Жешките летни денови не се тешки само за луѓето, туку и за животните, па вработените во скопската Зоолошка градина секое лето наоѓаат начини да им помогнат полесно да ги издржат високите температури. Животните добиваат посебни освежувања, меѓу кои и овошни сладоледи подготвени според нивните потреби. Замрзнатото овошје им помага на некои видови да се разладат, а истовремено претставува и начин за збогатување на нивната секојдневна исхрана. ...

Андреј Жерновски обвини дека Владата прави пресврт во односот кон францускиот предлог, кој според него претходно бил критикуван од политичките структури кои сега го поддржуваат. Според неговата оценка, постои разлика меѓу ставовите што биле изнесувани во опозиција и актуелните политики поврзани со европската интеграција и обврските што произлегуваат од преговарачката рамка. Францускиот предлог во 2022 година беше една од најголемите ...

Во услови на екстремни горештини и сува вегетација, пожарите на отворено продолжуваат да бидат сериозен предизвик за надлежните служби. Во изминатиот период беа регистрирани повеќе пожари во различни региони, меѓу кои и во Македонски Брод и Струмица. Во општина Македонски Брод беше активен пожар во атарот на селото Белица, каде гореше нискостеблеста вегетација. Според информациите од Центарот за управување со кризи, пожарот беше ставен под ...

Сеута се наоѓа под зголемен хуманитарен притисок поради присуството на голем број деца мигранти без придружба, кои останале во шпанската енклава по пристигнувањето од африканскиот континент. Малолетниците без родители или старатели имаат посебен статус и според меѓународните правила треба да добијат заштита, сместување и соодветна грижа. Организациите за заштита на децата предупредуваат дека миграцискиот статус не смее да биде пречка за ...

Електричните тротинети станаа едно од најпопуларните средства за брзо движење низ градовите, но нивната сè поголема употреба носи и нови безбедносни предизвици. Истражувањата покажуваат дека несреќите со овие возила можат да предизвикаат сериозни повреди, особено при падови или судири со други учесници во сообраќајот. Најчесто страдаат главата, лицето, рацете и нозете, а ризикот е поголем кај возачите кои се движат со поголема брзина, немаат ...

Кога температурите се искачуваат до екстремни вредности, организмот се потпира на потењето како природен механизам за разладување. Но, со потењето телото не губи само вода, туку и важни минерали, поради што во одредени ситуации само внесувањето вода не е доволно. Експертите објаснуваат дека најважно е течностите да се внесуваат редовно во текот на денот, а не да се чека појавата на жед, бидејќи таа може да биде доцен знак на дехидратација. ...

Дрон опремен со експлозив бил пронајден во Германија, а истражителите проверуваат дали зад случајот може да стои обид за дестабилизација или мешање од страна на странски актери. Според информациите, безбедносните служби го анализираат потеклото на леталото и начинот на кој било поставено. Една од насоките на истрагата е можната поврзаност со руски активности, особено во контекст на претходни предупредувања за хибридни закани и обиди за ...

Гостивар влезе во четврта недела со ограничување на користењето на водата од градскиот водовод за пиење, додека граѓаните и понатаму се снабдуваат со флаширана вода и бараат брзо решение за проблемот. Кризата започна откако граѓани пријавија здравствени проблеми, а институциите отворија постапки за испитување на квалитетот на водата. Агенцијата за храна и ветеринарство издаде забрана за употреба на водата за пиење поради сомневање дека е ...

Цените на нафтата повторно се зголемуваат на светските пазари поради стравувањата од можни проблеми со транспортот низ Ормутскиот Теснец, клучна точка за глобалната енергетска трговија. Инвеститорите стравуваат дека секое нарушување на пловидбата низ оваа рута би можело да предизвика намалување на понудата и дополнителен притисок врз цените на суровата нафта. Преку Ормутскиот Теснец поминува значителен дел од светската трговија со нафта, ...

На аеродромот во Дизелдорф германските власти откриле околу девет килограми дрога при царинска контрола, соопштија надлежните служби. Случајот бил откриен при проверка на патнички багаж, а цариниците ја заплениле недозволената супстанција и започнале понатамошна истрага за потеклото на дрогата и лицата поврзани со нејзиното пренесување. Аеродромот во Дизелдорф е меѓу местата каде германските царински служби редовно спроведуваат засилени ...

Денеска започна снимањето на новиот македонски игран филм „Голиот Рид“, – трилер со елементи на драма и хорор-фантазија. Проектот се реализира во продукција на City Star Production, под режисерска палка на Игор Алексов — авторот на меѓународно признатиот филм „Лена и Владимир“, кој освои дури 96 награди и 46 номинации на престижни светски фестивали. Сценарио е на авторите Гоце Цветановски и Алек Русјаков. Филмот е финансиски поддржан од ...

Во Србија се регистрирани првите два случаи на западнонилска треска оваа година, соопшти Институтот за јавно здравје во Белград. Заболените се жители на Белград на возраст од 75 и 82 години. Двајцата се хоспитализирани на Клиниката за инфективни и тропски болести во Белград поради развој на невроинвазивна форма на болеста. „Батут“ препорачува употреба на репеленти при престој на отворено, носење светла облека со долги ракави и ногавици, ...

Основнто јавно обвинителство во Скопје информира дека е поднесена жалба на ослободителната пресуда за случајот ,,Талир 2″. „Надлежниот јавен обвинител ја прими првостепената пресуда и вложи жалба“ информираа од Обвинителството. Инаку, пред неполн месец во Кривичниот суд беше изречена ослободителна пресуда за екс премиерот Никола Груевски, кој беше обвинет во ,,Талир 2″, за незаконската изградба на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ. Судијката ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска од Ново Село побара итна истрага и итна реакција од надлежните институции по синоќешниот напад врз младите социјалдемократи, бидејќи станува збор за сериозен инцидент кој не смее да остане неказнет. Филипче укажа дека нападот врз младите кои само јавно ја говореа вистината за Гостивар, претставува опасен обид за заплашување и замолчување на секој што има поинакво мислење од власта. „Бараме итна ...

Речиси три децении по убиството на Тупак Шакур, во Лас Вегас почнува судењето против единствениот обвинет во случајот. На обвинителната клупа на 10 август ќе седне 63-годишниот Дуан „Кефи Ди“ Дејвис, кој се товари дека го организирал нападот врз една од највлијателните фигури во историјата на хип-хопот. Дејвис беше уапсен во септември 2023 година и се изјасни дека не е виновен. Обвинителството тврди дека тој го испланирал нападот и го ...

Кина го тестира новиот брз воз CR450, кој во пробните возења достигна 453 километри на час и треба да стане најбрзиот воз во редовен комерцијален железнички сообраќај. Планираната оперативна брзина на CR450 е 400 километри на час, за 50 километри повеќе од моделите CR400 „Фусинг“, кои во моментов превезуваат патници со брзина до 350 километри на час. Прототипите CR450AF и CR450BF првпат беа претставени во Пекинг кон крајот на 2024 година. Во ...

Вкупно 46 отсто од граѓаните на Србија би размислиле да гласаат за изборна листа формирана од студентското движење, покажува новото истражување на Меѓународниот републикански институт од Вашингтон. На истото прашање, 40 отсто од анкетираните одговориле дека не би размислувале да ја поддржат студентската листа, додека останатите не дале определен одговор. Истражувањето не мери конечна изборна определба, туку подготвеност на испитаниците да ...

Министерството за култура и туризам донело одлука дел од постојаната музејска поставка во Спомен-домот на Браќата Миладиновци во Струга да биде затворен и пренаменет во административни канцеларии, обвини СДСМ. Од опозициската партија оценија дека со одлуката се намалува просторот посветен на делото на Димитар и Константин Миладинов и се нанесува нов удар врз македонското културно наследство. „Наместо да инвестира во музеите и да го афирмира ...

Водата од јавниот водовод треба да биде основна услуга во која граѓаните не се сомневаат. Сепак, по последните проблеми во повеќе делови од Македонија, прашањето дали водата од чешма е безбедна веќе не е само здравствено, туку и прашање на доверба во институциите. Во Гостивар на 17 јули беше забранета употребата на водата за пиење поради сомнение дека е загадена и небезбедна. Граѓаните со недели чекаат конечна анализа за причините и ...

Полицијата трага по 11-годишно момче од селото Десово, Општина Долнени, кое било пријавено за исчезнато откако се оддалечило од семејниот дом. Случајот бил пријавен на 5 август во 20:30 часот во Одделението за внатрешни работи во Прилеп. Според информацијата од Министерството за внатрешни работи, 34-годишниот А.У. пријавил дека неговиот 11-годишен внук се оддалечил од домот и дека семејството не може да го пронајде. По пријавата, полициски ...

Министерството за култура и туризам донело одлука дел од постојаната музејска поставка во Спомен-домот на Браќата Миладиновци во Струга да биде затворен и пренаменет во административни канцеларии, обвини СДСМ. Од опозициската партија оценија дека со одлуката се намалува просторот посветен на делото на Димитар и Константин Миладинов и се нанесува нов удар врз македонското културно наследство. „Наместо да инвестира во музеите и да го афирмира ...

Матурантите годинава ја завршија јунската испитна сесија со просечна оценка 3,66, покажуваат конечните резултати по разгледувањето на поднесените приговори. Најдобар успех постигнале учениците што полагале државна стручна матура, со просечна оценка 3,91. Просекот кај државната матура изнесува 3,62, додека учениците што полагале државна уметничка матура постигнале просек од 3,59. Министерката за образование и наука Весна Јаневска оцени дека ...

По сончевото и многу топло претпладне, атмосферата над Македонија попладнево почнува да се дестабилизира. Европските сателитски системи што го следат регионот детектираат засилен и интензивен развој на облачноста, што создава услови за локални врнежи и грмежи. Управата за хидрометеоролошки работи најавува локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. На одделни места нестабилноста може краткотрајно да добие ...

Онколошки пациенти денеска протестираа пред Министерството за здравство поради повторливите прекини во снабдувањето со терапија на Клиниката за онкологија. Тие побараа системско решение што ќе обезбеди лековите да бидат достапни без застои и неизвесност. Од групата „Пеперутки“ порачаа дека пациентите не бараат привилегии, туку навремена и континуирана терапија. Според нив, секое доцнење создава страв и револт кај луѓето чие лекување зависи од ...

Во Владата денеска беа потпишани измените на договорите за финансирање на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир, со што се отвора патот за почеток на третата фаза од источниот железнички крак на Коридорот 8. Станува збор за договор за инвестициски грант преку Инвестициската рамка за Западен Балкан и договори за финансирање со Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој. За изградбата се обезбедени 149 милиони ...

Украински беспилотни летала погодија две големи руски рафинерии оддалечени стотици километри од украинската граница, соопшти претседателот Володимир Зеленски. Станува збор за рафинеријата „Славнефт-Јанос“ во Јарославската област и „Башнефт-Новоил“ во Уфа, главниот град на Башкортостан. Првата се наоѓа на околу 700 километри од украинската граница, додека постројката во Башкортостан е повеќе од 1.300 километри зад линијата на фронтот. По ...

Пензионерите од септември ќе добијат ново зголемување, но овојпат нема секој да добие ист износ. По четирите линеарни покачувања со кои пензиите од септември 2024 до март 2026 година беа зголемени за вкупно нешто повеќе од 7.000 денари, повторно се активира редовното процентуално усогласување. Тоа значи дека повисока пензија ќе носи и повисоко покачување во денари. Клучната промена е враќањето на членот 37 од Законот за пензиското и ...

На 6 август 2016 година, за само неколку часа, поројна вода ги претвори улиците и домовите во североисточниот дел на Скопје во смртоносна замка. Во поплавите загинаа 22 лица, повеќе од 60 беа повредени, а над илјада жители беа евакуирани. Денеска се навршуваат десет години од една од најголемите природни катастрофи во поновата историја на главниот град. Попладнето на 6 август 2016 година Скопската Котлина ја зафати силно невреме проследено ...

Лионел Меси постигна два гола и запиша асистенција во победата на Интер Мајами од 4:2 против Атлетико Сан Луис, со што стана најдобар стрелец во историјата на Лига купот. Аргентинецот првпат беше во почетниот состав на Интер Мајами по Светското првенство и стигна до 14 гола во само 12 настапи во натпреварувањето. Со тоа го надмина досегашниот рекорд на Денис Буанга од Лос Анџелес ФК. Мексиканскиот тим поведе во четвртата минута со голот на ...

Естонија е прогласена за најдобра земја за преселување и живеење во 2026 година според Глобалниот индекс за релокација на компанијата „Румави“, кој опфаќа 192 земји. Балтичката држава го освои првото место со 72,8 од можни 100 поени. Индексот оценува 24 показатели поделени во четири области: финансии и даноци, квалитет на живот и здравство, безбедност и стабилност, како и услови за приспособување и деловен развој. При изработката се користат ...

weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
93%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 1ᴼ
0.51
74%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.01
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
88%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.58
65%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
65%
1024
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
3.13
65%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.12
92%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32