Неодамнешното потпишување на „Мекскиот договор“, со кој се воспоставува нов пакт за одбрана и безбедност меѓу Пакистан, Саудиска Арабија и Турција, претставува пресвртница за регионалната безбедност. Во својата најнова анализа, еминентниот британски историчар Тимоти Еш детално го анализираше овој историски настан, истакнувајќи ги неговите причини, застрашувачката моќ на новиот сојуз и последиците за глобалниот поредок. Според Еш, новиот ...

Мајкл Бери, инвеститорот кој се прослави со тоа што навреме го препозна ризикот од колапсот на американскиот пазар на недвижности пред финансиската криза во 2008 година, повторно испраќа предупредување до Волстрит. Додека индексот S&P 500 достигнува нови рекордни нивоа, Бери смета дека токму еуфоријата на пазарот може да биде причина за загриженост. Според него, постои можност берзата да се приближува до „голем врв“, по што би можел да ...

Повозрасните граѓани се меѓу најризичните категории кога станува збор за високите температури и топлотните бранови, предупредува Институтот за јавно здравје. Лицата над 65 години потешко се приспособуваат на големите горештини, а ризикот е дополнително зголемен кај оние кои имаат хронични заболувања или користат редовна терапија. Институт за јавно здравје Од ИЈЗ посочуваат дека одредени лекови можат да влијаат врз начинот на кој организмот ...

Сирија и Русија потпишаа меморандум за разбирање што подразбира реорганизација на руското воено и цивилно присуство долж сирискиот брег. Овој договор доаѓа по 18 месеци интензивни билатерални преговори. Според новопостигнатиот договор, Сирија ќе преземе директно државно управување со големите комерцијални објекти што претходно ги контролираше Москва, додека постојните руски воени објекти ќе бидат пренаменети. Оваа транзиција претставува ...

Албанија во неделата ја потврди цврстата поддршка за суверенитетот и независноста на Косово, еден ден откако украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека ставот на Киев за Косово останува непроменет за време на неговата посета на Србија. „Како што Албанија цврсто стои и ќе продолжи цврсто да стои зад суверенитетот, независноста, територијалниот интегритет и европската иднина на Украина, ние подеднакво цврсто стоиме зад ...

Лицата над 65 години се почувствителни на здравствените ефекти од високите температури и топлотните бранови. Согласно националните и меѓународните препораки, лицата над 65 години се сметаат за една од ризичните категории на населението. Со возраста, организмот потешко се приспособува на високите температури. Дополнително, повозрасните лица почесто имаат хронични заболувања и користат редовна терапија, а одредени лекови може да влијаат врз ...

Американскиот претседател Доналд Трамп е подготвен да ги прекине воените операции против Иран без да постигне сеопфатен нуклеарен договор, под услов Техеран да гарантира целосно отворање на Ормутскиот теснец. Целта на овој потег е да се намали притисокот врз глобалните енергетски пазари и да се намалат цените на горивата во САД. Според американските претставници кои разговараа со „Волстрит џурнал“, Белата куќа ја променила својата примарна ...

Вкупно 42 земји, вклучувајќи ја и Македонија, се вклучени во списокот на земји за кои Грција смета дека имаат „привилегиран даночен режим“ за даночната 2024 година. Ова се земји во кои правните лица подлежат на пониска даночна стапка од онаа што би се применувала доколку биле даночни жители или имале постојана деловна активност во Грција. Министерската одлука за „Определување на земјите што имаат привилегиран даночен режим, врз основа на ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...

Околу 700 велосипедисти учествуваа на првото издание на „World Naked Bike Ride“ во Берлин, возејќи низ германската престолнина на рута долга 33 километри. Учесниците поминале покрај некои од најпознатите локации во градот, меѓу кои Трептов парк, Ист Сајд галеријата, Бранденбуршката порта и Рајхстагот. Настанот е дел од меѓународното движење „World Naked Bike Ride“, кое од 2001 година се организира во повеќе градови ширум светот. ...

Ги очекува ли граѓаните денеска нов ценовен шок откако две недели по ред поскапуваат горивата? Регулаторната комисија за енергетика треба да донесе нова одлука која ќе важи во следните седум дена. Доколку повторно поскапе дизелот тогаш за првпат по подолг период неговата цена ќе биде над 100 денари, а приближно толку ќе биде и цената на Екстра лесното масло за домаќинство. Според последната одлука на РКЕ, цената на дизелот е 99,5 денари за ...

Полската економија станува се позначајна во Европската Унија. Според податоците од европската статистичка служба Евростат, во 2025 година Полска стана шеста најголема економија на ЕУ во однос на номиналниот бруто домашен производ (БДП), со учество од речиси пет проценти во вкупната економија на Унијата. Вредноста на полскиот БДП по тековни цени минатата година достигна 922,9 милијарди евра, што претставува 4,9 проценти од вкупното економско ...

Германија се соочува со хибридни напади од странство на дневна основа, изјави денес германскиот министер за внатрешни работи Александар Добринт, откако два дрона беа забележани над воена база во западна Германија, само неколку дена откако на аеродромот во Лајпциг беше пронајден дрон со експлозив. Добринт за весникот „Билд ам Зонтаг“ изјави дека странските сили сакаат политички и социјално да ја потчинат Германија со всадување страв, објави ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се оградува од именувањето на разузнавачот Киро Тодоровски за претставник на Агенцијата за разузнавање во Виена, иако постои актуелна потврда дека тој е правосилно осуден за изборни нерегуларности во случајот „Титаник“, пишува Слободен печат. Во одговор за „Слободен печат“, од Кабинетот на претседателката објаснуваат дека Агенцијата за разузнавање е посебен орган на државната управа, дека одлуката ...

„Севернокорејците се појавуваат на територијата на Руската Федерација од време на време. Го гледаме тоа, го знаеме. Ако на почетокот се зборуваше за стотици, потоа илјадници, сега е донесена одлука да има од 30 до 50 илјади Севернокорејци на територијата на Русија“, рече Зеленски во интервју за телефонскиот маратон „Единствени вести“. Тој истакна дека севернокорејските војници ја изучуваат војната и стекнуваат искуство во модерното ...

Андраш Бака (73) ја прифати номинацијата на парламентарната група на партијата Тиса за претседател на Унгарија, објави унгарскиот премиер Петер Маѓар. Маѓар објави на Фејсбук дека Бака ја прифатил номинацијата од желба да ѝ служи на нацијата, да работи за единството на унгарскиот народ и да создаде демократска, европска Унгарија. Унгарскиот премиер објави и фотографија направена за време на средбата со Бака, кога лично му кажал дека ...

Обвинителството ќе го гони 46-годишниот возач од Арачиново кој ја предизвика сообраќајната несреќа кај Радишани во која загина 19-годишен мотоциклист, а возачот на друго возило беше повреден. Четириесет и шестгодишниот арачиновец се товари за „Тешките дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и за „Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“. Осомничениот, на 7 август околу пладне, управувал автомобил “сеат ...

Светскиот рекордер Елејн Дејвидсон привлекува внимание на јавноста со повеќе од петнаесет илјади пирсови и необични екстремни вештини. Елејн Дејвидсон (61) е бразилско-шкотска поранешна медицинска сестра и изведувачка, позната како жената со најмногу пирсинзи во светот. Од првото дупчење до официјалните записи Таа е родена во 1965 година во Бразил, а подоцна се преселила во Единбург, Шкотска. Својот прв пирсинг го направила во јануари 1997 ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата земја категорично го отфрла најновиот мировен план за Газа, поддржан од САД, барајќи целосно и безусловно разоружување на Хамас пред какво било повлекување на израелските трупи. Острите коментари доаѓаат повеќе од една недела откако американскиот претседател Доналд Трамп триумфално објави „пробив“ во разговорите, а неговиот Одбор за мир објави нов план од 15 точки насочен кон ...

Цеца Ражнатовиќ се врати од Шпанија со прекрасни впечатоци од одморот со внукот Илијана и нејзиното семејство. Дознајте како се снабдила со енергија за новиот албум. Претстојните деловни обврски, како и интензивната работа на новиот албум, бараат многу енергија, а Светлана Цеца Ражнатовиќ успеа да ја наполни за време на заслужениот одмор во Шпанија, каде што помина време со своите најблиски. Популарната фолк ѕвезда престојуваше во Севиља, ...

Американецот Мајк Мекинси тврди дека за време на 45 минути клиничка смрт и тешка здравствена криза, доживеал визија за рајот и го сретнал Исус. Мајк Мекинси од Чатануга во американската држава Тенеси тврди дека за време на тешка здравствена криза доживеал визија што засекогаш го променила неговиот поглед на светот. Во моментите кога неговиот живот висеше на конец, како што самиот вели, го сретнал Исус кој го однел на место кое го опишува ...

Додека повеќето го сметаат менструалниот циклус за рутински дел од животот, технолошкиот претприемач и биохакер Брајан Џонсон го гледа како потенцијално вреден извор на медицински податоци. Технолошкиот претприемач и биохакер Брајан Џонсон , познат по својата опсесивна потрага по начини за забавување на стареењето и продолжување на животниот век , стекна голем број следбеници на социјалните медиуми со јавно документирање на речиси секој ...

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска изјави дека засега е подготвен да го зголеми економскиот притисок врз Иран, наместо да нареди нова голема воена офанзива, нагласувајќи дека преговорите меѓу Вашингтон и Техеран се одвиваат „половично“. Според „Аксиос“, во денешното интервју Трамп не презентирал нови воени закани „ниту изразил гнев“ затоа што Иран го одложува објавувањето на договорот со Оман за повторно ...

Рибар од Скопје вчера скокнал од чамец во Преспанското Езеро по веслата кои му паднале во водата, по што исчезнал, соопшти денеска МВР. Како што се наведува во полициското соопштение, во СВР Битола било пријавено дека на брегот на Преспанското Езеро во ресенското село Сливница двајца рибари информирале дека во чамец во езерските води останале уште двајца рибари, од кои едниот скокнал во езерото по веслата кои му паднале и не излегол од ...

Стабилен е младиот пациент кој се здоби со сериозна повреда на рбетот во Кушадаси, изјави за медиумите директорот на Клиниката за трауматологија, Игор Мерџаноски. Иако вчера имал покачена температура, анализите покажале дека нема присуство на инфекции и дека реакцијата најверојатно е последица на транспортот и оперативниот зафат. Виталните параметри се добри, започнато е хранење преку уста и физикална терапија. Мерџаноски укажа дека ваквите ...

Новозеландската политичарка Џо Гејлер се нашла во многу необична ситуација за време на состанокот на градскиот совет, кога се придружила на состанокот преку видео повик – директно од нејзината бања. Седницата беше доста бурна дури и пред да се вклучи Гејлер. Советот пристапи кон дискусијата за реформата на локалната самоуправа дури по еден час, а пред тоа советникот Бенедикт Онг мораше да ја напушти седницата поради несоодветно однесување. ...

Од утре патниците во градскиот и приградскиот превоз во Кавадарци ќе можат да го платат билетот само безготовински. ЈП „Градски превоз“ – Кавадарци информира дека готовина повеќе нема да се прима во автобусите. Плаќањето ќе се врши со КА-карта или со платежна картичка Visa или Mastercard, преку бесконтактно плаќање директно во автобусот. Од претпријатието информираат дека официјални места за продажба и надополнување кредит на КА-картите се ...

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени, јавува УХМР. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...

Руските научници развиваат нов систем за отстранување на цврст отпад во вселената, неопходен за меѓупланетарни вселенски летови, изјави Вјачеслав Иљин од Институтот за биомедицински проблеми на Руската академија на науките. „Во моментов, средствата за лична хигиена во вселената се за еднократна употреба – салфетки, крпи и слично. Тие се фрлаат во товарниот брод „Прогрес“, кој потоа се одвојува од Меѓународната вселенска станица и гори ...

Вакви профили избрале 52 проценти од учесниците, што е значително повеќе од оние кои избрале профили со премалку или премногу информации. Профилот на апликација за запознавање има специфичен формат: концизен аргумент зошто некој странец треба да поминува време со вас, презентиран преку неколку фотографии и поле за текст што многумина го исполнуваат со бесмислици. Просечната личност поминува само седум секунди на профил пред да одлучи да ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
1.03
40%
1013
weather icon

Белград

28ᴼ / 26ᴼ
4.12
60%
1016
weather icon

Загреб

28ᴼ / 24ᴼ
1.54
54%
1018
weather icon

Софија

29ᴼ / 26ᴼ
2.06
40%
1016
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
2.96
47%
1015
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 22ᴼ
2.06
74%
1018
weather icon

Атина

37ᴼ / 34ᴼ
3.09
44%
1011
weather icon

Тирана

32ᴼ / 30ᴼ
3.6
63%
1015
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
2.57
55%
1014
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 22ᴼ
3.6
80%
1016
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 26ᴼ
3.09
38%
1017
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
5.14
69%
1013
Currency

61.525

Currency

52.71

Currency

71.9099

Currency

37.8479

Currency

38.0128

Currency

65.5865

Currency

7.84335

Currency

0.62639

Currency

0.33146

Currency

0.52437

Currency

1.09544

Currency

0.55342

Иридиум

252383.36

Платина

59800.39

Паладиум

42599.74

Бакар

13.57

Родиум

282926.57

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.24

Сребро

2226.13

Рутениум

53852.50

Злато

149205.18

Цинк

0.00

Калај

55.96