Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
Костимографот од битолскиот театар Благој Мицевски, во рамки на фестивалот „Илинденски денови“ промовира авторска изложба на тема „Допри ја традицијата“ која содржи рачно плетени материјали и стаклени садови кои некогаш се користеле во домовите. Изложбата за отворена ја прогласи Наде Геневска Брачиќ, кустос во НУ Завод и Музеј Битола. Во изјава за медиумите, авторот Мицевски посочи дека со изложбата ги истражува новите тенденции за ...
Изјава на премиерот Христијан Мицкоски кој денеска е во посета на Општина Дебрца каде ќе изврши увид на градежни активности на реконструкција на локален пат од село Мешеишта до село Волин. Во рамки на посетата, како што соопшти владината прес-служба, Мицкоски ќе изврши и увид во реконструкција на улица во с. Волино-Делница 1: Манастир „Св. Петка“. Изјава на премиерот Христијан Мицкоски кој денеска е во посета на Општина Дебрца каде ќе изврши ...
Прогласување епидемија во Гостивар нема да има, сè додека не се утврди причината за големиот заболени и стомачни тегоби. Потребни повеќе епидемиолошки анкети за да најдеме кој е причинителот, рече министерот Сашо Клековски по посетата на гостиварската Општа болница. Тој информираше дека бројот на пациенти кои се јавуваат со слични симптоми и ист како и изминатите денови. Првите пациенти се јавиле на ноќта на 13-ти јули и оттогаш таа бројка е ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во вилата „Билјана“ во Охрид на проштална средба ја примила амбасадорката на Хеленската Република во Скопје, Софија Филипиду. Реафирмирајќи го ставот дека регионалната соработка е особено важна за помалите земји, Сиљановска Давкова истакнала дека од Грција очекува да биде меѓу најсилните поддржувачи на патот на македонските ЕУ интеграции. Според мене, со влезот на земјата и на целиот регион ...
На 28 јули во 20 часот во Чифте амам во Скопје ќе биде отворена изложбата „Од канон до индивидуален израз: Зографството и профаното сликарство во Македонија (19–20 век)“. Изложбата го следи развојот на македонското сликарство во периодот на длабоки општествени, културни и естетски промени. Преку внимателно селектирани дела од богатата колекција на Националната галерија, посетителите ќе имаат можност да проследат трансформација од ...
Националниот џез оркестар денеска ќе настапи на AirBeat Festival #LULUfest во Корча, Албанија, каде ќе биде дел од главната фестивалска програма што ќе се одржи во Старата чаршија. AirBeat фестивал обединува уметници од различни земји и култури, создавајќи простор за музичка размена, нови соработки и заеднички креативни проекти. На главната фестивалска вечер, под диригентската палка на Џијан Емин, Националниот џез оркестар ќе се претстави ...
Танцовиот перформанс „Митот за Амазонките“ инспириран од легендата за митската раса жени воинки, вчеравечер беше изведен на „Охридско лето“ од грчкиот танцов театар „АРТ денс“. Во сржта на ова атрактивно музичко-сценско дело беа Амазонките, симбол на силата, автономијата и еднаквоста кои оживеаја на сцената „Долни Сарај“ преку динамичен спој на современиот танц и театарски израз, со оригинална музика напишана од Јанис Псимадас, специјално за ...
ВМРО-ДПМНЕ изразува загриженост и осуда за скандалот во Гостивар, коалицијата СДС, ДУИ и Таравари го доведе градот до колапс, пишува во денешното соопштение од прес-конференција на Мартин Андоновски, претседател на ОК – Гостивар. Ова е вистинското лице на локалната самоуправа во Гостивар, предводена од коалицијата СДС, ДУИ и Таравари. Поради основано сомнение дека се поставиле пумпи во отпадни води за да се зголеми притисокот во водоводната ...
Со особено задоволство ве информираме дека во издавачката куќа Или-Или, како јубилејно 250. издание во едицијата ПРОаЗА, во понеделник (20 јули) од печат излегува романот „Коулун, заградениот град“ од Јана Узунова. Се работи за мрачен, динамичен и визуелно силен роман во кој просторот не е само сцена, туку речиси самостоен лик. Коулун е претставен како жив организам: лавиринт од тесни ходници, влага, цевки, чад, мириси, глад, насилство и ...
На 18.07.2026г. (сабота) ќе се одржи концерт на Аматерскиот женски хор „Фрида од Македонија“ насловен „Пеам – значи живеам“ со почеток во 20:30 часот во Музеј на град Скопје. Диригент е Сузана Турунџиева, а билетите се достапни на karti.com.mk. Настанот претставува целовечерен концерт на првата (најискусна) група на а.ж.х. Фрида од Македонија, составена од искусни, долгогодишни хористки на кои музиката им е повеќе од хоби и пасија. Нивната ...
Извонредните македонски оперски имиња со интернационална уметничка кариера, Игор и Ана Дурловски, вечерва ќе настапат во рамки на фестивалот „Охридско лето“ заедно со камерниот оркестар „Ајга“ под диригентската палка на маестра Ана Спасовска. Концертот ќе се одржи на сцената „Долни Сарај“ со почеток во 21 часот. Басот Игор Дурловски дипломира и магистрира на ФМУ во Скопје со највисоката оцена „Cum Laude“. Дебитира во Македонската опера и ...
На 66-годишна возраст почина Нури Бајрами, поранешен заменик-претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата, долгогодишен новинар и главен уредник на ТВ2 и правник по професија. Информацијата ја соопшти неговиот син Арианит Бајрами преку својот Фејсбук профил. Бајрами од 2019 до февруари 2024 година беше дел од ДКСК. Тој речиси една деценија работеше како новинар и главен уредник во ТВ2. Во текот на кариерата работел и во ...
Европската комисија официјално претстави амбициозен акциски план кој предвидува до 2040 година безмалку половина од целокупната потрошувачка на енергија во рамките на Европската Унија да биде покриена од електрична енергија. Иако во почетните нацрт-верзии постоеше опција оваа одредба да биде строго обврзувачка за земјите членки, во финалниот текст таа се уште има карактер на препорака, со отворена можност за нејзино идно инкорпорирање во ...
Дрога и ладно оружје се пронајдени во угостителски објекти на територија на Тетово. Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека приведени се четири лица. На 17/18.07.2026 во период од 23:30 до 02:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово спроведоа акциска контрола во угостителски објекти на територија на СВР Тетово, при што се пронајдени ножеви и дрога, а приведени се четири лица. При вршење на контрола во угостителски објект ...
Бројот на странски државјани, кои побарале азил во Албанија бележи раст во текот на изминатата година, што го потврдуваат официјалните податоци на државниот Институт за статистика, ИНСТАТ. „Минатата година се регистрирани 144 барања за азил, или 40 повеќе отколку во 2024 година, што укажува на зголемување на протокот на лица кои бараат меѓународна заштита во нашата земја за над 38 отсто, стои во објавата на ИНСТАТ. Според земјата на потекло, ...
Министерот за здравство Сашо Клековски ќе ја посети Општата болница – Гостивар откако повеќе граѓани со симптоми на повраќање, дијареа и температура побараа лекарска помош. Министерството за здравство соопшти дека предвидено е изјава да даде министерот Клековски. Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) вчера издаде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека водата е загадена и ...
Едно лице почина во Менхетен како последица од зараза со легионерска болест, соопштија здравствените власти во Њујорк. Официјалните претставници не објавија детали за починатото лице, вклучувајќи го идентитетот, возраста или околностите на заразата. Според податоците од здравственото одделение во градот, во епидемијата што го зафати квартот Горен Ист Сајд во Њујорк, се разболеа најмалку 67 лица, додека повеќе од десетина се хоспитализирани. ...
На 18 јули 1967 година во Охрид, на Третиот црковно-народен собор, Светиот синод на Македонската православна црква (МПЦ), донесол одлука за прогласување автокефалност на МПЦ како наследничка на обновената Охридска архиепископија. Одлуката ја соопштил новиот архиепископ Охридски и Македонски г. Доситеј чие световно име е Димитрија Стојковски. По него за архиепископи на МПЦ се избрани г. Ангелариј (Цветко Крстевски), потоа г. Гаврил (Ѓорѓи ...
Репрезентациите на Франција и на Англија ќе играат натпревар за третото место на Светското фудбалско првенство 2026. Мечот ќе се одржи на стадионот „Хард Рок“ во Мајами, со почеток во 23 часот по македонско време. Франција и Англија се сретнале 32 пати во текот на нивната историја, при што Англија победила на 17, Франција победила на 10 натпревари, нерешено завршија пет средби. Гол-разликата е 72:41 во корист на Англија. Тимовите се сретнале ...
Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала ја погоди рано изутринава источната турска провинција Малатија, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД). Земјотресот се случи во 6:20 часот наутро по локално време, со епицентар во округот Баталгази, на длабочина од 15,59 километри, се наведува во соопштението на АФАД. Тресењето на тлото било почувствувано и во соседните провинции Елазиг, Адијаман, ...
Бројот на загинати во двата земјотреса што кон крајот на јуни ја погодија Венецуела се искачи на 5.069, додека повеќе од 20.000 луѓе се сместени во привремени кампови, соопштија властите. Според податоците што на Телеграм ги објави претседателот на Народното собрание, Хорхе Родригез, во земјотресите се повредени 16.740 луѓе, додека 6.462 лица биле спасени. Властите наведуваат дека 17.907 луѓе останале без своите домови, а 21.235 лица се ...
Со ВМРО-ДПМНЕ на власт образованието се враќа во фокусот државните приоритети. Заврши времето на хаос во образованието и неизвесноста на наставниците и учениците. Наставниците добија предвидливост и редовно покачување на платите, додека учениците стабилен наставен процес со учебници по сите предмети во своите раце, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ. За разлика од претходните седум години власт на СДС, кога имаше учебни години без отпечатени ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Богородица се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави синоќа дека САД ја сметаат Канада за одговорна за пожарите што ги загадуваат американските градови и најави дека по тој повод ќе го повика канадскиот премиер Марк Карни. Тој исто така додаде дека „трошоците од тоа загадување без одложување мора да бидат вклучени во царините“ кои Канада моментално ги плаќа во трговијата со САД. Ја сметаме Канада за одговорна за неадекватно одржување на нејзините ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до ...
На девет месеци до изборите во ФИФА за претседател првиот човек на Светската фудбалска федерација Џани Инфантино најверојатно ќе добие уште еден мандат. Според проценките Инфантино поддршка од околу 200 федерации. Изборите ќе бидат во март следната година, а новоизбраниот претседател ќе има мандат до 2031 година. Како што пишува шпанска Марка, а пренесуваат и други европски медиуми, федерациите кои не се на страната на Инфантино имаат проблем ...
Словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар е победник на 10.та етапа на престижната трка „Тур Д’Франс“. Тој патеката во должина од 165,6 километри ја мина 3 часа 58 минути и 8 секунди и за 32 секунди беше побрз од второпласирани Ремко Евенепол од Белгија. Погачар, е лидер и носител на „жолтата маица“ и во генералниот пласман има вкупно време од 36 часа 15 минути 2 секунди и има предност од 3 минути и 36 секунди пред вториот Јонас Вингегард од ...
Капитенот на репрезентацијата на Египет, Мохамед Салах по девет години во Ливерпул донесе одлука кариерата да ја продолжи во европски клуб. 34-годишниот Салах би требало да го облече дресот на Бешикташ. Договорот треба да биде на една година и да биде вреден 10 милиони евра дополнителни два милиона како бонус. Клубот од Истанбул беше подготвен и за повеќе пари, но Салах сам решил да ги намали побарувањата, а клубот таа сума да ја вложува за ...
Ако постои една лекција што ја научивме низ сите изминати години, тогаш тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ е најсилно кога е обединето. Ниту една функција, ниту една позиција и ниту едно лично несогласување не може да биде поважно од довербата што ни ја дава народот, истакна вечерва од Битола премиерот Мицкоски. Нашата сила никогаш не била во поединците, туку во заедништвото и чувството дека припаѓаме на нешто поголемо од нас самите. Довербата не е ...
Дресот што бразилската фудбалска легенда Пеле го носеше во финалето на Светското првенство во 1958 година е продаден за 4,88 милиони долари на аукција во „Сотби“. Бразил во финалето го совлада домаќинот Шведска со 5-2, а тогаш 17-годишниот Пеле постигна два гола и ја освои првата од трите светски титули во својата кариера. Пеле по финалниот натпревар одигран на 29 јуни 1958 во Стокхолм му го подари дресот на соиграчот Диди, кој подоцна го ...