Во една недела пропаднаа два случаи на некогашното Специјално јавно обвинителство, формирано во 2015 година „за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите“, како што официјално се викаше или по наше – што ги гонеше сите од „бомбите“ обелоденети од СДСМ. Па, затоа, 11 години подоцна, личност на неделата ни е: Она на „Т“ Отсекогаш ме нервирал оксиморонот „кривични дела поврзани и ...

ФИФА потврди дека победникот на финалето меѓу Шпанија и Аргентина, кое ќе се одигра на стадионот во Њујорк – Њу Џерси во недела, ќе стане првиот тим во историјата на Светското првенство што ќе добие шампионски прстени, следејќи ја традицијата на американските професионални лиги како НБА, НФЛ и МЛБ. Со ова продолжува американскиот модел во фудбалот, што, за жал, нема да донесе ништо добро за најпопуларниот спорт во светот. Имено, станува збор ...

Претседателот на Аргентина, Хавиер Милеи изјави дека нема да присуствува на финалето на Светското првенство поради суеверие, продолжувајќи ја традицијата која трае повеќе децении. Ова суеверие датира од Светското првенство во 1990 година, кога тогашниот претседател Карлос Менем ја посети фудбалската репрезентација на Аргентина кратко пред да претрпи шокантен пораз од Камерун (0-1) на отворањето на мундијалскиот турнир во Италија. Менем ...

Директорката на Јавното претпријатие „Комуналец“ од Гостивар одговорно за градската водоводна мрежа Артана Асани во изјава за „Телма“ вели дека зголемениот број на заболени лица во Гостивар не е поради загадената вода. Таа ги негира информациите на надлежните институции кои ја забранија водата за пиење во Гостивар поради сомневање дека таа е загадена и е извор на епидемијата која се шири во градот. Асани вели дека „меѓу заболените има и лица ...

Идниот британски премиер Енди Барнам денеска беше официјално прогласен за нов лидер на Лабуристичката партија, откако беше единствен кандидат што ги исполни условите за избор и ја доби поддршката од пратениците и придружните организации на партијата, објави Скај њуз, а пренесе МИА. Претседателката на Националниот извршен комитет на лабуристите, Шабана Махмуд, рече дека Барнам е легитимно избран лидер на партијата. Тој доби 379 номинации од ...

Легендарниот американски кантавтор и добитник на Нобеловата награда за литература, Боб Дилан, оваа есен повторно ќе настапи во Европа, а една од станиците на неговата турнеја ќе биде и Љубљана. Дилан на 9 ноември ќе одржи концерт во арената „Стожице“, што ќе биде одлична можност и за македонските обожаватели да го слушнат во живо, со оглед на близината на словенечката престолнина до Скопје. Осумдесет и петгодишниот музичар важи за една од ...

Славко Винчиќ, судијата кој ќе го суди финалето на СП пред неколку години беше приведен за време на голема полициска акција во Бијелина, спроведена под името „Кристал“ поради сомневања за организирана проституција, трговија со дрога и недозволено поседување оружје. Во рацијата беа приведени 35 лица, а полицијата заплени кокаин, пиштоли, заштитни елеци и повеќе од 10.000 евра. Интересно е тоа што тој беше уапсен заедно инфуенерката Тијана ...

Вечер на страст и Фламенго во центарот за култура во Битола. Вака би можел да се најави вечерашниот концерт на BALKAN ZOO & NINA ĆORIĆ. Музичкиот состав доаѓа од Хрватска, а пред битолската публика ќе донесе џипси фламенго звукови кои многумина ги опишуваат како неповторлива фузија на ромска традиција и фламенко страст. Концертот е дел од Фестивалот Музика од светот. Фестивалот предизвика огромно внимание кај публиката така што за секоја ...

Фондацијата Art Encounters за прв пат ги носи делата на Пабло Пикасо од колекцијата на Музејот Пикасо во Антиб во овој град како дел од голема меѓународна изложба што ќе биде отворена од 17 септември 2026 година до 17 јануари 2027 година. Изложбата „Picasso en visite“ е особено интересна за публиката затоа што сликарството, графиката и керамиката на еден од највлијателните уметници на 20 век ќе бидат претставени во сосема нов простор посветен ...

На 16.07.2026 во 20:00 часот во СВР Битола е пријавено дека во атар на с. Подмол, прилепско, бил пронајден превртен трактор, претходно управуван од М.Т.(54) од с.Канатларци. Од здобиените повреди, М.Т. починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп. По наредба на јавен обвинител, телото е дадено за обдукција, а увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп. На 16.07.2026 во 20:00 часот во СВР ...

По повод одбележувањето на 100-годишнината од упокојувањето на Крсте Мисирков, Македонскиот културно-информативен центар во Софија организира пригодно чествување посветено на една од најзначајните личности во македонската културна и национална историја. Во рамките на програмата ќе се одржи предавањето: „Поетиката на националната идеја: книжевна интерпретација на „За македонцките работи“ од Крсте Мисирков“, на кое проф. д-р Анита Ангелевска и ...

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против едно лице за – Спречување службено лице во вршење службено дејствие, кривично дело санкционирано според член 382 став 3 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО. На 16 јули, на локалитетот „Камени Кукли” во селото Куклица, Кратово, осомничениот 41-годишен британски државјанин го спречил постапувањето на двајца даночни контролори кои вршеле службени дејствија на контрола во однос на ...

Секторот за односи со јавност при СВР Битола информира дека синоќа во 19:50 часот евидентирале пријава за напад на ресенчанец од мечка. Од СВР Битола посочуваат дека во ресенското село Курбиново, Н.И.(41) жител на истото село, додека собирал печурки, бил нападнат од мечка. Веднаш по нападот Н.И. бил однесен во Битола по што му била укажана лекарска помош во Клиничката болница. Секторот за односи со јавност при СВР Битола информира дека ...

НУ Завод и Музеј – Битола организираше дводневна меѓународна стручна работилница посветена на конзервацијата на културното наследство, во рамки на проектот ACT4PRESPA, финансиран од Европската Унија. Работилницата собра конзерватори, реставратори, архитекти, археолози и други стручни лица од Македонија, Грција и Албанија, со цел размена на искуства и презентација на практични решенија за заштита и зачувување на културното наследство во ...

Мигрант пронајден починат во гевгелиско село. На 16.07.2026 на место викано „Мрзенско поле“, во атар на село Мрзенци, гевгелиско, бил пронајден починат мигрант А.М.. Според пријавеното, околу 11:52 часот, мигранти од Пакистан преку мобилен телефон побарале помош, а по пристигнувањето на местото, полициските службеници затекнале тројца мигранти кои не поседувале лични документи, но кажале дека се од Пакистан и едно починато лице, за кое ...

Околу 1.200 граѓани побарале помош во Гостиварската болница, поради симптоми од загадената вода во градот, објави „Фокус“. Во врска со епидемијата која се шири во Гостивар овие 3-4 дена заради која имаме голем број на пациенти на кои им е дадена медицинска помош во нашата установа, заради која сме направиле и зајакнување на медицинскиот персонал во одделенијата каде има голем број на пациенти. Ве известуваме дека поголемиот број на пациентите ...

Инспектори од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, вчера попладне постапувајќи по насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, презедоа итни мерки и активности на терен во село Вруток, поради сомневање за загадување на водата со која се снабдува градот Гостивар. Постојат основи на сомневање дека Јавното претпријатие „Водовод“, во соработка со Општина Гостивар, поставило три пумпи во корито на ...

Апелациониот суд Скопје ја потврди ослободителната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје во предметот познат како „Хотел Изгрев“, со која обвинетите беа ослободени од вина, а се преиначи во делот од пресудата кој веќе е застарен на начин што е донесена одбивателна пресуда. Како што соопшти Основниот кривичен суд Скопје, Апелација одлучувала по жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) издеде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека истата е загадена и небезбедна за употреба. По добиено известување од Јавен обвинител од ОЈО Гостивар за спроведување на вонреден инспекциски надзор на пречистителна станица за вода во село Вруток, Општина Гостивар, за испитување на безбедноста и квалитетот на водата за пиење во овој ...

Возачите кои летово патуваат во Грција треба да бидат особено внимателни, бидејќи грчката полиција сè почесто користи необележани службени возила опремени со современа технологија за откривање на сообраќајни прекршоци. Како и голем број европски држави, грчките полициски власти вложуваат во користење возила без полициски ознаки, со цел полесно да ги откриваат возачите кои ги прекршуваат сообраќајните правила кога мислат дека никој не ги ...

Секторот за односи со јавност при СВР Битола информира дека синоќа во 19:50 часот евидентирале пријава за напад на ресенчанец од мечка. Од СВР Битола посочуваат дека во ресенското село Курбиново, Н.И.(41) жител на истото село, додека собирал печурки, бил нападнат од мечка. Веднаш по нападот Н.И. бил однесен во Битола по што му била укажана лекарска помош во Клиничката болница. Секторот за односи со јавност при СВР Битола информира дека ...

Секторот за односи со јавност при СВР Битола информира дека синоќа во 19:50 часот евидентирале пријава за напад на ресенчанец од мечка. Од СВР Битола посочуваат дека во ресенското село Курбиново, Н.И.(41) жител на истото село, додека собирал печурки, бил нападнат од мечка. Веднаш по нападот Н.И. бил однесен во Битола по што му била укажана лекарска помош во Клиничката болница. Секторот за односи со јавност при СВР Битола информира дека ...

Опозицијата доби бланко лист за исполнување на желбите за Изборниот Законик, а истото го одбија поради виктимизација.Коалицијата на СДС, Левица и ДУИ, сметаат дека доколку глумат жртви тоа ќе им донесе политички поен повеќе.Реалноста пак излезе на површина, а таа е дека ВМРО-ДПМНЕ како партија на власт им ги прифаќа сите барања на опозиционерите, само дијаспората да може да гласа на полесен начин. Токму ова, коалицијата на СДС, Левица и ДУИ ...

Македонскиот игран филм „17“, долгометражното деби на режисерката Косара Митиќ, оствари уште еден грандиозен успех на меѓународната сцена. На свечената церемонија одржана вчеравечер (16 јули) во Ерусалимската кинотека, филмот ја освои престижната GWFF награда за најдобар меѓународен дебитантски филм во рамките на 43. издание на Филмскиот фестивал во Ерусалим (Jerusalem Film Festival), најважниот кинематографски настан во Израел. Наградата е ...

Англија од април идната година ќе забрани продажба на енергетски пијалаци со висока содржина на кофеин на лица помлади од 16 години. Со забраната ќе бидат опфатени сите пијалаци што содржат повеќе од 150 милиграми кофеин по литар. Дозволеното количество е еквивалентно на кофеинот во две кафиња или четири кока-коли. Мерката ќе важи за продажба во барови, продавници, преку автомати и онлајн. Некои големи супермаркети на сопствена иницијатива ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека државата се движи во добра насока и дека во повеќе области е пофункционална отколку пред две години. Според неа, потребно е дополнително да се работи на борбата против корупцијата, криминалот и партизацијата. Во интервју за телевизија „Канал 5“, Сиљановска-Давкова посочи дека има напредок во одредени процеси, но дека реформите бараат време и не можат да се спроведат веднаш. Мислам дека се ...

На 15 јули до Европската Унија беше доставен документ со целосно исполнети и означени обврски, со што уште еднаш покажавме дека реформскиот процес го водиме одговорно, транспарентно и со јасна посветеност кон исполнување на европската агенда. Уверен сум дека во динамиката на реализацијата ќе бидеме далеку пред многу други, и покрај обидите процесот да биде забавен преку блокирањето на Изборниот законик. Нашата определба останува непроменета, ...

Јавното обвинителство ќе донесе одлука дали ќе ја обжали ослободителната пресуда во предметот „Талир 2“ откако ќе ја добие и анализира писмено изработената пресуда и нејзиното образложение, изјави денеска државниот јавен обвинител Ненад Савески. Одговарајќи на новинарско прашање дали Обвинителството ќе поднесе жалба, Савески рече дека како и во секој друг предмет, најнапред ќе биде разгледано целокупното образложение на судската одлука. Не ...

Советот на јавните обвинители на денешната седница донесе одлука за објавување оглас за избор на основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, кој согласно законскиот рок ќе биде распишан во август, односно 90 дена пред истекот на мандатот на актуелниот шеф на обвинителството. Членовите на Советот го избраа Зоран Марковски за основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Крива ...

Деменцијата е седма водечка причина за смрт во светот и една од главните причини за инвалидитет кај постарите лица. Болеста влијае врз меморијата, размислувањето и способноста на луѓето да водат самостоен и нормален живот. СЗО препорачува да се сменат животните навики, со што, иако не постои лек за болеста, ризикот за нејзино појавување може да се намали до 45 отсто „Повеќе од 57 милиони луѓе ширум светот живеат со деменција, а секоја година ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
3.06
21%
1016
weather icon

Белград

36ᴼ / 36ᴼ
3.58
31%
1015
weather icon

Загреб

36ᴼ / 36ᴼ
1.96
35%
1014
weather icon

Софија

30ᴼ / 30ᴼ
2.29
22%
1016
weather icon

Сараево

36ᴼ / 36ᴼ
1.51
22%
1015
weather icon

Љубљана

35ᴼ / 33ᴼ
1.34
38%
1015
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
5.36
31%
1014
weather icon

Тирана

36ᴼ / 36ᴼ
4.96
17%
1014
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
2.16
28%
1015
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 32ᴼ
4.92
36%
1015
weather icon

Будимпешта

38ᴼ / 34ᴼ
1.34
30%
1016
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 27ᴼ
4.69
36%
1015
Currency

61.52

Currency

53.3836

Currency

71.7836

Currency

37.3567

Currency

38.0037

Currency

65.8747

Currency

7.90563

Currency

0.66388

Currency

0.33961

Currency

0.52362

Currency

1.12294

Currency

0.55998

Платина

52855.83

Сребро

1894.77

Калај

55.44

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Рутениум

53852.50

Бакар

13.27

Родиум

265243.66

Злато

130535.25

Иридиум

252383.36

Алуминиум

3.23

Паладиум

40445.64