МВР информира дека во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата уапсиле 11 возачи. Од нив, еден возач во Штип и еден во Демир Капија поради управување возило под дејство на алкохол, двајца во Битола затоа што управувале возило без да поседуваат возачка дозвола и седум возачи (двајца во Велес и по еден во Тетово, Куманово, Свети Николе, Битола и Ресен) затоа што управувале возило иако имале мерка забрана за ...

Можна ли е нова инвестиција во македонскиот банкарски сектор преку влез на реномиран меѓународен бренд е прашање кое заслужува внимание откако менаџментот на „Комерцијална банка“ АД Скопје во програмата на мерки и активности на деловната политика и финансискиот план на банката за 2026 година наведе дека обврската за евентуалното привлекување стратешки инвеститор останува една од приоритетните цели и задачи, открива денеска Блумберг. „Во 2026 ...

Истрагите во Србија и Босна и Херцеговина за наводни руски паравоени борбено-тактички кампови повторно ја отворија темата што Балканот значи во мапата на европските „сиви зони“: заднина за тренинг и логистика во операции што се водат далеку од овдешните граници, но се потпираат врз локални слабости, политички врски и институционални празнини. Поводот е случај што Молдавија го туркаше во јавноста во два наврати – пред претседателските избори и ...

31-вото издание на Индексот на перцепција на корупцијата (ИПК) на Транспаренси Интернешнл прикажува загрижувачка слика на долгорочен пад на лидерството во справувањето со корупцијата, со ограничени знаци на напредок. Корупцијата се влошува на глобално ниво, при што дури и воспоставените демократии бележат раст на корупцијата поради пад на лидерството, покажува Индексот на перцепција на корупцијата (ИПК) за 2025 година на Транспаренси ...

Денеска, 10 февруари 2026 година, премиерот на Косово, Албин Курти, е во официјална посета на Република Северна Македонија. Поради посетата, Министерството за внатрешни работи најави дека ќе се воведе посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Скопје. Според најавата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки на терен, што во пракса значи повремени запирања и пренасочувања на возилата, зависно од ...

Долговите на општините повторно излегуваат на површина како тивка финансиска криза што се гледа дури кога ќе се закочи некоја услуга или ќе се појават блокирани сметки. Според последните квартални пресметки за доспеани, а неплатени обврски, вкупниот долг на сите општини (заедно со Град Скопје) на крајот од декември 2025 надминал 90,4 милиони евра, што е раст од над 22 милиони евра за само три месеци во споредба со состојбата од септември. На ...

„Следниот чекор е одвојување на Република Српска како самостојна држава“ – со оваа порака денес, 10 февруари, лидерот на владејачката СНСД во ентитетот Милорад Додик повторно ја крена политичката температура во Босна и Херцеговина, врзувајќи ја сецесијата со победата на „неговиот кандидат“ на повтореното гласање за претседател на Република Српска. Според објавата, Додик најавува дека ќе предложи „враќање на сите надлежности“ кои по ...

Златото и денес, 10 февруари, се држи над психолошката граница од 5.000 долари за унца, по бурниот јануари во кој цената се движеше со нагли скокови и корекции, но остана во „рекордната зона“. На дел од пазарите се бележи тргување над 5.030 долари за унца, што за финансиските пазари е јасен сигнал дека инвеститорите и натаму бараат засолниште во реални средства. Во исто време, оваа глобална бројка има и приземна, „џебна“ димензија: цената на ...

Во Скопје повторно се поместува границата на „нормалното“: стан од 83 квадратни метри на територија на Општина Центар е продаден за 246.171 евра, а највисоката постигната цена по метар квадратен во последниот квартал од 2025 достигнала 182.404 денари. Ова не е само уште една бројка од пазарот, туку сигнал дека станбеното прашање се претвора во прашање на класна припадност – кој може да живее во градот, а кој мора да се исели на периферијата. ...

Не сме дојдени само по минимални плати, туку и за правдина, рече Иван Пешевски, претседател на Синдикатот за градежништво (СГИП) при Сојузот на синдикатите на Македонија, денеска пред Собранието на Северна Македониуја каде што се организираше блокадата која што ј најавија синдикатите. „Во име на работниците денеска го блокираме Собранието. Со цел да се зголемат платите, Како на минималната на 600 евра, та и на сите за 6000 денари, онолку ...

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) спроведе организирана блокада на влезовите кон Собранието на Република Северна Македонија во Скопје. Под водство на претседателот Слободан Трендафилов, работниците ги затворија улиците „Даме Груев“ и „11 Октомври“, оневозможувајќи им на пратениците пристап со службени или приватни возила до паркингот на законодавниот дом. Оваа тактика имаше симболична и финансиска цел: да ги принуди народните ...

Филмот „Motherwitch“/„Мајка вештерка“ во режија на Минос Папас, копродукција меѓу Кипар, Северна Македонија и САД ( Константинос Никифору, Минос Папас, Дарко Попов/ Caretta Films, Cyprian Films New York, Focus Pocus Films) беше прикажан во официјалната селекција на годинешното издание на Меѓународниот филмски фестивал во Ротердам. По проекцијата која се одржа во реномираната сала „Синерама 1“ во центарот на Ротердам, екипата на филмот беше ...

Неодамна генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, упати загрижувачки апел до земјите членки на заедницата на народите да си исполнат финансиските обврски за членството. Тој уште укажа дека игнорирањето на тие обврски се заканува со финансиски колапс кој може да се случи уште во јуни оваа година. Поттикнати од ова предупредување и апел, Рацин.мк одлучи да побара информација за тоа дали Северна Македонија ги исполнува своите ...

Друга тактика на авторитарните режими, вклучително и ВМРО, е креирањето на „надворешни непријатели“. Омразата кон Бугарија е само параван позади кој всушност се крие омраза кон Европската Унија. Ацо ЛУКАРОСКИ Македонија полека влегува во светското друштво на авторитарни држави. Тоа е само едниот дел од трагедијата. Другиот, уште пострашен дел, е што во тоа друштво сме единствената ‘мала’ и немоќна држава. Нема голема опасност за Русија, Кина, ...

Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“, во рамките на програмскиот сегмент „Зимски МакеДокс“, организира проекција на документарниот филм „Тата“ на Лина Вдови и Раду Чорнициу, проследена со дискусија со режисерите и со експерти на темата. Проекцијата на документарниот филм „Тата“ (Романија / Германија / Холандија, 2024, 84 мин.) ќе се одржи на 11 февруари (среда), во 20 часот, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар ...

Италијанската спортистка Франческа Лолобриџида (35) го освои златниот медал во трката на 3.000 метри во брзо лизгање на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина д’Ампецо. Овој триумф е нејзин прв олимписки златен медал, а времето од 3:54,28 минути што го постигна во трката претставува и нов олимписки рекорд, потврдувајќи ја како една од најдобрите спортистки на денешницата. Многумина веднаш го поврзаа нејзиното презиме Лолобриџида со ...

Најголемите компании за социјални медиуми во светот, оваа година се соочуваат со неколку високопрофилни судења, бидејќи се сметаат одговорни за штетата предизвикана кај децата при користење на нивните платформи. Првото судење започна вчера во Вишиот суд на округот Лос Анџелес, објавува АП. Матичнатна компанија на Инстаграм, Мета, и Јутјуб на Гугл ќе се соочат со обвинувањата дека нивните платформи намерно создаваат зависност и се штетни за ...

Претседателката на Покраинската влада на Војводина, Маја Гојковиќ, денес во разговор со претставници на Националниот совет на Македонското национално малцинство (НСМНМ) изјави дека Покраинската влада ќе ја поддржи изградбата на споменикот „Мајка Македонија“ во Нови Сад, што дополнително ќе ги продлабочи односите меѓу Република Србија и Република Северна Македонија. На состанокот била истакната добрата соработка што ја постигна НСМНМ со ...

Денес, вторник 10 февруари, Скопје се буди со слика што стана редовна во држава со ниски плати: работниците мора да ја блокираат институцијата што треба да ги претставува, за да ги натера пратениците барем да ја слушнат темата за минималната плата. ССМ најави синдикална блокада од 9 часот, со затворање на улиците „Даме Груев“ и „11 Октомври“, како директен притисок Собранието конечно да престане да се прави глуво за барањето за повисок ...

Секоја есен, милиони пеперутки монарх се впуштаат во опасно патување и летаат повеќе од 3.000 километри, од полињата на Канада па сè до шумите на Мексико, каде што ја поминуваат зимата. Оваа величествена миграција на пеперутки привлекува голем број туристи. Кога зимата ќе заврши, пеперутките летаат на север кон Соединетите Американски Држави, каде што ги положуваат своите јајца на растенијата. Со години, монархот се спротивставуваше на сè ...

Вечната дебата за тоа кој има повисок праг на толеранција на болка – мажите или жените – често се разгорува на социјалните мрежи, а аргументите најчесто се црпат од секојдневниот живот. Главниот адут во корист на жените е обично фактот дека тие се соочуваат со физички предизвици како менструални грчеви и породилни болки, поради што се сметаат за поотпорни. Оваа популарна теза одлучи да ја провери тимот на култната емисија MitBasteri. Тест со ...

Бакингемската палата објави дека кралот Чарлс III ќе ѝ даде поддршка на британската полиција која истражува обвинувања дека поранешниот принц Ендру му пренесувал класифицирани информации на осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн. Објавата дојде откако полицијата потврди дека истражува обвинувања дека поранешниот принц, Ендру Маунтбатен-Виндзор, му испраќал трговски извештаи на Епштајн во 2010 година. Полицијата во долината Темза, која ...

Македонскиот поп-пејач Даниел Кајмакоски (43), уметник од Македонија кој живее во Белград од 2019 година, беше жртва на киднапирање во ноќта помеѓу саботата и неделата во близина на Бетон Хол, каде што претходно имал сценски настап. Полициските службеници ги бараат сторителите на кривичното дело киднапирање кои се обиделе да избегаат во близина на Рума по потера. Потсетуваме дека киднаперите го возеле пејачот додека не стигнале до насипот, а ...

Претседателот на Централната изборна комисија (ЦИК), Крешник Радониќи, денеска потврди дека конечните резултати од последните парламентарни избори во Косово не покажуваат значителни промени во споредба со резултатите објавени веднаш по денот на гласањето. Според официјалните податоци, Движењето Самоопределување излезе како убедлив победник, освојувајќи 51,10 проценти од гласовите, што им обезбедува значително мнозинство и стабилна позиција за ...

Ново истражување сугерира дека финото подесување на начинот на кој митохондриите го оркестрираат својот механизам за производство на енергија може да влијае и на стареењето и на целокупното метаболичко здравје. Наследените гени играат многу позначајна улога во тоа колку долго ќе живееме отколку што претходно претпоставуваа научниците, покажуваат новите истражувања. Претходните студии проценија дека генетиката влијае на животниот век во опсег ...

Економијата на Германија се очекува да генерира околу 2 милијарди евра (2,4 милијарди долари) приходи за време на овогодинешната карневалска сезона, и покрај значително пократкиот празничен период, според прогнозата на Германскиот економски институт (IW). Најголемиот дел од националниот промет оди во рестораните и баровите, проследено со малопродажба, транспорт и хотелски престој, објави во неделата „Рајнише пост“, повикувајќи се на ...

Пазарите минатата недела беа погодени од силни турбуленции, откако стравувањата од затегнување на ликвидноста предизвикаа широко повлекување од ризични инвестиции низ сите класи на средства. Клучниот катализатор беше номинацијата на Кевин Ворш за нов претседател на Федералните резерви на САД, што повторно ги разбуди грижите за поагресивно намалување на билансот на централната банка, односно построго монетарно затегнување. Ризичните средства ...

Кога на најгледаната американска сцена ќе се појави 31-годишен Порториканец, ќе испее речиси цел сет на шпански, ќе ја наполни сценографијата со симболи од островот и ќе ја заврши пораката со „омразата не е посилна од љубовта“, тоа за дел од публиката е културен момент, а за дел – политичка провокација. Токму таму се „вклучи“ и претседателот на САД Доналд Трамп, кој по настапот на Бед Бани на Супербоул LX го нарече „апсолутно ужасен“ и ...

Делови од Општина Карпош денес, вторник 10 февруари 2026, ќе останат без вода поради уличен дефект на водоводна мрежа (ф-100 мм) на крстосницата Његошева/Софиска. Според ЈП Водовод и канализација – Скопје, прекинот во водоснабдувањето ќе започне во 09:00 часот и ќе трае до завршување на санацијата. Без вода ќе бидат корисниците на улиците Софиска, Његошева, Бриселска, Копенхагенска, Стокхломска, Петар Драганов и Гаврил Лесновски. Од практичен ...

Кога го покренавме Рацин.мк, идејата беше едноставна: медиум кој не трча по кликови по секоја цена, туку по вистински, проверени и значајни приказни. Место каде што новинарството не е остаток од минатото, туку алатка за подобро општество. Дигитален медиум со јасен став, критичко размислување и почит кон публиката. Во овие три години се водиме од неколку вредности што не ги менуваме: – чесна, проверена и точна информација – јасен, разбирлив, ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
87%
1015
weather icon

Белград

8ᴼ / 8ᴼ
5.66
67%
1016
weather icon

Загреб

9ᴼ / 5ᴼ
1.03
73%
1016
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
54%
1016
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
3.77
85%
1017
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 0ᴼ
1.03
73%
1016
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
74%
1013
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
76%
1013
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
58%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
3.09
74%
1017
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
3.09
57%
1016
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
5.66
100%
1013
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Родиум

358480.82

Кобалт

3.86

Паладиум

44753.84

Бакар

10.65

Платина

61858.04

Злато

144593.23

Калај

43.91

Рутениум

56199.51

Иридиум

258288.78

Алуминиум

3.19

Цинк

0.00

Сребро

2179.44