Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
) – Македонскиот тенисер Калин Ивановски со поените освоени на турнирите во Скопје и Загреб напредуваше на АТП листата за 438 места и сега се наоѓа на 710.то место. Тој на двата турнира од рангот на ИТФ М25 одигра 10 мечеви и постигна 9 победи притоа едниот турнир го освои (Скопје – 25 поени) и на еден беше финалист (Загреб – 14 поени). Ивановски сега има 46 поени. Ова беа првите два турнира за Ивановски во 2026 година, односно по враќањето ...
Основното јавно обвинителство и СВР Куманово преземаат мерки за расчистување на случајот со врсничко насилство, откако денеска на социјалните мрежи беше објавена видеоснимка на која се гледа физички напад врз девојче. Според првичните информации, настанот се случил пред околу четири месеци, но до денеска не бил пријавен во надлежните институции. Шефицата на Основното јавно обвинителство Куманово, Теута Бедиу – Рамадани, за МИА изјави дека ...
Повеќе од половина од Грците во текот на 2025 година учествувале во најмалку една игра на среќа на легалниот пазар, додека пак во нелиценцирани игри на среќа за една година биле потрошени 11,8 милијарди евра, покажуваат податоците од годишниот извештај на Комисијата за надзор и контрола на игрите на среќа во Грција (ЕЕЕП), што денеска беше доставен до претседателот на грчкиот Парламент, Никитас Какламанис, јави дописничката на МИА од Атина. ...
Министерката за надворешни работи на Бугарија, Велислава Петрова изјави дека поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил и основачот на компанијата „Лукоил“, Вагит Акекперов, се отстранети од нацртот на 21 пакет санкции на Европска Унија против Русија, со што и е овозможено на Софија да го поддржи истиот. – Забелешките на Бугарија се уважени и овие две лица повеќе не се во предложениот пакет, така што од наша страна сме ...
Тимот вештаци од Градежниот факултет со жалење констатира дека од противпожарна заштита во објектот каде се наоѓала дискотеката „Пулс” биле преземени нула мерки, изјави судскиот вештак и професор на Градежен факултет при УКИМ, Горан Марковски, на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Прописни излези за евакуација од објектот имало нула, додека според површината на објектот ...
Советот на Европската Унија денеска го назначи германскиот дипломат Дирк Шибел за нов специјален претставник на ЕУ во Косово. Шибел ќе ја преземе функцијата на 1 септември, со почетен мандат од две години, и ќе го наследи Аиво Орав, кој до неодамна беше шеф на Канцеларијата на ЕУ во Приштина. Клучните одговорности на специјалниот претставник на ЕУ вклучуваат следење на напредокот во политичките, економските и безбедносните приоритети, ...
Раната елиминација на германската фудбалска репрезентација од Светското првенство 2026 ќе има значителни финансиски последици за Фудбалската федерација на Германија (ДФБ), јави денеска агенцијата ДПА. Финансискиот директор на ДФБ, Стефан Грунвалд, наведе дека проектираниот дефицит изнесува 9,4 милиони евра. „Планираниот дефицит е 9,4 милиони евра, а поради сметководствените процедури, ќе можеме да го потврдиме точниот износ дури на есен“, ...
Индискиот 71-годишен технолошки инвеститор Винод Хосла ќе го купи шампионот во американската НФЛ, Сиетл Сихокс, за 9,6 милијарди американски долари. Продажбата е договорена, но за да биде одобрена, потребна е согласност од најмалку две третини од екипите во НФЛ лигата. Гласањето е закажано за 26 август. Сител Сихокс пред повеќе од 30 години беше купен од Пол Ален за 194 милиони долари, а по неговата смрт, сопственоста беше префрлена на ...
Копретседателот на ВЛЕН, Изет Меџити информира дека партнерите од владината коалиција се договориле со премиерот Христијан Мицкоски да го имплементираат Законот за употреба на јазиците во сите институции каде што се организираат стручни испити, вклучително и правосудниот испит. Во интервју за „EuroNews Albania“, Меџити бил прашан за прашањето за испитот по право на албански јазик и имплементацијата на законот во пракса. На прашањето на ...
Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија ја известува јавноста дека успешно ја заврши постапката за избор на Заменик на директорот на Македонската радио-телевизија, спроведена согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и важечките подзаконски акти. За нов Заменик на директорот на МРТ е избран Џуљиан Шабани. Избраниот кандидат, како што соопшти Програмскиот совет, има високо образование од областа на администрација и ...
Пратеничката група на опозициската Демократската партија поднесе кривична пријава до Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК), против премиерот Еди Рама и министерот за економија, култура и иновации, Бленди Гонџе, во врска со издвоените средства во знос од 4,2 милиони евра, за концертот на Канје Вест во Тирана. Веста на Фејсбук ја објави координаторот на пратеничката група, Газмент Барди, каде што објави и ...
Тешко повреден жител на скопското село Миладиновци починал на Клиничкиот центар во Скопје, а телото било дадено на обдукција. Вчера околу 6:45 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во градот е пријавено дека починал М.А., на возраст од 56 години од село Миладиновци, скопско, кој на 8 јули бил донесен со тешки телесни повреди, со кои, според пријавеното, се здобил откако паднал од првиот кат од ...
Извршниот одбор на Фудбалската федерација на Хрватска денеска официјално го назначи Славен Билиќ за нов селектор на репрезентацијата. За 57-годишниот Билиќ ова ќе биде втор мандат како селектор на Хрватска, која ја предводеше од 2006 до 2012 година. Во тој период, Билиќ избори две учества на европските првенства, а на Евро 2008 Хрватска дојде до четвртфиналето. Билиќ доаѓа на местото на Златко Далиќ, кој замина од должноста по елиминацијата ...
Македонија2025 објавува повик за апликации за македонски микро, мали и средни компании заинтересирани да добијат бесплатна експертска поддршка преку Битов програмата за претприемачи. Битов програмата за претприемачи се спроведува во партнерство со Catalyste+ (поранешна CESO – Canadian Executive Service Organization), канадска организација со повеќе од 50 години искуство во поддршка на економскиот развој и јакнење на приватниот сектор на ...
ЕУ планира да забрани влез на украински државјани кои се предмет на мобилизација. Граѓаните на Украина, за да влезат во земјите од ЕУ и да добијат привремена заштита, ќе мора да имаат потврда со која се докажува дека се ослободени од мобилизација во нивната земја. Ова важи и за жените – доколку не поднесат таква потврда, нема да имаат право на таква форма на престој. Директивата би можела да биде потпишана веќе овој месец, а мерката би ...
Во мај годинава, во земјава се евидентирани 131 723 туристи, од кои 106 756 странски, а 24 967 домашни, објави Државниот завод за статистика. Бројот на ноќевањата во мај изнесува 236 727, од кои 75.8 % се од странските, а 24.2 % од домашните туристи. Во периодот јануари – мај 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 2.6 %. Кај домашните туристи има намалување за 4.4 %, а кај ...
Експертски панел на Европската Унија препорача ограничување на пристапот до социјалните мрежи за деца под 13 години низ целата Унија, велејќи дека употребата треба да биде дозволена само под родителски надзор или за образовни цели, јавува ДПА. Барањето на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, беше откриено денеска во Брисел, додека владите ширум светот дебатираат за тоа како најдобро да ги заштитат децата и тинејџерите ...
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Александар Лазаров (41) од Кочани, од татко Методи и мајка Даринка. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање од Основен суд Кочани за сторено кривично дело по член 215 став 1 вв.член 22 од Кривичниот законик, соопшти МВР. Станува збор за осомничено лице кое успеа да избега преку прозорец од полициската станица во Кочани, откако претходно беше приведен ...
Драмската програма на „Охридско лето“ започнува вечерва со премиера на театарската претстава „Татко“ од Флоријан Зелер во режија на Иван Поповски што ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“, со почеток во 21 часот. Претставата е во продукција на „Театарот на еден актер“, која е продолжение на продукцијата „Театар и филм – БМ“, основана во 2001 година од Бајруш Мјаку. Овој проект, по 25 години ги враќа Поповски и актерот Мјаку во ...
Секоја генерација добива свој момент на одговорност. Момент во кој не одлучува само за сегашноста, туку и за правецот во кој ќе се движи државата во годините што доаѓаат. Верувам дека денес е токму таков момент, рече денеска премиерот Мицкоски. Државите не ги менуваат своите судбини преку случајности. Тие ги менуваат преку одлуки. Преку луѓе кои се подготвени да преземат одговорност. Преку институции кои имаат храброст да се менуваат тогаш ...
Белгискиот актер Јаник Рение на денешната прес конференција во Дојран рече дека ги гледал другите филмови на Елен Кате и Бруно Форцани додека се подготвувал за улогата во филмот „Одразот во мртвиот дијамант“. Кастингот е мошне важен во секој филм, мора да се разбираме меѓу себе додека работиме и јас навистина уживав додека го работев филмот. Станува збор за доверба, не може се да контролираме и затоа мора да си веруваме, рече актерот додека ...
Пред вас стои предлог за разрешување на дел од министрите, рече денеска премиерот Мицкоски. Веднаш да ви кажам, сите до еден се луѓе со достоинство, луѓе со своја чест и пред се чесни луѓе .Сите ние и перцепцијата за нас ја градиме од одлуките кои ги носиме. Тоа сме ние со сите свои предности, маани, и со своето разбирање за состојбите. Од првиот ден кога ја презедовме одговорноста кажав дека оваа Влада нема да биде влада на комфор, туку ...
Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, денеска изјави дека Баку размислува за целосно повлекување од Советот на Европа. Правото на глас на Азербејџан во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПАСЕ) беше суспендирано пред две години. Алиев го објави заминувањето од организацијата, која има 46 членови, додека зборуваше на четвртиот Глобален медиумски форум во Шуша. „Ние не размислуваме само за суспендирање или замрзнување на нашето ...
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за промена на цените на нафтените деривати кои ќе стапи на сила од полноќ. Согласоно одлуката, бензините поскапуваат за 1,50 денари, а дизелот за 5,50 денари. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 87,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 89,00 ...
Вчера во 19:35 часот на патот Тетово-Гостивар поточно пред клучка Врапчиште од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на МВР со специјално возило пресретнувач беше измерена брзина на движење на возило од 179 км/ч каде брзината на движење е ограничена со сообраќаен знак на 80 км/ч. Како што соопшти МВР, по насоки на јавен обвинител возачот Л.М.(27) од ...
На 73-годишна возраст почина актерката Тинка Ристеска, доајенка на македонското глумиште и една од основачите на Театарот „Антон Панов“ во Струмица. Веста за нејзината смрт ја соопштија од театарот, истакнувајќи дека зад себе оставила неизбришлива трага во историјата на оваа културна институција и во македонската театарска уметност. Денеска не се простуваме само од голема актерка. Се простуваме од дел од душата на Струмичкиот театар“, наведоа ...
Климатските промени, промените во животната средина, зголеменото патување и трговија придонесуваат за ширење на преносивите болести во нови подрачја и за продолжување на периодот во кој тие се активни. Поради тоа, се зголемува ризикот од појава и ширење на вектор-преносливи заболувања. Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) апелира до граѓаните да бидат информирани кога патуваат, посебно сега, за време на летните одмори и да се заштитат. ...
Градежното вештачење недвосмислено покажа дека во „Пулс”, системот, односно институциите и поединците целосно не функционирале. Не биле почитувани ниту стандардите, ниту регулативата, ниту процедурите, изјави судскиот вештак и професор на Градежен факултет при УКИМ, Горан Марковски, на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Марковски, кој во време на изработка на градежното ...
Во рамки на програмата „Македонски филм. На големо платно“ публиката ќе има можност да проследи бесплатна кино проекција на ЛАЗАР на Светозар Ристовски. 13 јули | 19:00 часот Cineplexx Влезот е бесплатен. ЛАЗАР – Светозар Ристовски. Приказна за илегалниот транспорт на мигранти и бегалци. Откако таткото на Лазар го напушта семејството, тој мора брзо да порасне и почнува да се занмава со шверцување мигранти преку грчко-македонската граница. Но ...
Функцијата не била и никогаш нема да биде цел сама по себе, таа е средство преку кое се служи на народот, порача премиерот Христијан Мицкоски, денеска на 112. седница на Собранието на која треба да бидат разрешени и избрани членови на Владата. Осврнувајќи се на предлогот за разрешување на дел од министрите, рече дека сите до еден се луѓе со чест и достоинство и пред сè чесни луѓе. Денес, нагласи, не се збогуваме со луѓе кои не работеле, туку ...