Иако Светското првенство 2026 заврши пред неколку дена, турнирот и натаму е во фокусот поради сомнежите за можни нерегуларности поврзани со обложувањето. Групата од Копенхаген, независна мрежа што работи во рамки на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување на местење спортски натпревари, објави дека за време на шампионатот издала седум таканаречени „жолти известувања“ поради атипични модели на обложување. Станува збор за сигнали што ...

Германската индустрија продолжува да се соочува со сериозни предизвици, а според претседателката на Федерацијата на германски индустрии (BDI), Тања Генер, во секторот секој месец се губат околу 15.000 работни места. Генер оцени дека германската економија е под силен притисок од глобалните геополитички случувања, при што како главни фактори ги посочи американските царински политики и сè посилната конкуренција од Кина, која, според неа, ...

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини опозицијата дека го штити градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, и дека не бара одговорност за случајот со загадената вода, оценувајќи дека СДСМ, ДУИ и Арбен Таравари покажуваат двојни аршини. Во партиското соопштение се наведува дека состојбата во Гостивар е последица на, како што велат, „неажурноста и незаинтересираноста на локалната власт“, а дека опозицијата молчи бидејќи, според ВМРО-ДПМНЕ, станува збор за ...

Многу жени сонуваат за голема љубов, стабилна врска и среќно семејство. Сепак, според астрологијата, кај некои хороскопски знаци одредени карактерни особини можат да го отежнат градењето долготрајни партнерски односи. Секако, хороскопскиот знак не е единствениот фактор што влијае врз љубовниот живот, но астролозите сметаат дека одредени особини можат значително да влијаат врз изборот на партнер и начинот на кој ги градиме врските. Овен Жената ...

Претседателот на САД Доналд Трамп ѝ се закани на ЕУ со „значителни“ царини откако, како што наведува, Брисел им наметна серија високи казни на американските технолошки гиганти. Во објава на неговата платформа Truth Social, американскиот претседател напиша: Соединетите Американски Држави не се „касичка“ за Европа, ниту пак ќе дозволиме да бидат!“ – Европската Унија повторно, како и обично, директно ги напаѓа ОДЛИЧНИТЕ американски компании! ...

Американските царини за увоз на стока од Србија привремено ќе бидат намалени на нула проценти додека траат трговските разговори меѓу Белград и Вашингтон, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ. Во интервју за Радио-телевизија Србија (РТС), Вучиќ рече дека досегашната царинска стапка од 35 проценти, која беше воведена минатата година, престанува да важи и дека за време на преговорите српските производи ќе се извезуваат на американскиот ...

Лионел Меси наводно донел одлука да ја заврши репрезентативната кариера по финалето на Светското првенство, но засега нема официјална потврда ниту од самиот фудбалер, ниту од Фудбалската асоцијација на Аргентина. Веста ја објави аргентинскиот новинар Ернан Кастиљо, кој тврди дека капитенот на „гаучосите“ им соопштил на своите соиграчи дека финалето против Шпанија било негов последен натпревар во националниот дрес. „Тој говор во соблекувалната ...

Македонска државјанка со иницијали С.С. (46) е уапсена во Улцињ под сомнение дека со автомобил намерно прегазила и усмртила куче, соопшти Полициската управа на Црна Гора. Според полицијата, случајот бил пријавен во петокот околу 15:15 часот, кога сопственикот на кучето пријавил дека непознато лице, управувајќи бел автомобил „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, намерно го прегазило неговото куче на улица во Улцињ. Полициските службеници ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, поизразен во источните делови и долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ...

Властите во Франција и Шпанија наредија евакуација на повеќе од 220.000 луѓе поради големите шумски пожари што беснеат во двете земји. Во југозападна Франција, во регионите Жиронд и Ланд, властите евакуираа околу 200.000 луѓе. Рано изутринава, речиси 60.000 жители мораа да ги напуштат своите домови во близина на Бордо, а претседателот Емануел Макрон ја повика војската да помогне во гаснењето на пожарите. Пожарот во Жиронд досега проголта ...

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера извршиле претрес во дом и други простории во скопско Арачиново, при што биле пронајдени над два килограми марихуана, соопшти Министерството за внатрешни работи. Претресот бил спроведен по наредба на Основниот кривичен суд Скопје во домот и други простории што ги користел Б.Н. (25) од Арачиново. При акцијата, покрај над два ...

Сообраќајот на државните патишта низ Македонија се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Според АМСМ, интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Богородица е забележана зголемена фреквенција на возила, при што времето на чекање за излез од државата изнесува околу два часа. На граничниот премин Табановце, пак, за влез во ...

Во изминатите две години се реализирани повеќе реформи во јавната администрација, насочени кон создавање професионални, ефикасни и одговорни институции, со цел граѓаните да добиваат поквалитетни услуги, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму посочуваат дека е донесен Законот за високи раководители, со кој за првпат се воспоставува единствен систем за избор на највисоките раководни позиции преку јавен оглас, јасно утврдени критериуми и избор врз ...

Андреа Пирло ќе биде новиот селектор на Италија. Како што пренесуваат италијанските медиуми и познатиот италијански фудбалски новинар Фабрицио Романо, Пирло постигнал устен договор со фудбалската федерација на Италија. Пирло дал согласност за планот на Паоло Малдини и Леонардо и во следните денови се очекува да биде потпишан и официјалниот договор. За 47-годишниот Пирло ова би требало да биде најголем предизвик во тренерската кариера. Со ...

,Во однос на контролата и надлежноста на институтот, самите обвинувањата се неосновани, мотивот за сето тоа мислам дека знам од каде доаѓа, од причина што оние кои оставија една распадната држава, еден распаднат систем, распаднати институции, нема пора во општеството коешто ја оставија функционална“, изјави Марија Андоновска, директорката на Институтот за јавно здравје во гостувањето во централниот Дневник на телевизија Сител во однос на ...

Леброн Џејмс кариерата ќе ја продолжи во Филаделфија, пренесува ЕСПН. Филаделфија ќе биде четвртиот клуб во НБА лигата на Џејмс, кој претходно настапуваше Кливленд, а потоа Мајами и Лос Анџелес Лејкерс. Филаделфија ова лето прави напори да формира шампионски тим и да стигне до титулата. Претходно, со размена во екипата стигна играчот на Бостон, Џејлен Браун. Доаѓањето на Леброн Џејмс треба да претставува засилување во екипата кое треба да ...

Носителот на „жолтата маица“ на Тур Д’Франс, Тадеј Погачар од Словенија е победник на денешната 19. етапа на престижната трка што се возеше од Гап до Алпе Д’Уез. Тој воедно со овој триумф се зацврсти на првото место во генералниот пласман. Ова за словенечкиот велосипедист е петта етапна победа годинава. Погачар патека во должина од 127,9 километри ја мина за 3 часа 17 минути и 57 секунди. Воедно ова е најдобро време поставено на искачувањето ...

Екипата на Тиквеш го стартуваше новиот шампионат во Првата фудбалска лига со убедлива победа против Арсими. Кавадарчани беа доминантни во текот на целиот натпревар и остварија победа од 5:1, а сепак најубавиот гол на дуелот го постигнаа гостите. Тиквеш поведе во 18.минута со голот на Емануел Лавал, а предноста на кавадарчани ја зголеми Н’Фали Сила во 27.минута. Со прекрасниот еврогол Алјбин Рамадани во 33.минута намали на 2:1. До крајот на ...

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард, на конференција за печатот посветена на монетарната политика, одговарајќи на новинарско прашање, го истакна проектот за воспоставување регионална инфраструктура за инстант плаќања на Западен Балкан и го потврди очекуваното приклучување на Македонија кон платформата клонот на ТИПС – соопшти Народната банка. Како што наведуваат од НАрдоната банка, во своето обраќање, ...

Директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски оствари посета на ТИРЗ Штип, при што беа реализирани работни средби со менаџментот на компаниите Адиент, Кондево и Техникал Текстајлс. За време на посетата беа разгледани тековните активности на компаниите, нивните развојни планови, како и можностите за понатамошно унапредување на деловното опкружување и условите за работа во рамки на зоната. Во разговорите беше потенцирана важноста од континуираната ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Здружението за промоција на природните науки „Откритие“ потпишаа меморандум за соработка со кој почнува нова фаза во промоцијата, заштитата и валоризацијата на македонскиот рубин и целокупното геолошко наследство на државата. Меморандумот го потпишаа министерката Сања Божиновска и претседателот на Здружението, Илија Петковски, со што се воспоставува институционална, научна и ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека целосно ја разбира загриженоста на одгледувачите на овци, но категорично ги отфрла тврдењата дека институцијата не реагира навремено во однос на појавата на сипаници кај малите преживари. Како што нагласуваат од агенцијата, во услови на појава на заразни болести, од клучно значење е сите засегнати страни – институциите, ветеринарните друштва и одгледувачите – доследно да ги почитуваат ...

Според информациите добиени од експертските тимови кои работат на терен, се очекува граѓаните на Гостивар кон крајот на оваа недела да добијат техничка вода, а кон крајот на следната седмица и вода за пиење, вели директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска. Во гостување во дневникот на ТВ Сител, таа информира дека ИЈЗ во изминатите денови два пати има излезено на терен во Гостивар за да се земат примероци од водата. ...

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека не верува оти Кина или Русија се вмешани во конфликтот во Иран, но предупреди дека доколку се вмешаат, „тоа би било многу лошо за нив“. „Претседателот Шји, за време на нашата неодамнешна средба во Пекинг, Кина, ми рече дека под никакви околности нема да ѝ обезбедува или продава оружје на Исламската Република Иран – а таа изјава ги вклучуваше и кинеските компании“, напиша Трамп на социјалната мрежа ...

Сточарите бараат итна вакцинација на овците за да се спречи ширењето на болеста сипаници кај малите преживари. Предупредуваат дека ситуацијата е алармантна и дека не е доволно да се врши само идентификација и утврдување на жариштата, заболените грла и зафатените стада. Тие, на состанок во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), биле информирани дека в понеделник ќе се одржи средба со ветеринарните служби, за да се дефинираат клучните ...

Жена, државјанка на Македонија, е уапсена во Црна Гора откако е пријавено дека со автомобил прегазила куче во населба во Улцињ. Според црногорските медиуми, по инцидентот таа се обидела да ја напушти државата, но била запрена и приведена на граничен премин. Како што пренесува РТЦГ, полицијата во Улцињ околу 16 часот добила пријава за прегазено куче. Набргу потоа било пронајдено возилото и била идентификувана возачката, која била спроведена во ...

Заштедените пари во Вториот пензиски столб се загарантирани и сите осигуреници ќе ги добијат, дури и доколку државата се одлучи да го укине. Министерот за социјална политика Ѓоко Велковски во интервју за утринската на Сител „Ја сакам Македонија“ уверува дека граѓаните не треба да се плашат дека ќе ги загубат заштедените пари. – Доколку се спојат првиот и вториот пензиски столб? Дали парите ќе бидат некако наследени? – Ова се што е штедено, ...

Грција се соочува со драстична промена на времето и пад на температурите по неколкудневниот топлотен бран во кој живата на термометрите достигнуваше и до 40 степени. Во градот Катерини, промената пристигна нагло, каде што за кратко време темни облаци го прекрија небото и започна пороен дожд. Улиците брзо се испразнија, а метеоролошките служби соопштуваат дека овој нестабилен временски фронт веќе се шири и кон останатите делови од земјата и ...

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, изврши увид во градежните активности за реализација на еден од најзначајните проекти за ревитализација на Старата скопска чаршија. Работите влегоа во првата фаза, која опфаќа изградба на нова водоводна и канализациска мрежа. Во следните фази ќе следуваат реставрација на калдрмата, поставување ново осветлување во традиционален стил и уредување на јавниот простор, со цел модернизација на ...

СДС се жив доказ дека се способни да го пробијат моралното дно, да користат случаи кои ги загрижуваат граѓаните, само за свој личен интерес, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Во тој контекст се и нивните обиди од изминатите дена, со ширење лаги да креираат хистерија која предизвикува страв и несигурност кај граѓаните. Очигледно е дека треба да се внимава на информациите кои ги пласира СДС, лани ширеа хистерија околу пожарите, а оваа година ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
0.98
43%
1017
weather icon

Белград

24ᴼ / 23ᴼ
3.13
58%
1015
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
0.53
59%
1015
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
0.54
55%
1018
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
0.8
55%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
0.55
85%
1016
weather icon

Атина

27ᴼ / 24ᴼ
1.34
56%
1013
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.37
65%
1015
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
3.04
32%
1015
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 17ᴼ
1.34
67%
1016
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 24ᴼ
1.34
61%
1016
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
1.88
100%
1013
Currency

61.5217

Currency

53.3307

Currency

71.9179

Currency

37.4195

Currency

38.0586

Currency

66.1057

Currency

7.89933

Currency

0.67321

Currency

0.33925

Currency

0.52457

Currency

1.12287

Currency

0.55908

Злато

129943.67

Платина

52855.83

Алуминиум

3.19

Паладиум

40381.34

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Сребро

1853.71

Иридиум

252383.36

Калај

54.92

Родиум

265243.66

Рутениум

53852.50

Бакар

13.08