Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Фондацијата „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“ ги отвори трите први значајни јавни повици со кои започнува процесот на создавање на официјалната програма на „Скопје 2028“. Повиците се за доставување проектни предлози, за ангажирање домашни и меѓународни експерти за советодавна и програмска поддршка, како и за избор на независни домашни и меѓународни евалуатори кои ќе учествуваат во оценувањето на проектните предлози, а преку ...
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да им се извинат на семејствата на загинатите зашто пет години си играа со нивните чувства и емоции, да им се извинат и на граѓаните зашто пет години ширеа лажни вести и го загадуваа јавниот простор со невистини – рече денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во врска со вчерашната одлука на Обвинителството да го затвори предметот за модуларните болници. Филипче на прес-конференција истакна и дека СДСМ е ...
Од ВЛЕН реагираат на барањата на ДУИ за предвремени парламентарни избори, обвинувајќи ја партијата на Али Ахмети дека пред да зборува за легитимитет треба да одговори зошто, како што велат, никој од раководството не понел политичка одговорност по поразот на локалните избори. „Фолирантите од ДУИ, пред да отворат уста за избори, нека кажат зошто по поразот на локалните избори никој кај нив не понесе политичка одговорност“, велат од ВЛЕН. Од ...
Сите средства за прскање против комарци се безбедни за луѓето и се препорачани од Светската здравствена организација. Нема средства што се користат и што се небезбедни и опасни по здравјето на луѓето, истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство Сашо Клековски. За жал, посочи, поради реакциите на граѓаните, често прскањата не се прават во оптималното време за прскање. Оптимално време за прскање е самрак, кога комарците се ...
Времето утре сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец, соопшти УХМР. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Од недела и во следните денови температурата ќе биде во постепено опаѓање. Во ...
Активноста на приватниот сектор во еврозоната се искачи на деветмесечен максимум во август, покажа прелиминарната проценка на SiP Global. Композитниот индекс на менаџери за набавки се искачи на 52,1 од 52 во јули, дополнително оддалечувајќи се од прагот од 50 поени што го раздвојува растот од падот. Главен двигател на растот беше индустријата. PMI во производствениот сектор се зголеми од 51,9 на 52,8, што е највисоко ниво за повеќе од четири ...
Црниот дроб има важна улога во организмот – складира хранливи материи, произведува жолчка и учествува во разградувањето на штетните материи. За негово здравје не се потребни строги диети или детоксикации, туку ограничување на одредени намирници кои, доколку често се консумираат, можат да го оптоварат. На листата се сувомесните производи, како сланина, колбаси и разни нарезоци. Тие често содржат многу заситени масти, натриум и конзерванси, ...
Полицијата на границата и денеска на граничниот премин „Табановце“ ги проверува регистарските таблички и, доколку има прекршок, го запленува возилото и издава налог за плаќање на казната преку интернет или преку мобилна апликација. При читање на регистарските таблички на самата граница, системот „Безбеден град“ ја проверува базата на податоци за милисекунда и сигнализира до полицијата дали возачот сторил некој од прекршоците во текот на ...
Премиерот Христијан Мицкоски за време на денешната посета на Општина Прилеп, запрашан за споредба на просечната старосна пензија за време на владата на СДСМ и ДУИ и оваа влада истакна дека на месечно ниво таа се зголемува за 325% повеќе отколку во време на владеењето на СДСМ и ДУИ. Гледам како на отворена сцена опозицијата се препелка после она мое интервју дадено на еден национален медиум каде што направив споредба во зголемувањето на ...
Македонскиот јазик има свое цврсто место во светската културна ризница, а неговото зачувување, изучување и меѓународна афирмација остануваат важна институционална обврска, порача министерката за образование и наука Весна Јаневска на свеченото отворање на 59. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура во Охрид. Јаневска истакна дека образованието и науката се темелите преку кои се обезбедува иднината на ...
Здружението за субкултура „ПП ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ ПРИЛЕП“, организатор на Prilep Jazz Weekend, го најавува првиот настан од јубилејното 15. издание на фестивалот. Во недела, 23 август 2026 година, со почеток во 18:30 часот, на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука ќе се одржи концерт на познатиот македонски музичар Драган Даутовски. Настанот продолжува во духот на традиционалната соработка со Центарот за истражување на праисторијата, преку која ...
На следната владина седница во вторник ќе донесеме одлука со којашто ќе се формира овогодинешната училишна кошничка, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања. На следната владина седница во вторник ќе донесеме одлука за формирање училишната кошничка. И мислам дека во рамките на можностите сето тоа ќе биде атрактивно за родителите и за учениците. Така што во вторник имаме редовна владина седницва и тоа ќе ...
Светската поп ѕвезда Мадона, 68-от роденден го прослави во Грција, ги посети Метеора и островите Крф и Патмос, а на социјалните мрежи со нејзините фанови сподели фотографии, но и видео од прославата, кое пак го презеде и грчкиот премер Кирјакос Мицотакис ѝ и го честиташе роденденот, јави дописничката на МИА од Атина. – Роденден ми е. Сите станете и танцувајте, напиша Мадона за видеото придружено со истоимената нејзина песна. Во објавата што ...
Синоќа во присуство на поранешниот Претседател на Македонија професор Ѓорѓе Иванов со сопругата Маја и бројната публика беше отворена изложбата “90 години од раѓањето на Јован Петров” во Чифте Амам Јован Петров (1936–2011) дипломирал на Академијата за ликовна уметност во Љубљана, каде специјализирал конзервација и реставрација. Во текот на својата богата професионална кариера работел на заштита и реставрација на икони, фрески и слики, меѓу ...
Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со одлична динамика и првите километри се очекува да бидат пуштени следната година, информира денеска потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. Во текот на летово имаме добри бројки и добра динамика. Вчера имавме работен состанок и очекувам веќе следната година да има доста добри вести – изјави Николоски, кој со премиерот Христијан Мицкоски е во посета на општина ...
Предвремените парламентарни избори повторно се вратија во центарот на политичката дебата, откако премиерот Христијан Мицкоски порача дека власта е подготвена за изборно соочување доколку опозицијата официјално побара избори. Мицкоски рече дека Владата има мандат до 2028 година и дека нејзината опција остануваат редовни избори, но доколку опозицијата смета дека треба да има предвремени, ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да излезе на избори. „Ако ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Прилеп, рече дека како држава се справуваме најдобро со пожарите, имајќи го предвид фактот со се она што се случуваше ова лето со пожарите во другите држави како Франција, во Шпанија, во соседна Грција, Хрватска, Црна Гора, Турција и соседна Србија. Во 2024 година во јуни месец сите три воздухоплови или познати во јавноста како „ер трактори“ беа приземјени ...
Утре во земјава ќе се задржи многу топло време, со дневни температури кои на места се очекува да надминат 40 степени Целзиусови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Според прогнозата, од недела и во следните денови температурата ќе биде во постепено опаѓање. Во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. Утре во земјава ќе ...
Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција ја коментираше одлуката на Обвинителството да го затвори предметот за модуларните болници, при што особено се осврна на трагедијата во Тетово, во која во пожарот во модуларната болница загинаа 14 лица. Мицкоски посочи дека постапката трае пет години и дека во тој период во јавноста биле изнесени различни информации поврзани со случајот. Тој остро ја критикуваше одлуката на ...
Предвремените парламентарни избори повторно се вратија во центарот на политичката дебата, откако премиерот Христијан Мицкоски порача дека власта е подготвена за изборно соочување доколку опозицијата официјално побара избори. Мицкоски рече дека Владата има мандат до 2028 година и дека нејзината опција остануваат редовни избори, но доколку опозицијата смета дека треба да има предвремени, ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да излезе на избори. „Ако ...
Неверојатни сцени во Картахена.Брод со 62 мигранти пристигна во Кала дел Барко среде ден, додека плажата беше преполна со капачи и туристи. Луѓето го снимаа пристигнувањето на бродот, а некои се криеја од плажата од страв. Според податоците на Владината делегација во Мурсија, меѓу лицата што пристигнаа имаше 45 возрасни мажи, две возрасни жени и 15 малолетници, сите малолетници беа момчиња. По нивното пристигнување, Црвениот крст се погрижи ...
Вкупно 43 случаи на западнонилска треска се потврдени во Македонија, информираше денеска министерот за здравство. Од нив 40 се дефинитивно потврдени додека кај три случаи потврда има со еден тест. Бележиме први случаи на западнонилска треска во Центар и Чаир. Започна контролата и на птици. Имаме мртва птица со потврдена западнонилска треска во Скопје, гавран – истакна Клековски. Министерот додаде дека во скопскиот регион има 34 ризични ...
Би сакал да ја искористам оваа можност да потенцирам дека овие проекти се многу значајни за сите општини во Македонија. Ова што го кажа градоначалникот на Прилеп, но и потпретседателот на Владата и министер за транспорт дека со овие проекти додаваме вредност и го зголемуваме квалитетот на живот е вистина бидејќи имаме повеќе од 1.200 градилишта коишто се резултат на проектот за децентрализација на средства од централниот буџет кон општините. ...
Македонско семејство кое деновиве престојувало на одмор во Паралија, Грција, тврди дека останало без готовина откако непознато лице влегло во апартманот во кој биле сместени додека тие биле на плажа. За случајот за Мотика раскажува Дарко, кој побарал неговото презиме и останатите лични податоци да не бидат објавени. На одмор бил со сопругата и двете деца, а сместувањето го резервирале преку Booking. За пет ноќевања, како што вели, платиле 580 ...
НАТО верува дека одлуката за евентуално повторно отворање на мостот помеѓу Северна и Јужна Митровица за моторен сообраќај треба да ги земе предвид потребите на сите локални заедници, изјави функционер на Алијансата. Функционерот на НАТО го изјави ова како одговор на барањето на РСЕ Алијансата да ја коментира изјавата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во која тој изјави дека побарал од генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, КФОР, ...
Хрватска се подготвува за целосно нов начин на наплата на патарините, со кој постепено ќе исчезнат класичните наплатни рампи и долгите колони пред нив. Новиот систем ќе се базира на технологија за слободен проток на возила, што значи дека возачите повеќе нема да мора да запираат за да платат патарина. Наместо досегашните рампи, наплатата ќе се врши електронски, преку автоматско препознавање на регистарските таблички и преку уреди за ...
На 21 август 2026г. /петок/ од 20.00 часот во Ликовниот салон од ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи концерт на класична музика на кој ќе настапи ТРИО ДОЛЧЕ. Концертот е со поддршка на Министерството за култура и туризам. Учесници : Светлана Богданоска Ристеска – флејта, Андријана Дукоска – виолончело, Марија Шамоска Буџаковски – пијано Програма: 1. Astor Piazzolla – Libertango 2. Astor Piazzolla – Oblivion 3. Weber – Trio in G minor – Op. 63 for ...
Министерството за внатрешни работи ги известува сите граѓани на Република Македонија, а особено сопствениците и операторите на беспилотни воздухоплови – дронови, дека поради зголемениот обем на летачки активности на Одделот за воздухопловни единици, како и интензивниот ангажман на хеликоптерите на МВР во активности за гасење пожари, извидување, транспорт и други оперативни задачи на целата територија на државата, потребно е доследно ...
Целосен авторски проект, инспириран од сликовниците на Наташа Дукоска, продуцирана од наша, македонска продуцентска куќа, анимиран од македонско студио за анимација, сега и тематската музика ја потпишува актуелната Дина Јашари. Личи на Дуа Липа, музичкиот стил и е на Нора Џонс, но сега стана и автор на филмска музика за „Лефти и Рајти“. На прашањето што претставува компонирањето на музика за Лефти и Рајти, Дина Јашари во последното интервју ...
Сите службени возила со кои располагаат Град Скопје и јавните претпријатија се опремени со GPS уреди и се следат преку современ мониторинг центар. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски истакнува дека системот овозможува во реално време да се знае каде се наоѓа секое возило, по која маршута се движи, со која брзина, колку време е во движење, но и колкава е реалната потрошувачка на гориво. Кога со парите на граѓаните се раководи како ...