Турското обвинителство побара доживотни и и дополнителни казни затвор во времетраење до 37 години за 14 лица обвинети за априлскиот оружен напад пред Израелскиот конзулат во Истанбул. Според вчера објавеното обвинение, учесниците во инцидентот се товарат за извршени кривични дела обид за убиство, обид за уривање на уставниот поредок, членство во вооружена терористичка организација и нелегално поседување огнено оружје и муниција. ...

Напнат историски трилер за Сталин, тајниот тенк Т-34 и истрага во која секој одговор може да биде смртоносен „Матица македонска“ го објави романот „Црвениот ковчег“ од Сем Истланд – ново издание во летната понуда и еден од насловите вклучени во акцијата „Со книга на плажа“. Станува збор за возбудлив историски трилер што ги носи читателите во Советскиот Сојуз во 1939 година, во времето кога светот стои пред прагот на Втората светска војна, а ...

Во рамки на 12 Punto Meetings, организирани од страна на TRT Cinema и платформата Tabii, за првпат официјална делегација од Македонија учествуваше на овој престижен меѓународен филмски настан, објави Агенцијата за филм на социјалните медиуми. По директна покана од директорот на TRT Cinema, Faruk Güven, на настанот присуствуваа Сашко Мицевски, директор на Агенцијата за филм и неговиот советник, Стефан Ѓиноски. 12 Punto Meetings претставува ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вечерва оцени дека државата се движи добро и е пофункционална во многу области за разлика пред две години. Она на што треба да се работи, според претседателката, се борбата против корупцијата и криминалот и партизацијата. – Мислам дека се движиме добро. Сигурно е пофункционална од она што беше во многу области бидејќи, ако напредувате со планот за раст, пакетот на закони за судството е донесен, само ...

Финалето на Светското фудбалско првенство во кое в недела во Њу Џерси ќе играат Аргентина и Шпанија ќе биде само втор официјален натпревар меѓу двете репрезентации во историјата. Единствениот натпревар досега беше одигран во Бирмингем во групната на Светското првенство во 1966 година, кога Аргентина победи со 2-1. Аргентинците и Шпанците одиграа 13 пријателски натпревари, на кои Аргентина победи шест пати, Шпанија пет пати, а два натпревари ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, соопшти дека декласифицирал разузнавачки информации кои, според него, покажуваат кинеско мешање во американските избори, обновувајќи ги долгогодишните забелешки по однос изборната безбедност. Трамп изјави дека Кина незаконски прибавила изборни податоци за околу 220 милиони Американци, вклучувајќи имиња, адреси и други информации поврзани со регистрацијата на гласачите. Тој обвини дека делови на ...

Американската армија соопшти дека ја завршила последната серија воздушни и ракетни напади врз Иран, извршени шеста ноќ последователно. Според соопштението на Централната команда на САД (CENTCOM), за нападите врз ирански вцели американските сили употребиле оружје со прецизно наведување. Меѓу погодените цели биле крајбрежни набљудувачки и противвоздушни позиции, логистичка инфраструктура и објекти на иранските поморски сили. Нападите биле ...

Незаборавно музичко доживување исполнето со виртуозност и длабока емоција приреди италијанското трио „Кимера“ кое настапи вчеравечер на 66.издание на фестивалот „Охридско лето“. Публиката во црквата „Света Софија“ ги почувствува индивидуалните музички квалитети на пијанистката Марта Черета, на виолинистот Стефано Ракањи, како и на виолинистот Џорџо Лукини, но не помалку се чувствуваше и префинетоста во заедничкото музицирање на тројцата млади ...

Паркот на Франкофонија и Едукативниот културен центар „Лабораториум“ вечер ќе бидат локации каде што ќе се одржат два културни настана што на публиката ќе ѝ понудат музичко-сценско и театарско доживување. Во организација и соработка со Амбасадата на Казахстан, во 20:30 часот во Паркот на Франкофонија ќе се одржи вечер на традиционална музика и танц од Казахстан насловена „Звуците на Големата Степа“. На настанот ќе настапат етно-групата ...

Програмата на годинешното 66 издание на Фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва со балетот „Митот за Амазонките“ во изведба на театарската и балетска компанија „АРТ денс“ од Грција. За изведбата на балетскиот перформанс е резервирана сцената на „Долни Сарај“ од 21 часот. „Митот за Амазонките“ е танцов перформанс што се базира на античкиот грчки мит за Амазонките, со музика специјално компонирана за оваа претстава. Амазонките биле митска ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за локална појава на дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има ...

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити ги пречека делегациите на фолклорните ансамбли од повеќе земји во светот, кои учествуваат на 21. издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Фолклорните вечери на Чаршијата“. За време на средбата, Меџити им посака добредојде на учесниците, истакнувајќи го значењето на фестивалот како мост што ги поврзува културите, традициите и народите преку уметноста и фолклорот. -Овој фестивал е доказ дека ...

Клучен датум за иднината на процесот на проширување на Европската Унија е 30 септември кога Европската комисија треба да излезе со извештај за новиот пристап кон проширувањето, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Во интервју за телевизија „Канал 5“, Сиљановска-Давкова рече дека на 30 септември Европската комисија првпат ќе го претстави моделот според кој ќе се одвива натамошниот процес на проширување, а потоа во октомври за ...

Судот во Џенова денеска го осуди поранешниот извршен директор на „Атлантија“, Џовани Кастелучи, на 12 години затвор за уривањето на мостот во северозападниот пристанишен град Џенова во 2018 година. Во времето на несреќата, Атлантија беше мнозински сопственик на компанијата „Autostrade per l’Italia“, која управува со италијанските автопати, објавува Анса. При уривањето на мостот загинаа 43 лица, кога нивните возила се излизгаа од ...

Македонија на ЕКСПО 2027 ќе настапува под слоганот „Сите ритми на сонцето“. Ќе има свој, посебен павилјон, со површина од 648 метри квадратни и тематски зони, во вид на инсталации, кои ќе ги претставуваат македонската музика, виното, туризмот, гастрономијата, природата, културата и уметноста. На овој начин, преку овие седум сегменти, на посетителите ќе им биде дадена комплетна, современа слика за земјата – како дестинација што треба и вреди ...

Селекторот на англиската фудбалска репрезентација Томас Тухел останува со целосна поддршка од Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) и се очекува да ја предводи репрезентацијата и на ЕП во 2028 година, и покрај елиминацијата во полуфиналето на СП пренесуваат британските медиуми. – Продолжуваме според договорот до Европското првенство, кое ќе се одржи на домашен терен. Со нетрпение го очекувам тоа, иако во моментов е тешко да се размислува ...

Американската администрација одлучи да го скрати престојот на странските студенти и новинари во САД, покажува владин документ што денеска беше објавен, како нов чекор во нејзината многу рестриктивна имиграциска политика. Според новите правила, кои треба да стапат на сила во рок од два месеци доколку бидат одобрени од Конгресот, на странските државјани кои имаат студентски визи нема да им биде дозволено да останат на американска почва повеќе ...

Изработена е физибилити студија, се обезбедува локација и финансиски модел за проектот што ќе биде основа за владиниот облак, сајбер безбедноста и развојот на вештачката интелигенција. Во вечерашното интервју на Македонската телевизија, во емисијата „На прва“, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски најави дека Владата започнува со реализација на еден од најзначајните инфраструктурни проекти за дигиталната иднина на ...

Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска повторно ја повика Македонија да ги донесе договорените уставни измени, оценувајќи дека и покрај значајниот напредок во реформите, без исполнување на оваа обврска земјата не може да го забрза процесот на пристапување во Европската Унија, пренесува МКД.мк. Кос истакна дека Македонија е меѓу трите најуспешни земји во спроведувањето на реформската агенда во рамки на Планот за раст на ЕУ, но ...

На 16.07.2026 околу 13:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Тетово-Скопје, во близина на наплатната станица Глумово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило “ивеко” со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж. Ќ. (53) од Скопје и патничко возило “ауди” со скопски регистарски ознаки, управувано А.З. (29) од Скопје. Со повреди се здобиле А.З. и сопатникот В.Б., кои се пренесени во Комплексот клиники “Мајка ...

До 18 часот денеска во државата се регистрирани вкупно пет пожари на отворен простор, од кои еден е активен, еден е ставен под контрола, а три се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активен е пожарот во општина Старо Нагоричане, во атарот на селото Канарево, каде гори ниска вегетација. Под контрола е пожарот во општина Ново Село, кај селото Бајково, кој зафатил ниска вегетација и мешана шума. Според ЦУК, изгаснати се три ...

Пелистер ги постави темелите за нов почеток, откако на редовното годишно собрание избра ново раководство и го назначи Тане Спасев за тренер на сениорскиот тим, пренесува МКД.мк. Бојан Давков, поранешен капитен на битолчани, е нов претседател на клубот, додека функцијата спортски директор му припадна на Предраг Созовски, кој во минатото беше дел од Пелистер и како кошаркар и како тренер. Избран е и нов Управен одбор, а по заминувањето на ...

Капитенот на машката сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија, Војдан Стојановски, е задоволен од ждрепката за вториот круг од претквалификациите за ФИБА Евробаскет 2029. „Би рекол дека, пред сè, најважно е да бидеме сите здрави, а уште поважно е да бидеме комплетни. Селекторот да ги има на располагање сите играчи бидејќи има неколку кошаркари кои не беа дел од овој прв претквалификациски циклус, во којшто остваривме максимален ...

Македонската машка младинска ракометна репрезентација оствари убедлива победа над Турција во разигрувањето за пласман на ЕП во Романија. Нашите младинци имаа предност од 20:11 по првото полувреме, за да на крајот славеа со висок резултат (41:24). Мики Лазов беше прв стрелец со девет голови во победничките редови, следен од Бобан Поповски со шест. На спротивната страна најефикасен беше Шахин Кадир Аајилдиз со пет погодоци. Македонската ...

Македонскиот државјанин Б.Л. (54), кој беше во притворскиот центар во албанскиот приморски град Валона, починал откако доживеал срцев удар. – Според првичните информации, тој покажал здравствени проблеми и доживеал срцев удар, поради што бил веднаш пренесен во Регионалната болница во Валона, каде и покрај напорите на лекарите не успеале да го реанимираат. Надлежните спроведуваат потребни дејствија за да се разајаснат сите околности, објавија ...

Само преку партнерство и заедничко креирање политики можеме да донесеме решенија што ќе придонесат за стабилен економски раст, подобри услови за работа и повисок животен стандард на граѓаните – порача по денешната седница на Економско-социјалниот совет министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши. Економско-социјалниот совет ја усвои годишната програма за работа за 2026 година и ги разгледа предлог-законот за високото образование и ...

Осум држави членки на ЕУ бараат проширувањето да продолжи, но за разлика од нон-пејперот на Германија, Франција, Белгија, Луксембург и Холандија тие се за правење помала дистинкција меѓу старите и новите членки. Разликата е пред сè во воведување на нови правила за пристапување и контролни механизми за новите членки, се вели во објавата на Телма. Со нон-пејперот, на кој се потпишани Австрија, Италија, Хрватска, Словенија, Унгарија, Чешка, ...

Амбасадата на Јапонија, Музејот на современата уметност – Скопје и Јапонската фондација ве покануваат да откриете поинаква страна oд Јапонија преку оваа патувачката изложба „Изградена средина: Алтернативен водич за Јапонија“ Изложбата претставува 80 примери на објекти, инфраструктурни проекти, пејзажи и други дела од сите префектури на Јапонија, прикажани преку фотографии, текстови и видеоматеријали. Таа открива поретко разгледуван аспект на ...

Американскиот Стејт департмент одобри потенцијална продажба на оружени системи за прецизни удари и придружна опрема на саудиската армија во вредност од 1,96 милијарда долари – соопшти американската Агенција за одбранбена безбедносна соработка. Според информациите, договорот предвидува набавка на системи произведени од британската компанија „Би-еј-ај системс“ (BAE Systems), како и соодветна опрема и поддршка. Американскиот Стејт департмент ...

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, по седницата на Економско-социјалниот совет одговарајќи на новинарски прашања во однос на контролите на Државниот пазарен инспекторат, истакна дека контролите за над 700 производи покажале дека во периодот од мај 2025 година до мај 2026 година, просечните набавни цени кај основните прехранбени производи и средствата за хигиена се зголемени за 2,66 проценти, додека просечните продажни цени ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
3.06
21%
1016
weather icon

Белград

36ᴼ / 36ᴼ
3.58
31%
1015
weather icon

Загреб

36ᴼ / 36ᴼ
1.96
35%
1014
weather icon

Софија

30ᴼ / 30ᴼ
2.29
22%
1016
weather icon

Сараево

36ᴼ / 36ᴼ
1.51
22%
1015
weather icon

Љубљана

35ᴼ / 33ᴼ
1.34
38%
1015
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
5.36
31%
1014
weather icon

Тирана

36ᴼ / 36ᴼ
4.96
17%
1014
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
2.16
28%
1015
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 32ᴼ
4.92
36%
1015
weather icon

Будимпешта

38ᴼ / 34ᴼ
1.34
30%
1016
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 27ᴼ
4.69
36%
1015
Currency

61.52

Currency

53.3836

Currency

71.7836

Currency

37.3567

Currency

38.0037

Currency

65.8747

Currency

7.90563

Currency

0.66388

Currency

0.33961

Currency

0.52362

Currency

1.12294

Currency

0.55998

Цинк

0.00

Бакар

13.27

Иридиум

252383.36

Рутениум

53852.50

Сребро

1894.77

Алуминиум

3.23

Калај

55.44

Злато

130535.25

Родиум

265243.66

Кобалт

56.29

Платина

52855.83

Паладиум

40445.64