Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Поранешната поп-ѕвезда Гари Глитер, кој е обвинет за педофилија, сега доби нова пресуда дека пред речиси половина век сексуално нападнал девојче кое тогаш имало само осум години, откако ѝ дал чоколадо, беше кажано на судот. Глам-рок пејачот, чие вистинско име е Пол Гад , се соочува со едно обвинение за незаконски сексуален однос со девојче под 13 години и три обвиненија за непристоен напад врз девојче под 14 години. Наводната злоупотреба се ...
Две од најмоќните алатки за вештачка интелигенција во светот создале лажни профили на луѓе за да измамат корисници при обиди за кибернапади, откри британскиот Институт за безбедност на вештачката интелигенција (АИСИ). Во најсериозниот случај, моделот „Митос“ на „Антропик“ се обидел да добие пристап до онлајн-сервис испраќајќи приватни пораки од лажни профили што имитирале вистински луѓе, па се обидел да ги сокрие трагите. Ова следува набргу ...
Репертоарот на класична музика на 66. „Охридско лето“ продолжува вечерва со концерт под свеќи на камерниот оркестар „Профундис“ од Македонија и српскиот виолинист Стефан Миленковиќ. Во Предворјето на црквата „Света Софија“ од 21 часот, тие ќе настапат под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ. Еден од најпризнатите виолинисти на неговата генерација, Стефан Миленковиќ ужива углед на профилиран солист и рецитален уметник кој настапува ...
Општина Центар, во соработка со Црвен крст и здружението ХЕРА, спроведува теренски активности за грижа и поддршка на граѓаните во услови на екстремно високи температури во градот. „Општина Центар е на терен со конкретни мерки делиме вода, поставуваме инфо-штандови и овозможуваме бесплатни здравствени проверки. Ги повикуваме сите граѓани да ги почитуваат препораките и да бидат одговорни кон себе и кон своите најблиски“, изјави ...
Емили Ринаудо е американска инфлуенсерка и модел која е позната по својот впечатлив изглед и големата популарност на социјалните мрежи. Со текот на годините, таа изгради успешна кариера преку манекенство и креирање содржини за интернет, стекнувајќи бројни следбеници низ целиот свет. Таа редовно објавува фотографии и видеа на своите профили посветени на модата, фитнесот и луксузниот начин на живот. Нејзините објави често привлекуваат големо ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, ги отфрли медиумските наводи дека се намалени залихите оружје на американската армија, тврдејќи дека Пентагон располага со големи резерви муниција, а производството дополнително се зголемува. Истовремено, тој ги обвини лицата кои оддаваат доверливи информации за „предавство“ и најави нивно кривично гонење. Трамп во објава на својата социјална мрежа „Truth Social“ наведе дека САД располагаат со ...
Во Владата денеска ќе бидат потпишани договори за финансиска поддршка за изградба на железничката делница од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир. Оваа делница е значајна бидејќи е дел од источниот крак од Коридорот 8 и ќе овозможи железничко поврзување со соседна Бугарија. Грантот е обезбеден преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) на Европската Унија, а за финансирањето ќе бидат потпишани и договори со Европската ...
Повеќе делови од Скопје денеска ќе останат без електрична енергија и вода поради планирани работи и санација на дефекти. Од ЕВН Македонија информираат дека денеска, од 09:00 до 12:15 часот, поради замена на постоечки дрвен столб со ногара, без електрична енергија ќе останат корисниците на Радишани 7, улица 56 во Радишани и Бутел. Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека ќе има два прекина во водоснабдувањето. Поради уличен дефект на ...
Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Во Скопје, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...
Министерот за транспорт Александар Николоски вечерва присуствуваше на партиски настан во Ново Село, организиран од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, каде што се сретна со претставници на македонската дијаспора, членови и симпатизери на партијата. Во објава на социјалните мрежи, Николоски истакна дека настанот поминал во, како што наведе, „прекрасна енергија, позитивна атмосфера и патриотизам“, нагласувајќи дека заедно со присутните ...
СДСМ тврди дека Владата подготвува терен за прифаќање на Францускиот предлог и дека веќе тоа е договорено. Од ВМРО-ДПМНЕ демантираат. – Наши информации од Брисел зборуваат дека Владата тоа веќе го договорила и тоа се јасни сигнали коишто пристигнаа и од Брисел, и од Берлин, и од Париз, изјави денеска Андреј Жерновски, член на ИО и секретар за меѓународна соработка на СДСМ. Последните пораки и настапи на Владата, вели Жерновски, јасно ...
Хрватската полиција уапси градоначалник кој е осомничен дека со своите синови нападнал автомобил во кој се наоѓале 31-годишен маж и бебе, објави „Јутарњи лист“. Инцидентот се случил вчера, а градоначалникот на општината Свети Иван Жабно, Ненад Бошњак, и неговите синови, се обвинети дека го нарушиле јавниот ред и мир со викање и со удирање по возилото. „Вчера, 4 август, во попладневните часови во Свети Иван Жабно, тројца мажи на возраст од ...
Итниот состанок на министрите за внатрешни работи на ЕУ не даде јасен одговор на прашањето како десетици илјади африкански мигранти пристигнаа во Сеута, шпанската енклава во северна Африка, за само неколку дена, или кој е одговорен за кризата што повторно ја покажа ранливоста на надворешните граници на ЕУ. Според достапните податоци, околу 70.000 луѓе пристигнаа во Сеута. Повеќето оттогаш се вратени, додека неколку илјади мигранти ...
Двете најголеми партии од македонскиот блок денеска повторно во клинч околу набавката на водата за пиење за Гостиварци. Владата вели флашираната вода е набавена од Кожувчанка преку тендер, од СДСМ тврдат дека е земена со спогодба. – Во однос на набавката на флаширана вода, точно е дека постапката со преговарање ја спроведе Службата за општи и заеднички работи и обезбедува вода бесплатно за граѓаните, а договорот преку тендер го доби ...
ЈП „Водовод и канализација“ информира дека во четврток (6 август) поради санација на улични дефекти ќе има прекин на водоснабдувањето на две локации во Скопје. Поради дефект на водоводна цевка со пречник од 100 милиметри на улицата „Драчевска“ во близина на црквата, без вода од 8:30 часот ќе останат корисниците во Драчево. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на санацијата. Поради дефект на водоводна цевка со пречник од 80 ...
Иран ги предупреди земјите од Персискиот Залив дека секој нов напад на САД врз нивна територија ќе предизвика одговор против критичната енергетска инфраструктура низ целиот регион, објави „Ројтерс“ вечерва. Предупредувањето беше издадено во серија дипломатски контакти на високо ниво откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ја нападне енергетската мрежа и инфраструктурата на Иран на 28 јули, соопштија извори блиски до ...
Како општествено одговорна компанија на која здравјето и квалитетот на животот на нашите сограѓани од цела Македонија ни се приоритет пред профитот, со индигнација ги отфрламе безочните манипулации на опозициската СДСМ, реагира компанијата „Кожувчанка“. „Во име на вистината тврдиме дека учествувавме на јавниот повик на службите на Владата, за набавка на флаширана вода за потребите на Општина Гостивар, при што нашата компанија Кожувчанка од ...
Американската актерка Ева Лонгорија го помина викендот во Шпанија, каде што уживаше во сончев ден и време со својот осумгодишен син Сантијаго. Фотографите ја фотографираа во црвено бикини, а нејзината облека брзо го привлече вниманието на јавноста. Лонгорија избра светло црвено бикини за плажата, кое го надополни со шапка со широк обод, очила за сонце и пругаста наметка. За време на престојот на плажа, таа пливаше во морето и дел од денот ...
Осум лица беа убиени преку ноќ додека чекаа доцнење на возот на железничката станица Квитнове, на периферијата на Бровари, источно од Киев. Во еден од најинтензивните напади врз Бровари од почетокот на војната, Русија со проектил погоди улица со дрвја веднаш зад станицата. Експлозијата го зафати перонот каде што чекаа патниците. Утрината, телата на загинатите сè уште лежеа до перонот, додека железничките работници веќе ги поправаа ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини континуирано ја следи состојбата во регионот и во Европа, како и домашните хидролошки показатели. Според расположливите податоци, состојбата во Македонија е стабилна и во моментов не постојат индикации дека ниските водостои во Европа претставуваат ризик за сигурноста на домашното производство на електрична енергија. Министерството, заедно со АД ЕСМ, АД МЕПСО и останатите надлежни ...
Времето утре сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. ...
Нивото на водата во Дунав руши рекорди, а капетанот Владица Здравковиќ за телевизијата Курир предупреди дека реката сè уште се повлекува. Нивото на водата во близина на Земун е под нормалните вредности, а граѓаните се повикуваат да штедат вода и електрична енергија додека чекаат промена на временските услови. И, според прогнозата на Републичкиот хидрометеоролошки завод , нивото на водата на Дунав во близина на Земун, во близина на ...
Општина Чаир продолжува со уредувањето на јавните простори, поставувајќи 20 нови клупи на повеќе локации низ општината, со цел да обезбеди подобри услови за одмор и престој на граѓаните. „Клупите се поставени во Топаана, Гази Баба, на улицата „Емин Дураку“, зад Чаирската џамија, како и во близина на маркетот „Сарај“ во Чаир, со што се збогатува урбаната опрема и се подобрува функционалноста на јавните простори. Поставувањето на урбаната ...
Во насока на справување со најавените високи температури, Сојузот на синдикатите на Македонија бара од работодавачите да ги почитуваат марките за безбедност и здравје при работа, да го намалат и исклучат работењето на отворено за работниците во најтоплите делови од денот, како и да ги обезбедат сите средства и мерки за заштита на животот и здравјето на работниците во овие услови. „Потребно е да се почитуваат мерките на заштита и ...
Беше учтив, знаеше да ги слуша другите и не очекуваше посебен третман. А потоа стекна пари, позиција или влијание и како да стана друг човек. Почна да ги прекинува соговорниците, да ги омаловажува луѓето, да покажува нетрпение и да се однесува како правилата што важат за сите други повеќе да не важат за него. Можат ли парите навистина толку многу да го променат човекот или само му дозволуваат да го покаже она што отсекогаш го криел? ...
СДСМ обвини дека здравствениот систем во Гостивар не располага со доволно капацитети за справување со епидемијата предизвикана од загадената вода и дека во болницата дежура само еден специјалист инфектолог, четворица специјализанти и дерматолози. Од партијата тврдат дека поради состојбата пациентите од Гостивар се префрлаат на лекување во Тетово и ја обвинуваат Владата за несоодветно справување со кризата. Во соопштението се наведува дека ...
Мајкл Даглас имаше посебна поддршка од својата ќерка на гала вечерата во Мајорка, Шпанија, која беше покрај него додека ја примаше важната награда. Славниот актер Мајкл Даглас (81) се појави на настан во Шпанија држејќи ја за рака својата 23-годишна ќерка Керис . Во темно сино сако и бела кошула со раскопчана јака, тој присуствуваше на гала вечерата каде што беше именуван за амбасадор на наградата „Тера д’Хонор“ во Мајорка, објави шпанскиот ...
На ден 05.08.2026 година, до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои 1 е активен, 2 се под контрола, а 11 се изгаснати. Активен пожар: 1 Општина Македонски Брод – с. Грешница, м.в. Стојанова Населба (ниска вегетација, деградирана шума и грмушки) Пожари под контрола: 2 Општина Делчево – Депонија Делчево (депонија) Општина Ранковце – с. Герман (ниска вегетација) Изгаснати пожари: 11 Општина Желино – с. Горна ...
Приведен е возачот кој на 2 август околу 19:20 часот возеше во спротивна насока на автопатот Скопје – Велес. Полицијата попладнево соопшти дека станува збор за 39-годишниот М.Ш. од тетовското село Челопек. – Денеска (05.08.2026) полициски службеници од Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи на МВР го лишија од слобода М.Ш.(39) од с.Челопек-Тетово, кој на 02.08.2026 околу 19:20 часот на автопат Скопје-Велес, со патничко возило ...
Мојот совет е да купувате станови во нова градба само од проверени изведувачи, бидејќи ако квалитетот на материјалите во целата зграда е лош, тогаш нема помош, предупредува архитектот Маријан Златановиќ. Купувањето стан може да биде предизвикувачки и долг процес, а едно од клучните прашања на кои треба да се одговори е дали да се избере стан во стара зграда или во нова зграда. По неколкуте непријатни искуства со нови згради за кои често се ...