Бројот на заразени со вирусот Западен Нил во Грција продолжува да расте, а здравствените власти ги повикуваат жителите и туристите да се заштитат од убоди од комарци. До 5 август во земјата се потврдени 65 локално стекнати случаи, од кои 23 биле пријавени само во последната недела. Шест пациенти починале, сите постари од 65 години и со тешки невролошки манифестации на инфекцијата. Од вкупниот број заразени, кај 54 пациенти биле развиени ...

Пензионерите од септември ќе добијат ново зголемување, но овојпат нема секој да добие ист износ. По четирите линеарни покачувања со кои пензиите од септември 2024 до март 2026 година беа зголемени за вкупно нешто повеќе од 7.000 денари, повторно се активира редовното процентуално усогласување. Тоа значи дека повисока пензија ќе носи и повисоко покачување во денари. Клучната промена е враќањето на членот 37 од Законот за пензиското и ...

Не постои движење, израз на лицето или промена во гласот што со сигурност докажува дека некој лаже. Сепак, одредени промени во однесувањето можат да бидат знак дека кажаното треба дополнително да се провери. Експертката за говор на телото и авторка Ванеса ван Едвардс издвојува два сигнала: ненадејна промена во начинот на зборување и несовпаѓање меѓу изговорените зборови и движењата на телото. Таа за нив зборуваше во поткастот „The Diary of a ...

Раководството на ФИФА му изрази целосна поддршка на претседателот Џани Инфантино по кризниот состанок во Рабат, свикан поради неуспешниот план за вклучување приватни инвеститори во комерцијалните права на организацијата. По состанокот во Мароко, ФИФА призна дека биле направени процедурални и комуникациски грешки при подготовката на проектот „FIFA Forward Enterprise“, како и по протекувањето на информациите во јавноста. До Советот на ФИФА и до ...

Музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“, посветен на 35 години од независноста на Македонија, на 9 август ќе биде изведен во Античкиот театар во Охрид. Во програмата ќе учествуваат околу 120 музичари, актери и други уметници, а македонските музички хитови ќе бидат споени со стихови од Блаже Конески, Ацо Шопов, Анте Поповски и други македонски поети. Музичкиот дел ќе биде поделен во повеќе тематски целини, со песни посветени на Тоше ...

Владата планира ново задолжување од две до 2,5 милијарди евра за изградба на брза пруга, наместо да ја реконструира постојната железничка инфраструктура, изјави организацискиот секретар на СДСМ, Зоран Трифуновски, во емисијата „Тема на денот“ на Сител. Според Трифуновски, реконструкцијата на железничката линија од граничниот премин Богородица до Табановце, во должина од 215 километри, би траела околу две години и би чинела меѓу 200 и 300 ...

Во Киевската област денеска е прогласен Ден на жалост по масовниот руски ракетен и дронски напад во кој загинаа 17 лица, а најмалку 45 се повредени. Одлуката ја соопшти шефот на Киевската регионална воена администрација, Тимур Ткаченко. Државните знамиња ќе бидат спуштени на половина копје, а забавните настани во регионот ќе бидат ограничени. „Искрено сочувство до семејствата и пријателите на починатите“, порача Ткаченко, оценувајќи дека ...

Жени во Русија се обвинети дека склучуваат фиктивни бракови со војници непосредно пред нивното заминување на фронтот во Украина, со цел по нивната смрт да добијат државна отштета, осигурување и наследство. Во руските медиуми тие се нарекуваат „црни вдовици“. Според истражувањето на CNN, измамите најчесто се насочени кон осамени, сиромашни или социјално ранливи мажи без блиски роднини. Бракот се склучува непосредно пред потпишувањето на ...

Експериментални модели на OpenAI со месеци меѓусебно разменувале пораки и соработувале за да излезат од затворената тест-околина, пред во јули да пробијат дел од инфраструктурата на платформата Hugging Face. Активноста започнала уште во мај, кога повеќе ВИ-агенти добиле задачи што во одредени случаи не можеле да ги завршат без пристап до интернет. Агентите почнале да си оставаат белешки преку незабележани табли за пораки и да бараат помош ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ се закани на Канада со казнени мерки поради чадот од шумските пожари што се прошири над делови од САД, обвинувајќи ги канадските власти дека неправилно управуваат со шумите. Трамп на 21 јули изјави дека пожарите предизвикале голема штета во американските градови и дека Канада не ги одржува правилно шумските подрачја. На 2 август, запрашан дали ќе преземе мерки против соседната земја, тој одговори дека ...

Раководството на ФИФА му изрази целосна поддршка на претседателот Џани Инфантино по кризниот состанок во Рабат, свикан поради неуспешниот план за вклучување приватни инвеститори во комерцијалните права на организацијата. По состанокот во Мароко, ФИФА призна дека биле направени процедурални и комуникациски грешки при подготовката на проектот „FIFA Forward Enterprise“, како и по протекувањето на информациите во јавноста. До Советот на ФИФА и до ...

Експериментални модели на OpenAI со месеци меѓусебно разменувале пораки и соработувале за да излезат од затворената тест-околина, пред во јули да пробијат дел од инфраструктурата на платформата Hugging Face. Активноста започнала уште во мај, кога повеќе ВИ-агенти добиле задачи што во одредени случаи не можеле да ги завршат без пристап до интернет. Агентите почнале да си оставаат белешки преку незабележани табли за пораки и да бараат помош ...

Точно во 8 часот и 15 минути, на 6 август 1945 година, над Хирошима блеснала светлина посилна од сонцето. Неколку секунди подоцна, еден јапонски град бил претворен во урнатини, десетици илјади луѓе биле убиени, а човештвото влегло во ерата на нуклеарното оружје. Денеска се навршуваат 81 година откако американскиот бомбардер Б-29 „Инола Геј“ ја фрлил атомската бомба „Литл Бој“, првото нуклеарно оружје употребено во војна. Бомбата експлодирала ...

Речиси сите регистрирани случаи на западнонилска треска во Македонија се од Скопскиот регион и Велес, изјави министерот за здравство Сашо Клековски. Тој информираше дека здравствените власти презеле епидемиолошки мерки и извршиле вонредна дезинсекција во радиус од 200 метри околу домовите на регистрираните пациенти. Во Драчево, каде што се потврдени пет случаи, било извршено прскање од земја, за кое Клековски рече дека е поефективно од ...

Анализата за состојбата со водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена најдоцна до 20 август, најави синоќа министерот за здравство Сашо Клековски. Клековски во гостување на телевизија „Канал 5“ изјави дека епидемиолошката состојба во градот постепено се стабилизира и дека бројот на пациенти кои првпат се јавуваат со стомачни проблеми е намален. „Во основа сега излегуваме од акутната фаза, веќе можам да кажам дека сме влезени во нормален ...

Новинарите и уредниците во унгарската државна новинска агенција МТИ повеќе од една деценија собирале документи за цензура, забранети теми, менување содржини и политички упатства при објавувањето вести во периодот на владите на Виктор Орбан. Материјалот од 482 страници е предаден на новото раководство на јавниот медиумски систем, кое наредило внатрешна истрага. Документите ги составила неформална група новинари и уредници наречена „PRO DOMO“. ...

Сончево и многу топло време ќе преовладува денеска, 6 август, во Македонија, со мала до умерена локална облачност. Максималната дневна температура ќе достигне до 39 степени. Во попладневните часови, главно во планинските региони, ќе има услови за краткотраен дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...

Граѓанската партија на Грците во Србија побара од властите во Нови Сад да ја отфрлат иницијативата за поставување споменик со името „Мајка Македонија“. Од партијата оценија дека споменикот би претставувал „длабоко непочитување кон грчкиот народ и држава“. Иницијативата ја поднесе Националниот совет на македонското национално малцинство по повод 80 години од доселувањето на Македонците во Војводина. Советот за култура и информирање на ...

Хемиско вештачење покажува дека мазутот кој РКМ ДОО Скопје е со соодветен квалитет и ги имал потребните сертификати согласно позитивните законски прописи. Сведок од ЕСМ вели дека секоја цистерна е примена со сертификат за квалитет, а претходно и самата ОКТА, од каде е купен најголем дел од мазутот, потврди дека мазутот бил согласно стандардите. – Параметрите за квалитет на мазут кои се дел од Договорот на ДПТУ РКМ ДОО Скопје со АД ЕСМ се исти ...

Владата ја задолжува државата речиси секоја недела, додека граѓаните се соочуваат со повисоки цени на основните производи и горивата, обвини СДСМ. Од опозициската партија наведуваат дека на 14 јули државата се задолжила со седум милиони евра од државните претпријатија, на 29 јули со 25 милиони евра од Светската банка, а на 5 август со дополнителни 41 милион евра преку три нови емисии државни обврзници. „За само три недели, нов долг од над 70 ...

Пациенти болни од рак денес, симболично ќе протестираат пред Министерството за здравство поради повторниот недостиг на терапија на Клиниката за радиотерапија и онкологија во Скопје. Поради високите температури, на протестот се очекува да присуствуваат само неколку пациентки, кои ќе побараат да прекинат честите проблеми во снабдувањето со лекови. За недостигот од терапија деновиве јавно реагираа и повеќе онколошки пациенти на социјалните ...

Рекордно нискиот водостој на Дунав почнува сериозно да влијае врз производството на електрична енергија во неколку европски земји. Поради намалениот проток и високите температури на реката, дел од електраните веќе работат со намален капацитет, а надлежните предупредуваат дека ситуацијата може дополнително да се влоши доколку продолжи топлотниот бран. Најголемите проблеми се поврзани со нуклеарните централи и термоелектраните кои ја користат ...

Десетина лица им се заканувале и физички нападнале млади активисти на СДСМ за време на денешната посета на премиерот Христијан Мицкоски на Ново Село, тврди опозициската партија. Според соопштението, младите социјалдемократи мирно го пречекале Мицкоски со порака поврзана со кризата со водата во Гостивар. „Гостивар се труе, вие сте виновни“, била пораката што ја истакнале активистите, по што, како што наведува СДСМ, кон нив се упатиле околу ...

Телата на Нирмал Пурџа, еден од најпознатите светски алпинисти, и уште тројца планинари кои загинаа во лавина на Брод Пик во Пакистан, се спуштени од планината до базниот камп. Акцијата за извлекување била отежната поради високата надморска височина, непристапниот терен и тешките временски услови. Трагедијата се случи на 30 јули, кога лавина ја погодила експедицијата составена од десет алпинисти кои се обидувале да го искачат Брод Пик, еден ...

Дунав, една од најважните реки во Европа, се соочува со исклучително низок водостој поради продолжената суша и екстремните температури што го погодија континентот. Сателитските снимки откриваат значително повлекување на водата и големи површини од речниот брег кои повторно стануваат видливи. Намалувањето на нивото на реката создава проблеми за повеќе земји низ кои минува Дунав. Во некои делови е отежнат речниот транспорт, бидејќи бродовите ...

Пред Инките да изградат едно од најголемите царства во предколумбиска Америка, Андите биле дом на цивилизацијата Тиванаку, чие наследство и денес ги фасцинира научниците. Оваа древна држава се развивала околу езерото Титикака, на просторот на денешен Боливија и делови од Перу, а својот најголем подем го достигнала стотици години пред појавата на Инките. Тиванаку не била голема империја во класична смисла како подоцнежното Царство на Инките, ...

Корисниците од село Драчево утре ќе имаат прекин во водоснабдувањето поради технички зафат на водоводната мрежа, соопшти Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ Скопје. Според информациите, прекинот е најавен поради интервенција поврзана со промена на воздушен вентил на улицата „Јустинијан Први“, кај мостот. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8:30 часот, а нормализирање се очекува по завршување на зафатот. Од претпријатието ги ...

Кога температурите се високи, организмот се обидува да се разлади преку потење. Со губењето на потта не се губи само течност, туку и електролити, односно минерали кои му се потребни на телото за правилно функционирање. Најважни електролити се натриумот, калиумот, магнезиумот, калциумот и хлоридите. Тие учествуваат во регулирањето на хидратацијата, нервната спроводливост, мускулната работа и одржувањето на нормалната срцева функција. За ...

Француските власти преземаат нови чекори против несаканите продажни повици, кои со години предизвикуваат незадоволство кај граѓаните. Со новите правила се ограничува можноста компаниите да контактираат лица по телефон без нивна согласност. Целта на мерката е да се намали бројот на агресивни комерцијални повици, особено оние во кои граѓаните добиваат понуди за услуги, осигурување, финансиски производи или други производи што не ги побарале. ...

Телата на Нирмал Пурџа, еден од најпознатите светски алпинисти, и уште тројца планинари кои загинаа во лавина на Брод Пик во Пакистан, се спуштени од планината до базниот камп. Акцијата за извлекување била отежната поради високата надморска височина, непристапниот терен и тешките временски услови. Трагедијата се случи на 30 јули, кога лавина ја погодила експедицијата составена од десет алпинисти кои се обидувале да го искачат Брод Пик, еден ...

weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
93%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 1ᴼ
0.51
74%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.01
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
88%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.58
65%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
65%
1024
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
3.13
65%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.12
92%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35