Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Македонските превозници не треба да потпаѓаат под влијание на, како што рече, „пропагандата која главно доаѓа од Србија“, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Според него, Македонија не треба проблемот со престојот на професионалните возачи во Шенген зоната да го решава заедно со другите земји од Западен Балкан, туку преку сопствени билатерални договори. „Една е позицијата на Македонија, а друга на останатите ...
Дрон со експлозив навлезе во бугарскиот воздушен простор од правец на Романија и експлодира само стотина метри по преминувањето на границата, без претходно да биде откриен ниту од бугарските ниту од романските радари. Инцидентот кај Кардам, во близина на Трансбалканскиот гасовод, ги отвори прашањата за способноста на Бугарија да открива мали беспилотни летала што летаат на мала височина. Експлозијата се случила на 8 август во поле со ...
Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје – Скопје прогласија епидемија на западнонилска треска во повеќе делови од главниот град, откако бројот на регистрирани случаи продолжи да расте. Еден 83-годишен пациент починал, а петмина заболени се во тешка состојба и се на механичка вентилација. Епидемијата е прогласена за подрачјата на Кисела Вода кај Пржино, Аеродром, Бутел, Гази Баба, Илинден, Драчево, Идризово, Јурумлери и ...
Пожарот што вчера избувна кај депонијата во Ново Село не бил случаен. Лицата кои фрлале запалив отпад се идентификувани и евидентирани, а за случајот се води постапка во соработка со СВР Струмица. Огнот избувнал околу 13:30 часот на просторот кај депонијата, по што се проширил кон околните ридови, ниската вегетација и дел од шумскиот појас. Ширењето дополнително го забрзале високите температури, силниот ветер, сувата вегетација и големото ...
Околу 700 Филипинки во текот на годинава добиле македонски патни исправи во Австралија, откако преку брак со македонски државјани се стекнале со право на македонско државјанство и пасош, објави „Независен“, повикувајќи се на неофицијални податоци. Податокот покажува еден поинаков процес во македонската дијаспора – покрај постојаното иселување од Македонија, заедниците во странство се прошируваат и преку семејствата што македонските државјани ...
Колку јавноста навистина е запознаена со сите факти поврзани со случајот „Мазут“, кој со месеци е една од главните теми во македонските медиуми? За да се добие целосна слика, потребно е случувањата да се разгледаат хронолошки, преку официјалните извештаи, вештачењата, исказите на сослушаните лица и економските показатели од периодот кој беше предмет на истрагата. На 9 ноември 2021 година Владата прогласи кризна состојба во снабдувањето со ...
Со распит на градежните вештаци денеска продолжува судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, а со ова рочиште се очекува да заврши изведувањето на доказите на Обвинителството. Во пожарот од 16 март 2025 година загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. На претходното рочиште, судскиот вештак и професор на Градежниот факултет Горан Марковски изјави дека вештачењето покажало целосно нефункционирање на системот, институциите и ...
Македонија вечерва ќе може да проследи дел од реткото затемнување на Сонцето што денеска ќе биде целосно во делови од Европа. Кај нас затемнувањето ќе биде само делумно и краткотрајно, непосредно пред зајдисонце, но и покрај тоа директното гледање во Сонцето без соодветна заштита може трајно да го оштети видот. Во Скопје затемнувањето ќе започне околу 19:30 часот, максимумот ќе биде околу 19:36, а Сонцето ќе зајде околу 19:39 часот. ...
Бројот на загинати во разорниот земјотрес што ја погоди западна Колумбија се искачи на најмалку 254, додека спасувачките екипи продолжуваат да ги пребаруваат урнатините во потрага по преживеани. Илјадници луѓе останаа без дом, а делови од најтешко погодените региони сè уште се без струја, вода и основни услуги. Земјотресот со магнитуда од 7,4 степени го погоди западниот дел од земјата во понеделникот, со епицентар во департманот Чоко. ...
Августовската сесија од државната матура почнува денеска, а меѓу кандидатите се и 226 матуранти на кои им беа поништени испитите во јунскиот рок поради утврдени неправилности и препишување. Вкупно 1.328 ученици се пријавени за државна, 126 за стручна и шест за уметничка матура. Денеска кандидатите го полагаат изборниот екстерен предмет – математика или англиски јазик. За германски, француски, италијански и руски јазик, како и за историја, во ...
Шумскиот пожар меѓу Морани, Вртекица и Габер во Општина Студеничани останува под надзор, откако пожарникарските екипи ја поминаа ноќта на терен следејќи го неговото движење. Поради непристапниот предел, во текот на ноќта немало услови за директна интервенција од земја. На терен биле распоредени две екипи на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, кои ја следеле состојбата и ја координирале натамошната акција. Од Центарот за ...
Северна Кореја утринава истрела балистичка ракета кон морето источно од Корејскиот Полуостров, само неколку дена пред почетокот на големите заеднички воени вежби на Јужна Кореја и САД. Ракетата прелетала околу 700 километри, а нејзиниот точен тип сè уште се утврдува. Лансирањето било регистрирано околу 6 часот наутро од реонот на Вонсан, на источниот брег на Северна Кореја. Според јужнокорејскиот Здружен генералштаб, проектилот паднал во ...
Августовската сесија од државната матура почнува денеска, а меѓу кандидатите се и 226 матуранти на кои им беа поништени испитите во јунскиот рок поради утврдени неправилности и препишување. Вкупно 1.328 ученици се пријавени за државна, 126 за стручна и шест за уметничка матура. Денеска кандидатите го полагаат изборниот екстерен предмет – математика или англиски јазик. За германски, француски, италијански и руски јазик, како и за историја, во ...
Зад приказната за мирното осамостојување на Македонија стоеле моменти во кои државниот врв бил директно изложен на вооружени закани. Првиот цивилен министер за одбрана Трајан Гоцевски, во интервју за ТВ 24, открива детали од февруари 1992 година, непосредно пред договорот за повлекување на ЈНА од Македонија, пишува во својот текст Денко Малески На 21 февруари 1992 година, претседателот Киро Глигоров и Гоцевски тргнале кон Домот на ЈНА во ...
Македонија се соочува со институционална и демократска криза, а паралелно е изложена на дезинформации, пропаганда и политички влијанија кои го менуваат јавното мислење и ја оддалечуваат земјата од европската интеграција, оцени професорката Ана Чупеска на дебатата „Македонија помеѓу европската интеграција и ‘српскиот свет’“. Чупеска, која е претседателка на Советот на СДСМ, предупреди дека еден од најголемите ризици е, како што рече, ...
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис завршил во болница откако паднал додека возел велосипед, но по укажаната медицинска помош бил пуштен дома. Несреќата се случила во понеделникот, по што Мицотакис се јавил во болничка амбуланта. При падот се здобил со повреда на раката и со неколку полесни гребнатини. По прегледот и укажаната прва помош, лекарите процениле дека нема потреба од негово задржување во болница, па грчкиот премиер ја напуштил ...
По бурните реакции за погрешно прикажаниот државен симбол на прославата во Охрид, синоќа во Битола на сцената на „Силно светнал ден“ се појави официјалното македонско знаме – со сонце со осум зраци. Корекцијата доаѓа два дена по првиот настан од владиниот караван, но без јавно извинување од Владата за пропустот. Спорот почна по концертот во Охрид на 9 август, каде на сценографијата и видеобимовите беше прикажан симбол што наликува на ...
Лажни известувања за наводни сообраќајни прекршоци повторно се испраќаат до граѓаните, а зад нив стојат фишинг-измами со кои се бара уплата или внесување лични и банкарски податоци. МВР предупредува да не се отвораат сомнителните линкови и објаснува како изгледа вистинската порака од системот „Безбеден град“. Според Министерството, измамничките пораки наводно доаѓаат од „Оддел за моторни возила“ и известуваат дека примачот направил сообраќаен ...
„Ткајачи на филм” е темата на визуелниот идентитет на годинашното издание на фестивалот ИФФК „Браќа Манаки” изработено од уметницата и графички дизајнер, Вања Штркова, која е дел од тимот на „Њу Момент”. Визуелното решение се осврнува на првиот кадар снимен со филмска камера на Балканот од браќата Манаки, во кој е инкорпорирано дело од светски познатиот уметник Киро Урдин и фотографии од Горан Тачевски, кој живее и работи во Прага и во ...
Поранешниот американски маринец Роберт Гилман е ослободен од руски затвор по повеќе од четири години поминати во притвор. Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека за неговото ослободување разговарал со рускиот претседател Владимир Путин, кој одобрил помилување од хуманитарни причини. Гилман, кој има 32 години, беше уапсен во Русија во 2022 година. Тој првично беше осуден поради наводен напад врз полицаец, а неговата затворска казна ...
Поранешниот американски маринец Роберт Гилман е ослободен од руски затвор по повеќе од четири години поминати во притвор. Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека за неговото ослободување разговарал со рускиот претседател Владимир Путин, кој одобрил помилување од хуманитарни причини. Гилман, кој има 32 години, беше уапсен во Русија во 2022 година. Тој првично беше осуден поради наводен напад врз полицаец, а неговата затворска казна ...
Македонија и натаму е под влијание на многу топло време, но по периодот со екстремни температури се очекува промена на временската состојба. Во наредниот период се најавуваат нестабилност, пороен дожд, грмежи и локално невреме, проследени со пад на температурите. Последните денови температурите во земјата на повеќе места достигнуваат околу 40 степени, а поради високите температури беше активирано и портокалово предупредување. Особено топло е ...
Климатологот и метеоролог Андреас Јегер предупредува дека летото 2026 година можеби ќе остане запаметено како едно од најстудените во следните неколку века. Изјавата не значи дека ова лето е студено, туку дека климатските промени носат сè почести и поинтензивни топлотни бранови, па идните лета би можеле да бидат уште потопли. Јегер, кој за австриски медиуми говорел за климатските промени и екстремните временски услови, оценува дека денешните ...
Англија е на пат да стане една од првите земји во светот што ќе го елиминира хепатитисот Ц како закана за јавното здравје. Во последната деценија, повеќе од 100.000 луѓе биле дијагностицирани и лекувани преку програмата на Националната здравствена служба, а смртноста поврзана со вирусот е намалена за 36 отсто. Програмата за елиминација на хепатитисот Ц започнала со поширока примена на современи антивирусни лекови во 2015 година. Тие во повеќе ...
На 11 август 1945 година жените во новоформирана Југославија официјално го добија уставното и законското право на глас. Историскиот чекор дојде по долгогодишната борба на жените за политичка и општествена рамноправност, во која значајна улога имаше Антифашистичкиот фронт на жените. Правото на глас беше потврдено со изборното законодавство во август 1945 година, со што жените добија можност активно да учествуваат на изборите во ноември истата ...
Шест лица загинаа во напад врз товарен брод во теснецот Баб ел Мандеб, во близина на брегот на Јемен. Нападот, за кој јеменските власти ги обвинуваат бунтовниците Хути, повторно го зголемува ризикот за комерцијалниот поморски сообраќај во едно од најважните светски поморски премини. Според јеменските власти, бродот бил погоден со проектил додека пловел низ Баб ел Мандеб, теснецот што го поврзува Црвеното Море со Аденскиот Залив. Во нападот ...
Унгарскиот парламент го избра поранешниот претседател на Врховниот суд, Андраш Бака, за нов претседател на земјата. Неговиот избор се смета за значаен симболичен чекор во промената на политичкиот курс по долгогодишното владеење на Виктор Орбан. Бака беше избран на функцијата со 140 гласа „за“ и шест „против“, а пратениците на Фидес, партијата на поранешниот премиер Виктор Орбан, го бојкотираа гласањето. Претседателската функција во Унгарија ...
Превозниците од Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора засега нема да организираат нови блокади на границите со Европската Унија. На денешниот регионален состанок во Скопје одлучиле да почекаат до 1 септември, кога е најавен состанок со претставници на Европската комисија, а доколку нема решение, повторно ќе ги активираат протестите. Превозниците бараат да се реши проблемот со ограничувањето на престојот на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп минатиот месец тајно бил префрлен од еден авион во друг при напуштањето на Турција, поради разузнавачки информации за можна иранска закана. Според извештаите на „Вашингтон пост“ и „Њујорк тајмс“, операцијата била спроведена со цел да се прикрие неговата вистинска локација и да се намали ризикот од можен напад. Трамп во јули престојувал во Анкара на самитот на НАТО, по што требало да продолжи кон Велика ...
Шест лица загинаа во напад врз товарен брод во теснецот Баб ел Мандеб, во близина на брегот на Јемен. Нападот, за кој јеменските власти ги обвинуваат бунтовниците Хути, повторно го зголемува ризикот за комерцијалниот поморски сообраќај во едно од најважните светски поморски премини. Според јеменските власти, бродот бил погоден со проектил додека пловел низ Баб ел Мандеб, теснецот што го поврзува Црвеното Море со Аденскиот Залив. Во нападот ...