Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Грчката национална метеоролошка служба (ЕМЈ) издаде итно извонредно предупредување (црвен аларм) поради драстично влошување на временските услови, кое го зафаќа регионот во периодот од 23 до 25 јули. По неколкудневниот екстремен топлотен бран, метеоролозите алармираат за нагла промена проследена со силни поројни дождови, интензивни електрични празнења, олуен ветер и локална појава на град, предупредуваат на групите посветени на Грција. Според ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 15 l/m²). Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени. Во Скопје, променливо облачно и посвежо ...
Тренерот на Шкендија, Артим Положани, оцени дека македонскиот вицешампион незаслужено претрпе пораз синоќа на гостувањето во Љубљана од словенечки Браво (1-2) во првиот натпревар од 2. квалификациско коло во Конференциската лига, најавувајќи максимален пристап на реваншот идниот четврток во Скопје. Шкендија загуби иако имаше почетно водство откако Красниќи донесе водство од пенал во 11 минута, а во продолжението Браво искористи две грешки во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со „сериозна воена одмазда“ против Иран и неговите сојузници Хути кои нападнаа два саудиски танкери во Црвеното Море. Трамп рече дека ќе го смета Иран за одговорен за какви било идни напади од страна на јеменските бунтовници. Хутите објавија дека воведуваат поморска блокада врз Саудиска Арабија, која пренасочува милиони барели нафта дневно кон Црвеното Море за да ја заобиколи иранската блокада ...
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ја прифатил понудената гаранција од над 1,15 милиони евра за осомничениот Муамед Сејдини, поранешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), по што му е укината мерката притвор и ќе се брани од слобода. Од Основниот кривичен суд Скопје информираат дека гаранцијата се состои од засновање хипотека врз недвижен имот, а истовремено, заради обезбедување на присуството ...
Турски навивач на Бешикташ реши да ја зголеми понудата на својот сакан клуб за Мохамед Салах, па доколку легендарниот египетски фудбалер потпише договор со црно-белите, ќе заработува 10.000.000 евра годишно и половина тон лубеници. Секако е јасно дека ова е симпатичен обид на Турците да го намамат Мохамед Салах во таборот на Бешикташ. Големото прашање е дали нивната „измама“ со лубениците ќе успее. Проблемот се финансиите, бидејќи агентот на ...
Со натпреварот во Кавадарци во кој Тиквеш од 17. часот го пречекува Арсими, денеска стартува 35. сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Во рамки на воведното коло, утре во истиот термин Струга е домаќин на Шкендија Арачиново, додека Вардар ја пречекува Брегалница. Преостанатите два натпревари ќе се одиграат в недела, кога Силекс ќе го пречека Башкими (17 часот), а Шкендија ќе му биде домаќин на Скопје (19 часот). Македонската лига ...
Организаторите на последниот Гренд слем турнир во годината УС Опен ја објавија листата на пријавени играчи и на неа се наоѓа името на Карлос Алкараз. Американските медиуми се надеваат дека шпанскиот тенисер ќе биде во конкуренција за освојување на третата титула во Њујорк. Сепак, шпанските медиуми пренесуваат информации дека Алкараз не е подготвен за враќање на терените, а дека не е подготвен ниту за Мастерсот во Синсинати што се игра од 13 ...
Спортските новинари го избраа најлошиот тим на СП. Кристијано Роналдо е капитетн, селектор е Роберто Мартинез, тука е и централниот играч за врска на Португалија Витиња. Од Геранците тука се Мануел Нојер, стоперот Џонатан Тах и крилниот напаѓач Лирој Сане. Германците веќе беа елиминирани во осминафиналето, бидејќи беа поразени од Парагвај по подобро изведување на пенали. Одбраната на „губитниците“ ја сочинуваат и бразилскиот претставник – ...
Дека членките на ЕУ ветото го користат како механизам за остварување на своите потреби кои немаат врски со Копенхашките критериуми доказ се и односите меѓу Хрватска и Црна Гора. Хрватските власти на самитот во Тиват најавија дека ќе ја блокираат Црна Гора на патот кон ЕУ ако не вратат брод. Да добро прочитавте-брод. Се работи за бродот „Јадран“ кој некогаш бил воен а сега се користи како школски и е во сопственост на Црна Гора.Хрватска смета ...
Скандалот со водата во Гостивар покажа уште еднаш како СДС, ДУИ и Таравари постапуваат кога одговорноста треба да ја понесат нивните функционери, велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека наместо веднаш да побараат утврдување на одговорност и брза реакција од локалните институции, тие избраа да молчат и да го оправдуваат неодговорното однесување на градоначалникот Валбон Лимани. За нив, поважно е да ги заштитат своите партиски кадри ...
Чешкиот премиер Андреј Бабиш при посета на Белград ја повтори поддршката за членството на Србија во Европската Унија, но и за нејзино приклучување кон Шенген-зоната, оценувајќи дека Србија и другите земји кои не се дел од Шенген поефикасно ја штитат надворешната граница на Унијата од илегалната миграција отколку некои земји членки. Бабиш, кој ја предводи чешката државна делегација во дводневна посета на Белград, на заедничката ...
Поради загадената вода во Гостивар, Агенцијата за храна и ветеринарство веќе изрече 30 казни и 12 забрани за работа. Засилените контроли продолжуваат, а дел од угостителските објекти, продавниците и производителите веќе се соочуваат со ограничувања и затворања, се наведува во соопштението од СДСМ. Според СДСМ, ниту еден од овие луѓе не е виновен. Тие се жртви на туѓа грешка. Жртви на организираната криминална група ВМРО, на нивните нестручни ...
Индија успешно го изврши првото тестирање на ракетата „Куша“, систем земја-воздух со долг дострел. Индиските власти соопштија дека тестирањето го спроведе Организацијата за истражување и развој во одбраната (DRDO) од островот „Д-р АПЈ Абдул Калам“, крај брегот на источната сојузна држава Одиша. Индискиот министер за одбрана Раџнат Синг на социјалната мрежа Икс објави дека ракетниот систем „Куша“ е способен да неутрализира широк спектар ...
Грчката верзија на „Железната купола“, односно противвоздушен, противбалистички и антидронски одбранбен штит што го носи името „Штитот на Ахилеа“, како и уште десет други програми за модернизација и вооружување на армијата беа одобрени на состанок на Владиниот совет за национална безбедност, што го свика грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. По состанокот, министерот за одбрна на Грција Никос Дендиас детално ...
Вечерва, 24.07.2026г. (петок), со почеток во 20:30 часот во Салон 19’19 (Културно информативен центар) ќе се одржи камерен концерт на Алтус НЗ Ансамбл насловен „Континуитет“. Учествуваат: Гонца Богоромова Краповски – сопран, Елена Стојческа – флејта, Игор Иванов – кларинет, Мартин Димитров – виолина, Александар Лаовски – виола, Паскал Краповски – виолончело, Маријана Николовска – пијано, Roman Petiot – гитара, Pascal Gallois – уметнички ...
Комитетот за светско наследство на УНЕСКО одлучи Охридскиот Регион да го задржи статусот на заштитено светско културно наследство. Одлуката беше донесена денеска од страна на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, на 48. сесија која се одржува во Бусан, Република Кореја, со која природното и културното наследство на Охридскиот Регион не се впишува на Листата на светско наследство во опасност. Македонската делегација на 48. сесија на ...
По неколкуте успешни гостувања на одлични солисти и ансамбли со различна жанровска програма за кои публиката покажа голем интерес, синоќа репертоарот на класична музика на 66. „Охридско лето“ повторно беше исполнет со импресивен настап на Камерниот оркестар на Националната Опера и Балет под диригентската палка на Бисера Чадловска и сопранот Наде Талевска која беше солист на вечерта. Професионализмот и големиот креативен потенцијал на ...
Пијано дуото Денис Расел Дејвис и Маки Намекава вечерва ќе настапи на традиционалната Австриска вечер на фестивалот „Охридско лето“ која се одржува со поддршка на Австриската амбасада во земјава. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. Денис Расел Дејвис и Маки Намекава прв пат концертно соработуваат во 2003 година. По нивниот одличен настап на Фестивалот „Арс Електроника“ во Линц, двајцата одлучуваат да ...
Демократската унија за интеграција уште еднаш го повика градоначалникот на Град Скопје веднаш да го отстрани незаконскиот билборд за добредојде и да го замени со билборд што, како што велат, целосно ги почитува законските обврски за употреба на албанскиот јазик. Ова е соопштение од албанската партија изададено на 23 јули, седум дена откако официјално се откриени дивите пумпи во Гостивар кои носеле гомна во гостиварскиот водовод. Седум дена ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 15 l/m²). Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени. Во Скопје, променливо облачно и посвежо ...
Од РЦУК – Битола го пренесуваат известувањето од Центарот за јавно здравје – Прилеп дека по примероците земени на 20.07.2026 година, водата од чешмите Св. Петка, Крајпатна бензинска, реонот на Црешово Топче, Стара Црква и реонот под хотел Монтана (Општина Крушево) е микробиолошки неисправна за пиење, соопшти предмалку ЦУК. Од ЈП „Комуна“ – Крушево известуваат дека, поради бактериолошката неисправност на водата, за пиење треба да се користи ...
Соединетите Американски Држави синоќа објавија воведување царини од десет или 12,5 проценти на увоз од 60 држави, со образложение дека тие не успеале да воведат или не применуваат ефикасна забрана за увоз на стоки произведени со принуден труд. „Трговските партнери што презеле обврска да воведат и ефикасно да применуваат забрана за увоз на стоки произведени преку принуден труд ќе подлежат на царина од десет отсто, додека трговските партнери ...
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, денеска оцени дека намерата на американскиот претседател, Доналд Трамп, да ги искористи замрзнатите ирански средства за покривање на штетите на бродови погодени во напади на иранските сили во Персискиот Залив претставува „опасен преседан“. Запленувањето средства на друга држава за подмирување идни побарувања…претставува опасен преседан, напиша Арагчи на социјалната мрежа „Икс“. Претходно ...
Комитетот за светско наследство на УНЕСКО одлучи Охридскиот регион да не биде впишан на Листата на светско наследство во опасност. Одлуката беше донесена денес од страна на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, на 48. сесија која се одржува во Бусан, Република Кореја, со која природното и културното наследство на Охридскиот регион не се впишува на Листата на светско наследство во опасност. Македонската делегација на 48. сесија на ...
– Екипата на Шкендија Тетово претрпе пораз од 2:1 на првиот дуел од второто квалификациско коло од УЕФА Конференциската лига од словенечката екипа Браво. Македонскиот претставник имаше водство, но екипата на Браво дојде до триумф од 2:1. Шкендија поведе со голот од пенал на Ендрит Красниќи во 11.минута, но само осум минути подоцна Браво изедначи со голот на Рок Копатин. На почетокот на вториот дел повторно се затресе мрежата на Шкендија, а ...
Група од 120 британски милионери, меѓу кои поранешниот фудбалер Гери Линекер и музичкиот продуцент Брајан Ино, во отворено писмо до новиот британски премиер Енди Барнам побараа да бидат повисоко оданочени, истакнувајќи дека најбогатите треба да придонесуваат повеќе за финансирање на јавните услуги. Во писмото, организирано од движењето „Патриотски милионери“, се наведува дека потписниците можат да плаќаат повисоки даноци. Не зборуваме за ...
Норвежанецот Халанд го прослави својот 26-ти роденден, а фотографиите од приватната прослава што неговата партнерка Изабела ги објави на социјалните мрежи привлекоа големо внимание од фановите ширум светот, но исто така и неговата објава на социјалната мрежа Инстаграм. Напаѓачот го прослави својот роденден во друштво на најблиските, далеку од фудбалските терени, но деталите од прославата сепак стигнаа до јавноста. Норвежанецот Халанд го ...
Организаторите на последниот Гренд слем турнир во годината УС опен ја објавија листата на пријавени играчи и на неа се наоѓа името на Карлос Алкараз. Американските медиуми се надеваат дека шпанскиот тенисер ќе биде во конкуренција за освојување на третата титула во Њујорк. Но, шпанските медиуми пренесуваат информации дека не е подготвен за враќање, а дека не е подготвен ниту за Мастерсот во Синсинати што се игра од 13 до 23. август. Тие ...
Во украински напади со дронови погоден е и опожарен магацин за стоки во Санкт Петербург, јавија светските агенции повикувајќи се на локалните власти и свои дописници. Гувернерот на вториот по големина руски град, Александар Беглов, соопшти дека Санкт Петербург денеска бил нападнат со беспилотни летала што се користат за воени цели. „Нападот беше насочен кон објекти на цивилната инфраструктура“, напиша Беглов на социјалните мрежи, додавајќи ...