Министерот за здравство Сашо Клековски денеска одржа средба со претставници на матичните лекари и Управата за електронско здравство „Мој Термин“, на која е разговарано за можноста матичните лекари побрзо и поефикасно обезбедуваат термини за специјалистички прегледи преку системот „Мој Термин“. На средбата, како што информираат од Министерството за здравство, на која учествувале претставници на ЗЛОМ и ЗПЛРМ, од Управата за електронско ...

Комисијата за заразни болести предупреди дека во наредниот период во Гостивар постои можност да се појават случаи на хепатит А и хепатит Е како задоцнета последица од загадувањето на водата. Засега нема потврдени случаи на овие заболувања, но здравствените власти најавуваат засилен надзор поради периодот на инкубација на вирусите. Според претседателката на Комисијата, Жаклина Шопова, во изминатите десет дена околу 3.850 жители побарале ...

На 27. јули 2026 година, во 20:00 часот Гостиварскиот театар премиерно ќе ја изведе претставата „Хауситери“, работена според драмскиот текст на македонскиот автор Горјан Милошевски, во режија на Игор Ивковиќ. Во претставата играат Ирена Илиевска, Дарко Вељиќ (к.г.) и Ариан Ејупи, додека сценографијата и костимографијата се на Ирена Боневска-Чаловска. „Хауситери“ е современа драма со елементи на комедија, која преку животот на една млада ...

Заморот, палпитациите и отежнатото дишење понекогаш не се само знак на срцеви заболувања, туку можат да укажуваат и на недостаток на одредени витамини. Кога се зборува за здравјето на срцето , најчесто се споменуваат холестеролот, крвниот притисок и физичката активност . Сепак, витамините играат важна улога и во работата на срцето. Нивниот недостаток може да влијае на срцевиот мускул, крвните садови, производството на црвени крвни зрнца , па ...

На 38. Поетска ноќ во Велестово што ќе одржи од 21 до 23 август во Велестово ќе настапат дваесетина поети, музичари и уметници од шест земји – Ирска, Хрватска, Србија, Црна Гора, Бугарија и Македонија. Програмата ќе започне на 21 август во 21 часот во Велестово со поетскиот портрет на Јовица Ивановски, едно од водечките имиња во македонската современа поезија, по што ќе следува „Имаго“ ‒ интернационално поетско читање, на кое ќе настапат ...

Од 1 јули компаниите во приватниот сектор можат да започнат со исплата на регресот за годишен одмор, попознат како К-15. Според актуелните пресметки, минималниот износ би изнесувал околу 19.116 денари. Сумата е пресметана врз основа на просечните нето-плати за февруари, март и април 2026 година, кои изнесувале 46.159, 48.433 и 48.779 денари. Просекот е околу 47.790 денари, а минималниот К-15 согласно колективниот договор изнесува 40 проценти ...

Остануваат само уште неколку дена до концертот на Јелена Розга во Охрид, а возбудата пред музичкиот спектакл е сѐ поголема. Античкиот театар и годинава, на 29 јули со почеток од 21 часот, повторно ќе биде местото каде што една од најголемите регионални музички ѕвезди ќе приреди вечер за паметење. По незаборавната атмосфера што ја создаде минатото лето, Розга повторно доаѓа во градот кој, како што и самата вели, има посебно место во нејзиното ...

Во галеријата „Култ“ во Охрид вечерва (24 јули) во 20 часот ќе биде отворена изложба на скулптури на академскиот вајар Андреј Митевски, на која охридската публика ќе има можност да се запознае со неговиот најнов циклус дела. Изложбата ќе трае до 31 јули. Митевски е автор со повеќедецениска творечка дејност, со јасно изграден и препознатлив уметнички јазик. Во текот на својата богата кариера реализирал бројни самостојни изложби во земјата и ...

“Пејзажни знаци 26” од Атанас Атанасоски, е изложбата – инсталација поставена во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“. Изложбата, поддржана од Министерството и туризам ќе биде поставена до 7 август 2026. -Идејата за реализација на мојот проект сé надоврзува на претходните изложби во кои основен материјал е дрвенеста вегетација. Се работи за трновити растенија кои и по бербата како сува материја ја задржуваат цврстата структура. ...

Лубеницата е едно од најомилените летни овошја, позната по тоа што одлично освежува и го хидрира организмот благодарение на високата содржина на вода. Покрај тоа, таа е богата со витамините А и Ц, како и со ликопен – моќен антиоксиданс кој придонесува за здравјето на срцето и го штити организмот од оксидативен стрес. Сепак, нутриционистите предупредуваат дека иако е многу здрава, прекумерната консумација може да предизвика одредени ...

На 26 јули, во Музејот на град Скопје ќе биде отворена изложба со досега неприкажани фотографии на Васил Хаџиманов од погребните и тажачките обреди по земјотресот во 1963 година, а ќе биде промовирано и дополнетото двојазично издание на книгата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 година“. На 26 јули, кога Скопје ја одбележува годишнината од катастрофалниот земјотрес од 1963 година, во 20.30 часот во Музејот на град Скопје ќе биде ...

Шпицот на летните одмори ги празни градовите а сообраќајниот метеж се пресели кон граничните премини и патарините. Така е и денеска. Најпрво гужви имаше кон излезите од Скопје и скопската обиколница, а потоа и на патарините. На патарините меѓу Тетово и Гостивар има километарски колони на возила од кој најголем дел се упатуваат кон Охридскиот регион. Шпицот на летните одмори ги празни градовите а сообраќајниот метеж се пресели кон граничните ...

Македонската кинематографија годинава ќе биде претставена на 31. Сараево Филм Фестивал со три филма во официјалните натпреварувачки програми, четири меѓународни копродукции со македонско учество и претставници во престижните индустриски програми на фестивалот, соопшти Агенцијата за филм. Во Натпреварувачката програма за долгометражен игран филм ќе бидат прикажани „17“ во режија на Косара Митиќ и „Скејтбординг не е за девојчиња“ во режија на ...

Надлежните институции веќе постапуваат по пријавата, која пристигнала до Град Скопје, за појава на непозната материја, која од реката Лепенец се влевала во реката Вардар. Како што информира скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук, по пријавата инспекциски служби на Градот, но и на Министерството за животна средина веднаш излегле на терен. -Пред околу околу час и половина, до нас како град Скопје пристигна пријава за непозната ...

Советниците од Движењето ЗНАМ за Наша Македонија вчера ја поддржаа Одлуката за донесување на Правилникот за еднократна парична помош за граѓаните погодени од неодамнешното невреме, затоа што сметаме дека во вакви ситуации граѓаните не смеат да бидат жртви на политички препукувања, се наведува во партиското соопштение. Поддршката на оваа мерка, сепак, не значи и премолчување на сериозните правни недостатоци што ги содржи правилникот. Во текот ...

По повод годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, Град Скопје утре организира бесплатен панорамски разглед на градот. Како што информираат од Град Скопје, со панорамски автобус и професионален туристички водич од Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници, граѓаните ќе имаат можност да го запознаат Скопје какво што било пред земјотресот, да ги откријат приказните за објектите што биле ...

Вечерва, 24.07.2026г. (петок), со почеток во 20:30 часот во Салон 19’19 (Културно информативен центар) ќе се одржи камерен концерт на Алтус НЗ Ансамбл насловен „Континуитет“. Учествуваат: Гонца Богоромова Краповски – сопран, Елена Стојческа – флејта, Игор Иванов – кларинет, Мартин Димитров – виолина, Александар Лаовски – виола, Паскал Краповски – виолончело, Маријана Николовска – пијано, Roman Petiot – гитара, Pascal Gallois – уметнички ...

Во Националната установа Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, со поддршка на Министерството за култура и туризам, во периодот од 24 јули до 5 август 2026 година ќе биде поставена постхумната изложба циклус ,,Езерски брегови“, посветена на творечкиот опус на академскиот сликар Таки М. Павловски. Изложбата е дел од монографската едиција „55 години творештво (1966–2021)“ и претставува достоинствено оддавање почит на еден од ...

Состојбата во Македонија во вториот мандат на Трамп е неспоредливо подобра отколку што беше во минатото. Македонските политичари сакаат да кажат дека како држава независноста им ја должиме на САД и на нивната интервенција во Балканот, распоредувањето на симболични воени единици на нашата граница со Србија и дипломатските притисоци да не се дозволи проширувањето на српските војни кон југ. Не го спомнуваме моментот дека таа „независност“ ја ...

Романот „Само уште еден скок“ од Енис Хилми ќе биде промовиран вечерва во 19.30 часот во „Харбор клаб“ во Охрид. Промотори ќе бидат Ана Јовковска и Весна Мојсова-Чепишевска, а изданието е на „Светулка“ од Скопје. Луѓето мислат дека тие ги избираат кучињата. Но понекогаш… кучето е тоа што го избира човекот. Што би ви раскажало едно куче кога би можело да го раскаже целиот свој живот? Што ако ви раскаже за светот што одамна сме заборавиле да го ...

На 29 јули, со почеток во 21:00 часот, Влатко и Златко Миладиноски, заедно со оркестарот, ќе одржат голем концерт во магичниот амбиент на Античкиот театар „Хераклеја“ во Битола. Публиката ја очекува вечер посветена на македонската песна, исполнета со многу музика, емоции и внимателно подготвена сценска продукција. Влатко Миладиноски ќе настапи во придружба на оркестарот на Златко Миладиноски, составен од 30 музичари, кои ќе му дадат посебна ...

Германскиот автопроизводител „Порше“ наскоро би можел да почне нова рунда намалување на трошоците, вклучително и нови отпуштања. Германскиот производител поминува низ еден од најпредизвикувачките периоди последниве години. По веќе најавените 3.900 отпуштања за време на мандатот на Оливер Блуме, како што објавуваат медиумите, неговиот наследник размислува за намалување на дополнителни 5.000 работни места, а и мерки како што се намалување на ...

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис де ла Фуенте, изјави дека неговиот тим сè уште не го достигнал својот врв и оти најдоброто допрва доаѓа за репрезентацијата која под негово водство веќе ги обедини титулите европски и светски првак. Во интервју за шпанскиот весник „Марка“, по триумфот над Аргентина во финалето на Светското првенство, Де ла Фуенте рече дека чувствува гордост, емоции и наклонетост кон обединетата земја. ...

Вчера во 08:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„8“ во нас.Илинден, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.К.(42) од Илинден, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(18) од Скопје, патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.В.(32) од с.Миладиновци, скопско и патничко возило ...

Во екот на летната туристичка сезона, кога традиционално се зголемува обемот на туристички услуги и обемот на приходи од нив, Управата за јавни приходи информира дека спроведува координирани активности насочени кон поттикнување на доброволната даночна усогласеност и обезбедување еднакви услови за вршење дејност. Во фокусот на активностите се приходите што физичките лица ги остваруваат од краткотрајно издавање сместувачки капацитети – ...

Мек, сочен и миризлив колач кој ја носи целата убавина на летото во едно парче. Комбинацијата од свежи сливи и тесто создава едноставен, а неодолив десерт што е совршен за попладневно кафе или семејно дружење. Состојки: 3 јајца 6 лажици кафеав шеќер 13 лажици масло 13 лажици млеко 9 лажици меко пченично брашно 9 лажици остро пченично брашно 1 прашок за печиво 30 г ванилин шеќер 1 кг свежи сливи шеќер во прав за наросување Подготовка: Сливите ...

Позната далматинска Фејсбук-страница го разбранува интернет-просторот со идејата за забрана за фотографирање фискални сметки… Сѐ почна со фотографија направена со вештачка интелигенција на којашто авторот предупредува дека лажните сметки и лажните фотографии му штетат на хрватскиот туризам. Корисниците, очекувано, веднаш почнаа да се расправаат во коментари, за правата на потрошувачите, високите цени и слично. Секое лето, омилената навика на ...

Основниот суд во Приштина го осуди поранешниот градоначалник на Приштина, Шпенд Ахмети, на две години затвор и глоба од 5.000 евра за непријавување на целиот свој имот за време на неговиот мандат. Затворската казна ќе се издржи откога пресудата ќе стане правосилна, а глобата мора да се плати во рок од три месеци од правосилноста на одлуката. Судот го отфрли предлогот на Специјалното обвинителство за конфискација на непријавен имот во вредност ...

Шпанскиот фудбалски стратег Пеп Гвардиола (55) ја отфрли понудата да биде нов селектор на четирикратниот светски првак Италија, јавија денеска италијанските медиуми. Според истите извори, Гвардиола за својата одлука со писмо го известил новиот технички директор на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ), Паоло Малдини. Поранешниот трофеен тренер на Манчестер Сити, Баерн и Барселона, наводно, по неколкудневно размислување, сепак, одлучил да ...

Вчера во 18:00 часот во СВР Скопје, Д.З.(26) од Скопје пријавила дека околу 14:30 часот на подрачјето на Центар, додека се движела со нејзиното возило едно лице кое управувало мотоцикл за вршење на достава ѝ се доближило и агресивно се однесувало кон неа, по што почнало да ја следи. Откако застанала на семафор се обидел да ја отвори возачката врата, но откако не успеал ѝ го оштетил возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
0.9
45%
1017
weather icon

Белград

23ᴼ / 23ᴼ
2.68
60%
1015
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
0.68
60%
1015
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
0.09
57%
1018
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.1
57%
1017
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
0.65
82%
1016
weather icon

Атина

27ᴼ / 24ᴼ
3.13
58%
1013
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.46
61%
1015
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
2.93
33%
1015
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 17ᴼ
0.45
70%
1016
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 24ᴼ
1.79
61%
1016
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
1.5
100%
1013
Currency

61.5217

Currency

53.3307

Currency

71.9179

Currency

37.4195

Currency

38.0586

Currency

66.1057

Currency

7.89933

Currency

0.67321

Currency

0.33925

Currency

0.52457

Currency

1.12287

Currency

0.55908

Паладиум

40381.34

Рутениум

53852.50

Цинк

0.00

Бакар

13.08

Кобалт

56.29

Иридиум

252383.36

Сребро

1853.71

Родиум

265243.66

Алуминиум

3.19

Платина

52855.83

Калај

54.92

Злато

129943.67