Двајца случајни минувачи денеска реагирале и извлекле жена од реката Вардар во близина на Камениот мост во центарот на Скопје. Жената, на возраст од околу 50 години, по спасувањето била преземена од екипа на Итната медицинска помош и пренесена во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде ѝ била укажана лекарска помош. На местото пристигнале и две екипи на интервентната полиција и екипа на „Алфа“. Засега нема официјални ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски со три одделни укази ги разреши амбасадорите на Украина во Хрватска, Албанија и Црна Гора, во ист ден менувајќи тројца дипломатски претставници на Киев во регионот. Причините за смените засега не се наведени во објавените укази. Од функцијата амбасадор во Хрватска е разрешен Васил Кирилич со указ бр. 709/2026. Володимир Шкуров, кој ја претставуваше Украина во Албанија од април 2020 година, е разрешен ...

Околу 600.000 машки комарци ќе бидат пуштени во поширокиот регион на Вашингтон до крајот на летото, но целта не е нивно размножување, туку токму спротивното – намалување на популацијата на агресивниот азиски тигрест комарец. Програмата ја спроведува американската компанија Bee Safe Mosquito Control, која од почетокот на летото пушта лабораториски одгледани машки единки заразени со природната бактерија Wolbachia. Машките комарци не касаат ...

Американските разузнавачки служби проценуваат дека Русија во следните неколку години би можела да се обиде да ја тестира решителноста на НАТО со ограничена воена или хибридна операција против една од членките на Алијансата, објави „Волстрит журнал“. Според новите проценки до кои дошол американскиот весник, можниот временски период се движи од есента 2026 до 2029 година. Не станува збор за проценка дека Москва подготвува голема инвазија врз ...

Европските берзи ја завршуваат неделата во плус, поддржани од силните корпоративни резултати и растот на технолошките и фармацевтските компании, додека инвеститорите го очекуваат клучниот извештај за вработеноста во САД. Паневропскиот STOXX 600 денеска порасна за околу 0,2 проценти, а на неделно ниво добивката достигна 1,6 проценти. Индексот претходно во текот на неделата достигна и нови рекордни нивоа. Оптимизмот во Европа во голем дел го ...

Група хрватски астрономи-аматери забележале досега нерегистрирана гасна структура околу бело џуџе во соѕвездието Лебед, која според првичните податоци би можела да биде нова планетарна маглина. Откритието сега треба да помине низ спектроскопска проверка пред официјално да биде признато и внесено во астрономските каталози. Матија Цецеља, Матија Позоевиќ, Стјепан Пруговечки и Роберт Жибрег до објектот дошле по неколку ноќи набљудување и ...

Скопскиот Апелационен суд ја преиначи првостепената пресуда за Илија Панов од Кавадарци и му ја зголеми затворската казна од 16 на 20 години за убиството на неговата вонбрачна партнерка Сузана Серенакова. Од Основното јавно обвинителство Кавадарци за СДК потврдиле дека Апелација ја прифатила нивната жалба за висината на казната. На пресудата од Основниот суд Кавадарци се жалел и Панов. Убиството се случило меѓу 20 и 22 јануари 2025 година во ...

Цената на златото продолжи силно да расте во петокот и е на пат да ја заврши најдобрата недела од јануари, додека инвеститорите ги чекаат новите податоци за американскиот пазар на труд и следниот сигнал од Федералните резерви. Спот-цената на златото денеска се искачи до 4.285,89 долари за унца, со раст од повеќе од еден процент во текот на денот. На неделно ниво добивката достигна околу шест проценти. Американските фјучерси се зголемија за ...

Повеќе од 1.100 непридружени малолетници остануваат во Сеута по масовното преминување на границата од Мароко, додека шпанските власти се обидуваат да обезбедат сместување и да утврдат што ќе се случува со децата кои не можат автоматски да бидат вратени назад. Според локалните власти, најголем дел од возрасните кои влегле во шпанската енклава веќе се вратени во Мароко, но постапката за малолетниците е многу посложена. За секое дете треба ...

Уставниот суд за првпат го активираше новиот механизам за неизвршување на свои одлуки и ги извести Јавното обвинителство и Судскиот совет за постапувањето на судија од Основниот граѓански суд Скопје во предмет поврзан со новинарката Наташа Стојановска и настаните од „27 април“. Случајот произлегува од одлуката на Уставниот суд од септември 2025 година, со која беше утврдено дека на Стојановска ѝ било повредено правото на слободно изразување ...

Повеќе од 1.100 непридружени малолетници остануваат во Сеута по масовното преминување на границата од Мароко, додека шпанските власти се обидуваат да обезбедат сместување и да утврдат што ќе се случува со децата кои не можат автоматски да бидат вратени назад. Според локалните власти, најголем дел од возрасните кои влегле во шпанската енклава веќе се вратени во Мароко, но постапката за малолетниците е многу посложена. За секое дете треба ...

Лекот „Фостер“, кој го користат пациенти со астма и хронична опструктивна белодробна болест, повторно е достапен во аптеките преку Позитивната листа, без дополнителна доплата. Пациентите ќе ја плаќаат само законски утврдената партиципација за лекот на рецепт, соопшти Министерството за здравство. Со тоа завршува периодот во кој дел од пациентите мораа значително повеќе да доплаќаат за терапијата. Во јули директорот на Фондот за здравствено ...

Македонскиот национален совет во Србија ги отфрли обвинувањата дека најавениот споменик „Мајка Македонија“ во Нови Сад носи политичка или територијална порака, откако претставници на грчката заедница побараа иницијативата да биде преиспитана, а една грчка партија ја оцени како „директна провокација“. Споменикот е предложен по повод 80 години од организираното доселување на Македонците во Војводина и, според иницијаторите, треба да го одбележи ...

СДСМ тврди дека проблемите со водоснабдувањето и загадената вода во повеќе делови од Македонија прераснале во сериозен здравствен и институционален проблем, за кој досега никој од власта не понел одговорност. Од партијата наведуваат дека во повеќе од 50 населени места е регистрирана загадена вода, а како најтежок пример повторно го посочуваат Гостивар, каде, според нив, околу 4.000 граѓани побарале медицинска помош. „Не може цела држава да ...

Претседателот на опозициската Лига на социјалдемократи на Војводина, Бојан Костреш, реагираше на нападите врз лидерот на СДСМ Венко Филипче кои беа објавени во име на Регионалниот одбор Куманово на Српската заедница во Македонија, оценувајќи дека српската заедница не смее да се користи како инструмент во политички пресметки. Костреш тврди дека текстот насочен против Филипче не го претставува ставот на Србите во Македонија, туку, според него, ...

Научници од Универзитетот Стенфорд со помош на вештачка интелигенција успеале да дизајнираат целосни геноми на вируси кои потоа функционирале во лабораторија, што претставува нов чекор во развојот на синтетичката биологија. Станува збор за бактериофаги, вируси кои инфицираат бактерии, а не луѓе. Истражувачите добиле 16 функционални нови фаги, кои во лабораториски тестови успеале да уништат соеви на бактеријата E. coli, вклучително и такви кои ...

Зголемена е фреквенцијата на возила на патиштата низ Македонија утрово, но на граничните премини засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Возачите се предупредуваат на можни одрони на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. На патот Кичево – Охрид, поради изградбата на автопатот, ...

Растение кое со децении било познато на ботаничарите се покажа како нешто сосема поинакво од она што се мислело. Научниците потврдија дека Saxifraga candelabrum, планински цвет од југозападна Кина, активно привлекува, заробува и вари инсекти за од нив да извлече хранливи материи. Откритието е значајно бидејќи станува збор за првото познато месојадно растение во целиот ботанички ред Saxifragales, кој опфаќа повеќе од 2.000 видови. ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски утре, 8 август, треба првпат да ја посети Србија откако е претседател на Украина, во момент кога Белград се обидува да одржи односи и со Киев и со Москва. Информацијата ја објави „Киев индипендент“, повикувајќи се на висок украински функционер, а посетата ја потврдуваат и извори на агенцијата АФП. Засега нема официјално објавена програма од кабинетите на Зеленски и српскиот претседател Александар ...

Нови пожари избувнаа во Грција во последните часови, додека високите температури, сушата и силниот ветер повторно ја зголемуваат опасноста од брзо ширење на огнот во повеќе делови од земјата. Грчката противпожарна служба предупредува на многу висок ризик во Атика, Пелопонез, на Егејските острови и на Халкидики. Температурите и денеска достигнуваат околу 40 степени, а во шумските подрачја се засилени полициските и воените патроли. Властите ги ...

Новата учебна година ќе започне со уште една значително помала генерација првачиња. Првичните податоци покажуваат околу 4.900 помалку запишани деца во прво одделение во споредба со минатата година, а и по завршувањето на уписите Министерството за образование очекува падот да остане најмалку 3.000 ученици. Бројката сè уште не е конечна бидејќи дел од децата допрва ќе бидат запишани, но министерката за образование Весна Јаневска предупредува ...

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша две нови извршни наредби со кои се обидува да го ограничи автоматското стекнување американско државјанство по раѓање, само пет недели откако Врховниот суд ја отфрли неговата претходна, поширока мерка како неуставна. Едната наредба е насочена кон таканаречениот „породилен туризам“, односно патувањето во САД со неимигрантска виза со цел детето да се роди на американска територија и автоматски да ...

Саудиска Арабија, Турција и Пакистан денеска треба да потпишат заеднички одбранбен договор, со кој трите регионални сили формално ќе ја продлабочат воената соработка во период на силни безбедносни потреси на Блискиот Исток. За планираното потпишување во Саудиска Арабија за Ројтерс потврдиле два регионални извори директно запознаени со договорот. Деталите за неговиот опфат и конкретните обврски што ќе ги преземат трите држави засега не се ...

Македонија ја очекува многу топол августовски викенд, со температури до 36-37 степени во повеќе градови. Сабота ќе биде претежно сончева, но во делови од западните, североисточните и планинските региони ќе има услови за локален дожд и грмежи. Во недела нестабилноста ќе биде поизразена и локално се можни краткотрајни поројни врнежи и невреме. Најтопло ќе биде во Скопје, Велес, Штип, Струмица и Гевгелија, каде дневните температури ќе ...

Милан Радоичиќ, поранешниот потпретседател на Српска листа и човекот кој ја презеде одговорноста за вооружената група во Бањска во 2023 година, се наоѓа и меѓу 20-те лица обвинети за воени злосторства врз цивили во Ѓаковица, објави Радио Слободна Европа. Специјалното обвинителство на Косово во четвртокот поднесе обвинение против 20 лица за злосторства извршени во 1998 и 1999 година. Во официјалното соопштение обвинетите се наведени само со ...

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша две нови извршни наредби со кои се обидува да го ограничи автоматското стекнување американско државјанство по раѓање, само пет недели откако Врховниот суд ја отфрли неговата претходна, поширока мерка како неуставна. Едната наредба е насочена кон таканаречениот „породилен туризам“, односно патувањето во САД со неимигрантска виза со цел детето да се роди на американска територија и автоматски да ...

Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски, тврди дека последните изјави на владините претставници покажуваат пресврт во односот кон европскиот пат и францускиот предлог, кој ВМРО-ДПМНЕ додека беше во опозиција го оценуваше како штетен за Македонија. Во интервју за „Вести плус“ на Канал 5, Жерновски рече дека СДСМ располага со сознанија за разговори околу европската интеграција, а како потврда ги посочи јавните настапи на ...

Матурскиот просек од 3,66 покажува релативно стабилни оценки, но ПИСА открива дека мнозинството ученици не го достигнуваат ни основното ниво на применливо знаење. Кога истиот проблем се повторува со генерации, одговорноста не може да се бара само кај децата. Македонските матуранти ја завршија јунската сесија со просечна оценка 3,66. Најдобар успех постигнаа учениците што полагаа стручна матура, со просек 3,91. Просекот на државната матура е ...

Роверот „Персеверанс“ на НАСА пронајде карпести структури и хемиски траги на Марс кои можат да укажуваат на можност дека пред милијарди години на планетата постоеле услови погодни за живот. Откритијата се поврзани со подрачјето на кратерот Језеро, каде научниците веруваат дека некогаш постоело древно езеро и речен систем. Анализите покажале присуство на органски јаглеродни молекули и минерални структури кои на Земјата можат да бидат поврзани ...

Електричните тротинети станаа едно од најпопуларните средства за брзо движење низ градовите, но нивната сè поголема употреба носи и нови безбедносни предизвици. Истражувањата покажуваат дека несреќите со овие возила можат да предизвикаат сериозни повреди, особено при падови или судири со други учесници во сообраќајот. Најчесто страдаат главата, лицето, рацете и нозете, а ризикот е поголем кај возачите кои се движат со поголема брзина, немаат ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
0.51
65%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.06
93%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
87%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
65%
1028
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
69%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.09
62%
1032
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / -1ᴼ
0.51
86%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
90%
1029
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87