Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Во московските институции што ја држат касата на државата, последниве недели расте нервозата дека финансискиот притисок може да прерасне во криза уште до летото 2026. Според извештаи што се повикуваат на лица запознаени со разговорите во врвот, во Кремљ сè почесто се отвора сценарио во кое комбинацијата од пад на приходите, тврдата монетарна политика и воените трошоци ќе го стегне системот до точка на прекин. Клучниот аларм е на страната на ...
Коалицијата предводена од Санае Такаичи обезбеди двотретинско „супер-мнозинство“ во Долниот дом на парламентот на Јапонија, отворајќи ѝ простор за брза реализација на две политички ветувања што доминираа во кампањата: даночни олеснувања за домаќинствата и забрзано зајакнување на одбранбените капацитети. Според објавените резултати, Либерално-демократска партија освои 316 од 465 пратенички места, а заедно со Партија на јапонските иновации ...
Денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжува судењето за случајот „Онкологија“, во кое на обвинителна клупа се поранешниот директор Нино Васев и двајца онколози. Фокусот на рочиштето се медицинските вештачења изработени од тим од Словенија по налог на Обвинителството, кои треба да објаснат како се применувале терапиите кај 29 пациенти опфатени со обвинението, во делот што се однесува на сомневања за отстапки во дозирањето и терапевтски ...
Синиша Каран е новиот претседател на Република Српска, но никој во Бања Лука нема дилеми кој останува вистинскиот владетел на ентитетот. Изборната победа е формално негова, суштински е уште една во низата победи на Милорад Додик, човек кој веќе три децении ја претвори Република Српска од поствоен ентитет во сопствен политички залог за преговори со светот. Наследник без автономија Синиша Каран доаѓа на позицијата претседател како класичен ...
Возачите треба да бидат свесни за две медицински состојби кои можат значително да ги влошат ефектите од отсјајот на фаровите, феномен што се јавува кога светлата на возилото што доаѓа од спротивната насока го заслепуваат возачот. Британскиот автоклуб RAC објасни дека луѓето кои страдаат од овој проблем може да имаат една од тие две состојби, и обете често се без симптоми во раните фази, така што можат да останат незабележани, Net.hr. Тивки ...
СДСМ утринава повторно го адресира прашањето како се случи незабележано да поминат 5 тони марихуана на македонската граница. После цела недела од објавувањето на картелскиот скандал со заплена на 5 тони дрога од Македонија во Србија нема одговор на клучното прашање: како 5 тони дрога поминала преку македонската граница? Станува збор за огромна количина на дрога. Пет, десет, можеби и повеќе шлепери со дрога ја поминале границата а нема ...
На седум вработени во крајно десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD) им е одбиен пристап до Долниот дом на парламентот, или Бундестагот, во Берлин од безбедносни причини. Портпаролот на АФД потврди во неделата дека петмина од нив работеле за индивидуални пратеници, а двајца биле вработени во парламентарната група на партијата. Тој додаде дека еден од двајцата засегнати вработени во парламентарната група повеќе не работи за ...
Трите најголеми рафинерии во Индија ги откажаа понудите за испораки на руска нафта во април и се очекува да се воздржат од такви купувања во наредниот период, објавија извори на Ројтерс од индустријата за трговија и рафинирање на нафта. Овој потег би можел да му помогне на Њу Делхи да склучи трговски договор со Вашингтон. Најголемите рафинерии во Индија – „Индијан Оил“, „Бхарат Петролеум“ и „Рилианс Индастрис“ – не прифаќаат понуди од трговци ...
Санае Такаичи, првата жена премиер на Јапонија од 21 октомври 2025, денес се потврдува како политичар што ја претвори личната биографија во државен проект: по распишувањето вонредни избори, нејзиниот конзервативен блок на 8 февруари 2026 доби силен импулс од гласачите, според излезните анкети и првичните резултати, отворајќи ѝ простор да ја турка агендата што ја прави и популарна и спорна. Епитетот „железна дама“ не ѝ доаѓа од дипломатска ...
Без ниту една официјална најава на кабинетот, ниту пак на неговите профили на социјалните мрежи, Српскиот претседател Александар Вучиќ денес пристигна во ненајавена посета на „Саемот на родниот крај“ (Сајам завичаја) на новосадскиот саем. Немаше најава ниту во програмата на веб-страницата на настанот, а сепак Александар Вучиќ се качи на сцената на Саемот „Татковина“ околу 10 часот утрово. Тој одржа петминутен говор пред публиката, по што го ...
Вториот ден на Олимпијадата во Милано–Кортина ќе се памети по драмата. Линдзи Вон, 41-годишната американска легенда, падна страшно на спустот само 13 секунди по стартот и беше евакуирана со хеликоптер, а нејзината сонародничка Бризи Џонсон го зеде златото во истата трка. Норвешкиот феномен Јоханес Хесфлот Клебо стигна до шесто олимписко злато во скијатлонот, Норвежанецот Сандер Ајтрем постави нов олимпискиот рекорд на 5.000 метри брзо ...
Мала научна студија спроведена во Велс откри дека децата што живеат во домови со шпорети на дрва вдишуваат повеќе од три пати поголема количина на ситни честички (PM) од децата што живеат во домови без такви шпорети. Истражувачите избраа 53 ученици од два училишни окрузи на островот Англси и им дадоа мали уреди за мерење на воздух, кои ги носеа на училиште и дома, за да следат колку загадување вдишуваат секој ден. Поголемиот дел од ...
Проширените последици од случајот Џефри Епштајн им се закануваат на политичките кариери од двете страни на Атлантикот, но последиците се одвиваат многу различно во Велика Британија и САД. Додека британскиот премиер Кир Стармер сега се соочува со најсериозната криза на неговото лидерство и покрај тоа што нема лична врска со Епштајн, американскиот претседател Доналд Трамп се чини дека е во голема мера изолиран од скандалот, иако неговото име се ...
Владата на Република Македонија постигна стратешки договор со Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) и Синдикатот на администрацијата и државната управа (САДУ) за зголемување на платите на 11.000 вработени за 40% до 2028 година. На прес конференцијата на која беше соопштена оваа одлука беше речено дека овој чекор има за цел долгорочна стабилизација на јавниот сектор. „Како и да е јас сум ...
На прашање на новинарка на прес конференција „како излегоа 5 тони канабис од Македонија во Србија”, премиерот Мицкоски премиерот рече дека немал информации дека запленетата марихуана во Србија била излезена од нашата земја и ја повика новинарката доколку има такви информации да даде исказ во Обвинителството. Досега нема јасна информација од институциите за потеклото и патот на запленетите 5 тона марихуана во Србија, но големата акција којашто ...
Вториот натпреварувачки ден на Зимските олимписки игри во Милано Кортина, 8 февруари, донесе седум финалиња за медал во алпско скијање, биатлон, санкање, брзо лизгање и сноуборд, со неколку тесни разлики и една драматична сцена на патеката. Во женскиот спуст на Олимпија деле Тофане, Американката Бриози Џонсон ја освои златната медала со време 1:36.10, пред Германката Ема Ајхер, која заостана само 0.04 секунди, додека бронзата ѝ припадна на ...
Оваа недела во поголем дел од земјава ќе помине во променливо и претежно облачно време, со повремени врнежи од дожд и релативно благи дневни температури за февруари. Понеделник (9 февруари) останува облачен со слаб дожд или „допир“ на дожд, со дневни температури околу 11°C во Скопје и околу 10°C во Штип, а ноќите ќе бидат поблаги со минимални вредности околу 5–6°C во низините. Во вторник (10 февруари) се очекуваат периоди на сонце и облаци во ...
20-годишниот Тервел Замфиров ја воодушеви цела Бугарија со бронзен медал на Олимписките игри во Милано-Кортина паралел слалом во сноубординг. Во своето олимписко деби, Замфиров ѝ го донесе првиот медал на Бугарија на Зимските игри по 20 години по неверојатна драма и фото-финиш во малото финале со Тим Мастнак од Словенија. Замфиров беше одличен во квалификациите во кои беше петти. Неговиот „лет“ до бронзата започна со победа во осминафиналето ...
Иранската добитничка на Нобеловата награда за мир, Наргес Мохамади, е осудена на уште неколку години затвор, изјави нејзиниот адвокат. Активистката за човекови права ја објави пресудата од затвор во североисточниот град Машхад, напиша нејзиниот адвокат Мостафа Нили на платформата X. Мохамади, која ја доби Нобеловата награда за мир во 2023 година, беше осудена на дополнителни шест години затвор за заговор и година и пол за пропагандни ...
По информацијата дека кај двајца новопримени професионални војници во велешката касарна „Алексо Демниевски – Бауман“ е констатирана шуга, со реакција се огласи Независниот синдикат на професионални војници, кој предупредува на, како што наведуваат, сериозно нарушени услови за живот и работа во дел од воените објекти низ државата. Од синдикатот посочуваат дека случајот во Велес не е изолиран, туку дека и во минатото имало слични ситуации кои, ...
Карлингот секогаш изгледал како спорт што случајно залутал на Олимписките игри: нема скокови, нема 140 км/ч, нема ни викање од судии – само мраз, „џиновски камења“ и луѓе што фанатично чистат пред нив. Но на ЗОИ Милано–Кортина 2026, токму овој тивок спорт стана еден од најупорните мотиви: од првиот натпревар до последното олимписко утро, Карлинот е постојано на екраните, со полни трибини и гласна домашна публика. Егзотичниот спорт што ги ...
Бугарските власти истражуваат убиство на шест лица поврзани со невладина организација за животна средина, а полицијата соопшти дека истражува неколку верзии за настаните, вклучувајќи ја и можноста убиствата да биле поврзани со секта. На почетокот на февруари, полицијата пријави убиство на три лица во планинска куќа во сопственост на невладина организација, која се наоѓа во близина на превојот Петрохан, јавуваат бугарските медиуми. Во тоа ...
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денес објави дека рускиот државјанин Љубомир Корба, осомничен за атентатот врз генерал-потполковник Владимир Алексеев во Москва, е приведен во Дубаи и екстрадиран во Москва, а идентификувани се двајца негови помагачи, исто така руски државјани, од кои едниот е уапсен, а другиот избегал во Украина. Според ФСБ, Виктор Васин е уапсен во Москва, додека Зинаида Серебрикаја избегала во Украина, која ...
МВР информира дека на 07.02.2026 во 23:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Партизански одреди” во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Д.(25) и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од 17-годишник, двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 17-годишен сопатник, кој се превезувал на мопедот, констатирани во Градската ...
„Каде што треба да одиме, владата нема да оди, а каде што тие би сакале да бидеме – ние не можеме. Тоа е вечен јаз помеѓу желбите и можностите. Често слушаме дека рациото е во Брисел, а срцето е во Москва. Но, зошто срцето е во Москва и врз основа на што? Што ја води земјата – мозокот што ви кажува што е добро за вас, или фантазијата за љубов кон некој што никогаш не ја вратил таа љубов? Нашата историја зборува реално, без оглед на тоа колку ...
Десетици илјади демонстранти се очекуваат во главниот град на Баварија за време на Конференцијата за безбедност во Минхен следната недела, соопштија градските власти. Досега, вкупно околу 120.000 учесници се регистрирани за протести, соопшти Канцеларијата за окружна администрација на Минхен. Демонстрациите поврзани со годишниот собир на глобални лидери и врвни претставници на одбраната и разузнавањето привлекоа поскромни толпи во последните ...
Руските сили го нападнаа Киев со балистички ракети. Во главниот град и во голем број други области е прогласена воздушна тревога, пишува Украинска правда. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, го потврди нападот. „Експлозии во главниот град. Киев е под балистички напад. Силите за воздушна одбрана дејствуваат. Останете во засолништата!“, рече Кличко. Тимур Ткаченко, началникот на градската воена администрација на Киев, исто така, објави ...
Таканаречениот договор којшто денеска е постигнат со УПОЗ е потврда дека Владата на Мицкоски не сака да ја покачи минималната плата на работниците на 600 евра, се вели во реакцијата од СДСМ. Оттаму, додаваат дека овој договор се однесува на само мал број административни службеници, околу 10.000 не земајќи ги во предвид сите јавни службеници како на пример вработените во државните акционерски друштва и останатите работници. „После две години ...
На 07.02.2026 во 12:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода О.В.(38) од Струмица. Тој се сомничи дека на 06.02. и 07.02.2025 година во два наврати учествувал во извршување на кривични дела измами, каде оштетени се 84-годишна и 68-годишна жителка на Струмица, а во еден случај во обид да биде измамена 77-годишна жителка на Струмица. Имено, откако едно лице им се јавувало на фиксни телефонски броеви на ...
Премиерот Христијан Мицкоски денес потврди два неоспорни факти што многу негови подредени се обидоа да ги негираат или манипулираат, се наведува во соопштението за јавност на Алијанса за Албанците на Зијадин Села. „Младите албански правници имаат право да го полагаат испитот по правосудство на албански јазик, додека за досегашното одбивање и кршењето на ова право, министерот за правда треба да биде разрешен бидејќи ги прекршил и законите и ...