Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Трамп во Одборот за мир стана точка на раздор меѓу Вашингтон и дел од европските сојузници, откако Италија и Полска јавно соопштија дека нема да се приклучат на новоформираниот Одбор, а Кипар останува во исчекување на заеднички европски став за иницијативата што првично беше врзана за Газа, но најавено е дека ќе добие поширок мандат. Од Рим, клучното образложение дојде преку шефот на италијанската дипломатија Антонио Тајани, кој посочи дека ...
Вечно недовршената базилика Саграда Фамилија во Барселона стана највисоката црква во светот, но споровите со локалното население се закануваат со ново одложување на конечното завршување на зградата чија изградба започна пред повеќе од 140 години. На скеле на платформа поставена 54 метри над земјата се наоѓа огромна камена плоча што ќе биде последниот дел од крстот на централната кула на Исус Христос. Висок кран ќе ја подигне до самиот врв, ...
Холандскиот производител на пиво „Хајнекен“ (Heineken) денеска најави значајна реорганизација на своето работење, која вклучува укинување на околу 6.000 работни места на глобално ниво и ревидирање на очекувањата за раст на профитот во тековната година. Одлуката доаѓа во период кога пиварската индустрија се соочува со променети потрошувачки навики, инфлаторни притисоци и зголемени трошоци за производство и дистрибуција. Според соопштението на ...
Смртта на фронтменот на „Нирвана“, Курт Кобејн, повеќе од три децении по трагедијата, повторно е во фокусот на јавноста. Независни форензички експерти неодамна изјавија дека околностите под кои славниот музичар починал во 1994 година можеби не се целосно разјаснети и дека постојат елементи што укажуваат на можност за насилна смрт. Според британскиот весник „Дејли меил“, група експерти, предводена од специјалистот Брајан Барнет, повторно ги ...
Албанскиот премиер Еди Рама денес изјави дека судбината на протестот на Демократската партија на Албанија, кој се одржа вчера, а во кој беа повредени 21 лице, од кои 19 полицајци, ќе биде испишана на изборите следната година со уште поголем пораз од претходните. На својот профил на мрежата „Икс“, тој реагираше на антивладините протести организирани од опозициската Демократска партија Сали Берише и објави фотографии од молотови коктели што ги ...
Вештак од Словенија, докторката Маја Равник од Медицинскиот факултет во Марибор, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје сведочеше дека кај дел од пациентите на Клиниката за радиотерапија и онкологија биле забележани сериозни отстапувања од протоколите и несоодветни терапии, во рамки на судскиот предмет „Онкологија“ во кој поранешниот директор Нино Васев и двајца онколози се обвинети за несовесно лекување. Според сведочењето, вештачењето ...
Европскиот парламент денес одобри заем од 90 милијарди евра за Украина, давајќи брзо зелено светло за голем пакет финансиска поддршка насочен кон одржување на јавните услуги и одбранбените капацитети на Киев. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го поздрави брзото усвојување на предлогот во парламентот, нагласувајќи ја континуираната посветеност на ЕУ на Украина. „Храброста на Украина е непоколеблива. Како и решеноста ...
Сојузот на синдикати продолжува со блокадите на институциите, како притисок за исполнување на барањата за зголемување на минималната плата на најмалку 600 евра и за зголемување на сите останати плати за најмалку 6.000 денари. Утре во 12 часот ќе се блокираат Стопанската Комора, Организацијата на работодавачи и Бизнис Конфедерацијата. Блокадата ќе започне на раскрсницата пред Стопанската Комора, каде, како што најавуваат од ССМ, ќе застанат 21 ...
Кинеската сноубордерка Лиу Џијају (33) беше изнесена на носилка по сериозниот пад на Зимските олимписки игри во Италија, предизвикувајќи голема загриженост кај гледачите и натпреварувачите. Несреќата се случила за време на нејзиниот полуфинален настап кога паднала на слетувањето и легнала на падината, по што брзо ѝ била укажана медицинска помош. Лиу, една од најпознатите кинески сноубордерки и освојувачка на сребрен медал на претходните Игри, ...
Garbage in, garbage out (GIGO) – кога во економската дебата се внесуваат селективни споредби, самопофалби и бројки без контекст, на излез добиваме лажна „четврта економија во Европа“. А во однос на она што граѓаните го чувствуваат, Македонија е 82-ра по квалитет на живот. Ова е разликата меѓу ПР приказната на Владата и реалноста во која живеат граѓаните. На ова укажува пратеникот и поранеше вицепремиер за координација со економските ресори ...
Снимката со Слободан Трендафилов, претседателот на ССМ, е професионална, индицира на работа на безбедносните служби, смета поранешниот шеф на военото разузнавање и професор по безбедност Владимир Пивоваров, во разговор за Рацин.мк за за видеото кое на социјалните мрежи го објави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска. Нашиот соговорник упатува на тоа дека снимката дефинитивнио не е аматерска. Снимена е од статив, со камера, а не со ...
Новата поетска книга од Владимир Мартиновски – „Со една четка два зајака”, ќе биде промовирана вечерва (11 февруари, среда) во 20 часот, во книжарницата „Литература.мк” во „Дајмонд мол”, во рамки на „Денови на литературата”. Книгата е дел од едицијата Македонски книжевни класици, во издание на „Арс Либрис”, дел од „Арс Ламина – публикации”. Промотор на изданието ќе биде Иван Џепароски, а настанот ќе биде збогатен со поетско читање во изведба ...
Трагичен вооружен напад во средно училиште во канадскиот град Тамблер Риџ, во провинцијата Британска Колумбија, однесе најмалку 10 животи и остави десетици повредени, соопштуваат локалните власти и медиуми. Жителите на заедницата го идентификувале осомничениот како 18-годишниот Џеси Стренг, поранешен ученик на училиштето. Според информациите што ги пренесе порталот „Вестерн Стандард“, станува збор за трансродово лице. Полицијата потврди дека ...
Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода седум возачи затоа што управувале возило без да поседуваат возачка дозвола. Од нив двајца во Скопје и по еден во Гевгелија, Богданци, Гостивар, Тетово и Битола. Возачот во Гостивар е малолетник, како и еден од возачите во Скопје, кој управувал мотоцикл. Лицата се приведени во полициска станица, ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски има намера да објави план за претседателски избори и референдум на 24 февруари, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на украински и европски претставници вклучени во планирањето. Според извештаите, како дел од планот што го разгледуваат американските и украинските преговарачи, секој можен мировен договор со Русија ќе биде поднесен на референдум од страна на украинските гласачи, кои истовремено би ...
Најмалку осум полицајци беа повредени во центарот на Тирана во вторник вечерта за време на масовниот протест на албанската опозиција против владата на премиерот Еди Рама, за време на кој демонстрантите фрлаа молотови коктели, ракети и други предмети кон полицијата. Како одговор, полицијата употреби солзавец и водни топови за да ја растера толпата. Според властите, четворица од повредените полицајци се примени во Трауматолошката болница, ...
На седницата на 10 февруари 2026 година, Собранието на Република Северна Македонија во прва фаза го усвои предлог-законот поднесен од пратеничката група на Левица, со кој се предвидува укинување на дискреционото право на директорите на јавните здравствени установи при вработувањето на нови лица. Со оваа промена, директорите повеќе нема да имаат „последен збор“ кој кандидат ќе биде избран, туку работодавниот орган ќе мора да го почитува ...
По поразот од Њукасл со 1-2 на домашен терен, фудбалскиот клуб Тотенхем го отпушти тренерот Томас Франк. Клубот од Лондон имаше амбиции да атакува на пласман во Лигата на шампионите, но во моментов „Спарси“ се наоѓаат на разочарувачкото 16-то место на табелата со минимални шанси да изборат место во европските натпреварувања. Ниту успехот во Лигата на шампионите и директниот пласман во осминафиналето не беше доволен Франк да ја задржи ...
Опозициската СДСМ тврди дека во земјата се одвива координирана политичка операција чија крајна цел е враќање на Никола Груевски и „целосно уривање на правниот систем“. Ова го соопшти Богданка Кузеска во одговор на новинарско прашање, во рамки на партиска прес-конференција одржана на 11 февруари 2026 година. Во изјавата се поврзуваат три линии на наратив: внатрепартиски промени, медиумска офанзива и кадровски/одлуковни потези во ...
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднела предлог-измени на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, со кои рокот за завршување на веќе започнатите легализации би се продолжил уште пет години, односно до 3 март 2031 година. Предлогот е поднесен по скратена постапка и доаѓа во момент кога важноста на актуелниот рок истекува на 3 март 2026, што, според предлагачите, би значело автоматско прекинување на илјадници постапки што се ...
Повеќе од една недела откако соседните српски власти запленија околу пет тони марихуана за која се тврди дека потекнува од Македонија, нема јасен одговор од македонските институции за тоа како толкав обем на дрога успеал да ја премине државната граница, соопштија од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ). Според објавите во медиумите во Србија, обвинителствата во двете држави добиле клучни податоци од американската Агенција за борба ...
Силен земјотрес, со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала, синоќа го погоди Косово, поточно Призрен во близина со границата на Македонија. Епицентарот на земјотресот бил 19 километри источно од Призрен и 15 километри северозападно од Тетово. Поради близината на епицентарот земјотресот беше почувствуван особено во западниот и северозападниот дел од државата, во Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар, Охрид и Струга, Куманово. Во одредени ...
Секторот за внатрешни работи во Охрид поднел кривична пријава против 42-годишен жител на Струга, откако кај него бил пронајден и одземен хашиш при полициска контрола во моментот кога излегувал од фабрика за производство на канабис за медицински цели во Охрид. Осомничениот се товари за кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Во истата информација на полицијата е ...
Претседателот на Сојуз на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, побара да се покрене постапка за одземање на пратеничкиот имунитет на Дафина Стојаноска, откако таа на социјалните мрежи сподели видео во кое се гледа како тој ги зема своите деца од училиште. На прес-конференцијата од 11 февруари 2026, Трендафилов тврдеше дека неговите деца биле следени и снимани, и побара кривичен прогон за лицата што стојат зад тоа, со оценка дека ...
Канадските власти соопштија дека во масовното пукање во местото Тамблер Риџ, во покраината Британска Колумбија, загинале 10 лица, меѓу кои и осомничената напаѓачка, додека над 25 лица се повредени. Според официјалните информации пренесени од меѓународните агенции, настанот се одвивал на две локации: во средното училиште и во дом за кој полицијата верува дека е поврзан со нападот. Полицијата пронашла шест жртви во училиштето, уште едно лице ...
Неколку часа по умерениот земјотрес со магнитуда околу 4,5–4,6 степени, со епицентар на територијата на Косово и почувствуван и во Северна Македонија, во текот на ноќта и рано наутро беше регистрирана серија послаби потреси низ поширокиот регион. Според објавените податоци, земјотресот во Косово бил почувствуван и надвор од државните граници, особено во северозападните делови на Македонија, каде што сеизмолошките настани од овој појас често ...
Од 1 јануари 2026, Агенција за храна и ветеринарство најави дека нејзините инспекциски служби нема да постапуваат по анонимно поднесени иницијативи за инспекциски надзор, повикувајќи се на новиот Закон за инспекциски надзор што почна да се применува од почетокот на годинава. Во пракса, тоа значи дека секоја иницијатива за вонреден инспекциски надзор мора да биде „уредно поднесена“: со назив на инспекцијата до која се поднесува, име и презиме ...
Утре во Берлин почнува 76. издание на Берлинале, фестивал што одамна не е само календарска точка за филмската индустрија, туку и тест за тоа колку Европа може да ја одбрани културата како јавен интерес. Во главната конкуренција 22 филма ќе влезат во трка за највисоките признанија, во година во која фестивалите сè повеќе личат на фронт меѓу киното како уметност и киното како содржина што мора да „се продава“ за да преживее. Ова издание трае од ...
Тешка сообраќајна несреќа на автопатот Скопје–Куманово, кај клучката „Хиподром“ и приклучокот кон скопската обиколница, заврши со пожар во кој целосно изгореа автомобил и камион со полуприколка. Според информациите од МВР што ги пренесува „360 степени“, незгодата се случила синоќа околу 23 часот, кога се судриле патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски таблички и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со неготински ознаки. Во судирот, ...
Во олимписките села најлесно се препознаваат малите делегации: не по помалку сон, туку по поголема тишина околу нив. Нема паради на логистика, нема „систем“ што ги турка напред наместо нив. И токму затоа, кога една мала земја ќе стигне до стартната линија на Игрите, тоа ретко е само спортска вест – повеќе личи на доказ дека некој издржал доволно долго за да му се отвори вратата. Од алпските патеки до нордиските траси, македонскиот тим ...