче сака да ги продаде како „деца“, а ни помалку ни повеќе на Македонија, всушност се возрасни лица, блиски и верни на Заев, осудени за насилство и трговија со дрога – соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е иднината која предавничката СДС и Венко Филипче им ја нуди на ...

Денеска е недела, 9 август 2026 година, 221-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 144 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 35 минути, а ќе зајде во 19 часот и 43 минути. Денов трае 14 часа и 7 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во 1 часо ти 6 минути, а ќе зајде во 17 часот и 34 минути. Денеска е недела, 9 август 2026 година, 221-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 144 ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...

До изутринава до 7:30 часот на територијата на државата регистрирани се вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои два се активни, еден е под контрола, а 22 се изгаснати. Како што соопшти Центарот за управување со кризи активни се два пожари и тоа во селото Горно Лисиче, во Општина Аеродром, каде гори ниска вегетација, дрва и пченка и на депонијата на излезот на Крива Паланка. Под контрола е ставен поќарот над село Зелениково каде горела ...

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 27 јули. Пренос на моштите на свети Климент Охридски Ученик на Светите Методиј и Кирил. По смртта на Св. Методиј Климент, под притисок на Германците, од Моравија тргна на југ. Со Горазд, Наум, Сава и Ангелариј – заедно наречени Петочисленици – го помина Дунав, поседе како гостин при царот Борис Михаил и потоа дојде во охридскиот крај. Прво основа манастир во Белица, кај што му беше и ...

Еден од реакторите во нуклеарниот комплекс Ои во централна Јапонија се исклучил синоќа откако се активирал аларм што укажува на проблем со генераторот, соопшти операторот на комплексот. Реакторот број 3 на нуклеарната централа во префектурата Фукуи е исклучен околу полноќ, објави Електроенергетската компанија Кансаи. Не е откриено радиоактивно истекување во нуклеарната централа“, додаде компанијата. Еден од реакторите во нуклеарниот комплекс ...

Вонредна состојба е прогласена на територијата на Британска Колумбија поради шумски пожари, поради што на речиси 22.000 луѓе им е наредено да се евакуираат, соопштија официјалните претставници на најзападната канадска покраина. Премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Еби изјави дека на сите 12.000 жители на округот Самерленд им е наредено да ги напуштат своите домови, бидејќи шумскиот пожар во Болд Рејнџу брзо се проширил во заедницата, ...

Во Нагасаки се одржа комеморација по повод 81-годишнината од американскиот нуклеарен напад врз тој град. Јапонската премиерка Санае Такаичи изјави дека изјави дека Јапонија ги поддржува трите принципи на ненуклеарно оружје. Таа посочи дека Јапонија, како единствена земја што преживеала нуклеарно уништување за време на војна, ќе продолжи да вложува „реални и практични“ напори за постигнување свет без нуклеарно оружје. Такаичи исто така ја ...

На август 1883 година, во Велес е роден Панко Брашнаров, македонски национален деец, народен учител, комунист, хуманист, најстар пратеник на Првото заседание на АСНОМ. Тој е прв претседавач на Заседанието и прв потпретседател на АСНОМ, прв повереник на првата привремена влада на Македонија и иницијатор за формирање на првата новинска агенција на Македонија, најблизок соработник на Методија Андонов – Ченто. Брашнаров е меѓу оние македонски ...

Со досега најголем музичко-сценски спектакл виден во Македонија вечерва во Охрид продолжува одбележувањето на 35-годишнината на независноста. Музичко-сценскиот спектакл ќе се одржи на стадионот „Билјанини извори“ со почеток во 19:30 часот, а караванот ќе посети и 11 други градови. Преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл ќе биде раскажана приказната за 35 години независност на нашата татковина, истакнувајќи ги ...

Македонската православна црква – Охридска архиепископија и верниците денеска го празнуваат споменот на Св. Климент Охридски кој е упокоен на овој ден 916 година. Исто така, на овој ден се празнува и споменот на светите Седмочисленици, како и на големиот исцелител Свети Пантелејмон. Големиот македонски и сесловенски просветител свети Климент Охридски Чудотворец починал на денешен ден 916 година. Но бидејќи тој и за време на својот живот ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура е во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер ...

Сместен во срцето на Кикладските Острови, Тинос речиси два века е познат како едно од најзначајните православни места за поклонение во Грција, но во последните години сè повеќе го привлекува вниманието и на туристите, кои бараат автентична медитеранска атмосфера, традиција и културно наследство. Освен по религиозниот туризам, познат е и по мермерот, како нераскинлив дел од идентитетот на островот, по традиционалните мали села со зачувана ...

Во регионот Алгој, на југот на Германија пронајдено е дрво тиса старо околу 1.100 години. Дрвото се наоѓа во близина на Штајбис и Балдершванг, на надморска височина од околу 1.100 метри. Според процената на Германското дендролошко друштво, животниот век на оваа тиса надминува единаесет века. Експертите објаснуваат дека е вистинско чудо што успеала да преживее толку долг период, имајќи предвид дека расте на северозападната падина на Алпите. ...

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека Иран го информирал Вашингтон дека не планира да воведува такса за поминување низ Ормуската теснина и дека ќе овозможи проток на нафта и гас од Персискиот Залив во обем кој постоел пред конфликтот. Венс, сепак, додаде декаСАД ќе го проценуваат Техеран според постапките, а не според ветувањата. Нашето очекување е дека ќе видиме иста количина нафта и гас што излегува од Заливот како пред ...

Водечкиот во генералниот пласман на Светскиот шампионот во Мото ГП, шпанскиот мотоциклист Хорхе Мартин (Априлија) триумфираше во спринт трката за Големата награда на Велика Британија во Силверстон. Мартин водеше од првиот до последниот круг и ја мина целта 1,53 секунди пред второпласираниот Јапонец Аи Огуре (Трекхаус), а за 3,97 секунди беше побрза од својот италијански колега Марко Безеки. Актуелниот светски првак, Шпанецот Марк Маркез ...

Група бранители од 2001 година, меѓу кои и преживеани од масакрот кај Карпалак кога загинаа дестмина прилешчани во подлиот напад на терористите на ОВК. Тие од местото на нападот револтирано упатија јавна порака и барање да се направи споменик на нивните загинати соборци, намести меморијалната плоча поставена крај автопатот, која неколкупати беше кршена и обновувана. 25 години наместо пред грандиозен споменик се поклонуваме пред обична плоча, ...

Турција го ограничува пловењето на трговските бродови во Црното Море преку Дарданелите поради чести напади со беспилотни летала, објави „Блумберг“, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата. Турција го ограничува преминот на трговски бродови кон Црното Море преку Дарданелите поради чести напади со беспилотни летала врз трговски бродови, вклучително и бродови во сопственост на турски компании. Според изворите, Генералната управа на ...

Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан, неочекувано се појави во Драгачево, каде што српските оркестри се собираат за Фестивалот на труби во Драгачево. Според српски „Блиц.рс“, Орбан седел во дворот на хотелот Нордик, нарачал пиво и пробал хајдук ќепап и свадбарска зелка, кои се познати српски специјалитети. Според медимот, жителите на Драгачево биле воодушевени што го виделе Орбан на нивната прослава. Не можевме да им веруваме на нашите ...

Во Албанија стапија во сила новите измени во Законот за сообраќај, со кои се заоструваат мерките против прекршителите, со цел зголемување на безбедноста на патиштата и намалување на несреќите. Според законот, овие измени предвидуваат трајно одземање на возачките дозволи за возачите кои се фатени како возат под дејство на алкохол, односно повторно управуваат возило со повеќе од 0,5 промили во крвта, откако претходно биле предупредени или ...

Повеќе од 178.000 африкански имигранти ја напуштиле Јужна Африка во последните месеци поради мерките на властите против нелегалната миграција и понекогаш насилните антиимиграциски протести. Повеќе од 115.000 луѓе се вратиле во соседна Зимбабве од крајот на мај, а повеќе од 56.000 се вратија во Малави. Според податоците од Нигерија, Гана, Мозамбик и Лесото, повеќе од 1.000 граѓани се вратија од Јужна Африка во секоја од овие земји. Вратените ...

Официјален Техеран соопшти дека договорот меѓу Иран и Оман за нов механизам за регулирање на пловењето на бродовите низ Ормутскиот Теснец нема нужно да доведе до повторно отворање на овој клучен морски пат. Портпарол на влијателниот Корпус на Исламската револуционерна гарда, изави дека пред теснината повторно да биде отворена, САД мора да ги исполнат барањата на Иран. Тој го повика Вашингтон да не се меша во преговорите меѓу Иран и Оман. ...

Во срцето на италијанскиот југ, во регионот Базиликата, на рабовите на еден стрмен кањон, кој мајсторски со прецизност на врвен уметник го извајала реката Гравина, се издига Матера, градот од камен во кој времето како да застанало и како минатото никогаш да не станало сегашност. Градот е стар повеќе од 9.000 до 10.000 години или еден од најстарите постојано населени градови во светот и најстар град во Италија. Матера не е обичен град, таа ...

Македонската репрезентативка Катерина Ацевска постигна голем успех на сениорското Светско првенство во џиу-џицу кое се одржува Абу Даби, освојувајќи го сребрениот медал. Со вицешампионската титула, Ацевска се искачи скала погоре на пиедесталот, во споредба со минатото Светско првенство во Тајланд и се зацврсти на првото место на светската ранг-листа во својата категорија над 70 килограми во џиу – џицу фајтинг. Ацевска на патот до финале ...

Во натпревар од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) Тиквеш извојува висока победа на гостувањето во Куманово над Башкими со 5-0 (2-0). До својата втора победа во новата сезона, кавадаречкиот прволигаш дојде со головите на Висдом (36 минута), Лавал (42 и 72 минута), Попзлатанов (81) и Ацковски (88). Вчера, Шкендија Арачиново и Силекс ги поделија бодовите, одигрувајќи нерешено 1-1, а второто коло оло од новата прволигашка сезона ќе биде ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека идната година, Србија со стапка на раст на БДП од 4,5 проценти ќе биде „убедливо прва во Европа“ и дека вонредни избори ќе се одржат за најмногу три месеци. За време на политички состанок во населбата Белегис во општината Стара Пазова, Вучиќ изјави дека во првата половина од годината, Србија имала највисока стапка на економски раст на континентот, според официјалните податоци на Евростат, и ...

Со пригодна свеченост денеска беше официјализирано збратимувањето на Делчево со општините Новело, Монфорте д’Алба и Родино од Република Италија. Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски и градоначалникот на Општина Новело, Марко Поларо ставија потпис на Меморандумот со кој се унапредуваат пријателските односи, се зајакнува меѓусебната доверба и се развива соработката во духот на европските вредности и се гради трајна форма на ...

Во рамките на Делчевското културно лето во салата од Спомен-дом АСНОМ, се одржи промоција на графички роман – стрип со наслов „Беше еднаш на истокот“ од авторот Бобан Пешов, виничанец кој живее и работи во Италија. Романот е во издание на „Бункер“ кој веќе постигна голем успех на италијанскиот стрип-пазар. Во „Беше еднаш на Истокот“, авторот нè враќа во деведесеттите години на минатиот век, додека една држава се распаѓа, а насекаде никнуваат ...

Министерството за внатрешни работи информира дека и во текот на претстојниот викенд ќе продолжат засилените сообраќајни контроли за почитување на ограничувањата на брзината, во рамки на координираната европска акција на Европската мрежа на сообраќајни полиции „Роудпол“ (ROADPOL). Како што соопшти МВР, во периодот од 3 до 9 август Секторот за сообраќајни работи спроведува интензивни контроли насочени кон откривање и санкционирање на возачи кои ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
0.0
78%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1031
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.83
92%
1031
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
89%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
63%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 1ᴼ
1.54
72%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 1ᴼ
1.79
79%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.57
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Злато

130856.75