Во Министерството за социјална политика, демографија и млади денеска беше извршено примопредавање на министерската функција, при што Ѓоко Велковски ја презеде должноста министер од досегашниот министер Фатмир Лимани. Со преземањето на функцијата се обезбедува институционален континуитет во работењето на Министерството и во спроведувањето на политиките и реформските процеси во областа на социјалната политика, демографијата и младите. ...

Советот на Општина Брвеница на вонредна седница донесе одлука досегашниот претседател на Советот, Роберт Милошески, да биде именуван за вршител на должноста градоначалник на Општината, по смртта на градоначалникот Јовица Илиевски. Од Општина Брвеница информираат дека одлуката е донесена со мнозинство гласови, согласно член 54 став 1 точка 2 и став 5 од Законот за локална самоуправа. Роберт Милошески ќе раководи со Општината и ќе управува со ...

Вчеравечер во периодот од 23:30 до 23:50 часот, полициски службеници од СВР Велес, ги лишија од слобода П.М.(39) од село Смиловци, општина Чашка, А.Ј.(39), А.В.(39), Б.Ѓ.(39), Б.М.(38) и Д.М.(39), сите од Велес. Во угостителски објект во Велес, по кратка вербална расправија помеѓу А.Ј. и А.В., настанала физичка пресметка помеѓу А.Ј. и П.М. од една страна и А.В., Д.М., Б.М. и Б.Ѓ. од друга страна, при што биле употребени и стаклени предмети. ...

Во овие две години успеавме да обезбедиме скоро девет милијарди денари поголем буџет за здравството, бидејќи без зголемување на издвојувањата за здравство нема да ги решиме проблемите со кои се соочуваме во овој сектор. Меѓутоа, ова не е само зголемен буџет, туку зад секоја оваа бројка стои конкретна мерка за подобрување на здравствената заштита за пациентите и за подобрување на условите за здравствените работници, изјави на денешниот брифинг ...

Македонија на сцената на меѓународните дипломатски и јавно-правни случувања од 19 век се појавила во текот на Големата источна криза (1875 – 1881). Тоа се години на востанија во целото Отоманско Царство, на војни, преговори и договори. Значаен момент во надминувањето на оваа сложена воено-политичка состојба е меѓународниот Конгрес во Берлин одржан од 13 јуни до 13 јули 1878 година под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. ...

Вчера во 14:20 часот во ОВР Дебар е пријавено дека во атарот на дебарското село Горно Мелничани, М.Л.(28) од с.Седларево, се здобил со повреди при сеча на дрва, соопшти денеска МВР. Тој со возило на Итната медицинска помош бил пренесен до болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, но на пат кон болницата им подлегнал на повредите, а смрт без траги на насилство констатирал доктор од болницата. На местото на несреќниот случај, увид извршија јавен ...

Познатото добрососедство од Бугарија на своја кожа го осети и Србија. Бугарија е една од земјите што го блокираше продолжувањето на преговорите и покрај што комисијата на Кос даде препорака. Ејјј Бугарија блокира, да се отепаме. На сите кои следиме политика ни е јасно дека Бугарија е прокси во рацете на голмите сили во ЕУ, пред се на Германија и Франција кои веќе не сакаат дежурни виновници зошто во скоро време ќе нема проширување во Унијата ...

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик, соопшти денеска ОЈО Скопје во врска со случајот на Бит пазар, каде синот го уби татка си, откако тој му ја нападнал мајката. Осомничениот 30-годишник, на 12 јули, со умисла го лишил од живот својот татко. Откако во домот ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски информира дека се прават промени во пет закони за да се овозможи поставување интелигентни транспортни системи (ИТС) на патиштата во државата, што е обврска од реформската агенда. Активностите се спроведуваат во соработка со Делегацијата на Европската Унија во државата. Имајќи предвид дека едно од барањата во реформската агенда е воведување интелигентни транспортни системи (ИТС) во ...

Жирито на фестивалот за фантастични филмови Монтевидео Фантастико во Уругвај му додели Специјално признание за гласовна актерска изведба (Special Jury Mention – Voice Acting) на актерот Жарко Димоски, за главната улога во филмот „Јон Вардар против галаксијата“. Во образложението, жирито истакнува дека признанието е доделено поради силата, карактерот и енергијата на неговата гласовна интерпретација, која се издвојува како еден од клучните ...

Евроамбасадорот Михалис Рокас се надева оти денеска ќе се постигне консензус меѓу политичките партии за измените на Изборниот законик што е обврска од Реформската агенда. Јас навистина се надевам дека денеска затоа што е последниот ден за постигнување консензус помеѓу политичките партии компромисот ќе се постигне имајќи предвид дека политичките партии се среќаваат на дневна основа. Така што навистина се надевам дека и овој чекор од ...

Досегашниот министер за здравство Азир Алиу, кој со владината реконструкција беше разрешен од позицијата, денеска му ја предаде функцијата на новоизбраниот министер Сашо Клековски. За време на примопредавањето на функцијата, Алиу и Клековски разговарале за досегашните проекти, тековните процеси и активности кои во изминатиот период биле во фокусот на Министерството за здравство. На заминување од функцијата, Алиу рече дека очекува започнатите ...

Бугарија се повлекува од коалицијата на земји кои ѝ даваат поддршка на Украина во одбрана од руската агресија, објави претседателот Румен Радев. Со овој потег, Бугарија дополнително се дистанцира од мнозинството членки на Европската Унија кои ја поддржуваат Украина, објавува Блумберг. Радев, кој е познат како гласен критичар на испраќањето воена помош на Украина, постојано ги отфрла обвинувањата дека зазема проруски став во војната. Тој ...

Македонскиот културно-информативен центар во Софија продолжува да ја гради својата мисија како еден од најзначајните носители на македонската културна дипломатија, институција која со посветеност, визија и професионален пристап повеќе од две децении ја претставува македонската култура, историја, духовност и национална самобитност пред европската и светската јавност. Низ годините, а посебно со назначувањето на проф. д-р Зоран Пејковски за ...

Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, која е во работна посета на Брисел, синоќа, на тркалезната маса организирана со учесници на високо ниво од Фондацијата Конрад Аденауер- Канцеларија за Европа, истакна дека проширувањето на Европската Унија денес претставува геополитичка неопходност и еден од најважните стратешки инструменти на Унијата – информираат од МЕП. Според неа, за Македонија европската интеграција останува ...

БИКИНИ МУН Bikini Moon Милчо Манчевски / САД / Германија / Канада / 2017 / 102 мин Со БИКИНИ МУН ја започнуваме програмата АВТОР ВО ФОКУС: МИЛЧО МАНЧЕВСКИ по неколку поводи: 25 години од освојувањето на „Златниот лав“ на Венецискиот филмски фестивал со ПРЕД ДОЖДОТ; премиерата на неговиот најнов филм ВРБА на Филмскиот фестивал во Рим… Филмовите на Манчевски во овој кинотечен фокус ќе бидат прикажани на класична 35 мм лента, освен БИКИНИ МУН, ...

Читачка средба денеска во 15 часот во КСП Центар Јадро. Книгата „Погубни идентитети“ од Амин Малуф е еден од највлијателните современи есеи за идентитетот, припадноста и толеранцијата. Тргнувајќи од сопственото животно искуство, Малуф покажува како сведувањето на човековиот идентитет на една единствена припадност може да стане извор на поделби, нетолеранција и насилство. Наместо едноставни одговори, книгата нуди поттик за критичко ...

Државниот инспекторат за транспорт денеска доби 18 нови специјализирани возила, донација од Европската Унија, кои ќе придонесат за поефикасен инспекциски надзор и поголема безбедност на патиштата. Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, истакна дека со новата опрема Инспекторатот добива значително подобрени услови за работа и можност за поефикасно присуство на терен низ целата држава. „Со овие 16 ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска присуствуваше на затворањето на шестиот „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“, што се одржува под нејзино покровителство, а во организација на „Македонија 2025“. Таа оцени дека ваквите иницијативи не само што придонесуваат за стекнување напредни знаења и вештини во областа на роботиката, програмирањето, инженерството и иновациите, туку ги подготвуваат младите да бидат активни актери ...

Вчера околу 11 часот на автопатот А1, кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија го лишија од слобода црногорскиот државјанин Д.Б.(36). При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Д.Б. управувал патничко возило „бмв“ со црногорски регистарски ознаки, со брзина од 205 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево вчера поднесе кривична пријава против С.С.(61) од Делчево, поранешен директор на ЈКП „Брегалница“- Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,„злоупотреба на службената положба и овластување“, по член 353 ст.1 во врска со член 45 ст.1 од КЗ. С.С. како службено лице – директор на ЈКП „Брегалница“- Делчево ја злоупотребил службената положба и овластување со ...

-Верувам во тоа дека додека снимаш, се додека немаш потреба да сецнеш-немој. Оваа приказна бараше таков ритам, на моменти имав и проблем со продуцентот кој не се согласуваше со овој тип на снимање. Снимавме во февруари и студеното време придонесоа за студените тонови во филмот, рече режисерот Агим Абдула на денешната прес конференција и се заблагодари на можноста што фестивалот „Преку езерото“ му ја даде на неговиот филм на кој ова му е прв ...

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против три физички лица, управители и сопственици на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Даночно затајување“ од член 279 од Кривичниот законик. Како што се наведува во соопштението на Финаниска полиција првопријавениот Д.П. во својство на управител, заедно со ...

Синоќа Собранието со 69 гласа „за“ ги потврди новите министри, со што се заокружи процесот на кадровско освежување на извршната власт. Новиот состав вклучува експерти и политички кадри од коалициските партнери: Јетон Шасивари ВРЕДИ Борче Серафимовски ЗНАМ Агон Ферати ВРЕДИ Сашо Клековски ВМРО-ДПМНЕ Седат Сулејмани ВРЕДИ Ѓоко Велковски ВМРО-ДПМНЕ Иван Стоилковиќ ДПСМ Ерџан Демир ВМРО-ДПМНЕ – Собранието го избра Борче Серафимовски за нов ...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против П.А. (18) од село Лојане, општина Липково, како и против две малолетнички на возраст од 14 и 15 години од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“ по член 386 став 3 од Кривичниот законик, соопшти денеска МВР. Пријавените на 13.03.2026 околу 18:00 часот, повикале 14-годишно девојче да излезе од нејзиниот дом, по што ја убедиле да влезе во просторија во ...

ВМРО-ОКГ повторно лаже. Тие свесно шират лажна приказна дека СДСМ е против гласањето на дијаспората. Ова е чиста манипулација. Никој не е против гласањето на дијаспората, наведува СДСМ. Проблемот не е во правото на глас, туку во манипулацијата и кражбата на гласови која ВМРО-ОКГ сака да ја овозможи преку Изборниот законик.Дијаспората не сака Христијан Мицкоски и неговата организирана криминална група да гласаат наместо неа. Дијаспората сака ...

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека иницијативата „Отворен Балкан“ се сметала за „ужасна идеја“ само од една причина – дека ја поддржале тој и српскиот претседател Александар Вучиќ”. “Тоа беше ужасна идеја од единствена причина што Вучиќ и јас стоевме зад неа. Ако ги отстраниме нашите имиња и ги замениме со, да речеме, пет други, тоа ќе се сметаше за одлична идеја. Така функционира сè на Балканот“, изјавил Рама во интервју за „Еуроњуз ...

Ист систем, односно сензорот во фудбалската топка, регистрирал допир со косата што не влијаел на летот на топката, но го одлучил победникот на натпреварот Португалија – Хрватска, но не регистрирал удар во кабелот по што бил постигнат одлучувачки гол на натпреварот Англија – Норвешка. Шпанската „Марка“ понуди објаснување кое не е лесно да се прифати. Како е можно сензорот да не го регистрирал контактот што го скратил летот на топката за ...

Светската фудбалска федерација ФИФА ги одреди судиите за полуфиналето меѓу Франција и Шпанија. Натпреварот ќе го суди Иван Бартон од Салвадор. Самото делегирање на Бартон на полуфиналето е изненадување за сите особено што доаѓа од КОНКАКАФ зоната, а се очекуваше да биде некој европски судија. Бартон на Мундијалот судеше три натпревари: Турција – Парагвај, Јапонија – Шведска и осминафиналето Швајцарија – Колумбија. Помошници ќе му бидат Давид ...

Вардар денеска ќе го одигра реваншот против фински Купс во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите, со задача да ја надомести негативата од 2:0 од првиот натпревар. Дуелот во Финска е закажан со почеток од 17 часот, а љубителите на фудбалот во Македонија ќе можат да го следат во директен пренос на телевизијата „Арена Спорт М1“. Тренерот Кристијан Фабијани ги има посакуваните играчи на располагање за втората средба. Сега има појасна ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
2.98
13%
1013
weather icon

Белград

38ᴼ / 36ᴼ
0.45
29%
1014
weather icon

Загреб

39ᴼ / 39ᴼ
2.02
27%
1013
weather icon

Софија

32ᴼ / 32ᴼ
2.47
17%
1015
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
2.87
16%
1014
weather icon

Љубљана

37ᴼ / 36ᴼ
1.79
28%
1014
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
5.36
30%
1013
weather icon

Тирана

36ᴼ / 36ᴼ
6.7
17%
1014
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
5.67
22%
1013
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 33ᴼ
2.68
32%
1015
weather icon

Будимпешта

40ᴼ / 38ᴼ
1.34
23%
1014
weather icon

Истанбул

33ᴼ / 31ᴼ
5.12
80%
1014
Currency

61.52

Currency

53.3836

Currency

71.7836

Currency

37.3567

Currency

38.0037

Currency

65.8747

Currency

7.90563

Currency

0.66388

Currency

0.33961

Currency

0.52362

Currency

1.12294

Currency

0.55998

Родиум

265243.66

Иридиум

252383.36

Алуминиум

3.23

Сребро

1894.77

Калај

55.44

Рутениум

53852.50

Кобалт

56.29

Злато

130535.25

Платина

52855.83

Бакар

13.27

Паладиум

40445.64

Цинк

0.00