Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Пет победи на исто толку натпревари забележаа домашните екипи во почетното коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. На денешните два дуела домашните екипи забележаа убедливи победи. Најпрво Силекс го декласира Башкими со 6:0, а предмалку Шкендија Тетово го совлада Скопје со 3:0. Бранителот на шампионскиот трофеј, екипата на Вардар вчера ја совлада Брегалница од Штип со 2:0, додека Струга со 3:0 ја порази Шкендија Арачиново. ...
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Украина на крајот ќе ги изгуби своите западни територии, нагласувајќи оти левиот брег на реката Дњепар историски секогаш бил дел од Русија. Сигурен сум дека Украина порано или подоцна ќе ги изгуби овие западни територии. Она што им припаѓаше на Полска, Унгарија и Романија, порано или подоцна – можеби не утре, задутре, за една година, две, 10 или 15 – историски ќе се врати на своето место, ...
Дали безбедни граници, безбедни градови и разумно трошење се принципи кои можат да се наречат десничарски и крајни… Тоа се ставови на нормални луѓе“. Најбогатиот човек на светот Илон Маск во ексклузивното интервју за британски Економист со уредничката Зани Минтон Бедоус, пред три дена отворено застана против апсурдната и лажна карактеризација на десницата, особено од некои традиционални медиуми, истовремено разоткривајќи ги политичките ...
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Украина на крајот ќе ги изгуби своите западни територии, нагласувајќи оти левиот брег на реката Дњепар историски секогаш бил дел од Русија. – Сигурен сум дека Украина порано или подоцна ќе ги изгуби овие западни територии. Она што им припаѓаше на Полска, Унгарија и Романија, порано или подоцна – можеби не утре, задутре, за една година, две, 10 или 15 – историски ќе се врати на своето ...
Весникот „Македониум”, за првпат објави видео запис од посетата на митрополит Петар на Мала Преспа во 1991 година, веднаш по падот на комунистичкиот режим, во чиј период религијата беше забранета. – Постојат настани кои не се само дел од историјата, туку претставуваат сведоштво за непокорниот дух, верата и истрајноста на еден народ. Денеска првпат, објавуваме драгоцена архивска снимка од историската посета на Преспанско пелагонискиот ...
Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Един Џеко, се согласи да потпише нов договор со Шалке 04. Според новинарот Фабрицио Романо, 40-годишниот напаѓач, кој го напушти Шалке ова лето како слободен агент, ќе остане во германскиот клуб уште една сезона. Џеко ги отфрли понудите од италијанската Серија А и американската МЛС. Напаѓачот се приклучи на Шалке на 22 јануари 2026 година, откако му истече договорот со Фиорентина. Во сезоната 2025/26, ...
Албанскиот премиер Еди Рама, повторно реагираше на протестите и барањето за негова оставка, при што за првпат директно кажа дека нема намера да поднесе оставка. Според него, мандатот што го користи произлегува од гласот на граѓаните и не може да биде прекинат од барањата на демонстрантите. – Тие повторуваат дека не сакаат дијалог, не сакаат преговори, само сакаат моја оставка! Големо недоразбирање, напиша Рама на платформата Х . Вели тој нема ...
Албанскиот премиер Еди Рама, повторно реагираше на протестите и барањето за негова оставка, при што за првпат директно кажа дека нема намера да поднесе оставка. Според него, мандатот што го користи произлегува од гласот на граѓаните и не може да биде прекинат од барањата на демонстрантите. – Тие повторуваат дека не сакаат дијалог, не сакаат преговори, само сакаат моја оставка! Големо недоразбирање, напиша Рама на платформата Х . Вели тој нема ...
Блискиот Исток официјално е на работ на тотален хаос. Израел објави дека активно се подготвува за можна голема војна на повеќе фронтови во која би можеле да бидат вклучени Турција, Египет и Сирија. Во исто време, одбранбениот сектор брзо гради капацитети поради растечките загрижености дека конфликтот би можел да се прошири. Дали сме сведоци на застрашувачкиот почеток на Третата светска војна?, прашува „Политико.инфо View this post on ...
мериканскиот претседател Доналд Трамп ги паузираше нападите врз Иран за да „даде простор“ за обновување на преговорите, изјави денеска амбасадорот на САД во Обединетите нации, Мајк Волц, откако Иран објави дека нема да напаѓа сè додека САД не го сторат тоа. „Тој остава простор за преговори“, изјави Валц за Фокс њуз за одлуката на Трамп, без да открие дополнителни детали. Во текот на викендов имаше затишје во непријателствата меѓу Иран и САД. ...
Блискиот Исток официјално е на работ на тотален хаос. Израел објави дека активно се подготвува за можна голема војна на повеќе фронтови во која би можеле да бидат вклучени Турција, Египет и Сирија. Во исто време, одбранбениот сектор брзо гради капацитети поради растечките загрижености дека конфликтот би можел да се прошири. Дали сме сведоци на застрашувачкиот почеток на Третата светска војна?, прашува „Политико.инфо View this post on ...
Возачот на Мекларен, Ландо Норис е победник на денешната трка возена за Големата награда на Унгарија. Норис стартуваше од пол-позицијата и на крајот заслужено стигна до победата. На стартот, шампионот на Формула 1 го загуби водството од соиграчот Оскар Пјастри, но потоа го врати водството за време на застанувањата во боксот, додека Австралијанецот се повлече. Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, заврши втор, додека лидерот во сезоната, Андреа ...
Според водечкото саудиско спортско издание „Аријадија“, клубот на Кристијано Роналдо, Ал-Наср, е во длабока финансиска криза. На раководството му е забрането да потпишува нови договори додека не се најде решение. Една опција е продажба на дел од клубот. Долгот на Ал-Наср изнесува приближно 800 милиони ријали (над 200 милиони долари). Сепак, и покрај финансиската криза, Роналдо инсистира раководството на клубот да одобри засилувања за тимот да ...
– Барселона има намера да го продолжи договорот со шпанскиот фудбалер Феран Торес доколку страните успеат да постигнат договор за неговата плата, објавува „Марка“. Каталонците не се во можност да му понудат на 26-годишниот напаѓач значително финансиско подобрување поради ограничениот буџет за плати. Затоа, „Блауграната“ ќе има тешкотии да се натпреварува со условите што другите клубови, особено ПСЖ, се подготвени да ги понудат. Во сезоната ...
Германскиот министер за внатрешни работи Александер Добринт изјави дека сите досегашни сознанија укажуваат оти нападот во близина на манифестацијата „Christopher Street Day“ (CSD) во Берлин бил извршен од исламистички мотиви. Во нападот, што се случи во саботата вечерта во реонот на паркот Тиргартен, едно лице го загуби животот, а 29 се повредени, од кои неколку се во тешка здравствена состојба. По инцидентот, организаторите ја прекинаа една ...
Дваесет и осумгодишен жител на Прилеп е приведен рано утринава во Охрид, откако, според полицијата, агресивно се однесувал кон полициски службеници додека тие извршувале службени дејствија. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 26 јули 2026 година околу 05:10 часот, на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, полициски службеници го лишиле од слобода А.К. (28) од Прилеп. По извршеното алкотестирање било утврдено ...
Настапот на турскиот диџеј и продуцент Махмут Орхан на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид завршил со полициска интервенција, откако граѓани пријавиле нарушување на јавниот ред и мир поради прегласна музика. Како што информира СВР Охрид, на 26 јули околу 1 часот по полноќ била примена пријава за гласна музика од концертот. Полициски службеници излегле на терен и извршиле мерење на нивото на бучава со фонометар. При мерењето било утврдено ...
Возачот на Мекларен, Ландо Норис е победник на денешната трка возена за Големата награда на Унгарија. Норис стартуваше од пол-позицијата и на крајот заслужено стигна до победата. На стартот, шампионот на Формула 1 го загуби водството од соиграчот Оскар Пјастри, но потоа го врати водството за време на застанувањата во боксот, додека Австралијанецот се повлече. Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, заврши втор, додека лидерот во сезоната, Андреа ...
Иран ја обвини Украина за напад врз ирански трговски брод во Каспиското Море во саботата наутро, при што загина еден морнар, а еден беше повреден, објави денеска иранската новинска агенција ИРНА. Според агенцијата, која се повикува на иранското Министерство за надворешни работи, нападот бил предизвикан од експлозија на бродот. Нападот извршен од украинскиот режим врз ирански трговски брод во Каспиското Море, за кој шефот на тој режим ...
Американско-рускиот вселенски екипаж денеска безбедно слета на степите во Казахстан по осуммесечен престој на Меѓународната вселенска станица. Астронаутот на НАСА Крис Вилијамс и руските космонаути Сергеј Куд-Сверчков и Сергеј Микаев слетаа во капсулата „Сојуз МС-28“, која безбедно се спушти со падобран во означената област. Нивната мисија на орбиталната станица траеше 241 ден. За Вилијамс и Микаев, тоа беше прв вселенски лет, додека за ...
Човечки череп и други предмети се пронајдени во близина на македонско-албанската граница, во атарот на селото Лабуништа, по што надлежните институции започнаа истрага за утврдување на идентитетот на лицето и околностите под кои останките се нашле на оваа локација. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 25 јули 2026 година, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Лабуништа, при извршување службени ...
Локална нестабилност проследена со поројни врнежи од дожд и грмежи ќе го зафати поголемиот дел од земјава во текот на утрешниот ден, соопштуваат од метеоролошката служба. Според атмосферските анализи, на одделни места процесите ќе прераснат во краткотрајно невреме проследено со олуен ветер чија брзина ќе надминува 60 километри на час, а постојат услови и за изолирана појава на град. По овој привремен нестабилен бран, синоптичарите најавуваат ...
Двајца странски државјани се приведени на Граничниот премин Табановце, откако кај нив биле пронајдени марихуана и евра за кои постои сомнение дека се фалсификувани. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 25 јули, во 17:58 часот, на влез во државата, полициски службеници ги лишиле од слобода Х.Т. (24) од Германија и А.А. (27) од Србија. При пасошка контрола, гранични проверки и преглед на возило „Хјундаи“ со германски ...
Шест лица од струмичкото село Просениково заработија кривични пријави поради насилство, откако насилно влегле во куќа во селото Сарај и физички нападнале повеќе лица, меѓу кои и две малолетни деца. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднела кривична пријава против Б.Д. (22), Т.Ј. (49), С.Д. (47), В.М. (36), Г.Т. (42) и М.Т. (21), сите од село Просениково, поради ...
Доколку сте забележале мали црвени точки на кожата, не сте единствени. Во повеќето случаи станува збор за црешести ангиоми – бенигни промени на кожата кои настануваат поради проширување на ситните крвни садови. Познати се и како капиларни или сенилни ангиоми. Најчесто се со пречник од околу 2 милиметри, но кај некои луѓе можат да бидат и поголеми. Иако не се опасни и не се малигни, секоја нова или невообичаена промена на кожата треба да ја ...
Шеснаесетгодишно момче од скопското село Кондово починало вчера, откако му се слошило додека било на гости кај роднини во селото Сингелиќ. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 25 јули во 16:22 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив во бессознание бил донесен 16-годишник, кој по кратко време починал. Според информациите, момчето заедно со својата мајка престојувало кај ...
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и Јулија Циборовски, внуката на истакнатиот полски урбанист Адолф Циборовски, денес во Старата скопска чаршија ја открија спомен-плочата посветена на Циборовски, во знак на благодарност за неговиот придонес во обновата на Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година и за неговата посветеност на зачувувањето на историското наследство ...
Денес, со длабока почит и пиетет, се сеќаваме на жртвите од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје на 26 јули 1963 година, напиша премиерот Мицкоски на социјалните мрежи. Тој трагичен ден остави неизбришлива болка, но истовремено покажа дека кога сме обединети, можеме да ги надминеме и најголемите предизвици. Солидарноста што тогаш ја покажаа граѓаните и помошта што пристигна од целиот свет засекогаш го вградија Скопје меѓу градовите ...
На 26.07.2026г. (недела), во Салон 19’19 (Културно информативен центар) со почеток во 20:30 часот ќе се одржи камерен концерт – пијано рецитал насловен „Музички епилог низ вековите“ на Тоше Поп-Лазаров. „Музички епилог низ вековите“ претставува суптилно обликувано звучно патување низ емоциите и стиловите на романтизмот, во дијалог со современиот македонски музички израз. Преку делата на Шуберт, Шопен и Штраус, надополнети со „Пасторална ...
Управата за хидрометеоролошки работи предупредува на засилен ветер, со локални налети што може да надминат 60 километри на час. Граѓаните се повикуваат навреме да ги обезбедат балконите, терасите и дворовите и да бидат внимателни при движење на отворено. Саксиите, столовите, масите, тендите, чадорите и другите полесни предмети треба да бидат тргнати или добро прицврстени. При посилни налети тие може да бидат поместени, да паднат од височина и ...