Во тек е прес-конференција на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на која ја информираше јавноста дека Каја Шукова е кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје. Со оваа најава, социјалдемократите го отвораат новото изборно поглавје со порака дека влегуваат во локалната трка со силен и подновен тим. Шукова, поранешна министерка за животна средина и актуелен потпретседател на партијата, е првото големо име што СДСМ го испраќа во битката за главниот ...

Со попладневната одлука на раководството на СДСМ, Каја Шукова влезе во трката за Град Скопје како официјален кандидат на СДСМ. Името го соопшти лидерот Венко Филипче, кој ја претстави како „испитан професионалец со силен реформски багаж што може да ја врати довербата во локалната власт на метрополата. Која е Каја Шукова? Шукова е родена во Скопје на 1 јануари 1970 година. Дипломирала инженерска технологија на Технолошко‑металуршкиот факултет при ...

Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) предупреди дека дури 11,6 милиони бегалци и внатрешно раселени лица може да го изгубат пристапот до хуманитарна помош, поради сериозниот недостиг на финансиски средства предизвикан од намалувањето на странската помош од земјите донатори. „Ситуацијата е драматична. Нашата финансиска состојба е на работ на колапс“, изјави Доминик Хајд, директор за надворешни односи на УНХЦР. Според извештајот, ...

На повредените лица им е пружена медицинска помош, потврди Ѕвонко Томевски, командант на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје. Пожарникарите интервенирале со две возила во гаснењето на пожарот што избувнал во стан на втори кат во зграда на ул. „Кочо Рацин“, а поради зафатениот голем простор вкучено е дополнително потивпожарно возило. „Има повредени седум лица, со вдишување чад, веднаш се повикани медицински екипи и пружена им е ...

Србија повторно изгуби спор пред Европскиот суд за човекови права, овојпат во случај поднесен од турска транспортна компанија, чие возило било запленето поради нелегален транспорт на мигранти – без таа да биде обвинета за кривично дело. Според најновата пресуда, објавена на 24 јуни, државата мора да го врати камионот на компанијата „Чобантур Туризм Тиџарет ве Наклијат Лтд“, кој бил конфискуван во август 2016 година, откако граничната полиција ...

ВМРО ДПМНЕ го доведе до колапс системот за водоснабдување во Скопје. Ништо не остана од комуналната инфраструктура во главниот град. Власта треба да им објасни на граѓаните за чии интереси го доведе во ваква состојба системот за водоснабдување. Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје не поддржаа ниту една одлука за одржување на водоводниот систем, а загубите на вода се огромни, дури повеќе од 50%. Денес цената за незаинтересираноста на власта ...

МВР привело грешен човек за нападот врз градоначалничката Данела Арсовска во Чаир, покрај лицето С.Љ. кое заработи обвинителен предлог од Обвинителството за грубо насилство врз неа. Второто лице е ослободено и мерките што му беа определени му се отстранети затоа што Арсовска не го препознала како некој што ја навредувал и кој ѝ се заканувал. Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека еден од пријавените за закани кон градоначалничката ...

Американскиот Претставнички дом во вторник го усвои барањето на поранешниот претседател Доналд Трамп за намалување на речиси 9 милијарди долари од буџетот наменет за јавните медиуми и странската помош, во потег што предизвика поделени реакции меѓу законодавците. Со 216 гласови „за“ и 213 „против“, Претставничкиот дом изгласа нов закон кој предвидува кратење на 1,1 милијарда долари за Корпорацијата за јавно емитување (CPB) и околу 8 милијарди ...

Во светот кој се трка кон врвот во областа на вештачката интелигенција, тимот на Доналд Трамп не планира да игра на сигурно, целта е целосна контрола. Мисијата е јасна: да се воспостават Соединетите Држави како недвосмислен лидер во вештачката интелигенција и да се натера остатокот од светот да го следи нивниот технолошки водство. Оваа визија не е само за иновации; ова е стратешки потег што ќе ги препише правилата на глобалната моќ, со ...

Искуството покажува дека кога легалните приредувачи се потиснуваат преку рестрикции, пазарот на игри на среќа не исчезнува, туку се преместува во илегални објекти. Со тоа, се ограничува способноста на државата за реална и ефикасна контрола и се зголемува опасноста до нерегулираните места пристап да имаат и малолетниците кои сега се целосно заштитени поради нивниот строго забранет влез во легалните објекти на игри на среќа. Покрај тоа, сивата ...

Се шокиравте од насловот? Совршено! Значи барем дел од адреналинот ви проработе – токму онолку колку што ѝ недостига на јавната дебата во нормална држава во 2025 година. Ајде сега, да зборуваме за навистина нормални работи: Зошто уставната „еднаквост“ на мажи и жени (најмалку за што може да зборуваме) се нарушува, зошто половина од населението останува зад полициската рамка за вработувањето со предлогот за бришење на членот 96 од Законот за ...

Онлајн трговецот со огнено оружје GrabAGun, зад кој стои Доналд Трамп Помладиот, влезе на Њујоршката берза со громогласни патриотски скандирања, но само 48 часа подоцна стана уште еден пример дека славното име не е гаранција за пазарен успех. Акциите, тргувани под тикер‑симболот PEW, отворија на 21,40 долари, но првиот ден го затворија со минус од речиси 24 %, а следното утро паднаа и до 10,20 долари, што е повеќе од 50 % пад во однос на ...

Таксата за влез во Европската Унија, која првично беше најавена дека ќе изнесува 7 евра, наскоро ќе се зголеми на 20 евра, соопшти Европската комисија. Одлуката е резултат на инфлацијата и зголемените оперативни трошоци за одржување и надградба на системот ETIAS – Европскиот систем за информации и одобрување на патувања, кој треба да започне со работа кон крајот на 2026 година. „Регулативата ETIAS од 2018 година предвидуваше такса од 7 евра. ...

Наградата за европска туристичка дестинација, која отиде во рацете на Хрватска, беше доделена на „ITB Berlin“, еден од водечките светски саеми за туризам, што го потврдува статусот на Хрватска како дестинација што не смее да се пропушти за туристи од целиот свет. Според истражувањето објавено од Њујорк пост, патниците од целиот свет веруваат дека Хрватска е дестинација што мора да се посети. Растечката популарност на земјата е поткрепена од ...

ВМРО‑ДПМНЕ денеска ги отфрли како „бугарска пропаганда“ тврдењата на порталот „Лупа.бг“ дека во 2008 година, додека сè уште не бил на премиерска функција, Христијан Мицкоски поднел барање за бугарско државјанство во конзулатот во Скопје, а подоцна се повлекол. Според написот, постапката наводно се одвивала во периодот кога конзул бил Венцислав Цветанов. „Информациите дека Христијан Мицкоски барал бугарски пасош се фабрикација на бугарската ...

Австриските безбедносни служби ја прегледуваат секунда по секунда видео‑и фото‑документацијата од масовниот концерт на хрватскиот пејач Марко Перковиќ Томпсон, одржан на загрепскиот Хиподром пред околу половина милион луѓе. Целта е да се идентификуваат лица со австриско државјанство или со привремен престој во Австрија кои, според сомненијата, извикувале усташки или други фашистички пароли. Само за овој настан во Австрија биле продадени повеќе ...

Во интервју за NZZ, експертот за демографија Тим Џуда вели дека поголемиот дел од Европа се соочува со намалување на населението поради ниските стапки на наталитет и дека имиграцијата е потребна за да се компензира овој пад. Господине Џуда, напишавте книга за демографијата на Источна Европа. Дали постои демографска поделба меѓу Источна и Западна Европа, или разликите се наоѓаат во самите овие пошироки региони? Па, пред сè, мислам дека треба да ...

Ако Владата се откаже од европските, неповратни финансиски средства, и се потпре тврдоглаво и еднострано само на кредити од Велика Британија, Унгарија и од арапските фондови, Македонија ризикува да го промени својот европски пат и да се соочи со сериозни финансиски и политички предизвици. Љубиша НИКОЛОВСКИ Европската Комисија деновиве го усвои предлог-буџетот за 2028-2034 година кој тежи два трилиони евра (2000 милијарди). Предлогот ќе треба да ...

Не се точни наводите пренесени во дел од медиумите за состанокот со роднините на загинатите од кочанската трагедија. Во моментот се прави злонамерно дефокусирање и злоупотребување на трагичната судбина Владата е тука за семејствата, за сè што им е потребно и секогаш ќе биде со нив дури и кога за некои работи ќе имаат различни мислења. Ова писмо од родителите и роднините е потсетник дека мора да се решаваат проблемите и да се демонстрира волја и ...

Организираната борба против корупцијата доби парадоксален пресврт: Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) поднесе обвинителен предлог против самата претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска. Според обвинението, таа во периодот од мај до декември 2024 година преку службениот телефон, апликациите Viber и WhatsApp, на еден од обвинетите во предметот ...

Додека термометрите скокнаа над 40 °C, Град Скопје и ЈП „Водовод и канализација“ уште еднаш ги повикаа граѓаните да го намалат миењето автомобили, полнењето базени и полевањето тревници. Но најновиот извештај на претпријатието покажува дека поголемиот дел од водата исчезнува пред воопшто да стигне до домаќинствата. Според официјалните бројки, лани се произведени 110 055 436 m³ вода, но само 37 % се наплатени; речиси 40 % (43 979 327 m³) се ...

Во изминатото деноноќие противпожарните екипи низ целата држава успеаја да локализираат или целосно да изгаснат 28 пожари на отворен простор, а уште четири се ставени под целосна контрола. Единствената активна огнена точка утрово е во селото Нивичино, општина Василево, каде што гори нискостеблеста шума. На денешната прес‑конференција портпаролката на Центарот за управување со кризи, Надица Вчкова, предупреди дека веќе е регистриран нов пожар ...

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека ѝ наложил на американската државна обвинителка Пам Бонди да достави „релевантно“ сведочење поврзано со случајот на осудениот сексуален престапник Џефри Епстајн. -Врз основа на смешната количина публицитет што му беше даден на Џефри Епстајн, ја замолив државната обвинителка Пам Бонди да достави какво било и сето релевантно сведочење на големата порота, под услов да биде одобрено од Судот, ...

Под влијание на топла воздушна маса што стигнува од југ, од утре Македонија влегува во серија сончеви и екстремно жешки денови. Управата за хидрометеоролошки работи најавува дека веќе од понеделник температурите насекаде ќе надминат 30 степени Целзиусови, а на голем број места ќе се искачат над 35 ℃. Во одделни региони, особено во вардарската котлина и југоистокот, не се исклучува можноста живата во термометарот да се искачи и над 40 ℃. ...

Ситуацијата бара итен одговор од властите со цел да се спречи сериозен недостиг на вода во регионот. Резервоарите за вода во Атика, грчкиот регион каде што се наоѓа Атина, се приближуваат до своите најниски нивоа досега, според најновата анализа на услугата BEYOND FloodHUB на IADET/EEA за водоснабдителниот систем во Атина. Тим истражувачи откри дека изворите на вода во овој регион се под голем притисок поради продолжената суша во последните ...

Со цел да ја врати довербата во вселенското летало „Старлајнер“, Американската воздухопловно‑вселенска агенција (НАСА) планира ново лансирање во 2026 година – овој пат без астронаути, туку во чисто товарна мисија. Одлуката уследи по повеќето технички дефекти што ја обележаа минатогодишната летачка драма, кога екипажот беше принуден да остане подолго на Меѓународната вселенска станица (МВС), а капсулата се врати на Земјата без човечкиот товар. ...

Промоција на книга и концерт се на програмата денеска на 46. фестивал „Скопско лето“. На платото пред музичкиот салон „Do Re Mi“, напладне ќе биде промовирана книгата „Rock N’ Beat“ од Михајло Грбевски – Мишко. Изданието ќе го претстават новинарите Тони Димков и Ненад Георгиевски, а настап на настанот ќе има Јаков Дренковски. Од 21 часот вечер во Сули ан ќе се одржи концерт „Хаус музика – 40 години љубов, ритам и еднаквост“ со настап на диџеите ...

До крајот на месецов Владата ќе го дефинира начинот на кој ќе одговори на растечките цени на прехранбените производи, изјави премиерот Христијан Мицкоски на заедничка прес‑конференција со министерот за локална самоуправа Златко Перински. Според него, во овој момент се разгледуваат неколку пристапи, а конечниот избор ќе зависи од анализа на базичната инфлација – факторот што, како што рече, најсилно го диктира крајниот раст на цените. Премиерот ...

За време на посетата на Лондон денеска, Мерц рече дека министрите за одбрана на земјите во моментов преговараат за техничките детали, опишувајќи ги нивните разговори како „многу конкретни“. -Тие исто така мора да бидат транспортирани и поставени. Тоа не е прашање на часови. Тоа е прашање на денови, можеби недели, рече канцеларот. Системите „Патриот“ можат да се користат за пресретнување на непријателски авиони, балистички ракети и крстосувачки ...

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека се привршува анализа за линеарно зголемување на сите пензии по 1.000 денари оваа есен и уште 1.000 денари напролет, мерка што треба да се усвои пред распишувањето на парламентарните избори. Според планот, првото покачување би се пресметало во октомвриската пензија, а второто во април 2026 година (за пензијата што ќе се исплати во март). Така, секој пензионер би добил дополнителни 2.000 денари во следните ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
67%
1016
weather icon

Белград

20ᴼ / 19ᴼ
2.06
66%
1015
weather icon

Загреб

24ᴼ / 17ᴼ
1.03
62%
1017
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
52%
1019
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
1.56
48%
1016
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
0.51
90%
1018
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
2.24
52%
1010
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
69%
1014
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
0.51
46%
1015
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
2.57
63%
1018
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 19ᴼ
0.0
72%
1015
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
6.69
73%
1012
Currency

61.53

Currency

52.6208

Currency

71.3842

Currency

34.3134

Currency

38.0999

Currency

65.2724

Currency

7.33049

Currency

0.65673

Currency

0.35837

Currency

0.52559

Currency

1.28824

Currency

0.60048