Одлично се одвива подготовката за изградба брзата пруга на Коридор 10, следуваат јавни презентации за студиите по што следува изработка на договорите за финансирање и за изведба и презентација на условите за финасирање пред Собранието, информира денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој потврди дека рокот за старт на работите останува крајот на годината, како што изјави претходно премиерот Христијан Мицкоски. – ...

Новозеландскиот глумец Сем Нил, почина во понеделникот на 78-годишна возраст во болница во Сиднеј, а сега е објавена и причината за смртта. Имено, тој починал од пневмонија, потврди неговиот агент. Ѕвездата од „Паркот Јура“ и „Пики блајндерс“ се бореше со рак со години, но во времето на смртта тој немаше рак, соопшти неговото семејство, опишувајќи ја неговата смрт – како „ненадејна и неочекувана“ претходно оваа недела. Долгогодишниот агент на ...

Финалето на Светското првенство во фудбал кое треба да се игра во недела на 19.јули во Њујорк со почеток во 21 часот, можно е да биде одложено. Натпреварот ќе се игра на стадионот на во Њу Џерси кој има капацитет од 82.500 седишта. Неколку дена во пресрет на големиот спектакл организаторите имаат причина за загриженост поради најавата за неповолни временски услови. Се очекува температура од околу 28 степени и можност за грмотевици. Стадионот ...

Македонскиот државјанина Б.Л. (54), кој беше во притворскиот центар во албанскиот приморски град Валона, починал откако доживеал срцев удар, пренесе МИА. Според првичните информации, тој покажал здравствени проблеми и доживеал срцев удар, поради што бил веднаш пренесен во Регионалната болница во Валона, каде и покрај напорите на лекарите не успеале да го реанимираат. Надлежните спроведуваат потребни дејствија за да се разајаснат сите ...

Сериозното свлечиште кое пред четири месеци се појави на патот за Теферич, ќе го решава Министерството за транспорт. Ова денеска го потврди вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски кој нагласи дека се работи за голем и сериозен проблем. Проблематиката е поголема од можностите и капацитетите кои ги имаат Општина Кисела Вода и Градот Скопје, затоа премиерот Мицкоски реализираше една работна средба помеѓу Министерството за ...

Предметот „Тотал“ на поранешното специјално јавно обвинителство, кој се однесува на даночно затајување од страна на новинарот Драган Павловиќ-Латас и три правни лица, заврши. Основниот кривичен суд Скопје информира дека е донесена пресуда со која се одбива обвинението за предметот откако надлежниот јавен обвинител се откажал од обвинителниот акт во целост. Пресудата, како што информираат од Основниот кривичен суд Скопје е донесена на 27 мај ...

Вечерва (16.07.2026г.) е претпоследниот ден во рамки на „Кинотека на Скопско лето“ 2026, во која фокус е македонскиот филм. Со почеток во 20:15 часот во Кинотека на Македонија ќе се прикаже „Ова не е американски филм“ во режија на Сашо Павловски, додека утре вечер (17.07.2026г.) Кинотеката завршува со проекција на филмот „Барајќи си ја среќата“ во режија на Марија Џиџева, со почеток во 20:15 часот во Кинотека на Македонија. Вечерва (четврток ...

Големо разочарување владее во Англија, откако англиските фудбалери во завршницата на полуфиналето на Светското првенство синоќа против Аргентина испуштија водство и со пораз од 2-1 повторно останаа без мундијалско финале кое го чекаат 60 години. „Аргентинската лекција по фудбал ги урна англиските соништа за титулата. Аргентина целосно ја надигра Англија со брилијантна игра во второто полувреме“, коментираше агенцијата Ројтерс. Британскиот ...

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера околу 22 часот на ул. „Јадранска магистрала“ во Скопје, го лишија од слобода косовскиот државјанин Р.Е. (24). Претходно, на Граничниот премин Блаце, додека царински службеник вршел преглед на неговото патничко возило „бмв“ со косовски регистарски ознаки, Р.Е. го стартувал возилото, го оттурнал и го влечел неколку метри царинскиот службеник со возилото, по што се ...

Од почетокот на јули во земјава потврдени се вкупно 10 нови жаришта на болеста сипаници кај овци и кози. Болеста е потврдена во одгледувалишта во населеното место Саса, општина Македонска Каменица, село Соколарци, општина Чешиново – Облешево, село Бигла, општина Делчево, села Малино и Косевица, општина Свети Николе и село Сопот, општина Куманово. Во моментов според АХВ има вкупно 17 потврдени жаришта со заболнени над 2700 животни. Болеста е ...

Тоа што не се донесе Изборниот законик е доказ дека СДС, Левица и ДУИ, го блокираат напредокот на државата, а политичките игри им се пред интересот на граѓаните.Недонесувањето на новиот Изборен законик е уште еден доказ дека СДС, Левица и ДУИ се подготвени да го блокираат секој процес што значи напредок за државата, само заради сопствени политички интереси,велат од ВМРО-ДПМНЕ. Изборниот законик не е прашање на дневна политика, туку важен ...

Капитенот на англиската фудбалска репрезентација Хари Кејн рече дека се чувствува ужасно по поразот во полуфиналето од Аргентина со 2-1 и неуспехот да се пласираат во финалето на Светското првенство, кое Англичаните го чекаат од 1966 година. „Чувството е ужасно, не бевме доволно добри за ова ниво“, изјави Кејн по натпреварот што синоќа се одигра во Атланта. Англија водеше до 85. минута, но Аргентинците го свртеа резултатот во своја корист во ...

Нашите натпревари на ова Светско првенство се импресивни, изјави воодушевено аргентинскиот селектор Лионел Скалони по синоќешниот триумф над Англија со 2-1 и пласманот во финалето. Актуелниот светски првак беше во гол негативата во полуфиналето во Атланта, откако Ентони Гордон ѝ донесе водство на Англија во 55. минута, по што следуваше 40. минутна опсада кон голот на Џордан Пикфорд. Аргентинците напаѓаа од сите страни со сите орудија и откако ...

Поранешниот бразилски репрезентативец Дани Алвеш изјави дека бил посреќен додека бил во затвор, отколку кога заработувал милиони евра како професионален фудбалер, истакнувајќи оти неговата вера во Бога му помогнала да го пронајде внатрешниот мир, објави шпанскиот весник „Марка“. Алвеш, кој настапуваше за Барселона, Јувентус, Севиља, ПСЖ и бразилската репрезентација, неодамна одржа говор во Мадрид во кој зборуваше за своето искуство во ...

На мое огромно задоволство и почит кон другарството, текстот за изложбава го “стутка” Otec Pimen Никаде без вас другари!, вели авторката Касиопеја Наумоска по пово денешната изложба во Фоајето на Општина Карпош. Ретки се луѓето кои кога ќе затворат очи барем за миг, од трепнување до повторното отворање на очите, не се обиделе дамнешното или новороденото чувство да го претворат во слика за полесно да го меморираат и да го складираат во умот за ...

Рокот за завршување на автопатот Кичево-Охрид во мај следната година ќе се запази, во втората половина на август треба да почне изградбата на автопатот Скопје-Блаце, а во септември на делницата Кичево – Букојчани, најавува директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Коце Трајановски. На автопатот Кичево-Охрид, од 2024 година откако дојде новата Влада македонската јавност и сите кои патуваат видоа дека има голем напредок. Од ...

Од 4 до 8 август, во Струмица, традиционално по 21. пат ќе се одржи интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“. Според овогодишното фестивалско мото „Со отворени очи“, независните филмски автори метафорично ја повикуваат публиката да гледа како животот тече како на филмска лента низ бројните приказни раскажани од различни краишта на светот. Физиономијата на фестивалот, кој е препознатлив не само во регионот туку и во меѓународната ...

Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија утревечер во 18.30 часот ќе се отвори изложбата „Архитектура на невидливото“ од македонскиот визуелен и мултимедијален уметник Страхил М. Петровски. За делото на Петровски ќе говори проф. д-р Зоран Пејковски, директор на КИЦ – Софија. Постојат изложби што го привлекуваат вниманието со визуелната спектакуларност на формата, со наративната јасност или со непосредната комуникативност на ...

Во сообраќајна несреќа на Халкидики при директен судар на цистерна и патничко возило во кое било четиричлено семејство од Молдавија, животот го загубија мајка, татко и шестмесечно бебе, додека другото дете е сериозно повредено, јави дописничката на МИА од Атина. Несреќата се случи вчера попладне на регионалниот пат Неа Муданија – Никити, кај Полигирос, од противпожарната служба интервенирале со осум пожарникари и три возила, а со употреба на ...

Откако минатиот четврток извојуваа гостински победи, фудбалерите на Силекс и Шкендија денеска во ист термин на различни локации во Скопје ќе се обидат да ја зачуваат предноста и да се пласираат во 2. Квалификациско коло во Конференциската лига во кое, по елиминацијата во Лигата на шампиони, својот настап ќе го продолжи и Вардар. Освојувачот на македонскиот Куп, Силекс, вечерва од 20 часот на ФФМ Тренинг центарот „Петар Милошевски“ го ...

Се сеќавате на вицот со петелот и кокошката. Петелот ја бркал кокошката низ дворот за да заврши работа, а таа во себе си викала, ќе потрчам уште некој круг пред да му дадам, да не мисли дека сум лесна. Кокошката во овој случај е СДСМ и нивното инаетење да се донесе нов Изборен законик. Иако тој може да се усвои и без нив, добро е сите партии да дадат согласност за новите изборни правила. Но логиката на СДСМ е- знаат дека ќе изгубат и се ...

Синоќа во Дојран беа прогласени победниците и со доделување на големата награда за најдобар филм на медитеранот, најдобариот режисер на медитеранот, најдобра актерка и најдобар актер на медитеранот, најдобар композитор на оригинална филмска музика на медитеранот, наградата за најдобар кинематографер, и наградата за најдобар краткометражен филм на медитеранот беше затворено петтото издание на Фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку ...

Иран ноќеска изврши напади врз Бахреин, Кувајт и Јордан, откако САД ја обновија поморската блокада на иранските пристаништа и ги засилија воздушните напади. Ирански медиуми јавуват дека противвоздушната одбрана во Техеран била активирана за да одговори на, како што се наведува, „непријателски закани“. Американските сили синоќа извршија напади врз ирански крајбрежни утврдувања и ракетни бази по повторното воведување на поморската блокада на ...

Со брза интервенција на Територијалната противпожарна единица, но и со поддршка на локалното население и доброволци, успешно беше локализиран и изгаснат пожарот што вчера попладнето избивна на падините на планината Петрино, над населбата „Бараки“ во Охрид. Како што се посочува во соопштението од ТППЕ – Охрид, веднаш по појавата на пламенот од единицата било интервенирано со четири возила и 17 пожарникари. Притоа со пламен била зафатен отворен ...

Народниот театар – Битола вчеравечер на „Охридско лето“ премиерно ја изведе претставата „Кориолан“ од Вилијам Шекспир во режија на американскиот режисер Џон Блондел. Претставата се покажа дека е идеално дело за актерите од Битолскиот театар бидејќи нивната енергија и сценски израз совршено одговараат на материјалот, а визуелните и музичките автори од ансамблот ја издигнаа оваа политичка трагедија до високо ниво на театарска поезија. Во ...

Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ вечерва продолжува со концертот на триото „Кимера“ од Италија што ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. Триото го сочинуваат пијанистката Марта Черета, виолинистот Стефано Ракањи и виолончелистот Џорџо Лукини. „Кимера“ е оформено под менторство на Патрик Јуед на Високата школа за уметности во Берн и неговите членови се здобиваат со магистериум по камерна музика во 2023 ...

ВМРО-ОКГ повторно плаши дека граѓаните ќе изгубат 4,2 милиони евра од ЕУ поради Изборниот законик. Заради политиката на изолација држава, ВМРО-ОКГ, Македонија не губи 4 милиони, туку милијарди евра, се вели во соопштението од СДСМ. Со блокирање на реформите и европскиот пат, граѓаните се лишуваат од огромни европски фондови и инвестиции кои би ја подобриле економијата и животниот стандард.За споредба, Црна Гора веќе си обезбеди над 3,2 ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе ...

Украинскиот главен град Киев рано утрово бил цел на масовен руски напад со балистички ракети, соопшти градоначалникот Виталиј Кличко. Кличко на „Телеграм“ објави дека било погодено магацинско складиште во западниот дел на градот, а остатоци од соборени дронови паднале на спротивниот брег на реката Дњепар, каде избувнал пожар. Пожарот бил локализиран, а изгаснат бил и пожарот што настанал во уште едно погодено складиште во друг дел од Киев. ...

Извонредните македонско-кинески пријателски односи и културната соработка меѓу Кина и Македонија беа потврдени и вчеравечер со спектакуларниот концерт на Симфонискиот оркестар „Нингбо“ кој настапи на 66. Издание на фестивалот „Охридско лето“. Кинеската вечер на сцената „Долни Сарај“започна со интонирање на македонската а потоа и на кинеската химна, а поздравен говор имаше амбасадорката на Народна Република Кина, Н.Е. Џијанг Сјаојан која упати ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
2.97
19%
1015
weather icon

Белград

36ᴼ / 36ᴼ
1.79
32%
1015
weather icon

Загреб

37ᴼ / 37ᴼ
2.19
30%
1013
weather icon

Софија

31ᴼ / 31ᴼ
2.6
22%
1015
weather icon

Сараево

36ᴼ / 36ᴼ
2.51
21%
1015
weather icon

Љубљана

36ᴼ / 35ᴼ
0.89
30%
1014
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
5.36
31%
1013
weather icon

Тирана

36ᴼ / 36ᴼ
6.49
18%
1014
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
2.82
26%
1014
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 32ᴼ
2.68
32%
1015
weather icon

Будимпешта

39ᴼ / 38ᴼ
1.34
25%
1016
weather icon

Истанбул

32ᴼ / 32ᴼ
5.48
35%
1015
Currency

61.52

Currency

53.3836

Currency

71.7836

Currency

37.3567

Currency

38.0037

Currency

65.8747

Currency

7.90563

Currency

0.66388

Currency

0.33961

Currency

0.52362

Currency

1.12294

Currency

0.55998

Иридиум

252383.36

Платина

52855.83

Паладиум

40445.64

Цинк

0.00

Алуминиум

3.23

Кобалт

56.29

Калај

55.44

Сребро

1894.77

Родиум

265243.66

Рутениум

53852.50

Злато

130535.25

Бакар

13.27