Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Американскиот претседател Доналд Трамп минатиот месец тајно бил префрлен од еден авион во друг при напуштањето на Турција, поради разузнавачки информации за можна иранска закана. Според извештаите на „Вашингтон пост“ и „Њујорк тајмс“, операцијата била спроведена со цел да се прикрие неговата вистинска локација и да се намали ризикот од можен напад. Трамп во јули престојувал во Анкара на самитот на НАТО, по што требало да продолжи кон Велика ...
Голем рој медузи предизвика привремено запирање на три реактори во нуклеарната централа Гравелинс во северна Франција, откако морските животни навлегле во системите за филтрирање и ладење. Операторот ЕДФ соопшти дека нема опасност за безбедноста на централата, вработените или животната средина. Трите реактори, означени како единици 2, 3 и 4, биле привремено исклучени поради големото присуство на медузи во водата што се користи за ладење на ...
Денес, Либан ја укина смртната казна и стана првата земја во арапскиот свет што го стори тоа, заменувајќи ја со доживотен затвор со тешка работа. Одлуката на Парламентот на Либан беше поздравена од ЕУ и организациите за заштита на човековите права, вклучувајќи ја и „Хјуман рајтс воч“. На почетокот на 2004 година, Либан се обврза на неофицијален мораториум на егзекуциите . Оттогаш, изречени се десетици смртни казни, кои, сепак, подоцна беа ...
Пожар денеска избувнал во областа Маратијас на грчкиот остров Закинтос. На терен се распоредени 22 пожарникари, со поддршка на авиони, хеликоптери и локални волонтери, соопшти Грчката противпожарна служба, пренесуваат тамошните медиуми. Во гаснењето учествува и пешадиска група од 17-та единица за специјални операции за шумски пожари, како и волонтери, пренесува ProtoThema. До граѓаните кои се наоѓаат во загрозеното подрачје се упатува итен ...
Едноиполгодишно дете било нападнато и искасано од улично куче во дворот на семејниот дом во Шуто Оризари, пренесува РомаПрес. Според сведоштвото на семејството, кучето најверојатно влегло во дворот додека членовите на семејството биле на терасата. Детето во тој момент било малку подалеку од останатите. Кога мајката се обидела да го избрка кучето, животното, според нивното сведоштво, се нафрлило врз детето. При нападот, детето добило повеќе ...
Бројот на жртви од силниот земјотрес што вчера ја погоди западна Колумбија се искачи на најмалку 224, објави Ројтерс, повикувајќи се на локалните власти. Спасувачките екипи сè уште ги пребаруваат урнатините, а се очекува дека бројот на жртви би можел дополнително да се зголеми. Земјотрес со јачина од 7,4 степени ја погоди земјата вчера во 7:34 часот наутро по локално време. Епицентарот беше во Сан Хозе дел Палмар во департманот Чоко, а ...
„Ткајачи на филм” е темата на визуелниот идентитет на годинашното издание на фестивалот ИФФК „Браќа Манаки” изработено од уметницата и графички дизајнер, Вања Штркова, која е дел од тимот на „Њу Момент”. Визуелното решение се осврнува на првиот кадар снимен со филмска камера на Балканот од браќата Манаки, во кој е инкорпорирано дело од светски познатиот уметник Киро Урдин и фотографии од Горан Тачевски, кој живее и работи во Прага и во ...
Општина Центар започнува јавна анкета по Нацрт Деталниот урбанистички план за Градска четврт Ј 05 – Барутана, продолжувајќи ја практиката на транспарентно урбанистичко планирање и активно учество на граѓаните во процесите на донесување одлуки. Градоначалникот Горан Герасимовски ги повика жителите активно да се вклучат и да достават свои предлози, мислења и забелешки. „Ниту една одлука не е само моја, ниту само на Општината или Советот. ...
Единствениот државен ПЕТ-скенер е надвор од функција, а Министерството за здравство причината ја лоцира во долгогодишното неодржување на опремата и пропустите на претходните раководства. Додека се чека дефектот да биде отстранет, пациентите кои имаат потреба од оваа дијагностика ќе мора да бидат упатувани на други достапни методи. Од Министерството со кое раководи Сашо Клековски информираат дека застојот е предизвикан од технички проблем во ...
Ги информираме граѓаните дека водата во Скопје е микробиолошки и хемиски исправна и безбедна за пиење, што го потврдуваат резултатите од редовните анализи, соопштија попладнево од Град Скопје. Од Градот додаваат дека депонијата за која се зборува не се наоѓа на територијата на Град Скопје и е оддалечена околу 30 километри од изворите „Рашче”, а според достапните информации, таа постоела околу 30 години. „Сепак, секоја локација која ...
Уредувањето и користењето на охридските плажи на Општина Охрид и на ЈП „Охридски комуналец“ им носи вкупен годишен приход од приближно 700.000 евра, средства кои, според локалната самоуправа, одиграле клучна улога во финансиската консолидација на градот. Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, во интервју за поткастот „Вечер во Охрид со Ландов и Вик“, објавен на порталот „Скопје1.мк“, појасни дека во моментов не станува збор за класични ...
Единствениот државен ПЕТ-скенер е надвор од функција, а Министерството за здравство причината ја лоцира во долгогодишното неодржување на опремата и пропустите на претходните раководства. Додека се чека дефектот да биде отстранет, пациентите кои имаат потреба од оваа дијагностика ќе мора да бидат упатувани на други достапни методи. Од Министерството со кое раководи Сашо Клековски информираат дека застојот е предизвикан од технички проблем во ...
Хартиените сметки за вода, комунални и други јавни услуги постепено треба да се преселат во електронскиот систем за фактурирање. УЈП веќе ги вклучува општините и јавните претпријатија во пилот-фазата на е-Фактура, а еден од главните тестови е како системот ќе се справи со стотици илјади сметки што секој месец се испраќаат до граѓаните. На обука организирана од Управата за јавни приходи и ЗЕЛС учествувале 80 претставници од општините и јавните ...
Шест лица загинаа, а 20 се повредени во рускиот напад врз Запорожје, за кој украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека бил изведен и со балистички ракети од Северна Кореја. Напади во текот на ноќта имало и врз Киев и повеќе други украински региони. Според Зеленски, врз Запорожје биле употребени севернокорејски балистички ракети, ракети „Циркон“ и наведувани воздушни бомби. Украинските власти објавија снимки од запалени и оштетени ...
Хартиените сметки за вода, комунални и други јавни услуги постепено треба да се преселат во електронскиот систем за фактурирање. УЈП веќе ги вклучува општините и јавните претпријатија во пилот-фазата на е-Фактура, а еден од главните тестови е како системот ќе се справи со стотици илјади сметки што секој месец се испраќаат до граѓаните. На обука организирана од Управата за јавни приходи и ЗЕЛС учествувале 80 претставници од општините и јавните ...
Добрата цена на половен автомобил не се гледа само во огласот. Пред купување вреди да се провери колку истиот модел чини кога е стар една, три и пет години, едноставна споредба што може да покаже дали возилото веќе го поминало периодот на најголем пад на вредноста или допрва ќе го почувствува. Таканареченото правило 1-3-5 го препорачува автомобилскиот експерт Шон Рајт од британската компанија „Sell Your Problem Car“. Методот не е официјална ...
Обична реконструкција на стара куќа во англиски Дорсет се претворила во археолошко откритие откако брачна двојка под подот пронашла повеќе од 1.000 златни и сребрени монети, скриени пред околу четири века. Роберт и Бети Фукс го откриле богатството во 2019 година додека ја реновирале својата куќа на фармата Саут Портон. За да добијат поголема висина во просторијата, го отстранувале бетонскиот под и копале речиси 60 сантиметри под него, кога ...
Четиридневна работна недела, работа од дома и поголема грижа за слободното време често се користат како аргумент дека младите денес не сакаат да работат. Податоците од германскиот пазар на труд, сепак, покажуваат спротивно: генерацијата Z е поактивна на пазарот на труд отколку младите пред една деценија. Од секои 100 млади на возраст меѓу 20 и 24 години во Германија, 77 работат или активно бараат работа. Стапката на активност во оваа возрасна ...
Американскиот претседател Доналд Трамп бил тајно префрлен од претседателскиот авион во Анкара и со кетеринг-возило однесен до друг воен авион, во сложена безбедносна операција организирана поради веродостојна закана од Иран за неговиот живот. Деталите за операцијата, која се случила по самитот на НАТО во јули, беа откриени еден месец подоцна од „Вашингтон пост“. Во јавноста тогаш беше создаден впечаток дека Трамп од Турција кон Велика ...
Вработени во Министерството за внатрешни работи од вчера се соочуваат со прекин на здравственото осигурување, а дел од нив биле враќани од хемотерапија, дијагностички процедури и лабораториски испитувања, објави „Слободен печат“. Независниот полициски синдикат потврди дека повторно се појавил проблем со здравственото осигурување на вработените и побара итно решение. На вработените кои побарале здравствена услуга им било кажано или приватно да ...
Полицијата во Охрид приведе 33-годишен маж од Велес по пријава од 21-годишна државјанка на Шведска дека била силувана во ноќен клуб во градот. Според информациите од МВР, К.С. бил лишен од слобода на 10 август во 18:30 часот поради основано сомнение дека сторил кривично дело „силување“. Неколку часа претходно, во 14:35 часот, младата Швеѓанка го пријавила случајот во СВР Битола. Таа навела дека во ноќта меѓу 8 и 9 август, додека се наоѓала ...
Вработени во Министерството за внатрешни работи од вчера се соочуваат со прекин на здравственото осигурување, а дел од нив биле враќани од хемотерапија, дијагностички процедури и лабораториски испитувања, објави „Слободен печат“. Независниот полициски синдикат потврди дека повторно се појавил проблем со здравственото осигурување на вработените и побара итно решение. На вработените кои побарале здравствена услуга им било кажано или приватно да ...
Судскиот совет и Здружението на судиите реагираа на одлуката на Уставниот суд да побара институционална одговорност откако оцени дека судија од Основниот граѓански суд не ја извршил неговата одлука за заштита на слободата на изразување на новинарката Наташа Стојановска, поврзана со насилството во Собранието на 27 април 2017 година. Спорот меѓу институциите се отвори откако Уставниот суд за првпат го активираше механизмот за заштита на ...
Албанскиот премиер Еди Рама остро реагираше на изјавите на српскиот претседател Александар Вучиќ за можноста Србија да го промени текот на реката Ибар, порачувајќи дека Белград не може да ги третира Косово и неговите природни ресурси како дел од српската територија. Полемиката почна откако Вучиќ изјави дека Србија ангажирала експерти за да ја разгледа можноста за промена на водотекот на Ибар на српска територија, како реакција на односот на ...
СДСМ денеска алармира дека во близина на изворот Рашче се создава дива депонија и побара итна реакција од надлежните институции, тврдејќи дека состојбата може да претставува ризик за изворот од кој со вода се снабдува Скопје. Генералниот секретар на партијата, Александар Саша Димитријевиќ, на прес-конференција од терен рече дека отпадот се наоѓа во заштитеното подрачје во близина на Рашче и побара од Владата и локалните власти да соопштат кој ...
Сириски суд го осуди поранешниот претседател Башар ал-Асад на смрт во отсуство, прогласувајќи го за виновен за убиство со умисла, тортура, произволни апсења и злосторства против човештвото извршени за време на повеќегодишната војна во Сирија. Ова е прва пресуда против Асад откако неговиот режим беше соборен во декември 2024 година. Смртни казни судот изрече и за повеќе поранешни високи функционери, меѓу кои братот на Асад, Махер ал-Асад, и ...
Цената на златото денеска се искачи на највисоко ниво во повеќе од два месеца, додека инвеститорите ги чекаат новите податоци за инфлацијата во САД, кои може да бидат клучни за следниот потег на Федералните резерви со каматните стапки. Во текот на азиското тргување спот-цената достигна околу 4.435 долари за унца, пред подоцна да се повлече кон 4.372 долари. Американските фјучерси се движеа околу 4.431 долар за унца. Силниот утрински раст ...
Вкупно 1.460 ученици утре и в петок ќе ја полагаат матурата во августовскиот испитен рок, меѓу нив и 226 матуранти на кои во јуни им биле поништени тестовите поради препишување. Според податоците на Државниот испитен центар, за државна матура во август се пријавени 1.328 ученици, за државна стручна матура 126, а за уметничка матура шестмина. Првиот испит е утре, 12 август, кога кандидатите ќе полагаат математика или англиски јазик како ...
Кинескиот модел на вештачка интелигенција „Кими К3“ успеал самостојно да излезе од ограничувањата на тест-средината во која бил проверуван и да пристапи до интернет, каде на GitHub барал решение за задачата што требало да ја реши без надворешна помош. Инцидентот повторно го отвори прашањето колку безбедно можат да се контролираат сè поспособните ВИ агенти. Моделот, развиен од кинеската компанија Moonshot AI, бил тестиран од американската ...
Два пожари на отворен простор се активни утрово во Македонија, еден е ставен под контрола, а 20 се изгаснати во изминатото деноноќие, покажуваат податоците на Центарот за управување со кризи до 7:30 часот. Најсериозниот активен пожар е во Општина Македонски Брод, кај местото Видуш во близина на селото Драгов Дол. Таму огнот зафатил ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки. Вториот активен пожар е во кумановската населба Средорек, каде ...