
Скопје
33ᴼ /
33ᴼ



Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека гигантот за пијалаци Кока-Кола се согласил да го замени сирупот од пченка со висока фруктоза со вистински шеќер од шеќерна трска во својот главен американски безалкохолен пијалак Кока-Кола. – Разговарав со Кока-Кола за користење вистински шеќер од шеќерна трска во Кока-Кола во САД, и тие се согласија да го направат тоа, напиша Трамп на својата платформа Трут Соушл. – Би сакал да им се ...
„Генералниот секретар ги осудува израелските воздушни напади врз Свеида, Дара и сирискиот главен град Дамаск, кои ја влошуваат ситуацијата. Тој, исто така, ги осудува извештаите за прераспоредување на Израелските одбранбени сили (ИДФ) на Голанската Висорамнина“, изјави портпаролот на генералниот секретар, Стефан Дужарик. Претходно денеска, Израел го нападна генералниот штаб на сириската армија во Дамаск и се закани дека ќе започне уште помасовни ...
Германските обвинители изјавија дека дополнителни родители контактирале со властите по апсењето на 20-годишен маж за кој се верува дека е водач на група педофили осомничени дека сексуално злоставувале деца преку интернет под псевдонимот „Бел тигар“. Некои од родителите изразија загриженост дека и нивните деца можеби биле цел на напади, изјави за ДПА вишата јавна обвинителка Миа Сперлинг-Карстенс. Истражителите ги разгледуваат доставените ...
Вработените во Националната галерија на Република Северна Македонија го изразуваат најостро своето несогласување со одлуката за именување директор на институцијата. Јавно бараат преиспитување и итно поништување на одлуката за избор на Али Синани за директор, се вели во нивното соопштение до медиумите и јавноста. „Избраниот кандидат, по професија ликовен уметник, пред нема никакво непосредно професионално искуство во музејската дејност како ...
Сè почестата и интензивна летна топлина, предизвикана од климатските промени, станува сериозен предизвик за инфраструктурата на европските градови. Екстремните температури влијаат врз функционирањето на јавниот превоз, предизвикувајќи дефекти на шините, сигнализацијата и возилата, што доведува до застој, доцнења и намалена безбедност на патниците. Овие проблеми особено влијаат на старите метро системи, кои не беа дизајнирани за толку високи ...
Затворите во Италија се соочуваат со сериозен проблем со пренатрупаност, поради што Министерството за правда размислува да ослободи околу 10.000 затвореници, што претставува приближно 15 проценти од вкупната затворска популација. Оваа мерка има за цел да го намали притисокот врз капацитетите на затворите и да ги подобри условите за живот на затворениците. Според соопштението од Министерството, околу 10.105 затвореници „потенцијално ги ...
Градскиот совет на босанската престолнина го избра Самир Авдиќ, некогашна ѕвезда на КК „Босна“, за градоначалник во наредните четири години. Кандидатот на коалициската „тројка“ ‒ Народ и Правда (НП), Социјалдемократската партија (СДП БиХ) и Наша партија (НС) ‒ доаѓа од редовите на бошњачкиот етнички корпус и во актуелното раководство ќе биде придружен од двајца заменици: досегашниот градоначалник Предраг Пухариќ (Србин, СДП БиХ) и ...
Според нив реалноста што граѓаните ја чувствуваат е дека за една година Македонија никогаш не била понебезбедна од сега, бидејќи далеку сме од држава во која владее ред, правда и одговорност, како што сака да прикаже Тошковски. „Целосен распад се случува на безбедносниот апарат под водство на Тошковски. Ветуваше правда и безбедност, а сведоци сме дека државата наликува на јужноамериканско гето. Секојдневно сме сведоци на насилство и убиства по ...
Протестот се одржа во периодот кога Европската комисија ја узвојуваше и ја презентираше Повеќегодишната финансиска рамка (МФФ) на ЕУ за периодот од 2028 до 2034 година, со која се предвидува намалување од средства за Заедничката земјоделска политика за 20 отсто и префрлање на надлежноста за распределба на средствата за земјоделски програми на националните власти на земјите членки на ЕУ. На протестот учествува претставници на земјоделски ...
Сириските власти претходно објавија дека едно лице е убиено, а 28 се ранети. Во исто време, религиозниот водач на друзите, шеикот Јусеф Џарбу, денеска изјави дека друзите во Сирија постигнале договор за прекин на огнот со сириската влада во Свеида, кој стапува на сила веднаш. Израелската војска претходно објави видеа од најновите напади во Сирија, насочени кон седиштето на Генералштабот во Дамаск и уште една „воена цел“ во близина на ...
Ситуацијата во Сирија драматично ескалира по серија воздушни напади извршени од Израел врз мети поврзани со сириската влада, вклучително и зградата на Министерството за одбрана и објекти во близина на претседателската палата во Дамаск. Израелската влада соопшти дека со акцијата сака да ја заштити верската заедница на Друзите, додека сириските власти ги осудуваат нападите како обид за поткопување на стабилноста и нарушување на суверенитетот на ...
„Ова претставува повреда на уставно загарантираното пасивно избирачко право и на правото да учествуваат во вршењето на јавни функции од член 23 од Уставот на Републиката, со што и на граѓаните кои нив ги поддржуваат им се ограничува избирачкото право и правото на политичко дејствување од член 22 од Уставот. Неможноста за учество на независните кандидати во изборниот процес ги одзема демократските атрибути на слободни и фер избори и директно го ...
По изборите за Европскиот парламент во 2024 година, во кои гласачката излезност достигна највисоко ниво во последните 25 години, многумина во Брисел издишаа со олеснување. Но, зад позитивните бројки, европратениците препознаа една подлабока вистина: демократијата во Европската унија е далеку од совршена – и е под сериозна закана. Во неделата што следеше по гласањето, Комитетот за уставни прашања на Европскиот парламент усвои извештај што звучи ...
Според нив, Мицкоски уште еднаш се обидува да ја изврти вистината и да ја лаже јавноста: реалноста е дека ГРЕКО, како дел од Советот на Европа, во последниот извештај јасно констатира дека Владата речиси ништо не спровела од препораките за борба со корупција и дека напредокот е недоволен. „Владата не доби „петка“, туку уште 5 забелешки на адреса на институциите за неисполнетите обврски. Македонија и понатаму се смета за „глобално ...
На 15.07.2025 во Полициската станица Гази Баба, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека при претрес на Х.А.(42) од Скопје, вработен како полицаец во Затворска полиција, пронајдени се две пакувања и се посомневале дека пренесува дрога. Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје излегле на местото и било констатирано дека во пакувањата има растителна материја и бела прашкаста материја. ...
Ако сте корисник на Android, барем еднаш, веројатно сте забележале зелено светло на горниот дел од вашиот телефон. Сепак, она што можеби не го знаете е дека тоа може да биде знак дека некој ве гледа или прислушкува. Тоа светло покажува дека некоја апликација го користи микрофонот или камерата на вашиот Android, што секогаш мора да биде причина за загриженост. Може да се појави кога го користите снимачот на звук или за време на повик, но има и ...
Лесли Векснер, модниот магнат зад „Викторијас сикрет“, „Аберкромби и Фич“ и „Лимитед“, доживеа неверојатно враќање на големата сцена. И покрај тоа што пред пет години се повлече од јавниот живот под сенка на контроверзии, денес неговото име повторно е меѓу водечките на листите на милијардери – овој пат, благодарение на вештачката интелигенција. Според Форбс, богатството на Векснер пораснало за над 2 милијарди долари само во последните три ...
Кралицата Камила денес официјално ќе биде назначена за почесен вицеадмирал на Кралската морнарица, со што ќе стане една од највисоките кралски претставнички во британските вооружени сили. Оваа почест, според шефот на Кралската морнарица, генералот Гвин Џенкинс, ја одразува „високата почит“ што морнарите ја имаат кон Нејзиното Височество. Церемонијата ќе се одржи во поморската база Девонпорт, каде Камила ќе учествува во одбележувањето на ...
Тужбата е поднесена од акционери кои бараат отштета од 8 милијарди долари, тврдејќи дека компанијата ги прекршила правилата за приватност на корисниците и го прекршила спогодбата од 2012 година со американската регулаторна агенција FTC Марк Цукерберг, извршниот директор на Мета (сопственик на Фејсбук, Инстаграм и WhatsApp), треба да се појави како клучен сведок оваа недела на судење од 8 милијарди долари каде што се соочува со обвинувања дека го ...
Вработените во Националната галерија на Република Северна Македонија го изразуваат најостро своето несогласување со одлуката за именување директор на институцијата. Јавно бараат преиспитување и итно поништување на одлуката за избор на Али Синани за директор. Избраниот кандидат, по професија ликовен уметник, пред се нема никакво непосредно професионално искуство во музејската дејност како основна дејност на институцијата или соработки кои ...
Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) најостро реагира на Предлог на Закон за игрите на среќа и за забавните игри,кој Владата го усвои вчера, и бара истиот веднаш да се стопира и да не се проследува до Собранието. Донесувањето на ваков закон по скратена постапка, без вклучување на засегнатите страни и без јавна расправа, претставува повторување на катастрофалниот пристап кој го имаше и претходната влада. За жал, ...
Франција и Италија одбија да учествуваат во новата иницијатива на НАТО за финансирање на испораката на американско оружје за Украина, објавија Politico и La Stampa, повикувајќи се на извори од владите на двете земји. Иако двете држави се меѓу најгласните поддржувачи на Украина во изминатите години, тие го отфрлија планот што беше претставен за време на состанокот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и генералниот секретар на НАТО, Марк ...
Мал, но блескав македонски тим донесе два медала од 56‑тата Светска олимпијада по хемија (IChO 2025) ‒ настан на кој годинава учествуваа повеќе од 350 ученици од 90 држави. Марио Ванчоски, матурант во штипската гимназија „Славчо Стојменски“, освои сребро и постигна трет најдобар резултат во експерименталниот дел – подвиг вреден светски аплауз. Петар Мирчевски, четврта година во „Мирче Ацев“ – Прилеп, се закити со бронза, а Теона Ана Георгиевска ...
По повод премиерата на претставата „Рибарски караници“ во режија на Јован Ристовски, која ќе биде изведена до Ротинско езеро, Битолскиот театар со поддршка од Општина Битола, започна со реконструкција на патот кој води до езерото, туристичка атракција на која за прв пат ќе се одигра театарска претстава. Уште еден доказ дека театарот го менува светот. „Театарот не е професија, театарот е начин на живот. Голема благодарност до сите кои деноноќно ...
Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) предвидува дека побарувачката за нафта ќе продолжи да расте најмалку до 2050 година. Во споредба со минатата година, побарувачката ќе се зголеми за 18,6 проценти на околу 123 милиони барели дневно до 2050 година. ОПЕК, сепак, ги опишува повиците за брзо оддалечување од фосилните горива како нереална фантазија, објавува SEEbiz. „Побарувачката ќе биде поттикната од економскиот раст, растечкото ...
Во нов развој што дополнително го зголемува политичкиот притисок врз турската опозиција, истанбулскиот градоначалник Екрем Имамоглу, еден од најистакнатите ривали на претседателот Реџеп Таип Ердоган, доби нова затворска казна — овојпат за навреда и закани кон главниот обвинител на Истанбул. Судот во Истанбул му изрече казна од една година и осум месеци затвор, јави државната телевизија ТРТ, а веста брзо се прошири преку светските агенции. Сепак, ...
Украина повторно се разбуди под тревога. Во текот на ноќта руските сили лансираа мешан бран дронови Shahed и ракета, погодувајќи индустриски и станбени објекти во неколку региони. Во Криви Рог, родниот град на украинскиот претседател Зеленски, гувернерот Серхиј Лисак го опиша нападот како „масовен“: балистичка ракета и 28 ирански дронови удрија истовремено. Уништена е една индустриска постројка, а 17‑годишно момче во критична состојба е ...
Вчера попладне во тесните улички на Горно Маало во Штип избувнал пожар во стара семејна куќа. Оганот тргнал од шпоретот, а 63‑годишната сопственичка сама се обидела да го изгасне, при што се здобила со сериозни изгореници на двете раце. Во моментот на инцидентот целата населба била без вода од градскиот водовод. Соседите трчале со канти и шишиња, но пламените јазици брзо се прошириле кон таванот. „Џабе имаш црево во дворот ако во мрежата нема ...
Потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, остро ја критикуваше локалната власт во Штип и градоначалникот Иван Јорданов поради, како што вели, хроничните и секојдневни проблеми со водоснабдување во градот. Во објава на социјалните мрежи, Костова посочи дека Штип веќе подолго време се соочува со прекини во снабдувањето со вода, а притисокот е низок дури и во доцните ноќни часови. „Јули е. Ние штипјани секојдневно се соочуваме со прекини во ...
„Немаше да се вклучиме во преговори, ако не мислевме дека тие преговори би можеле да доведат до добар резултат“, истакна Гил. Тој додаде дека трговските преговори со САД се наоѓаа во „најчувствителната фаза“ и оти ЕУ работи на постигнување принципиелен договор пред истекување на рокот од 1 август поставен од Вашингтон за стапување во сила на царините. „Можам да потврдам дека еврокомесарот (за трговија Марош) Шефчович синоќа разговараше со ...