Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, кога ќе порасне сака да биде Трајко Славески. И тој како Славески вели дека јавната расправа за минималната плата во земјава е оптоварена со погрешни споредби и неточни заклучоци, при што, како што оценува, се „мешаат баби и жаби“. Во контекст на барањата минималната плата да достигне 600 евра нето и тврдењата дека Македонија е на дното во регионот, Клековски ...

Бризи Џонсон од САД победи на трката во спуст на Зимските олимписки игри во Коритина. Трката која беше во сенка на падот на Линдзи Вон, Џонсон за заврши со време од 1:36.10. Германката Ема Ајхер, зад неа заостана само четири стотинки и го освои сребрениот медал, додека третопласирана беше Италијанката Софија Гоџа. Џонсон со тоа го донесе и првиот медал и тоа златен за САД на овие Олимписки игри. Во генералниот пласман, засега, најуспешна ...

Италијанската премиерка Џорџа Мелони ги осуди антиолимписките демонстранти како „непријатели на Италија“ по насилството на протестот во Милано синоќа и саботажните напади врз националната железничка мрежа. Инцидентите се случија на првиот целосен ден од натпреварите на Зимските олимписки игри, чиј домаќин е Милано, италијанската финансиска престолнина, заедно со алпскиот град Кортина д’Ампецо. Мелони ги пофали илјадниците Италијанци кои, ...

Истрагата детално објаснета од „Катимерини“ открива како властите го открија 54-годишнио полковник од воздухопловните сили обвинет за протекување на доверливи воени податоци во Кина. Офицерот беше уапсен по истрагата покрената пред неколку месеци по предупредување од западна разузнавачка служба до Националната разузнавачка служба. Предупредувањето се однесуваше на активен член на вооружените сили осомничен за пренесување чувствителни ...

Тажно и неславно заврши настапот на 41 годишната американска скијачка Линдзи Вон во Кортина Д’ампецо. Таа во трката во спуст по само десетина секунди на патеката излета и падна обновувајќи ја својата повреда. Во моментот на падот шок завладеа на скијалиштето а трката беше прекината. Неколку минути потоа медицински хеликоптер дојде по Вон, пренесеувајќи ја во најблиската болница. Засега нема информации за Вон, која на овие ЗОИ се обиде да ...

Слично на другите големи меѓународни спортски натпревари со широка медиумска покриеност, како што се неодамнешниот фудбалски турнир за Африканскиот куп на нации во Мароко или Светското првенство следното лето во САД, Мексико и Канада, и Зимските олимписки игри 2026, исто така имаат геополитичка димензија. Како и со претходните изданија на Летните и Зимските олимписки игри, XXV Зимските олимписки игри ќе ги спротивстават стратегиите за мека ...

Скопјанката Сања Николовска Најдовски преку објава на социјалните мрежи сподели вознемирувачко сведоштво за напад од глутница кучиња кој, како што наведува, се случил рано наутро на скопскиот кеј. Според нејзиниот фејсбук статус, инцидентот се случил во вторникот, на 3 февруари, околу 4:30 часот, додека излегла да трча пред работа. Таа раскажува дека на дел од кејот, во близина на Палас, најпрво ѝ се приближиле неколку кучиња кои почнале да ...

Сообраќајот на државните патишта во земјава утрово се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, информира Авто-мото сојузот на Македонија. Во дел од правците е намалена видливоста поради магла, при што најкритично е на патниот правец Гевгелија – г.п. Богородица, каде видливоста се спушта до 60 метри, а магла има и на планинскиот премин Стража и во реонот на Маврово, со видливост до 100 метри. Од АМСМ потсетуваат дека до 15 март ...

Карпата, под која беше скриена надворешнополитичката стратегија на претседателот Александар Вучиќ, почна сериозно да пука. Не само што дождот не престанува, туку темните облаци се собираат сè повеќе и повеќе. Апелот на американскиот дипломат Гренел до Вучиќ Србија да престане да го следи патот на проблематичната Европска Унија и да почне да го следи патот на САД, сигурно првично му изгледал како музика за ушите на Вучиќ и знак на признание за ...

Според тврдења на српски медиуми, македонскиот пејач Даниел Кајмакоски синоќа околу 20.00 часот бил киднапиран во Белград. Според написите во Кајмакоски бил врзан и насила внесен во својот автомобил. Киднаперите наводно странски државјани, барале откуп од 20.000 евра и со возилото се упатиле кон градот Рума. Таму тие направиле сообраќајна несреќа по што успеал да ѝ избегаат на полицијата а Кајмакоски бил пронајден врзан во возилото. ...

Извршниот директор на „Вашингтон пост“, Вил Луис, објави во саботата дека поднесува оставка, три дена откако угледниот американски весник објави отпуштања на една третина од својот уреднички персонал. Луис го објави своето заминување во е-пошта од два пасуса до вработените во весникот, посочувајќи дека по две години од трансформацијата, сега е „вистинското време“ да се повлече. Финансискиот директор на „Вашингтон пост“, Џеф Д’Онофрио, е ...

Извршувањето на Буџетот за 2025 година откри сериозно потфрлање во однос на планот: вкупните буџетски приходи беа реализирани на 92%, а даночните приходи на 96% од планираното. Овој јаз меѓу проекциите и реализацијата ја отвори дилемата дали буџетот се соочува со ликвидносни притисоци, дали проекциите биле претерано оптимистички, или пак наплатата потфрла поради структурни слабости во економијата и фискалниот систем. Наместо да се третира ...

Началникот на Управата за криминалистичка полиција на Србија, Марко Кричак, ги смени началникот на Службата за сузбивање на зависноста од дрога и шверцот со наркотици, Раде Поповиќ, и заменик-началникот, Никола Ѓоковиќ. Поповиќ и Ѓоковиќ ја предводеа акцијата за откривање и конфискација на пет тони сува марихуана, вредна 50 милиони евра, која беше пронајдена во магацинот на функционерот на Српската напредна партија, Радет Спасојевиќ, во ...

Никола Јокиќ, синоќа постигна нов трипл-дабл во победата на Денвер против екипата на Чикаго со резултат 136:120. Јокиќ мечот го заврши со 22 поена, 14 скока и 17 асистенции за 33 минути поминати на теренот. Овој трипл-дабл беше 182-ри во НБА кариерата на 30-годишниот српски кошаркар. Со тоа, тој се искачи на второто место во историјата на лигата по постигнати тројни ефекти, надминувајќи го легендарниот Оскар Робертсон. Прв на списокот е ...

Што зборува за карактерот на еден човек, кој како висок офицер во АРМ им се закануваше на неговите претпоставени офицери во Генералштабот со фразата „долга е раката на ВМРО“ и кој малтретираше и клеветеше две министерки за одбрана со лаги за кои подоцна на суд се клањаше до земја од извинувања, што дури и неговиот адвокат од срам не знаел каде да гледа. Така сведочат очевидците на таквите сцени. Или онаа епизода кога како пратеник им ...

Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев преку социјалните мрежи ги демантира шпекулациите за негова наводна поврзаност со заплената на медицински канабис од неколку фабрики низ државата. „Јавно барам извинување од пратеникот Петрушевски и од партијата ВМРО-ДПМНЕ за сите тие лаги, клевети и навреди, вклучително и намерната злоупотреба на моето име во таа режирана драма околу конфискацијата на десетици тони медицински канабис, поради ...

Четири лица загинаа, а неколку се повредени денес во серија лавини во северна Италија. Во алпскиот регион Валтелина, лавина погоди тројца скијачи, при што загинаа двајца. Италијанската планинска служба за спасување во Трентино пријави две лавини, при што во секоја од нив загина по едно лице. Инцидент имаше и во долината Аоста на границата со Швајцарија и Франција, каде што лавина однесе две лица од група од пет скијачи. Сепак, благодарение на ...

Поранешната германска министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, ги отфрли повиците за бојкот на овогодинешното Светско првенство во фудбал, како одговор на агресивните политики и заканите за анексија што ги искажа американскиот претседател Доналд Трамп. Бербок, која сега е претседател на Генералното собрание на Обединетите нации, изјави за медиумската група RND во коментарите објавени во петокот дека таков потег би влијаел и на Канада ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон во среда за да разговараат за преговорите со Иран, соопшти кабинетот на Нетанјаху. Ирански и американски претставници одржаа индиректни нуклеарни разговори во главниот град на Оман, Мускат, во петокот. Двете страни изјавија дека наскоро очекуваат нови разговори. Регионален дипломат информиран од Техеран за разговорите, за Ројтерс изјави ...

Во јануари 2026 година, случајот со приведувањето на двегодишно девојче во Минесота од страна на американската имиграциска служба ICE стана симбол на поширок проблем – начинот на кој функционира системот за задржување и старателство на малолетници во рамки на имиграциските операции. Инцидентот, документиран од повеќе медиуми и правни организации, покажа како административните процедури можат да го надминат принципот на најдобар интерес на ...

Првиот натпреварувачки ден со поделени медали на Зимските олимписки игри Милано Кортина 2026, 7 февруари, донесе три златни приказни и силна домашна еуфорија во Италија, но и доминација на Шведска во нордиските дисциплини. Во алпско скијање, машкиот спуст на патеката „Ставлио“ во Бормио ја даде првата олимписка титула на игрите. Швајцарецот Фрањо фон Алмен стигна до златото со време 1:51.61, пред Италијанецот Џовани Францони, додека бронзата ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на 7 февруари 2026, на собир во Сомбатели, ја нарече Украина „непријател“ на Унгарија, објаснувајќи дека Киев, според него, постојано бара од Европската унија преку Брисел да ѝ го „исклучи“ пристапот до евтина руска енергија. Настапот беше дел од серијата „антивоени“ собири на иницијативата „Дигитални граѓански кругови“, објави Index.hu. Клучната поента на Орбан не беше геополитика во класична смисла, туку ...

Првиот целосен натпреварувачки ден од Зимските олимписки игри во Италија почна со транспортен удар што брзо излезе од рамките на „обична“ доцнежна линија. Во саботата, 7 февруари 2026, железничкиот сообраќај беше сериозно нарушен откако се пријавија повеќе инциденти во и околу Болоња, клучен јазол што ги врзува север–југ и исток–запад коридорите на земјата. Доцнењата се прелеаја и на брзите линии и на меѓуградски и регионални возови, во ден ...

Во вторник, 10 февруари 2026, Собрание на Република Северна Македонија треба да биде првата станица на синдикалната ескалација: Сојузот на синдикати на Македонија најави протест со блокада пред законодавниот дом во Скопје, со почеток во 9 часот, како притисок за прифаќање на барањата за повисок минималец и линеарно зголемување на останатите плати. Во срцето на спорот стои конкретна математика што различно ја читаат синдикатите, работодавачите ...

Февруари е месецот кога реално почнува летниот буџет. Не затоа што тогаш се резервира „најдобрата плажа“, туку затоа што после јануарскиот удар од сметки, празници и непланирани трошоци, домаќинствата конечно влегуваат во ритам во кој може да се одвојува постепено, без да се крши куќниот буџет. Во таа логика, најскапо не е „далечната дестинација“, туку одлуката да се организира сè во последен момент. Првиот чекор што ја менува математиката е ...

Денес, недела (8 февруари 2026), Македонија влегува во влажен бран со дожд/повремени поројни епизоди претежно во ноќните и утринските часови, а потоа постепено смирување и повеќе суви паузи, особено попладне. Највисоките дневни температури ќе се движат главно меѓу 6°C и 14°C, со најтопло во Скопската Котлина и Полог, а најладно во повисоките и источните подрачја. Поради натопена подлога, во западните краишта (Охридско-Струшко, Полог, делови ...

Американската криминалистичка серија „Bones“, која првпат беше прикажана во 2005 година, повторно добива силен интерес кај публиката на Netflix, повеќе од две децении по премиерата. Серијата, позната по форматот „случај на неделата“, го следи необичниот тандем на форензичката антропологинја Темперенс „Bones“ Бренан и агентот на ФБИ Сили Бут, кои решаваат убиства во случаи кога остануваат малку траги, најчесто врз основа на пронајдени човечки ...

На 6 февруари се одбележува роденденот на Боб Марли – уметникот што регето од локална јамајканска сцена го претвори во глобален јазик на отпор, надеж и заедништво. Роден во 1945 година во селото Најн Мајлс на Јамајка, Марли стана светска икона чии песни и денес се слушаат како саундтрак на борби за правда и лична слобода, а се проценува дека има продадено повеќе од 75 милиони носачи на звук. Неговата приказна започнува далеку од сценските ...

Во Иран се бележи нов бран јавен гнев по насилното задушување на протестите во јануари, а семејства на загинати, студенти и здравствени работници продолжуваат да упатуваат пораки против властите. Погребите и комеморациите за загинатите сè почесто се претвораат во места за протестни извици, додека на универзитети се организираат седечки протести и собири за поддршка на приведени колеги и лекари, покажуваат видеа и извештаи што ги пренесуваат ...

Најмалку двајца војници од велешката касарна се заразени со шуга, а бројот на лица што се во изолација е поголем, објави ТВ24. Извори од касарната тврдат дека најмалку десетина војници се изолирани, а дел од нив биле однесени и на болнички прегледи. Според сведочењата, симптомите кај дел од војниците се појавиле пред неколку дена, најпрво како силно чешање и осип по телото, а потоа кај дел од нив се јавила и температура. Истите извори ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
71%
1015
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
5.14
63%
1016
weather icon

Загреб

10ᴼ / 8ᴼ
0.51
69%
1016
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
55%
1016
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
3.06
85%
1018
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
0.76
77%
1016
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
5.36
70%
1013
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
58%
1013
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
3.6
47%
1014
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 7ᴼ
3.6
72%
1017
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
52%
1017
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
6.17
93%
1013
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Родиум

358480.82

Цинк

0.00

Злато

144593.23

Кобалт

3.86

Алуминиум

3.19

Паладиум

44753.84

Иридиум

258288.78

Калај

43.91

Сребро

2179.44

Рутениум

56199.51

Бакар

10.65

Платина

61858.04