Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Од 1 јануари 2026, Агенција за храна и ветеринарство најави дека нејзините инспекциски служби нема да постапуваат по анонимно поднесени иницијативи за инспекциски надзор, повикувајќи се на новиот Закон за инспекциски надзор што почна да се применува од почетокот на годинава. Во пракса, тоа значи дека секоја иницијатива за вонреден инспекциски надзор мора да биде „уредно поднесена“: со назив на инспекцијата до која се поднесува, име и презиме ...
Утре во Берлин почнува 76. издание на Берлинале, фестивал што одамна не е само календарска точка за филмската индустрија, туку и тест за тоа колку Европа може да ја одбрани културата како јавен интерес. Во главната конкуренција 22 филма ќе влезат во трка за највисоките признанија, во година во која фестивалите сè повеќе личат на фронт меѓу киното како уметност и киното како содржина што мора да „се продава“ за да преживее. Ова издание трае од ...
Тешка сообраќајна несреќа на автопатот Скопје–Куманово, кај клучката „Хиподром“ и приклучокот кон скопската обиколница, заврши со пожар во кој целосно изгореа автомобил и камион со полуприколка. Според информациите од МВР што ги пренесува „360 степени“, незгодата се случила синоќа околу 23 часот, кога се судриле патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски таблички и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со неготински ознаки. Во судирот, ...
Во олимписките села најлесно се препознаваат малите делегации: не по помалку сон, туку по поголема тишина околу нив. Нема паради на логистика, нема „систем“ што ги турка напред наместо нив. И токму затоа, кога една мала земја ќе стигне до стартната линија на Игрите, тоа ретко е само спортска вест – повеќе личи на доказ дека некој издржал доволно долго за да му се отвори вратата. Од алпските патеки до нордиските траси, македонскиот тим ...
Канадските истражни служби сè уште не можат да утврдат што го мотивирало масовното пукање во местото Тамблер Риџ, во североисточниот дел на канадската провинција Британска Колумбија, при што загинаа 10 лица, меѓу нив и осомничената напаѓачка, а повеќе од 25 се повредени. Според полицијата, осомничената е идентификувана, но нејзиниот идентитет засега не се соопштува. Јавното предупредување испратено на мобилните телефони на жителите ја опишало ...
Американскиот претседател Доналд Трамп отвори нова фаза на притисок врз Иран: јавно кажа дека размислува да испрати и втор носач на авиони на Блискиот Исток, паралелно со обидите да се продолжат преговорите за спречување нова конфронтација. Во нормални околности, ова би било класичен сигнал за „одвраќање“. Во сегашните околности, тоа е и политичка порака дека преговорите нема да се водат како технички разговор за нуклеарни проценти, туку како ...
Во земја што речиси сите ја носат дигиталната стварност во џеб, парадоксално звучи кога ќе се измери: алатки за генерирана вештачка интелигенција користат 45,4 проценти од младите (16–24), значително под европскиот просек од 63,8 проценти. На прв поглед, бројката може да се чита како уште еден индикатор дека „каснеме“ зад Европа. Но под површината, таа кажува нешто покомплицирано: кај нас интернетот е масовен, дигиталните навики се силни, но ...
Солун се претвора во клучна точка на растечката мрежа на унгарско-српско стратешко партнерство – процес кој сè појасно ја напушта територијата на класичната дипломатија и се појавува како инструмент за регионално влијание врз оската Централна Европа – Балкан – Егејско Море, оценува агенцијата БГНЕС. Отворањето на унгарскиот конзулат во Солун официјално се претставува како административен потег за олеснување на туризмот, но неговото вистинско ...
Најмалку девет лица се мртви и 25 ранети, од кои двајца потешко, е исходот од масовното пукање во средно училиште во градот Тамблер Риџ во Британска Колумбија, Канада. Полицијата пронајде шест мртви во училиштето, седмата жртва почина на пат кон болницата, а уште две тела беа пронајдени во куќа во близина на училиштето. Напаѓачот е исто така мртов, а полицијата соопшти дека повредите се самонанесени. Досега, полицијата не го објави ...
Властите извршија рации во 11 објекти во Германија и Швајцарија поврзани со сомнителна малопродажна мрежа на екстремистички сувенири украсени со свастики и ликот на Хитлер, соопштија германските обвинители во вторник. Рациите се случија минатиот четврток и се фокусираа на 43-годишен главен осомничен маж, како и пет соучесници, соопштија обвинителите во Гетинген. Полициските службеници конфискуваа илјадници ЦД-а и плочи што содржат десничарска ...
Германија наскоро ќе зазема повеќе највисоки позиции во воената командна структура на НАТО отколку САД како резултат на новата распределба на одговорностите, изјавија извори за ДПА. Овој потег е дел од промената кон пофер распределба на товарите и одговорностите во рамките на НАТО, наведува алијансата во соопштение објавено во вторник. „Сојузниците се согласија за нова распределба на одговорностите на високите офицери низ командната структура ...
Денеска во 14.00 часот, Министерството за транспорт и врски оргтанизира јавна расправа за се предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање. Со нив министерот за транспорт Николоски ги внесува хотелите и хотелските комплекси со површина над 1000 м2 како градби од државно значење. Покана за оваа дебата добија повеќе државни институции и организации од стопанството и хотелиерството, како и неколку граѓански ...
Поради сообраќајна незгода на патот Куманово–Скопје кај клучката Хиподром, утрово е воведено пренасочување на возилата, информираат од Македонија пат. Засега, од полицијата нема дополнителни детали за околностите на незгодата. Информацијата доаѓа во услови на зимски режим на сообраќај: коловозите се претежно влажни, а на повеќе точки има намалена видливост поради магла. На планинските превои Плетвар и Стража видливоста е значително намалена, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за „Аксиос“ изјави дека очекува следната рунда разговори меѓу САД и Иран да се одржи во текот на следната недела. „Или ќе склучиме договор, или ќе направиме нешто многу тешко како минатиот пат“, истакна Трамп. Тој додаде дека размислува да испрати втора група носачи на авиони кон брегот на Иран. „Имаме армада што оди таму, а би можеле да испратиме уште една“, рече претседателот. Неименуван ...
Казни до 2.000 евра за нечистени имоти се предвидени со новиот закон „Активна борба“ на грчкото Министерство за климатски промени. Предлог-законот воведува нови правила за чистење на површините заради спречување на пожари. Покрај тоа, Националниот регистар за усогласеност со мерките за спречување на пожари повеќе нема да биде само формалност, туку ќе биде поврзан со декларации, инспекции и интервенции од страна на надлежните органи. Рокот за ...
Статус, коментар, лајк, дислајк, стикер, или каков било облик на изразен став кој навидум е бенигна дигитална реакција која ќе протече од тастатурата на телефонот во сајбер просторот, денеска е всушност реалност која е дел од секојдневниот социјален и емотивен живот на младите. Во пресрет на 10 февруари – Интернационалниот ден за побезбеден интернет, повторно се отвора едно суштинско прашање: ако младите се постојано онлајн, дали таму се ...
Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, најави дека наскоро ќе биде промовиран нов предлог-договор за уредување на односите меѓу Македонците и Албанците во Северна Македонија. Според него, договорот ќе се темели на концепт на фискална конфедерација или федерација, а не на територијална поделба. Во интервју за подкастот „Раштази“ на приштинскиот дневен весник Коха, Таравари истакна дека децентрализацијата ќе биде главниот столб на ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека, врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна и храна за животни (RASFF), спроведено е превентивно повлекување од пазарот на ограничен број серии формули за доенчиња од брендот „Аптамил“, поради можност за присуство на цереулид. АХВ наведува дека извршила итна инспекциска контрола кај увозникот и добила официјално известување дека производите ...
Посетата на владината делегација во Париз, со четворица министри и двајца градоначалници, е јасен сигнал дека Владата ја сфаќа тежината на моментот: Охридскиот регион е на чекор до сценарио во кое УНЕСКО ќе го стави на Листата на светско наследство во опасност. Во делегацијата се вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за култура и туризам ...
Општина Прилеп со големо жалење ја прими веста за одлуката на раководството на ФК Победа за повлекување на сениорската екипа од натпреварувањето во Втората македонска фудбалска лига, се вели во соопштението на Општина Прилеп. „Како институција која е секогаш посветена на поддршката на локалните спортски брендови, сакаме да ја информираме јавноста дека Општината во ниту еден момент не престана да презема активности за спас на клубот, но во тој ...
Во држава каде што често се мешаат спектакл и систем, најлесно е да се покаже доказниот материјал пред камера, а најтешко е да се покаже одговорноста по командна линија. Денес, премиерот Мицкоски и министерот Панче Тошковски преку видео-обраќање прикажаа дел од запленетата марихуана и порачаа дека „нема компромис со беззаконието“. Утре, јавноста ќе остане со истото прашање што упорно се турка под тепих: ако навистина постои сомнеж дека пет ...
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово, на околу 45 км северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML4.6 Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово, Гостивар ...
Вечерва во 22:05 часот е регистриран земјотрес со проценета јачина од 4,3 степени, а епицентарот, според првичните информации, бил на околу шест километри од општина Тераце. Потресот предизвика вознемиреност кај дел од граѓаните, а според објавените податоци бил почувствуван и во соседството, во Косово, Србија и Албанија. Засега нема информации за повредени или за значителни материјални штети. Во моментот на објавување, на страницата со ...
Италија доби олимписка вечер за паметење: домашната ѕвезда Аријана Фонтана освои злато во брзо лизгање на кратка патека со мешана штафета и ја крена арената во Милано на нозе. Норвешка и Шведска пак ги презедоа планините – со триумфи во скијачко трчање и биатлон, тие уште повеќе го зацврстија статусот на „северни“ зимски сили. Германија продолжи да владее во санкањето, а во алпското скијање женскиот тим на Австрија приреди изненадување против ...
Русија се надева дека „воената партија“, која се „закопа“ во Брисел и Лондон, нема да го запре движењето кон траен мир иницирано од лидерите на Русија и САД, изјави министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров. „Се надеваме дека „воената партија“, која се „закопа“ во Брисел, Лондон и некои други европски престолнини, нема да може да го запре тешкото, но многу потребно движење кон траен мир иницирано од лидерите на ...
По неколку дена политичка бура што ја разниша Даунинг стрит, британскиот премиер Кир Стармер излезе со јасна порака дека нема намера да се повлече. За време на посета на заеднички центар на југот на Англија тој порача дека „никогаш нема да се оддалечи“ од мандатот што го добил да ја промени Британија и дека „никогаш нема да се оддалечи“ од луѓето за кои е должен да се бори. Кризата се отвори како индиректна последица од објавување нови ...
Во 2025 година, Националниот центар за безбеден интернет обработи повеќе од 3,5 милиони пријави поврзани со нелегална содржина со деца на интернет. Податоците ги презентираше Георги Еленков од Националната мрежа за деца, по повод Меѓународниот ден на безбеден интернет. Сè повеќе бугарски деца размислуваат за самоубиство Според Еленков, секоја слика или видео што содржи сексуална експлоатација на дете се регистрира и обработува како посебен ...
Антикитера, малото грчко островче меѓу Крит и Пелопонез, повторно влегува во фокусот на јавноста поради програма што звучи како сон за „нов почеток“: бесплатна куќа и финансиска поддршка за семејства што би се преселиле таму. Според информациите објавени во регионалните медиуми, целта е едноставна – да се запре депопулацијата и да се врати животот во заедница која денес брои само неколку десетици жители. Клучниот „услов“, меѓутоа, е и ...
Повеќе од една недела, вниманието на јавноста во Бугарија е насочено кон еден мистериозен и вознемирувачки кривичен случај, обележан со речиси целосен недостаток на официјални информации и преполнување на претпоставки, неофицијални верзии и отворени заговори што циркулираат во медиумите и на социјалните мрежи. Во рок од седум дена, шест лица беа пронајдени мртви на Западна Стара Планина, претворајќи го случајот во една од највознемирувачките ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху оваа недела патува во Вашингтон на средба со американскиот претседател Доналд Трамп, со јасна цел да влијае врз насоката на обновените контакти меѓу САД и Иран. Според информации објавени од CNN преку сервисот CNN Newsource, Нетанјаху планира со Трамп да разговара и за можни воени опции против Иран, додека Израел подготвува сценарија ако преговорите меѓу Вашингтон и Техеран пропаднат. Израелската ...