Грчкиот пратеник во Европскиот парламент, Емануил Фрагкос упати навреди кон Македонија и македонските евроинтеграции, нарекувајќи го македонското барање за членство во Европската Унија „смешно“. Во своето најново обраќање, тој ја обвини македонската држава за фалсификување на историјата, а истовремено упати и остри зборови кон грчката влада поради нејзината пасивност. Европската Унија не смее да замижува, изјави пратеникот. „Скопје бара ...

Маж е тешко повреден откако во неговиот двор влетал автомобил, чиј возач изгубил контрола. Оштетени му се и две возила и оградата. Како што соопштуваат од полицијата, вчера околу 22:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Вашингтонска“ во Скопје, 62-годишниот Р.О. од Скопје, управувајќи патничко возило „бмв“ со белгиски национални ознаки, изгубил контрола и со возилото удрил во ограда на двор и во пешакот Ј.Д.(44) од Скопје, а потоа ...

Македонските мечувалци Петар Дамјаноски, Огнен Бундалески, Петар Србиноски и Матеј Тодоровски, иако се се уште јуниори, имаа одличен настап на Светското сениорско првенство кое се одржа во Хонг Конг. На првенството во конкуренција на 225 мечувалци од целиот свет сите четворица македонски репрезентативци имаа победи во групната фаза, а тројца од нив продолжија и во елиминациските борби. Одличен настап имаше Петар Дамјаноски, кој во групната ...

Грчкиот пратеник во Европскиот парламент, Емануил Фрагкос упати навреди кон Македонија и македонските евроинтеграции, нарекувајќи го македонското барање за членство во Европската Унија „смешно“. Во своето најново обраќање, тој ја обвини македонската држава за фалсификување на историјата, а истовремено упати и остри зборови кон грчката влада поради нејзината пасивност. Европската Унија не смее да замижува, изјави пратеникот. „Скопје бара ...

На 26 јули, во Музејот на град Скопје ќе биде отворена изложба со досега неприкажани фотографии на Васил Хаџиманов од погребните и тажачките обреди по земјотресот во 1963 година, а ќе биде промовирано и дополнетото двојазично издание на книгата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 година“. На 26 јули, кога Скопје ја одбележува годишнината од катастрофалниот земјотрес од 1963 година, во 20.30 часот во Музејот на град Скопје ќе биде ...

Прилепската касарна „Мирче Ацев“ доби нов хангар со површина од околу 14.000 квадратни метри за складирање и заштита на армиската опрема, со што се исполнети потребните стандарди за нејзино чување, информираше министерот за одбрана Владо Мисајловски при денешната посета на касарната. Мисајловски, кој беше придружуван од командантот на 1. Пешадиска бригада, бригадниот генерал Дејан Чиплаковски, изврши увид во новиот објект и посочи дека ...

Иако календарски сме во средината на летото, денеска, 24 јули, на Шар Планина е забележан снег. Славчо Попоски на социјалните мрежи објави снимка од пределот над Попова Шапка, посочувајќи дека на повисоките делови од планината паѓа снег. „Верувале или не: Денес 24 јули на Шар Планина, и тоа над Попова Шапка паѓа снег“, напиша Попоски во објавата. Тој истовремено посочи дека ваквиот развој на временските услови е во согласност со неговите ...

Иако со години се најавуваше темелна реконструкција на луксузната вила на Цеца Ражнатовиќ на Кипар, градежните работи сè уште не започнале. Секоја посета на пејачката на нејзиниот имот во Аја Напа повторно ги поттикнува шпекулациите дека обновата конечно ќе стартува, но засега сè останува само на најави. Цеца донесе одлука целосно да го преуреди својот летен дом, каде што традиционално ги минува одморите со семејството и блиските пријатели. ...

Во понеделник наутро штрајк на грчките царински службеници на граничните премини. Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека согласно информациите добиени од надлежните органи на Република Грција, на 27.07.2026 (понеделник) е најавен штрајк на царинските службеници на грчките гранични премини Евзони (Богородица), Дојрани (Дојран) и Ники (Меџитлија). Во периодот од 05:00 до 09:00 часот по македонско време (06:00–10:00 часот ...

Водата во Општина Пласница и во Преглово не е за пиење, покажуваат документи од Центарот за јавно здравје во Прилеп од последните испитувања на водата од 14 јули годинава. Жителите се жалат дека со децении пијат загадена вода и никој не презема ништо. Документите од Центарот за јавно здравје Прилеп од лабораториските анализи и заклучокот докажуваат дека водата е неисправна за пиење. Водата во Општина Пласница и во Преглово не е за пиење, ...

Многу македонски граѓани купија или се мислат да купат недвижност кај јужниот сосед. Колку чини одржувањето на стан во Грција? Еве какви се годишните трошоци. Купувањето недвижности во Грција со години е една од најатрактивните инвестиции за граѓаните од регионот, особено за оние кои сакаат да остварат дополнителен приход преку туристичко издавање. Најголем интерес има за станови од околу 40 квадратни метри, а потенцијалните купувачи најчесто ...

Шпанија прогласи вонредна состојба во главниот град Мадрид и во уште еден регион поради шумските пожари. Живееме во драматична ситуација, не само во различни шпански покраини, туку и во регионите на соседните земји, објави шпанскиот премиер Педро Санчез на платформата Икс, алудирајќи на пожарите во Франција и Италија. Претходно, шпанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека ќе биде распореден дополнителен персонал за да помогне во ...

Град Скопје организира бесплатен панорамски разглед на Скопје. По повод годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, Град Скопје организира бесплатен панорамски разглед на градот. Со панорамски автобус и професионален туристички водич од Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници, граѓаните ќе имаат можност да го запознаат Скопје какво што било пред земјотресот, да ги откријат приказните за ...

Македонскиот народен театар (МНТ) новата сезона 2026/2027 ќе ја започне со премиерата на претставата „Три сестри“, според драмата на А.П. Чехов, во режија на Нела Витошевиќ, која ќе се одржи на 25 септември. Билетите за претпремиерната и премиерната изведба како и за првата изведба која е закажана за 5 октомври во продажба се достапни од денес, 24 јули, а публиката може навреме да ги обезбеди своите места и да биде дел од отворање на новата ...

Водата од градскиот водовод на Валандово од денес е повторно во целосна употреба, согласно документот издаден од надлежната Агенција за храна и ветеринарство, со кој се укинува досегашната забрана за пиење на водата, соопшти денес на прес-конференција градоначалникот на Валандово, Ѓоко Камчев. Првичната информација се објави во средата преку соопштение на ЈП „Комунален сервис“ од Валандово, во кое беше наведено дека согласно добиени резултати ...

На црногорскиот брег има места кои останале далеку од масовниот туризам, но сепак се добро познати на оние кои бараат мир, приватност и посебна атмосфера. Едно од нив е Розе, мал крајбрежен град во близина на Херцег Нови, кој со години привлекува познати спортисти, уметници и луѓе од јавниот живот. Меѓу оние кои го сакаат овој скриен агол на Бока Котор е и Новак Ѓоковиќ, како што е забележано од порталот од Подгорица. Најдобриот српски ...

Собранието денеска со 67 гласа „за“ и 13 „против“ го избра за министер без ресор во Владата Зулфикар Зејнула, претседател на Демократската партија на Турците, со која владејачката ВМРО-ДПМНЕ неодамна потпиша коалициски договор. Коалицијата предводена од СДСМ не го подржа предлогот за избор на Зејнула за министер без ресор, како што рече пратеникот Оливер Спаосвски, не затоа што е против кандидатот туку заради што сметаат дека нема да се ...

Вчера во 8 часот во СВР Тетово било пријавено дека во с.Брвеница, тетовско, патничко возило удрило во 22-годишниот К.Ј. од с.Брвеница и го напуштило местото, соопшти денеска тетовската полиција. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот, велат од СВР Тетово. ...

Собранието денеска ја почна расправата за избор на министер без ресор во Владата за која функција е предложен Зулфикар Зејнула, претседател на Демократската партија на Турците, со која партија ВМРО-ДПМНЕ неодамна потпиша коалициски договор. Премиерот Христијан Мицкоски пред пратениците истакна дека зрелоста на Владата се гледа во отвореноста на институциите за сите што имаат знаење, капацитет и искрена намера да придонесат и да не прашува, ...

За време на викендот времето ќе биде стабилно со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Нови врнежи од дожд, проследени со локална нестабилност, се очекуваат во понеделник. На поединечни места ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Од вторник повторно следува период на стабилно и претежно сончево време, со постепен пораст на дневните температури. За време на викендот времето ќе биде стабилно со мала ...

Нов селектор на Германија официјално е Јирген Клоп, објави претпладнево Германската фудбалска федерација (ДФБ). Клоп денеска потпиша четиригодишен договор во седиштето на ДФБ во Франкфурт и ќе ја предводи германската репрезентација во квалификациите за ЕУРО 2028 и Светското првенство во 2030 година. Досегашниот селектор Нагелсман доби оштета од седум милиони евра. „Националната репрезентација може да нè обедини нас Германците како речиси ...

Квартетот тромбони Макбрас оваа година ќе ја претставува Република Македонија на 55. издание на International Trombone Festival (ITF), кое ќе се одржи во Рига, Латвија. International Trombone Festival претставува најголемиот, најреномираниот и најпочитуваниот светски фестивал посветен на тромбонот, на кој секоја година настапуваат врвни солисти, ансамбли, професори и уметници од сите континенти. Фестивалот се одржува од 1971 година, секоја ...

Вчера во 13:50 часот на Градски плоштад во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци во соработка со полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Д.(32) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава од 50-годишна кумановка дека ја измамил за сума од 9 000 евра. Според пријавеното, тој ѝ ветил дека ќе ѝ посредува за добивање на странски пасош за 400 евра, а потоа ѝ барал повеќе парични средства и за кратко време му дала ...

Пред неколку дена, силна грмотевици го погодија Скопско и околината со сета сила, а шоуменот Боки 13 остана без покрив од куќата , како и без автомобил. Беа забележани налети на ветер слични на ураган од над 100 км/ч, кои соборуваа дрвја, носеа покриви и уништуваа сè на својот пат. Целиот мој автомобил е уништен. Погледнете Покривот одлета од мојата куќа. – напиша Боки на 13. Пред неколку дена, силна грмотевици го погодија Скопско и ...

Дваесет и четиригодишен жител на виничкото село Градец е лишен од слобода откако, управувајќи автомобил без возачка дозвола и под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна несреќа на регионалниот пат Грдовци–Зрновци, во која едно лице е тешко повредено, а две се здобиле со полесни повреди. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила на вчера околу 3:30 часот, кога Д.Н. (24), управувајќи патничко возило ...

Започна реконструкцијата на ЈЗУ Здравствен дом Скопје – Поликлиника „Идадија“, инвестиција вредна над 31 милион денари. Проектот „Реконструкција на ЈЗУ Здравствен дом Скопје – Поликлиника Идадија со мерки за зголемување на енергетската ефикасност“ се реализира преку Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор (ПСЕЕП), кој го имплементира Проектната единица при Министерството за финансии, во соработка со Меѓународната банка за обнова и ...

Во моментов имам застој на сообраќајот на кружниот тек кај хотел „Национал“ на влезот во Кочани. Информациите од теренот велат дека е истечено големо количество нафта од камион, приближно еден тон. Екипите на КЈП „Водовод“, ТППЕ и ОВР – Кочани се на терен. Велат дека сообраќајот бргу ќе биде вратен во функција. Во моментов имам застој на сообраќајот на кружниот тек кај хотел „Национал“ на влезот во Кочани. Информациите од теренот велат дека ...

Македонската кинематографиja годинава ќе биде претставена на 31. Сараевски филмски фестивал со три филма во официjaлните натпреварувачки програми, четири меѓународни копродукции со македонско учество, и претставници во престижните индустриски програми на фестивалот. Во Натпреварувачката програма за долгометражен игран филм ќе бидат прикажани „17″ во режија на Косара Митиќ и „Скejтбординг не е за девojчиньа” во режија на Дина Дума, филм кој ...

Издавачката куќа „Феникс“ од Скопје деновиве ја објави новата книга на писателот Христо Петрески, насловена „Скопски провиденија и привиденија“, која содржи 40 кратки раскази во стихови, определени од авторот како „археологија на гласови“. Во предговорот „Градот што памети“, Петрески наведува дека книгата претставува обид да се открие „второто лице“ на Скопје, она што останува скриено зад неговите улици, плоштади, мостови и секојдневниот ...

Скандалот со водата во Гостивар покажа уште еднаш како СДС, ДУИ и Таравари постапуваат кога одговорноста треба да ја понесат нивните функционери.Наместо веднаш да побараат утврдување на одговорност и брза реакција од локалните институции, тие избраа да молчат и да го оправдуваат неодговорното однесување на градоначалникот Валбон Лимани, напоменува ВМРО-ДПМНЕ. За нив, поважно е да ги заштитат своите партиски кадри отколку да дадат одговори на ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
0.9
45%
1017
weather icon

Белград

23ᴼ / 23ᴼ
2.68
60%
1015
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
0.68
60%
1015
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
0.09
57%
1018
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.1
57%
1017
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
0.65
82%
1016
weather icon

Атина

27ᴼ / 24ᴼ
3.13
58%
1013
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.46
61%
1015
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
2.93
33%
1015
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 17ᴼ
0.45
70%
1016
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 24ᴼ
1.79
61%
1016
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
1.5
100%
1013
Currency

61.5217

Currency

53.3307

Currency

71.9179

Currency

37.4195

Currency

38.0586

Currency

66.1057

Currency

7.89933

Currency

0.67321

Currency

0.33925

Currency

0.52457

Currency

1.12287

Currency

0.55908

Родиум

265243.66

Паладиум

40381.34

Рутениум

53852.50

Цинк

0.00

Иридиум

252383.36

Платина

52855.83

Бакар

13.08

Злато

129943.67

Калај

54.92

Сребро

1853.71

Алуминиум

3.19

Кобалт

56.29