По повод одбележувањето на значајниот јубилеј – 25 години од формирањето на Единицата за брзо распоредување (ЕБР), министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на централната свеченост во Битола посветена на четвртвековното постоење и развој на една од најзначајните оперативни единици на македонската полиција. Единицата за брзо распоредување, од своето формирање во 2001 година до денес, помина низ континуиран процес на развој, ...

На тениското игралиште во Маврови Анови денеска ќе се одржи „Повторно на стаза“, настан посветен на повторна употреба, поправка, размена и пренамена на спортската опрема. Како што соопштуваат од Здружението за едукација, истражување и промоција на еколошки практики – БУКА, кои го реализираат настанот како дел од иницијативата за развој на пилот-модел за циркуларна спортска опрема во Маврово, во фокусот е прашањето што се случува со спортската ...

Германски суд пресудил дека ирачкиот мигрант кој турнал 16-годишна Украинка-бегалец пред товарен воз нема да отслужи затворска казна. Како што објавија гемански медиуми, Лијана К. избегала од Мариупол со своето семејство во 2022 година и живеела во Германија. На 11 август 2025 година, додека одела дома и разговарала по телефон со својот дедо, таа била турната на шините на станицата Фридланд. Возот ја удрил и таа починала од повредите. ...

Цената за транзит низ Панамскиот канал се зголемила за 16 пати, објави „Фајненшл тајмс“ Како што објавува изданието, 1,1 милион долари била цената на дневните аукции во август за премин низ Панамскиот канал, што е 16 пати повисока од претходната година. Просечната цена за премин низ големите брани на Панамскиот канал достигнала 2,5 милиони долари во последните недели, што е рекорд на сите времиња. Според весникот, зголемувањето е предизвикано ...

Воведувањето на системот „Сејф сити“ и наплатата на сообраќајните казни за странски возила предизвикува промени во изборот на граничните премини кон Србија. Според информации што се споделуваат во јавноста, дел од возачите кои имаат неплатени сообраќајни казни на преминот Табановце го избираат граничниот премин Пелинце – Прохор Пчински, со цел да избегнат задржување и плаќање на казните. На Табановце во изминатиот период имаше информации за ...

Бракот бара компромиси, трпение и подготвеност за прилагодување, но според астролозите, некои хороскопски знаци потешко се вклопуваат во рамките на долготрајните врски. Меѓу нив посебно ги издвојуваат Близнаците и Стрелците, кои наводно најмногу ја ценат слободата, промените и личниот простор. Близнаци – љубопитни и секогаш во потрага по нешто ново Близнаците се познати како друштвени, комуникативни и љубопитни личности кои сакаат нови ...

Дваесет и четиригодишен мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на улицата „Радишанска“ во Скопје. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена во 16:40 часот, а во неа учествувале „Фолксваген Голф“, управуван од 52-годишен скопјанец, „Фолксваген Тигуан“, управуван од 44-годишен жител на Скопје, и мотоцикл, управуван од 24-годишниот С.К. од Скопје. Во судирот ...

Системот „Безбеден град“ за само неколку месеци евидентирал повеќе од 310 илјади сообраќајни прекршоци, а податоците покажуваат дека значителен дел од нив се направени од возила со странски регистарски ознаки. Од 2 февруари до 20 август 2026 година, во системот се регистрирани вкупно 310.865 прекршоци, од кои дури 301.835 се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина. Особено впечатлив е податокот за возилата со странски регистарски ...

Гевгелија денеска беше најжешкиот град во државата, каде што мерните станици на Управата за хидрометеоролошки работи регистрираа максимални 41,6 степени. Исклучително висока температура од 40,5 степени е измерена и во Демир Капија. Топлотниот бран ја зафати речиси целата земја, а највисоки температури се измерени во јужните и централните предели. Во Велес термометрите достигнаа 40 степени, на Зајчев Рид во Скопје се измерени 39,8 степени, ...

Единицата за брзо распоредување (ЕБР) денеска во Битола одбележа 25 години од своето формирање, јубилеј посветен на четврт век служба во функција на безбедноста на граѓаните и државата. На свеченоста пред Офицерскиот дом беа истакнати улогата на единицата во безбедносниот систем, нејзиниот развој од формирањето во 2001 година до денес, како и заложбите за натамошна модернизација, опремување и професионално усовршување на припадниците. ...

Стресните ситуации се дел од секојдневието, но не реагираат сите луѓе на нив на ист начин. Додека едни брзо ја губат концентрацијата кога ќе се појават повеќе проблеми, други успеваат да останат присебни, јасно да размислуваат и да бараат решение дури и под голем притисок. Според астролошките толкувања, меѓу најсмирените се издвојува Јарецот, познат по дисциплината, одговорноста и фокусот кон целта. Кога ситуацијата станува тешка, Јарците не ...

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва ќе возврати со напади врз „најчувствителните економски сектори“ на Украина, откако Киев во текот на летото ги засили нападите со беспилотни летала врз руска економска инфраструктура. Путин оцени дека Украина со нападите врз руските економски цели ја „отворила Пандорината кутија“ и порача дека Киев треба да очекува одговор. „Киевскиот режим се обиде да ѝ нанесе штета на нашата економија. ...

На 28 август ќе се случи затемнување на месечината во знакот риби, а според астролошките толкувања, овој небесен настан може да донесе важни пресврти, завршетоци и нови почетоци. Затемнувањата на месечината традиционално се поврзуваат со кулминации, откривање вистини и донесување одлуки, па некои ситуации што долго време биле во неизвесност конечно би можеле да добијат разрешница. Затемнувањето ќе се случи на 5 степени во Риби, а неговото ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска, во својство на покровителка, им ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон. На престижната меѓународна спортска манифестација, која по 39-ти пат се одржа во Охрид, во женска конкуренција триумфираше аргентинската пливачка Матје Ален Пука, која го освои и традиционалниот ловоров венец. Победник во машка конкуренција е Алесио Окипинти од Италија, додека посебен успех ...

Почетокот на септември, според астролошките предвидувања, би можел да донесе финансиско олеснување за Овенот, Бикот и Водолијата. На некои ќе им пристигнат пари што долго ги чекале, други може да добијат поголема заработка или бонус, а на трети им се отвора нова деловна можност. Овен – Се враќаат пари на кои веќе не сте сметале Овните на почетокот на септември би можеле да добијат пари од извор на кој веќе не сметале. Тоа може да биде вратен ...

Претседателот на САД Доналд Трамп ја нарече Ормуската Теснина „американска територија“, додека Вашингтон продолжува со воената блокада на иранскиот поморски сообраќај и пристаништа, обидувајќи се да стави крај на војната со Иран, пишува „Гардијан“. – Дури и не знаеме дали победивме, бидејќи во моментов ја гледам Ормуската Теснина како американска територија, рече Трамп, обраќајќи се на митинг во Јужна Каролина на сенаторката Дарлин Греам, ...

Кавадарчанец во полиција пријавил измама од 3.200 евра, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. – Вчера во 14 часот во ОВР – Кавадарци, 37-годишен кавадарчанец пријави дека од ноември 2025 година до пријавувањето бил измамен за сума од 3.200 евра од М.А. Според пријавеното, тој го довел во заблуда дека ќе му помогне за лекување на член на неговото семејство за што му ги дал парите – информираа од СВР – Велес. Како што ...

Београдско драмски позориште (БДП) на 25 октомври (недела) ќе гостува во Драмски театар Скопје со претставата „Црно злато“ на еден од најзначајните македонски драмски автори Дејан Дуковски, а во режија на Хрватот Оливер Фрљиќ. Дуковски е автор на култните претстави „Балканот не е мртов“, „Буре барут“ и „Маме му ебам кој прв почна“. Во „Црно злато“ во центарот е едно семејство заглавено меѓу старите правила и новите идентитети, каде враќањето ...

Во гаснењето на големиот пожар што попладнево избувна во близина на Струмица се вклучи еден ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Според директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, и градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, засега огнот не успева да ги зафати куќите и викендичките во месноста Софилар и нема непосредна опасност за нив. Градоначалникот на Струмица, Јанков изјави дека засега нема поголеми материјални штети. По ...

Овен (21.03 – 20.04) Помошта од страна на вашите соработници ви доаѓа во вистинско време. Нема потреба да се грижите за доловните проблеми. Ќе успеете да оставите убав впечаток на лицето со кое флертувате. Бик (21.04 – 21.05) Избегнувајте трошоци во текот на денешниот ден бидејќи подоцна може да се покаете доколку претерате. Во љубовта ќе бидете склони на љубоморни испади. Близнаци (22.05 – 22.06) Ве очекува прилика да дојдете до подобра ...

Поранешниот премиер на Естонија и европски комесар Сиим Калас почина на 77-годишна возраст. Со голема тага објавувам дека мојот драг татко Сиим Калас почина синоќа“, објави неговата ќерка Каја Калас, високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, на Инстаграм. Калас беше првиот Естонец што стана член на Европската комисија, а функцијата ја презеде во 2004 година. Тој беше комесар за економски и монетарни прашања за ...

Во врска со пожарот кој попладнево изби меѓу населените места Баница, Водоча и месноста Софилар, ве информирам дека ги преземаме сите потребни мерки. Надлежните служби се на терен и работиме на негово гаснење, објави градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, на неговиот фејсбук профил. Ве повикувам да останете смирени бидејќи сите кои во моментов се на терен се координирани и работат согласно ситуацијата, а сите конкретни информации ќе бидат ...

По девет месеци, Обвинителството ја заврши фазата на изведување докази во судскиот предмет „Пулс“, кој се однесува на трагичниот пожар во дискотеката во Кочани. Во овој период биле сослушани сведоци и презентирани материјални и вербални докази поврзани со случајот. Еден од клучните докази во постапката е вештачењето на објектот, изготвено од седум експерти од Градежниот факултет, ангажирани по барање на Обвинителството. Според наодите од ...

Македонската репрезентативка во таеквондо, Милијана Рељиќ, го заврши настапот на Медитеранските игри во Таранто, Италија откако попладнево загуби во четвртфиналната борба во категоријата до 57 килограми. Подобра од неа беше претставничката на Тунис, Шаима Туми, која славеше со резултат 0:2 по две одработени рунди во салата „Џовани Паоло Втори“. Рељиќ претходно обезбеди пласман меѓу најдобрите осум откако успешно го мина првото коло на ...

Големиот пожар што избувна денеска напладне меѓу струмичките села Баница и Водоча и месноста Софилар, во непосредна близина на Струмица, делумно е ставен под контрола и со механизација се прават пресеци за да се спречи ширењето. Според последните информации од ТППЕ Струмица пожарот стигнал до населбата Софилар во Струмица, а командирот на струмичките пожарникари, Александар Гудев наредил евакуација на жителите. Директорот на Дирекцијата за ...

Италијанскиот пливач, Алесио Окипинти, е победник на 39-тиот Охридски пливачки маратон. Тој патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид во должина од 25 километри денеска ја исплива за 5:03.44 часа. Најдобар македонски претставиик денеска беше Петар Цеков кој низ целта мина како третопласиран. На целта на Кејот „Македонија“ пливачите ги пречека претседателката Гордана Сиљановска- Давкова која е главен покровител на маратонот. Наградниот ...

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, оствари средба со Претседавачот на Бордот на Обединетата македонска дијаспора, Арџи Белио. На состанокот беше договорена соработка која ќе оди во насока на откривање, мапирање и поврзувње на младите фудбалски таленти со македонско потекло ширум светот. Во следниот период ќе се работи на воспоставување соработка со македонските фудбалски клубови и заедници низ дијаспората, ...

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас претстојната сезона ќе настапува за Аталанта. Во моментов најдобриот македонски фудбалер во калчолигашот од Бергамо ќе игра како позајмен фудбалер од Лајпциг. Германскиот клуб и Аталанта може да се договорат за целосен трансфер по крајот на 2026/27 доколку Елмас ги исполни очекувањата. За Елмас, Аталанта е трет тим од Италија. Тој претходно во Серија А играше за Наполи и Торино. Македонскиот ...

Вчера во 19:10 часот во Велес, полициски службеници ја лишиле Ф.А.(41) од Велес. Како што се наведува во полицискиот билтен, таа била уапсена постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички го нападнала нејзиниот 70-годишен татко. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава. Вчера во 19:10 часот во Велес, полициски службеници ја лишиле Ф.А.(41) од Велес. Како што се наведува во ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги објави официјалните податоци за температурите измерени денеска во 14 часот низ градовите во Македонија. Најтопло е во Гевгелија каде живата во термометарот се искачи до 40,2 степени. Веднаш зад неа се Демир Капија со 39,1 и Струмица каде се измерени 38,8 степени. Високи температури се регистрирани и во останатите градови: Велес: 38,6 °C Скопје (Зајчев Рид и Петровец): 38,4 °C Кавадарци: 38,2 °C ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.54
64%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
85%
1026
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
71%
1022
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.89
62%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76

Кобалт

33.53