Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски и градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменковска, ќе извршат увид во реконструираната улица „Лазар Димитров” во Кисела Вода. Општината ја реализира обновата на улицата, во должина од 800 метри, во соработка со Министерството за транспорт. Предвидени се изјави за медиуми на Николоски и Стаменковска. Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски и ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, на покана на американскиот државен секретар Марко Рубио, денеска и утре ќе престојува во дводневна работна посета на Вашингтон, каде што ќе учествува на министерска конференција посветена на заканите од политичкиот тероризам. Состанокот, како што соопшти МНРиНТ, ќе обедини високи претставници од повеќе од шеесет држави, со цел унапредување на меѓународната соработка и ...

Актуелниот светски шампион Аргентина синоќа успеа да се избори за финалето на Светското првенство во фудбал 2026 откако во полуфиналето вечерва со пресврт стигнаа до победата од 2:1. Аргентина титулата ќе ја брани во недела против селекцијата на Шпанија. Првото полувреме мина со премногу тактика и на полувреме беше 0:0. По десет минути игра англичаните поведоа со голот на Ентони Гордон. Во тогаш започнаа нападите на Аргентина, а голманот на ...

Англискиот селектор Томас Тухел изјави оти ја презема одговорноста за своите одлуки од клупата за време на синоќешниот пораз од 2-1 во полуфиналниот натпревар на Светското првенство против Аргентина, но наведе дека околностите на теренот го принудиле за дефанзивна игра по водечкиот гол. „Разочарани сме, бевме толку блиску, но по водечкиот гол станавме премногу пасивни и му дозволивме на противникот премногу шанси. Не успеавме да ја вратиме ...

Цеца Ражнатовиќ објави на својот Инстаграм профил дека нејзината семејна вила е поплавена.Иако дежурниот тим на водоводната компанија излезе на местото на настанот синоќа за да го реши проблемот со истекувањето на водата, се чини дека дефектот е многу посериозен и дека и покрај големите напори на надлежните служби, тој не е отстранет, па ќе бидат потребни уште неколку дена. Цеца откако се врати од одмор во Шпанија го забележала дефектот пред ...

Рокот за завршување на автопатот Кичево-Охрид во мај следната година ќе се запази, во втората половина на август треба да почне изградбата на автопатот Скопје-Блаце, а во септември на делницата Кичево – Букојчани, најавува директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Коце Трајановски. На автопатот Кичево-Охрид, од 2024 година откако дојде новата Влада македонската јавност и сите кои патуваат видоа дека има голем напредок. Од ...

Ѓердани, прстени, нараквици, па дури и часовници повремено се носеа на терените пред денешното строго правило за забрана за носење накит. Во име на безбедноста на играчите, ФИФА воведе, а подоцна и ги заостри своите прописи, со што накитот беше забранет за време на натпреварите, за да се намали ризикот од повреда. View this post on Instagram A post shared by Drip (@drip) Ѓердани, прстени, нараквици, па дури и часовници повремено се носеа на ...

Мајка и петмесечно бебе загинаа на лице место, додека таткото и другото дете со тешки повреди беа пренесени во болница, во тешката сообраќајна несреќа што денеска се случи на пат кон Ситонија, Халкидики. Како што пренесува HalkidikiNews.gr станува збор за семејство од Молдавија, кое со автомобилот се движело на патот од Полигирос кон вториот крак, кога во близина на Метаморфози околу 18.20 часот по грчко време се судриле со цистерна. Дел од ...

Поранешниот бразилски репрезентативец Дани Алвеш изјави дека бил посреќен додека бил во затвор, отколку кога заработувал милиони евра како професионален фудбалер, истакнувајќи оти неговата вера во Бога му помогнала да го пронајде внатрешниот мир, објави шпанскиот весник „Марка“. Алвеш, кој настапуваше за Барселона, Јувентус, Севиља, ПСЖ и бразилската репрезентација, неодамна одржа говор во Мадрид во кој зборуваше за своето искуство во ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Брисел треба заедно да го прими Западен Балкан. Што сакате да изградите? Посилни граници меѓу сите? Ако сите одиме заедно, нема да има граници меѓу Приштина, Белград и сите други – рече Вучиќ во интервју за „Фајненшл тајмс“. Претседателот на Србија изјави дека се надева на голем потег за приклучување кон целиот регион на ЕУ. – Ни треба регионот да биде обединет. За да не стане нова зона ...

Некои ситници чинат малку, а и лете, разликата меѓу „имав сѐ под контрола“ и „се заглавив на патот“ честопати зависи токму од нив. Асфалтот деновиве станува сѐ потопол, но повеќето возачи едноставно го вклучуваат клима уредот и продолжуваат да возат. Сепак, забораваме дека нашиот автомобил не е фрижидер што само се вклучува во напојувањето – тоа е машина направена од метал, гума и електроника што навистина ги чувствува овие топлински бранови, ...

Туристи беа казнети со 250 евра за користење СУП-даска без елек за спасување на грчкиот остров Лимнос. Како што наведуваат, тие не знаеле дека носењето елек е задолжително, ниту пак биле претходно предупредени. Доколку планирате ваква рекреација во Грција ова лето, задолжително проверете ги локалните прописи и користете елек за спасување за да избегнете висока казна и да останете безбедни на вода. Ова се правилата за користење на СУП-даска во ...

Финалето на Светското првенство во фудбал кое треба да се игра во недела на 19.јули во Њујорк со почеток во 21 часот, можно е да биде одложено. Натпреварот ќе се игра на стадионот на во Њу Џерси кој има капацитет од 82.500 седишта. Неколку дена во пресрет на големиот спектакл организаторите имаат причина за загриженост поради најавата за неповолни временски услови. Се очекува температура од околу 28 степени и можност за грмотевици. Стадионот ...

Денеска преку Единствениот број за итни повици 112 беше примена пријава дека три лица, кои се капеле во реката Треска, биле однесени од надојдената вода предизвикана од зголемен испуст од браната „Матка“ за потребите на производство на електрична енергија, соопштија од Центарот за управување со кризи. Поради надојдената вода, од силниот воден тек беа однесени две малолетни лица на возраст од 15 години и едно 18-годишно лице. Едното малолетно ...

Денеска од страна на Одделението за внатрешни работи Кочани во координација со ОЈО Кочани, по претходно преземени мерки и активности, покрај доказите кои се однесуваат на непосредно извршување на кривично дело по член 215 став 1 од КЗ, обезбедени се бројни докази кои упатуваат на постоење на основано сомнение дека Александар Лазаров располага со значителен движен и недвижен имот, стекнат со криминална активност, за кој имот од страна на ...

Апелациониот суд Скопје ја потврди осудителната доживотна казна затвор за Љупчо Палевски-Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев во случајот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, додека ослободителна пресуда за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски ја укина и предметот го врати на повторно судење. Одлуката Апелација ја донела на нејавен дел од седница одржана на 10 јули годинава, откако претходно на 11 мај одржа јавна ...

Од Националниот парк „Галичица“ информираат дека денес од страна на туристи е забележана мечка во реонот над селото Горно Коњско. Ги повикуваме жителите, посетителите, планинарите, како и сите лица кои престојуваат или извршуваат активности во овој реон да бидат особено внимателни и да се придржуваат кон препораките за безбедно движење во природа. Доколку сте во контакт со локалното население или со лица кои престојуваат или работат во ова ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен за договор за прекин на војната во Украина и додаде дека војната би можела да заврши до крајот на неговиот мандат, кој истекува во ноември 2028 година. Запрашан за можноста војната да заврши за време на неговиот мандат, Трамп рече дека мисли дека ќе заврши. Мислам дека ќе заврши, да. Дури и мислев дека војната ќе ...

Синоќа беше детектиран, лоциран и лишен од слобода бегалецот од Кочани. По интензивна потрага, лицето кое во петокот побегна од просториите на Полициската станица Кочани е пронајдено и приведено во Скопје. Овој случај уште еднаш потврди дека секој што бега од правдата порано или подоцна се соочува со законот. Никој не е недопирлив и никој не може трајно да избега од одговорност – објави на Фејсбук директорот на Бирото за јавна безбедност, ...

Вчера во 19:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Тетово-Скопје, во близина на наплатна рампа Глумово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И.(33) од Скопје и возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 39-годишната Л.А. од с.Патишка Река, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од возилото ...

Ве охрабрувам да го изгласате овој ребаланс на буџет, бидејќи таму се предвидуваат и плаќањата за нашите земјоделци, порача од говорницата на македонското Собрание, заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Албрим Хоџа, кој денеска одговараше на пратенички прашања поставени од пратеникот Борислав Крмов од Левица. Пратеникот Крмов праша до каде е решавањето на проблемот со откупот на млекото во Пијанечко-малешевскиот ...

Украинскиот претседателот, Володимир Зеленски, денеска ѝ го додели на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, првиот украински Орден на Европа за нејзиниот „исклучителен личен придонес во поддршката на стратешкиот пат на Украина кон полноправно членство во Европската Унија“. За време на церемонијата по повод Денот на украинската државност во Киев, Зеленски рече дека иднината на Украина „мора да биде мирна и европска“, ...

Полициски службеници од СВР Куманово денеска ги лишија од слобода А.С.Д. (22) и М.В. (34), двете од Куманово, и против нив СВР Куманово поднесе кривична пријава и тоа, против А.С.Д. поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „измама“ по чл.247 ст.4 од КЗ и „злоупотреба на лични податоци“ по чл. 149 ст.1 од КЗ и против М.В. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ по чл.24 од КЗ. ...

Претседателот на Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ, Стевче Јакимовски доброволно замина на отслужување на затворската казна од шест и пол месеци, се вели во партиското соопштение од ГРОМ, што го пренесуваме интегрално: Длабоко сме разочарани од Кривичниот суд кој го осуди нашиот претседател затоа што поставил две времени градби (бараки), во кои општината функционираше 13 години. Не направи никому штета, туку општината за сите тие години ...

Јавното обвинителство информира дека Александар Лазаров, кој беше во бегство откако избега од Полициската станица во Кочани, е испратен на издржување притворска мерка, а јавен обвинител до Основниот суд во Кочани поднел и барање за привремено одземање на движен и недвижен имот поврзан со осомничениот за кој постои сомнение дека е поврзан со криминална активност – еден стан и вкупно шест автомобили. Основното јавно обвинителство Кочани, како ...

Обвинителката Елена Жакула во изјава за медиумите информира дека Обвинителството денеска ќе поднесе предлог за определување мерка притвор за двајцата сопружници за убиството на лекарот Ацо Трпкоски, кој беше убиен на 21 март 2024 година во скопската населба Автокоманда. Обвинителството заедно со МВР спроведе предистражни дејства кои беа активни и се обидовме да го најдеме сторителот на ова кривично дело. По дополнителни сознанија во текот на ...

Министерот за одрбрана Владо Мисајловски денеска во касарната „Боро Менков“ се обрати на свеченоста по повод затворањето на Командата на Бригадата на Југоисточна Европа (SEEBRIG), која шест години беше позиционирана во Куманово. Уште еднаш покажавме дека сме кредибилен, сигурен и активен партнер, подготвен да преземе одговорност и конкретно да придонесе за регионалниот и меѓународниот мир и безбедност. SEEBRIG е еден од најуспешните примери ...

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) објави дека церемонијата на затворање на Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во недела, 19 јули, пред финалниот натпревар на стадионот во Њујорк. За прв пат паузата на полувремето ќе трае 30 наместо 15 минути. Италијанската пејачка Лаура Паузини, британскиот пејач Роби Вилијамс, американската пејачка Никол Шерцингер и интернет ѕвездата „IShowSpeed“ ќе учествуваат во програмата, додека ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Сарај порача дека Владата останува целосно посветена на реализацијата на проектите што им биле ветени на граѓаните, истакнувајќи дека токму преку тимска работа се постигнуваат конкретни резултати. При посетата на општината, Мицкоски оцени дека проектот што се реализира е капитална инвестиција од витално значење, која директно ќе придонесе за подобрување на квалитетот на живот на жителите. „Станува збор ...

Поранешниот директор на владината Служба за општи и заеднички работи Пеце Мирчевски доби обвинителен предлог, за продолжено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 4 во врска со став 1, како и за Фалсификување службена исправа од член 361 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, во периодот од 03.07.2021 до март 2024 година го злоупотребил службеното својство како директор, ги пречекорил службените ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
2.97
19%
1015
weather icon

Белград

36ᴼ / 36ᴼ
1.79
32%
1015
weather icon

Загреб

37ᴼ / 37ᴼ
2.19
30%
1013
weather icon

Софија

31ᴼ / 31ᴼ
2.6
22%
1015
weather icon

Сараево

36ᴼ / 36ᴼ
2.51
21%
1015
weather icon

Љубљана

36ᴼ / 35ᴼ
0.89
30%
1014
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
5.36
31%
1013
weather icon

Тирана

36ᴼ / 36ᴼ
6.49
18%
1014
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
2.82
26%
1014
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 32ᴼ
2.68
32%
1015
weather icon

Будимпешта

39ᴼ / 38ᴼ
1.34
25%
1016
weather icon

Истанбул

32ᴼ / 32ᴼ
5.48
35%
1015
Currency

61.52

Currency

53.3836

Currency

71.7836

Currency

37.3567

Currency

38.0037

Currency

65.8747

Currency

7.90563

Currency

0.66388

Currency

0.33961

Currency

0.52362

Currency

1.12294

Currency

0.55998

Бакар

13.27

Сребро

1894.77

Платина

52855.83

Кобалт

56.29

Злато

130535.25

Родиум

265243.66

Иридиум

252383.36

Алуминиум

3.23

Цинк

0.00

Паладиум

40445.64

Рутениум

53852.50

Калај

55.44