Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Состојбата на 28-годишниот скопјанец кој со тешка повреда на ’рбетниот мозок беше пренесен од Турција во Македонија се подобрува. Пациентот е свесен, контактибилен, дише самостојно и е надвор од животна опасност, информира директорот на ТОАРИЛУЦ, д-р Игор Мерџановски. Од денеска момчето почнало нормално да се храни, а физиотерапевтите веќе започнале да работат со него во единицата за интензивно лекување. „Виталните параметри се стабилни. Од ...
Во среда, 12 август 2026 година, Месечината ќе помине пред Сонцето и ќе предизвика едно од најатрактивните астрономски случувања годинава – целосно сончево затемнување. Но за македонските набљудувачи има една важна напомена: Македонија нема да биде во појасот на целосноста. Од нашата земја затемнувањето ќе се гледа само делумно, додека за целосната фаза ќе треба да се биде во многу тесниот појас што минува низ делови од Гренланд, Исланд и ...
Москва известува за промена во реториката на Софија во врска со Русија и кризата околу Украина откако владата предводена од Румен Радев дојде на власт. Според руското Министерство за надворешни работи, ставот на Бугарија станал „повоздржан“ и добил „рационални елементи“. Ова го изјави Јуриј Пилипсон, директор на Вториот европски оддел на руското Министерство за надворешни работи, во интервју за ТАСС објавено на 9 август. „Откако новата влада ...
Новата глобална анализа за 2026 година донесе големо изненадување на самиот врв на листата: Естонија е официјално прогласена за најдобра земја во светот за преселување и живеење. Според најновиот индекс на компанијата „Румави“, оваа балтичка држава однесе победа во конкуренција од дури 192 земји и територии. Клучните адути на Естонија беа нејзината супериорна дигитална и банкарска инфраструктура, извонредните можности за развој на бизнис, ...
Украинското знаме, кое стоеше на фасадата на зграда во центарот на Приштина од почетокот на војната во таа земја, денес беше отстрането, а градоначалникот Перпарим Рама рече дека кога Косово не се почитува, Приштина одговара на ист начин. Отстранувањето на украинското знаме од центарот на Приштина следеше еден ден по посетата на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на Србија, каде што рече дека ставот на Киев за непризнавање на ...
Федералната влада на Канада објави дека ќе ѝ помогне на нејзината покраина Британска Колумбија, која беше опустошена од огромни пожари, принудувајќи илјадници да се евакуираат со обезбедување засолниште и сместување за жителите. Шумскиот пожар во Балд Рејнџ ја принуди Британска Колумбија да прогласи вонредна состојба во покраината и да евакуира околу 18.000 луѓе. До саботата навечер, пожарот се прошири на повеќе од 10.300 хектари, а ...
Британската тајна разузнавачка служба MI6 е најдобро оценетата европска служба за надворешно разузнавање, покажува необично истражување на францускиот „L’Express“, спроведено меѓу професионалци од разузнавачкиот свет. Резултатот е интересен не само поради првото место на Британците, туку и поради огромната разлика меѓу MI6 и второпласираната француска DGSE. Во истражувањето учествувале 60 сегашни и поранешни разузнавачки лица од повеќе ...
Бројот на пожарите на отворен простор во Македонија во текот на денот се менуваше од час во час. По утринските 25 регистрирани пожари, попладне бројката падна на 18, а до 18 часот остануваат три активни пожари, еден е под контрола, додека 14 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Со тоа, вечерниот извештај покажува поинаква слика од онаа наутро, кога ЦУК информираше дека од 25 пожари два се активни, еден е под контрола, а 22 ...
Овој месец, руската февруарска агресија врз Украина ќе заврши четири и пол години залудна војна, додека американскиот напад врз Иран ќе го заврши шестиот месец од конфликтот, кој исто така е обележан со застој. Со оглед на тоа што обете интервенции првично требаше да имаат карактер на Блицкриг, може да се заклучи дека временските црвени линии за реализација на првичните намери на Москва и Вашингтон веќе се пречекорени и дека секој ден на ...
Кога ќе се каже дека државниот долг на Македонија е 9,4 милијарди евра, бројката звучи огромно, но истовремено и далечно. Девет милијарди евра се толку голема сума што за обичниот граѓанин тешко може да се претвори во реална претстава. Затоа вреди јавниот долг да се погледне од сосема друг агол: што значи тој за граѓанинот? Според официјалниот фискален бројач на Министерството за финансии, државниот долг на 30 април 2026 година изнесувал ...
На полицата во маркетот производот изгледа едноставно: име, слика, цена, рок на употреба и декларација. Но зад едно пакување сирење, месо, замрзнат зеленчук или преработена храна може да стои цел синџир од производител, преработувач, увозник, дистрибутер и трговец. Прашањето е колку од тој синџир навистина може да го види потрошувачот. Ова е особено важно за Македонија, каде значителен дел од храната на пазарот доаѓа од увоз. А кога ...
Вештачката интелигенција (ВИ) изгледа нематеријално. Отвораме ChatGPT, поставуваме прашање, добиваме одговор и за неколку секунди забораваме дека зад тој одговор стои огромна инфраструктура од сервери, процесори, мрежна опрема и системи за ладење. А сето тоа има една многу материјална потреба: електрична енергија. Токму затоа, додека Македонија ја најавува изградбата на Национален дата-центар и паралелно се обидува да привлече приватни ...
Опозицискиот СДСМ реагира на видеото што премиерот Христијан Мицкоски го објави по повод 35-годишнината од независноста на Македонија, оценувајќи дека неговата содржина ги прикажува токму, како што велат од партијата, најголемите државотворни достигнувања реализирани под владеење на СДСМ. „И што видовме? Видео што ја слави државотворната политика на СДСМ“, се наведува во партиското соопштение. Од СДСМ посочуваат дека во видеото е прикажан ...
Пентагон декласификуваше нова серија документи и слики поврзани со НЛО, или неидентификувани аномални феномени (UAP). Ова е петтото такво објавување на податоци за чудните објекти во последните месеци, објавува CBS News. Новите 41 датотеки, објавени на веб-страницата на Пентагон за НЛО, вклучуваат документи, фотографии и видеа. 🎥🚨 Newly declassified UFO files have dropped, and TMZ has an exclusive look at startling footage. ...
Кога ќе легне платата на сметката, најчесто го гледаме само последниот број. Нето-платата. Тоа е сумата со која располага работникот и од која треба да ги плати киријата или кредитот, храната, струјата, горивото, сметките, лековите, облеката, школувањето на децата и сè друго што го носи секојдневниот живот. Но зад тој број постои цела финансиска патека. Пред да стигне до работникот, од бруто-платата се издвојуваат задолжителни придонеси и ...
Полицијата на Истра, во Хрватска, заврши кривична истрага против 58-годишен швајцарски државјанин и 30-годишен руски државјанин под сомнение за сторено кривично дело експлоатација на деца за порнографија. Првиот случај се случил на 6 август околу 21:10 часот во туристички објект во Истра. Според полицијата, гостите пронашле 58-годишен Швајцарец како тајно снима голи деца со својот мобилен телефон. Мажот паднал додека се обидувал да избега и ...
Дваесет и осум години. Толку требаа за Јужна Кореја, технолошки гигант и симбол на модерниот свет, да воспостави дипломатски однос со Македонија. Со Северна Кореја, режимот на Ким, тоа се случи за две години (1993). Ова не е грешка, туку приказна за тоа како геополитиката, а не идеологијата, знае да им донесе апсурдни ситуации на малите држави. 1993: Скопје потпишуваше со сите По распадот на Југославија, младата македонска држава немаше ...
САД се на три месеци од среднорочните избори на 3 ноември, гласање кое би можело длабоко да ги преобликува последните две години од вториот мандат на претседателот Доналд Трамп и да одреди кој ќе го води Конгресот додека земјата се подготвува за претседателските избори во 2028 година. Средрочните избори се нарекуваат така бидејќи се одржуваат во средината на мандатот на претседателот. Сите 435 членови на Претставничкиот дом, 35 од 100-те ...
Оваа селекција на колективната меморија на граѓаните на Македонија е уште еден доказ дека владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ не може да се ослободи од сопствените фрустрации дека не била актер или дел од некои важни историски настани во 35 годишната историја на македонската независност. Зоран БОЈАРОВСКИ Со објава на промотивното видео на своите страници на социјалните мрежи, премиерот Христијан Мицкоски, го пополни пропагандниот дел од ...
Состојбата со пожарите на отворен простор во Македонија значително се промени во текот на денот. Според најновата информација на Центарот за управување со кризи, до 13 часот денеска се регистрирани девет пожари, од кои пет се активни, еден е под контрола, а три се изгаснати. Утринската слика беше поинаква. Во извештајот на ЦУК до 7:30 часот беа евидентирани вкупно 25 пожари, од кои два беа активни, еден под контрола, а дури 22 беа означени ...
Шест новинари ја напуштија Србија во последните две години поради сериозни загрижености за нивната безбедност и сега живеат во егзил. Најновиот случај е оној на воениот аналитичар и новинар Александар Радиќ, против кого е поднесена кривична пријава и властите прогласија потерница. Според новинарските организации, Радиќ е во егзил, додека според Врховното обвинителство во Белград, тој се крие. Против Радиќ е поднесена жалба во отсуство за ...
Доколку се прашувате, Итака е вистинска. Можете да ја посетите денес, да отпловите во нејзините заливи, да се искачите по стрмните ридови и да купите сите сувенири со тема од Одисеј што можеби ви се потребни. Еве еден поглед. Потешкото прашање, сепак, е дали модерна Итака, или Итаки како што сега се нарекува, како дел од Јонските острови во Грција – е истата Итака што Хомер ја имал на ум кога ја опишал татковината на Одисеј во „Одисеја“. ...
Предупредувањето на Горан Марковски, човек кој со години ја познава телевизиската архива на Македонската радио-телевизија, повторно го отвора едно од најважните, но речиси невидливи прашања за македонската културна меморија: што ќе остане од децениската телевизиска продукција на МРТ ако не биде навреме дигитализирана и системски заштитена? Марковски алармира за состојбата во архивата и за ризикот со кој се соочува огромниот фонд на ...
Охридскиот Регион неодамна доби уште една шанса. Не ослободителна пресуда, туку време. Време во кое државата и локалните власти треба да покажат дека предупредувањата на УНЕСКО не ги доживуваат како формалност, туку како последна сериозна можност да се запре процесот на деградација на едно од највредните природни и културни подрачја во Европа. Само што стигна оваа шанса, граѓанската иницијатива О2 предупреди дека дел од плажите во Охрид под ...
Додека многу професии се соочуваат со автоматизација и неизвесност, една професија во Германија бележи целосно спротивен тренд – побарувачката за овие експерти никогаш не била поголема, а заработката продолжува да расте. Станува збор за даночните советници, професија која, според податоците на германските институции, се наоѓа меѓу десетте професии со најголем недостиг на квалификувани работници. Недостасуваат илјадници експерти Германскиот ...
Македонското еколошко друштво одржа тридневна прекугранична обука за мониторинг на природата на планината Јабланица, каде што 22 учесници од Македонија и Албанија ги учеа методите за заштита на тресетиштата, птиците, тритоните и вилинските коњчиња. Активноста е дел од поширок проект за подобрување на управувањето со заштитените подрачја во шесте земји од Западен Балкан, со фокус на локациите опфатени во мрежите Емералд и Натура 2000. Обуката ...
Летувањето одамна не се мери само со цената на апартманот. За едно четиричлено македонско семејство вистинската сметка почнува уште кога ќе го стартува автомобилот. Гориво, патарини, паркинг, кафе, вода, лежалки, ручек, сладолед, можеби уште едно кафе попладне. Секоја ставка изгледа мала, но кога ќе се соберат сите, еден обичен ден на плажа може да чини колку што едно семејство некогаш планирало за цел викенд. Во 2026 година дилемата веќе не ...
СДСМ обвини дека Јавното обвинителство не постапува по нападот врз млади во Ново Село, иако, според опозициската партија, постојат јавни информации и сознанија за случајот, како и имиња на лица кои наводно учествувале во инцидентот. На прес-конференција, Кети Штерјова порача дека станува збор за кривично дело за кое надлежните институции треба да постапат по службена должност, без да чекаат формално поднесена кривична пријава. „Има сознание. ...
Речиси девет години по насилството во Собранието на 27 април 2017 година, еден од случаите на нападнати новинари добива нов, важен правен пресврт. Уставниот суд утврди дека неговата одлука со која беше констатирана повреда на слободата на јавно изразување на новинарката Наташа Стојановска не била извршена од Основниот граѓански суд Скопје. Но овојпат приказната не завршува со констатација дека нечие право било повредено. Уставниот суд го ...
Еден споменик што сè уште не е поставен веќе успеа да отвори стара балканска тема – кој има право да именува, симболизира и претставува делови од заедничкото историско и културно наследство. Иницијативата за подигнување на споменикот „Мајка Македонија“ во Нови Сад предизвика реакции од Грција и Бугарија, но и од македонската заедница во Србија, која категорично отфрла дека проектот има политичка или територијална порака. Во центарот на ...