Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Центар останува најскапата скопска општина за станарите што живеат под кирија, додека од споредените скопски општини најниска просечна закупнина има Кисела Вода, покажуваат податоците од Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности. Во периодот од април до јуни 2026 година, просечната месечна закупнина за станбен простор во Центар изнесувала 408 денари за квадратен метар. Следуваат Аеродром со 375 денари, Карпош со ...
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во само неколку реченици успеа да ја признае основната функција на опозицијата во парламентарната демократија, а потоа веднаш да побара таа да не важи токму за политиката што ја води неговото Министерство. Опозицијата, според Муцунски, има право да ја критикува речиси целата Влада. Може да зборува за економијата, здравството, образованието, правосудството, јавната администрација и за сите други ...
Украинскиот пијанист Вадим Холоденко ќе одржи концерт во рамките на фестивалот „Охридско лето“, носејќи програма од класичниот пијанистички репертоар пред публиката во Охрид. Холоденко важи за еден од позначајните пијанисти на својата генерација, а меѓународното внимание го привлече во 2013 година, кога победи на престижниот Меѓународен пијанистички натпревар „Ван Клибурн“ во САД. Неговите настапи се препознаени по техничката прецизност, ...
Американската банка „Капитал уан“ соопшти дека затворила над 300 банкарски сметки поврзани со „Организацијата Трамп“ по повеќемесечна проверка на нејзиниот тим за спречување перење пари. Сметките не биле блокирани сега, како што сугерира дел од медиумските известувања. Банката ја известила компанијата за нивното затворање уште во март 2021 година, а причините сега ги образложува во судска постапка поведена од семејниот бизнис на американскиот ...
Речиси 81 година по атомското бомбардирање на Хирошима, научниците открија досега недокументирана метална легура создадена во екстремните услови на експлозијата од 6 август 1945 година. Легурата била пронајдена во микроскопска честичка од таканаречените „хирошимаити“, стаклести капки зачувани во песокот на заливот Хирошима. Тие настанале кога огнената топка од експлозијата испарила делови од зградите, металите, почвата, стаклото и водата, по ...
Водостојот на Дунав во Бугарија продолжува да се намалува и веќе достигна рекордно ниски вредности за последните децении. Состојбата предизвикува проблеми во пловидбата и загриженост за работата на нуклеарната централа „Козлодуј“, која ја користи реката во процесот на производство на електрична енергија. Според податоците од 3 август, најниско ниво е измерено кај Русе, каде што Дунав се наоѓа 92 сантиметри под референтната нулта точка. За ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ги одложи новите воени напади врз Иран и најави дека во понеделник, 3 август, ќе започне нова рунда преговори за прекин на војната, иранската нуклеарна програма и повторното отворање на Ормутскиот теснец. Трамп изјави дека не поставува краен рок за постигнување договор и дека сака да види дали дипломатските разговори ќе дадат резултат. Американските сили, сепак, остануваат подготвени за нова воена ...
Тринаесет лица загинаа откако мал туристички авион се урна за време на панорамски лет над познатите линии Наска во јужниот дел на Перу. Во авионот имало 11 странски туристи и двајца перуански членови на екипажот. Меѓу патниците биле седум државјани на Италија, двајца на Шпанија и двајца на Германија. Никој не ја преживеал несреќата. Леталото „Цесна караван Ц-208“, во сопственост на перуанската компанија „Аеродијана“, полетало од аеродромот ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ги одложи новите воени напади врз Иран и најави дека во понеделник, 3 август, ќе започне нова рунда преговори за прекин на војната, иранската нуклеарна програма и повторното отворање на Ормутскиот теснец. Трамп изјави дека не поставува краен рок за постигнување договор и дека сака да види дали дипломатските разговори ќе дадат резултат. Американските сили, сепак, остануваат подготвени за нова воена ...
Автомобил оставен на директно сонце може за само половина час да достигне температура повисока од 50 степени, но правилната заштита може да ја намали топлината во кабината за десет степени, покажува тестот на германскиот автомобилски клуб АДАК. Во испитувањето биле користени седум исти автомобили „Дачија дастер“, оставени околу четири часа на пладневно сонце. Возилото без никаква заштита се загреало до 53 степени, додека автомобилот покриен ...
СДСМ го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека и празничното обраќање за Илинден го искористил за политички пресметки и етикетирање на критичарите на власта. Реакцијата следува по говорот на Мицкоски во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, каде што премиерот порача дека битката на сегашната генерација е да ги победи „омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија“. Во обраќањето тој ги повика граѓаните да не веруваат во, како што ...
Водостојот на Дунав во Бугарија продолжува да се намалува и веќе достигна рекордно ниски вредности за последните децении. Состојбата предизвикува проблеми во пловидбата и загриженост за работата на нуклеарната централа „Козлодуј“, која ја користи реката во процесот на производство на електрична енергија. Според податоците од 3 август, најниско ниво е измерено кај Русе, каде што Дунав се наоѓа 92 сантиметри под референтната нулта точка. За ...
Рекордно нискиот водостој на Дунав повторно ги откри остатоците од германски воени бродови потопени во Втората светска војна кај Прахово, во источна Србија. Бродовите не „испливале“ на површината, туку делови од нивните кородирани трупови станале видливи откако водата се повлекла по продолжената суша и екстремните горештини во регионот. Нискиот водостој предизвикува сериозни проблеми за пловидбата, транспортот и енергетиката во повеќе земји ...
Преговорите меѓу Иран и Оман за идното управување со сообраќајот низ Ормутскиот теснец влегле во последната фаза, изјави иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи. Според Арагчи, Техеран и Мускат се приближуваат кон усогласување механизам што треба да го регулира безбедното движење на бродовите низ еден од најважните светски поморски коридори. Иран и Оман, како држави што излегуваат на теснецот, претходно формираа заеднички комитет ...
Градскиот базен во Кавадарци ќе работи до 23 часот, со што посетителите ќе можат да се разладуваат и во вечерните часови за време на актуелниот топлотен бран. Од Општина Кавадарци ги повикаа граѓаните да ја искористат можноста за ноќно капење, кое станува сè попопуларно поради високите дневни температури. Базенот е достапен за рекреација, одмор и дружење во текот на целиот ден. Градскиот базен неодамна беше повторно отворен по целосна ...
Македонија денеска ќе биде зафатена од силен топлотен бран, со сончево и многу топло време и мала локална облачност. Максималните температури ќе се движат од 31 до 40 степени, а најтопло ќе биде во Повардарието и југоисточните делови. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец, а во источните од северозападен. Во Скопје ќе биде сончево и жешко, со температура до околу 37 степени. Портокалово ...
Градскиот базен во Кавадарци ќе работи до 23 часот, со што посетителите ќе можат да се разладуваат и во вечерните часови за време на актуелниот топлотен бран. Од Општина Кавадарци ги повикаа граѓаните да ја искористат можноста за ноќно капење, кое станува сè попопуларно поради високите дневни температури. Базенот е достапен за рекреација, одмор и дружење во текот на целиот ден. Градскиот базен неодамна беше повторно отворен по целосна ...
Зголемената фреквенција на возила утрово создаде колони на три гранични премини, каде што патниците чекаат околу еден час, соопшти Автомото-сојузот на Македонија. На Табановце задржувањето од околу еден час е за влез во Македонија, додека на Богородица и Дојран толку се чека за излез од земјата кон Грција. На останатите гранични премини, од македонска страна, засега нема подолги задржувања. Сообраќајот на државните патишта се одвива ...
Цените на горивата во Македонија би можеле да се намалат во септември, доколку најавеното зголемување на производството од ОПЕК+ донесе поголема понуда и пад на цената на нафтата и нафтените деривати на светските берзи. Седумте земји од ОПЕК+ се договорија од септември да ги зголемат производствените квоти за околу 188.000 барели дневно. Во одлуката учествуваат Саудиска Арабија, Русија, Ирак, Кувајт, Казахстан, Алжир и Оман. Со ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, се откажа од контроверзниот план за продажба на удели во натпреварувањата на управното тело на приватни инвеститори по противењето на фудбалските асоцијации во Европа, Азија и Северна Америка и оставките од луѓе блиски до него. Инфантино рече дека станало јасно дека проектот „создал поделби“ кои „веќе не се во интерес“ на првичната цел. „Како резултат на тоа, нема да продолжиме со овој предлог“, рече ...
Голем пожар избувна во атарот на кавадаречкото село Раец, каде што доцна синоќа огнот бил активен на пет различни локации. Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, оцени дека состојбата е исклучително сериозна и соопшти дека пожарникарите и другите надлежни служби вложуваат максимални напори за локализирање на пожарот. „Апелираме до сите граѓани да не се движат кон зафатеното подрачје, да не го попречуваат работењето на службите и строго ...
Унгарија и Србија ги повикаа граѓаните и компаниите рационално да ја користат електричната енергија поради историски нискиот водостој на Дунав и наглото зголемување на потрошувачката за време на топлотниот бран. Состојбата е најсериозна во Унгарија, каде што се очекува целосно запирање на нуклеарната централа „Пакш“. Централата, која обезбедува речиси половина од електричната енергија во земјата, го користи Дунав за ладење на реакторите, но ...
Нивото на водата на Рајна кај Келн падна на рекордно ниско ниво, бидејќи продолженото суво време продолжи да влијае на еден од најпрометните внатрешни водни патишта во Европа. Реката измери 68 сантиметри на келнскиот мернометар во саботата наутро, 1 сантиметар под претходната рекордно ниска вредност од 69 сантиметри поставени на 23 октомври 2018 година, според германската Администрација за водни патишта и превоз. Се предвидува дека нивото на ...
Висок член на Шкаљарскиот клан, Јован М., бил застрелан во тилот во Капино Поље во близина на Никшиќ, а полицијата сега го бара убиецот. Непознат убиец со капа му се приближил на Јован М., жител на Никшиќ, синоќа околу 20 часот, а потоа го застрелал во тилот, објавува денес „Вијести“. Ова се првите полициски извештаи откако го пронашле безживотното тело на Јован М., кој беше убиен во населбата Капино Поље, во близина на Никшиќ, синоќа. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ги откажува нападите врз Иран под услов брзо да се постигне договор. Техеран вели дека земјите во регионот треба да бидат внимателни кога се на страната на Америка. Израелската војска соопшти дека извршила напади на повеќе локации низ Појасот Газа, велејќи дека целта биле складиштата за оружје на Хамас. Меѓу погодените згради е и областа до болницата „Мачениците од Ал-Акса“ во централниот ...
Кога се зборува за македонската економија, најчесто во фокусот се големите странски инвестиции, фабриките во технолошко-индустриските зони или најголемите домашни компании. Но, најновите податоци на Организацијата за економска соработка и развој (OECD) покажуваат сосема поинаква слика – вистинскиот столб на македонската економија се микро, малите и средните претпријатија. Тие обезбедуваат околу 73 проценти од сите работни места во деловниот ...
Неделното попладне донесе сериозен сообраќаен хаос низ цела Хрватска, со километарски редици на автопатите и чекања до 10 часа на граничниот премин со Црна Гора, што ги натера локалните власти во Конавле да активираат кризен штаб. Целиот регион Конавле е блокиран, а целата Дубровничка ривиера веројатно ќе претрпи сообраќаен колапс, објави „Слободна Далмација“. Најголемите проблеми беа регистрирани на автопатот А1, каде што сообраќајот низ ...
Со легендата на македонското спортско новинарство Зоран Михајлов има многу теми за кои вреди да се говори, а тој е неисцрпен извор на информации, сеќавања и спортска историја. Овој пат сепак решивме ова интервју да го посветиме на ФК Вардар, клубот за кој сите очекуваат да се крене од пепелот како Феникс, но никако да го осведочиме тоа. Михајлов вели дека со последните промени во клубот, ФК Вардар е жртва на непотребни експерименти и дека ...
Македонија влегува во продолжен период на сончево и исклучително топло време, со температури над 33 степени во сите региони и со вредности над 40 степени во најтоплите делови од земјата. Топлотниот бран ќе трае во текот на целата седмица, а според моменталните модели највисоки температури се очекуваат во сабота. Управата за хидрометеоролошки работи најавува дека под влијание на топла воздушна маса од југ, до крајот на следната седмица ќе ...
Актерката Настасја Кински и режисерот Вим Вендерс ставија крај на долгогодишниот спор околу експлицитна сцена во неговиот филм од 1975 година „Погрешен потег“, потврдија двајцата во петокот. „Вим Вендерс ѝ се извини на Настасја Кински и го исполни нејзиното барање да ја отстрани сцената на која таа се спротивстави од филмот“, се вели во заедничката изјава на двајцата, која беше објавена на веб-страницата на Фондацијата Вендерс. Двајцата се ...