По долга и тешка борба со редок вид на канцер, на 77 години почина хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан. Таа беше позната по својот остар, провокативен и често контроверзен стил. Со години, во своите текстови и јавни настапи, таа без срам коментираше за политиката, општеството, медиумите, бракот, семејството и положбата на жените, поради што редовно предизвикуваше силни реакции од јавноста. Таа е авторка на голем број романи и ...

Околу 100 чадори и лежалки, нелегално поставени, фиксирани и заклучени на плажата Геракини помеѓу првиот и вториот крак на Халкидики, утрово во акција на општина Полигирос биле отстранети и пренесени во погон за рециклирање, јави дописничката на МИА од Атина. Од општината информираа дека лежалките и чадорите зафаќале делови од плажата и го ограничувале слободниот пристап на капачите, а на акцијата ѝ претходело соопштение преку кое ги повикале ...

Еден од основите на здравата исхрана е поголемиот внес на овошје и зеленчук, но често постои дилема околу тоа колкава количина навистина ни е потребна. Иако правилото за пет порции дневно е добро познато, нутриционистите објаснуваат дека приказната е малку посложена и даваат совети за тоа колку овошје и зеленчук навистина треба да внесуваме, пишува „Express.co.uk“. Диететичарката Хејзел Шор објаснува дека препораката за пет порции дневно ја ...

Сите онколошки пациенти кои побарале финансиска помош и ги исполниле условите за поддршка се исплатени, соопшти градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Тој информира дека на јавниот повик аплицирале повеќе од 1.200 онколошки пациенти, при што повикот сè уште е отворен и заинтересираните граѓани можат да аплицираат. Заедно кога е најпотребно – сите онколошки пациенти кои побараа помош, се исплатени. Постојат моменти кога зборовите не ...

Професорот д-р Кристоф Бенедиктер во Куќата на Уранија на МАНУ во Охрид одржа свечена беседа по повод доделувањето на Светската награда на хуманизмот за 2026 година, признание што веќе две децении го доделува Охридската академија на хуманизмот. Бенедиктер, кој годинава е добитник на престижното признание, во своето обраќање се осврнува на значењето на хуманизмот, духовното и интелектуалното наследство на Охрид, како и за современите ...

На 24 август во Лабораториум од 13 часот ќе се одржи дебата „Културната инфраструктура пред Европската престолнина на културата 2028“ во организација на фестивалот Македокс. На дискусијата ќе се зборува за сериозниот недостиг на активни киносали и простори во кои филмот континуирано се прикажува и живее како културно искуство. „Иако градот има активни фестивали, филмски автори и заинтересирана публика, можностите за редовно гледање квалитетна ...

Американските тенисерки Серена и Венус Вилијамс ги споделија своите впечатоци од првиот заеднички натпревар по четири години. Тие немаа играно заедно од Отвореното првенство на САД во 2022 година. Денес, сестрите Вилијамс загубија од Украинките Марта Костјук и Американката Пејтон Стернс (2:6, 6:1, 8:10) во првото коло од турнирот во двојки во Синсинати. – Беше забавно и многу пријатно. На половина од натпреварот се чувствувавме како да ни ...

Вчера околу 15:00 часот во СВР Скопје, 59-годишниот Д.В. од Скопје пријави дека, додека управувал автобус на ЈСП, пред влез на село Цветово, скопско, забележал чад од предниот дел на автобусот, по што застанал и со противпожарен апарат го изгаснал пожарот. Повредени лица нема, а увид извршила екипа од СВР Скопје. Вчера околу 15:00 часот во СВР Скопје, 59-годишниот Д.В. од Скопје пријави дека, додека управувал автобус на ЈСП, пред влез на ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, присуствуваше на централната манифестација во Охрид по повод Денот на Армијата – 18 Август. Во рамки на одбележувањето, претседателот Гаши ја упати својата благодарност до сите припадници на Армијата за нивниот професионализам, посветеност и пожртвуваност во служба на државата и граѓаните. Силна, професионална и модерна Армија е столб на демократската држава, суверенитетот и институционалната ...

Раководството на клубот од „Олд Трафорд“ му понуди нов договор на Португалецот, но не доволно примамлив за него, објави новинарот Саша Таволери. Се забележува дека понудата вклучувала зголемување на годишната плата од 500.000 евра, што не било доволно за да го убеди Португалецот да го продолжи договорот. Претходно, Галатасарај наводно покажал интерес за играчот од средниот ред, нудејќи му 21 милион евра годишно. Раководството на клубот од ...

Двајца ученици загинаа, меѓу кои и напаѓачот кој си го одзеде животот, а уште две лица се ранети во вооружен инцидент што денеска се случи во средно училиште на југот на Филипините, соопштија локалните власти. Пукањето се случило во објектот на училиштето кое работи во склоп на приватниот универзитет „Атенео де Замбоанга“ (Ateneo de Zamboanga) во градот Замбоанга. Според првичниот полициски извештај, напаѓачот — ученик во деветто одделение — ...

Компанијата „Мета“, сопственик на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, се соочува со историска судска тужба во процесот што денеска започнува пред судот во сојузната американска држава Калифорнија, откако адвокатите на двете страни ги соочија аргументите околу клучните сведоци и висината на потенцијалната отштета. Коалицијата од американски сојузни држави ја поднесе тужбата уште во 2023 година, а четири држави — Калифорнија, Колорадо, ...

Новиот документарец „Прекрасна опсесија“, посветен на последните две сезони на тренерот Хозеп Гвардиола во Манчестер сити, прикажа сцена од соблекувалната на тимот за време на поразот на тимот од Јувентус во Лигата на шампионите со 2:0 во декември 2024 година. Гвардиола одржа емотивен говор, признавајќи им на своите играчи за неговиот развод. Луѓе, сакам да признаам нешто. Разведен сум од најубавата жена на планетата. Таа е моја сопруга, моја ...

На 17.08.2026 во 19:30 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.С.(24), постапувајќи по претходна пријава дека на 16.08.2026 во домот во скопско физички ја нападнал неговата 22-годишна бремена сопруга, соопшти денеска МВР. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 17.08.2026 во 19:30 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски ...

Полицијата во Скопје постапува по пријава против 25-годишен маж од скопско, кој е осомничен за кривично дело „полов напад врз дете“. Од МВР информираат дека вчера во 09:00 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со А.С. (25). Постапката следува по претходна пријава поднесена од 48-годишна жена, која пријавила дека 25-годишникот извршил обљуба врз нејзината 14-годишна ќерка. Според ...

На 17.08.2026 околу 10:10 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.Г.(47) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека турнал скала на која бил еден вработен на ЕВН Македонија, а потоа физички и со тврд предмет нападнал друг вработен во ЕВН додека извршувале службени дејствија, информира МВР. По целосно документирање на случајот Единицата за насилен криминал-Одделението за ...

Во текот на 2026 година Грција планира предвремено да отплати 13 милијарди евра од јавниот долг со што, според грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, земјата го остава зад себе негативниот рекорд на „најзадолжена држава на нашиот континент“, јавува дописничката на МИА од Атина. Преку објава на Фејсбук, Мицотакис посочи дека Грција континуирано го намалува јавниот долг од минатото побрзо од која било друга европска земја, објаснувајќи дека ...

На 17.08.2026 во 17:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на бул.„Видое Смилевски Бато“ во Тетово, патничко возило „опел корса“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.С.(20) од с.Слатино, тетовско, излетало од коловозот и удрило во И.Љ.(67) од Тетово, кој извршувал работни задачи во плац на правен субјект од Тетово. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.Љ., додека со телесни повреди се здобиле возачот и неговиот ...

Четврто лице во Македонија почина од западнонилска треска, со што бројот на жртви од вирусот во земјава се зголеми на четири. Информацијата денеска ја соопшти директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана. Тој посочи дека починатиот бил на возраст од 76 години и се лекувал 27 дена на Клиниката, но поради дополнителните придружни сериозни заболувања и тешката невроинвазивна форма на мозокот и мозочната обвивка во доцните ...

Во Грција значително расте бројот на случаи на западнонилска треска, при што до 12 август се регистрирани 110 заразени лица. Повеќе од две третини од случаите се во областа Атика, соопштија здравствените власти. Бројката е веќе повисока од бројот на случаи регистрирани во истиот период во претходните години. Посебно загрижува фактот што во 2018 година, која се смета за најтешка година во Грција, во текот на целата сезона биле регистрирани ...

Градот Скопје продолжува со спроведување на мерките за сузбивање на комарците и заштита на јавното здравје.Вечерва на подрачјето на градот ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против комарци за оваа сезона, со теренски третман против возрасните форми на комарци. Активностите ќе продолжат и во наредните денови. Согласно издадените налози, на 20 август ќе се спроведе теренска дезинсекција против возрасни форми на комарци, додека на 21 август, во ...

– Темното чоколадо е лек и точка. Еден од најдобрите лекови што постојат, со земање на 50 до 100 грама дневно темно чоколадо со 75 проценти или повеќе какао – вели д-р Симон Милс, британскиот експерт за фитотерапија (билна медицина), медицински билкар и автор во областа на природната медицина. Симон Милс (Simon Mills) е познат британски хербалист и пионер во современата фитотерапија. Дипломирал медицински науки на Универзитетот во Кембриџ и ...

Камерата за безбедност на сообраќајот во Европа којашто во 2025 година забележала најмногу прекршоци се наоѓа на автопатот А-7 близу Валенсија, Шпанија. Имено, лани со неа се регистрирани 90.766 казни за брзо возење. Ова значи дека оваа камера казнувала возач на секои шест минути, а ѝ донела дури 18,9 милиони евра на шпанската држава, објави „Ел Индепендиенте“. А-7 е еден од најважните патишта долж брегот на Шпанија, каде што обично може да ...

Дваесетгодишен француски државјанин бил пронајден мртов во Ксамил, Албанија, а како осомничен за убиството се споменува 29-годишниот Сократ Вата, по кого албанската полиција трага. Според информациите што ги објавија албанските медиуми, на младиот Французин му претходел конфликт во близина на плажа во Ксамил, по што тој бил нападнат со нож. Полицијата работи на расчистување на сите околности и трага по осомничениот. Случајот добива ...

Во 1967 година, во рамките на основањето и конституирањето на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Матичната комисија ги избрала првите 14 редовни членови на највисоката научна и уметничка институција во земјата. Меѓу првите академици се нашле истакнати имиња од македонската литература, уметност, наука и култура: Блаже Конески, Харалампие Поленаковиќ, Славко Јаневски, Ацо Шопов, Васил Иљоски, Никола Мартиноски, Михаило ...

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод 18 Август – Денот на Армијата, при што им оддаде признание на сите активни припадници, старешини, војници и ветерани кои, како што наведува, со одговорност и достоинство ја извршуваат својата мисија. „Со чест и благодарност им оддаваме признание на сите наши војници, старешини и припадници кои со одговорност и достоинство ја извршуваат својата мисија, во служба на државата, нејзините ...

24 август е голем ден за Македонија. Празник што се вика. Во календарчињата треба да биде пишан со црвени букви. Тој датум во иднина ќе биде познат како Св. Артан Чаирски. Заштитник на оние што веруваат дека функцијата е привремена, а слободата трајна, коментира авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“, која ќе биде емитувана утре. 24 август е голем ден за Македонија. Празник што се вика. Во календарчињата треба да биде пишан со црвени ...

Стратешки важната Ормуска Теснина ќе остане затворена за сообраќај сè додека Соединетите Американски Држави не ги исполнат сите услови од привремениот договор што го потпишаа со Иран во јуни – изјави главниот ирански преговарач Мохамад Бакер Калибаф во обраќање пред иранскиот парламент. Калибаф прецизираше дека условите на Техеран подразбираат целосно укинување на американската блокада врз иранските пристаништа, укинување на сите санкции ...

Православна црква и нејзините верници утре на 19 август го слават празникот посветен на Преображение Господово. На Преображението, небото исто така трипати се преобразува во ноќта. Во православието овој празник се вбројува меѓу 12-те големи Христови празници и е посветен на споменот на настанот на Христовото преображение на гората Тавор во Светата Земја (Израел), кога тој ги објави своите последователни страдања и слава. Како што известуваат ...

Владимир Чупиќ, еден од четирите лица уапсени под сомнение за подметнување пожари на 10 локации во Задарската жупанија, е сопственик на земјиштето во бенковачкото село Билјане Доње на кое со години се наоѓаше озлогласеното „Црно Брдо“ — депонија со околу 140.000 тони канцероген индустриски отпад, објави хрватскиот портал Нет.хр, повикувајќи се на извештајот на РТЛ Данас. Хрватската полиција го уапси Чупиќ заедно со уште двајца хрватски ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 0ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
89%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
0.544
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Калај

46.54

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Платина

49319.25