Скопје
32ᴼ /
32ᴼ
Повеќе од 240 луѓе низ Европа се потврдени како инфицирани со вирусот Западен Нил оваа година. Според неделниот извештај објавен во петок од Европскиот центар за превенција и контрола на болести (EЦДЦ), вкупно 241 случај се регистрирани од почетокот на сезоната на пренос до среда. ЕЦДЦ соопшти дека 139 случаи се пријавени во Италија и 61 во Грција. Други инфекции се пријавени во Шпанија, 17 од нив, додека Македонија регистрирала 13 случаи. ...
Виктор Орбан, еден од најпознатите европски политичари и поранешен унгарски премиер, дојде во Гуча на 65-тото Собрание на трубачи на Драгачев. Орбан , во друштво на неколку пријатели, сосема опуштен, се приближи до првата слободна маса, седна меѓу колегите, нарача ладно пиво и сакаше да го проба познатиот ќебап „Хајдуќ“. Гостите не го криеја своето изненадување кога сфатија кој седи до нив. „ Не можевме да им веруваме на нашите очи. Дојде ...
Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 39 степени, јавува УХМР. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од ...
Руската државна нуклеарна корпорација „Росатом“, која управува со Северниот морски пат (НМП) низ Арктикот, денес објави дека издала дозволи за седум кинески транзитни бродови што ќе пловат кон Европа преку таа рута. Директорот на „Росатом“, Алексеј Лихачев, изјави дека кинеската компанија за контејнери „Си Леџенд Шипинг“ планира да ја лансира првата редовна контејнерска линија меѓу Кина и Европа преку Северната морска рута , пренесува ...
Пакистан, Саудиска Арабија и Турција потпишаа договор за меѓусебна одбрана, со што кулминираа речиси едногодишни преговори насочени кон спротивставување на агресивното воено однесување на Блискиот Исток. Наречен Договор за меѓусебна одбрана во Мека, алијансата ќе дејствува како договор за меѓусебна одбрана во стилот на НАТО, кој ги обединува силата и влијанието на трите регионални сили. Според трипартитното соопштение, „договорот има за цел ...
На денешен ден пред 25 години кај месноста Карпалак за време на воениот конфликт загинаат 10 македонски резервисти на Армијата. И 25 години подоцна загинатите бранители немаат достојно спомен обележје кај Карпалак. На месноста Карпалак на автопатот Скопје – Тетово поставена е само спомен плоча на банкина која во минатото неколкупати беше оштетена и вандализирана. Масакрот се случи во 2001 година за време на воениот конфликт кога конвојот од ...
Терористички напад со беспилотно летало натоварено со експлозив на аеродромот во Лајпциг бил спречен од возач на аеродромски автобус кој го забележал дронот како лета ниско и го удрил. Ова го изјави пратеникот во германскиот Бундестаг, Детлеф Сеиф од Христијанско-демократската унија (ЦДУ). Заиф за новинарите појасни дека возачот забележал беспилотно летало на ниско летање во текот на ноќта во вторникот на аеродромот Лајпциг/Хале, по што ...
Вулканот Етна на Сицилија синоќа го потресе италијанскиот остров со нова, уште посилна ерупција во споредба со онаа од пред неколку дена. Поради густиот чад и вулканскиот пепел, аеродромот во Катанија со часови беше затворен — најпрво во текот на претпладнето, а потоа повторно неколку часа подоцна. И покрај големата неизвесност и откажаните летови, група од 120 туристи од Србија попладнево успеа да се врати дома. Тие полетаа за Белград со ...
Вкупно седум пожари на отворен простор се регистрирани денеска на територијата на државата заклучно до 13 часот. Според попладневниот извештај од Центарот за управување со кризи (ЦУК), во моментот два од пожарите се активни, два се ставени под контрола, додека три се целосно изгаснати. Од активните жаришта, едниот пожар е во подрачјето на селото Могила, каде што гори ниска вегетација. Вториот активен пожар е лоциран на територијата на ...
Сенатот на американскиот Конгрес денеска со големо мнозинство усвои пакет нови санкции против Русија. За мерките гласаа 86 сенатори, додека 11 беа против. Новите санкции пред сè се насочени кон рускиот сектор за јаглеводороди. Пакетот предвидува санкции против држави кои продолжуваат да купуваат руска нафта, природен гас и други руски суровини, со цел да се ограничат приходите со кои Кремљ ја финансира војната. Според американски медиуми, ...
Сојузниот апелационен суд во Вашингтон наложи да се запрат градежните работи за свечената сала вредна 400 милиони долари која се гради на местото на урнатото Источно крило на Белата куќа, објави Скајњуз. Со ова е потврдена привремената мерка за забрана што ја избори непрофитната организација за заштита на културното наследство „National Trust for Historic Preservation“. Судот истовремено ја одложи примената на оваа одлука за 14 дена за да ѝ ...
Денеска околу 4 часот во полицијата од Р.З. (25) од скопското село Глумово. Тој пријавил дека додека со негов другар биле во паркирано патничко возило во Сарај, до нив застанале две лица со мотоцикл. Едното од нив испукало неколку куршуми од огнено оружје кон возилото, при што го оштетило. Повредени лица нема, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот. The post Пукање во Скопје: Мотоциклисти пукале кон паркиран автомобил ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вечерва присуствувала и се обратила на Свечената академија организирана по повод јубилејот „30 години Општина Вевчани“. Во своето обраќање, претседателката истакна дека Вевчани за неа претставува посебен симбол на автентичност и традиција. „За мене, Вевчани е синоним за Република, место со сопствен дух, карактер и традиција. Напати велам дека имам двојно државјанство, не само македонско, туку и ...
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се обидува да го ограничи правото на државјанство по раѓање во Соединетите Држави, само неколку недели откако Врховниот суд го отфрли неговиот претходен обид за укинување на ова право. Трамп вчера потпиша две извршни наредби, вклучувајќи една со која се прошируваат категориите на лица кои не се државјани чии деца нема да имаат право да добијат американско државјанство врз основа на раѓање. ...
Млад турист од Македонија се здобил со тешки повреди на вратните пршлени за време на престој во Кушадаси, Турција. Тој со владиниот авион утре ќе биде транспортиран во земјава. „Министерството за здравство информира дека е обезбеден итен медицински транспорт за млад пациент од Македонија, кој се здобил со тешки повреди на вратните пршлени за време на престој во Кушадаси, Република Турција. По итна постапка и во координација со Владата, ...
На комеморативен настан вечерва во Домот на културата 11 Октомври во Ченто беа прочитани имињата на 22 загинати во катастрофалните поплави што ја погодија Општина Гази Баба. „Денес, со длабока почит, се поклонивме пред споменот на сите оние кои ги загубија своите животи во катастрофалните поплави што во 2016 година ја погодија Општина Гази Баба. Десет години подоцна, болката не е помала. Времето не ги избриша спомените, ниту пак ја намали ...
За само 63 дена, ДПМНЕ отвори три нови финансиски фронта вредни најмалку 308 милиони евра. На 26 мај, парламентарното мнозинство го задолжи народот со 260 милиони евра кај странски банки; во јули Владата посегна по седум милиони евра од М-НАВ за да ја крпи ликвидноста на ЈП државни патишта; сега се издаваат нови тригодишни и петнаесетгодишни обврзници од над 41 милион евра, со камати до 5,20%. Само во последните две недели се активирани 48 ...
Пакистан, Турција и Саудиска Арабија потпишаа пакт за заемна одбрана во услови на зголемени тензии во Персискиот Залив. Договорот беше склучен во Мека од страна на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф. Според идентичните соопштенија на трите земји, секој вооружен напад врз една од нив ќе се смета за напад врз сите, а пактот има за цел зајакнување на ...
Денеска (07.08.2026) во 12:12 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Радишанска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б. (46) и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Н.М. (19) од скопско, при што возачот на мотоциклот починал на местото на настанот, Во тек е увид, за да се утврдат причините на несреќата. Моторот е целосно уништен. The ...
Супербабата Ганс е доста активна на социјалните мрежи каде што покажува колку напорно вежба, а нејзиниот изглед ги воодушевува луѓето ширум светот. Баба Ганс (68), која многумина на социјалните мрежи ја нарекуваат супербаба, стана вирална кога почна да објавува видеа од своите тренинзи и докажува дека никогаш не е доцна ако сакате да направите нешто за себе. Како што самата вели, станала зависна од вежбање , а видеата на кои крева тегови ...
Каја Гербер не се согласува со тврдењата на луѓето кои велат дека таа и нејзината мајка Синди Крофорд се „како близначки“ и откри што мисли за својот најголем модел. Моделот Каја Гербер (24), ќерка на еден од најпознатите модели од 90-тите и 2000-тите, легендарната Синди Крофорд и претприемачот Рене Гербер, во последните месеци е на удар на јавни коментари поради нејзината неверојатна сличност со нејзината мајка , иако верува дека не се ...
Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец кој повремено ќе достигнува брзина од 40 километри на час. Во попладневните часови особено во северните делови, ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а ...
Француската влада планира да спроведе симулација на голем прекин на електричната енергија низ целата земја во втората половина на 2027 година за да ја тестира својата подготвеност за кризни ситуации, соопштија денес извори запознаени со подготовките. Во вежбата ќе учествуваат операторите на електричната мрежа Enedis и RTE, неколку државни институции, министерства и француската воена администрација, објави денес бриселскиот „Политико“. Целта ...
Иако разводот на Бред Пит и Анџелина Џоли официјално беше финализиран во 2024 година по осум години судска постапка, нивната правна битка сè уште е во тек. Најновиот развој на настаните покажува дека правниот тим на Пит побарал од Џоли да достави доказ за нејзините приходи, што таа досега одбиваше да го стори во целост, објавува LADbible. Спор за приходи Анџелина Џоли тврди дека по раскинувањето во 2016 година, направила пауза од актерската ...
Повеќе од две децении откако првпат стапна на познатиот имот „Неверленд“, пензионираната детективка Руби Волф повторно се најде пред неговите порти. Овој пат не можеше да ги скрие своите емоции – се расплака штом го виде детскиот цртеж врежан во ѕидот. Последниот пат кога била на ова место бил во 2003 година, кога како истражител учествувала во детално пребарување на ранчот откако тогаш тринаесетгодишниот Гевин Арвизо го обвинил кралот на ...
Најновиот глобален енергетски шок, предизвикан од конфликтот на Блискиот Исток, ги остави јавните финансии на земјите од еврозоната во значително полоша позиција отколку што беа за време на енергетската криза во 2022 година, предупредуваат експертите на Европската централна банка (ЕЦБ). Фискалниот простор на владите сега е многу поограничен, поради што средствата за помош на економијата и граѓаните се намалени на само 0,1 процент од БДП на ...
Општествената одговорност за нас не е обврска. Таа е дел од вредностите на Компанијата. Само во последните 5 години, вложивме повеќе од 90.000.000 денари, односно 1.500.000 евра, преку донации и спонзорства во Македонија. Поддржувавме спорт, култура, здравство, образование, локални заедници и иницијативи кои придонесуваат за подобар и поквалитетен живот на нашите сограѓани. Затоа што за Кожувчанка, луѓето и заедницата се секогаш на прво ...
Зарем е важно кога се родени денешните првачиња и кој е крив за се помалиот број првачиња? Факт е дека државата старее и дека од година во година имаме се помалку првачиња. Додека цели семејства заминуваат од државата, политичарите си наоѓаат нова тема за меѓусебни препукувања наместо да донесат итни мерки за да се спречи одливот на млади. По информациите од Министерството за образование дека во септември ќе се запишат помалку 4.900 ...
Американската поп-пејачка и „кралица на попот“ Мадона и австралиската пејачка Кајли Миног ќе ја објават својата прва заедничка песна „Love Sensation (Afterhours Mix)“ во петок, откако премиерно ќе биде изведена во живо на настанот World Pride во Амстердам. Мадона и Кајли Миног за прв пат настапија заедно со нова верзија на песната „Love Sensation“ на настан одржан во рамките на World Pride во салата AFAS Live во Амстердам, пишува ...
Повикувајќи се на извори, американскиот таблоид TMZ објавува дека поранешната свршеница на Лука Дончиќ, Анамарија Голтес, поднела нова тужба за алиментација, овој пат во Словенија, барајќи 50 милиони долари. Според TMZ, Голтес сака 40 милиони долари за себе и 10 милиони долари за своите ќерки. Извори за TMZ изјавиле дека Голтес, во своето барање, исто така сака да го намали бројот на денови што нејзините ќерки ги поминуваат со Дончиќ. ...