Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Новата алатка за создавање фотографии со помош на вештачка интелигенција на компанијата „Мета“ предизвика голема загриженост кај експертите за приватност. Причината е што функцијата, според нив, може да користи фотографии од јавни профили на Инстаграм како основа за создавање нови слики, без сопствениците на профилите директно да бидат известени. Станува збор за алатката „Мјуз имиџ“, која беше претставена од „Мета“ како нова генеративна ...
Ако ова лето патувате за Грција преку Северна Македонија, обрнете внимание, бидејќи сообраќајните камери од границата со Србија, низ Северна Македонија па сè до преминот Богородица/Евзони, ги евидентираат и возилата со странски таблички, а прекршоците веднаш ги испраќаат до полициските патроли и пресретнувачите кои можат да ве запрат на патот. Имено, како што пишува „Грција инфо“ (Grčka info), камерите од системот „Safe City“ (Сејф сити) во ...
Голема трагедија го потресе германското место Дроса во покраината Саксонија-Анхалт, откако четиригодишно девојче го загуби животот по напад од семејното куче. Според информациите од полицијата и обвинителството, девојчето се наоѓало во својот дом и си играло со кучето, кога животното ненадејно го нападнало. Станува збор, според првичните информации, за американски стафордширски териер, кој повеќепати го каснал детето. И покрај брзата реакција ...
Вистинска драма се случувала на небото над Грција, откако патници на летот на „Рајанер“ од Солун кон Минхен доживеале опасен инцидент кратко по полетувањето. Според сведоштвата на патниците, во текот на летот одеднаш се слушнал силен удар, по што еден од прозорците на авионот напукнал и сериозно се оштетил. Настанот предизвикал голема вознемиреност меѓу патниците, бидејќи веднаш се појавиле проблеми со притисокот во кабината. По оштетувањето ...
Француската репрезентација продолжува да ги поместува границите на светските шампионати. Со победата од 2-0 против Мароко во четвртфиналето на Светското првенство, актуелните светски велесили обезбедија место меѓу четирите најдобри селекции и запишаа уште еден историски успех. Тимот предводен од селекторот Дидие Дешан стана само третата национална селекција што успеала да стигне до полуфинале на три последователни Светски првенства – во 2018, ...
Тешка сообраќајна несреќа ја активираше Територијалната противпожарна единица во Крива Паланка, откако пожарникарите морале да интервенираат за да извлечат повредено лице од уништено возило. Според информациите од ТППЕ Крива Паланка, несреќата се случила вчера, 9 јули 2026 година, на улицата „Партизанска“ во градот. По добиената пријава за сообраќајниот инцидент, веднаш била испратена екипа на терен со едно противпожарно возило и тројца ...
Возачите кои викендов планираат патување кон Солун повторно треба да сметаат на изменет режим на сообраќај. Поради продолжување на градежните работи на надвозникот, делови од обиколницата ќе бидат привремено затворени во ноќните часови. Според најавите, вечерва, во периодот меѓу петок и сабота, на 10 јули, од 23:00 до 05:00 часот, целосно ќе бидат затворени двата правци на делницата помеѓу клучките К5 (Папагеоргиу) и К6 (Метеора). Во овој ...
Српскиот трап-изведувач Драгомир Депсиќ, попознат под уметничкото име Десингерица, повторно се најде во центарот на јавноста поради необичен и контроверзен настап, овојпат во Хрватска. За време на концертот во клубот „Ла Плаја“ во Водице, Десингерица повторно приреди сцена која предизвика бројни реакции. Среде настапот тој извади машинка за бричење и започна да му ја бричи косата на еден млад посетител кој се наоѓал во првите редови. По него, ...
Израел сподели разузнавачки податоци со САД за наводна нова иранска завера за атентат врз американскиот претседател Доналд Трамп, известува „Волстрит журнал“ (Wall Street Journal). Весникот се повикува на извори запознаени со разузнавачката комуникација меѓу Израел и САД, но не е јасно кога биле споделени разузнавачките податоци или преку кој канал. Трамп, кој се соочи со неколку неуспешни атентати, вклучувајќи го и пукањето во 2024 година во ...
Најмалку 12 лица го загубија животот во катастрофалниот шумски пожар што го зафати подрачјето околу градот Лос Галардос во југоисточната шпанска покраина Алмерија, соопштија властите од Андалузија. Во пожарот се повредени и најмалку шест лица, додека стотици пожарникари и спасувачи водат битка со огнената стихија. Според првичните информации, дел од жртвите биле пронајдени во автомобили кои биле целосно зафатени од пламенот. Очевидци тврдат ...
Авион на „Ер Канада“ скршна од пистата на аеродромот во Монтреал по слетувањето, но нема повредени, соопштија официјални лица од авиокомпанијата. Како што пренесува канадски „ЦБЦ“ (CBC), официјални лица од „Ер Канада“ во соопштение по е-пошта наведоа дека летот AC774, кој пристигнал од Лос Анџелес, ја напуштил патеката за рулање по слетувањето. „Немаше повредени“, се наведува во соопштението. Авионот „Боинг 737 Макс“, со 156 патници и шест ...
Македонија денес, 10 јули, ја очекува вистински летен ден со претежно сончево и стабилно време. Во поголемиот дел од земјата ќе преовладува ведро небо, а само понекаде ќе има мала локална облачност, без позначајни промени на временските услови. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северозападен правец, кој на одредени места ќе придонесе за краткотрајно освежување и попријатно чувство и покрај високите дневни температури. Утринските ...
Вчера во Основниот суд во Куманово започна судскиот процес против 25-годишниот Трајко Бојковски од селото Малотино, Општина Старо Нагоричане, кој се соочува со тешки обвиненија за убиство на четири жени, како и за уште два обиди за убиство. Иако претходно неговиот адвокат најавил дека обвинетиот ќе ги признае делата што му се ставаат на товар, на самиот почеток од судењето Бојковски се изјасни дека не се чувствува виновен. Посебно внимание во ...
Полициски службеник од Полициската станица за граничен надзор Чашка се соочува со кривична пријава и суспензија, откако, според Министерството за внатрешни работи, пукал со огнено оружје за време на семејна веселба, со што ја загрозил безбедноста на присутните. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – ...
Голем пожар кај Ниш: Огнот се прошири до куќите поради силниот ветер Голем пожар избувна денес во близина на населбата Подвиник кај Ниш, на отворен простор покрај автопатот, а поради силниот ветер пламените јазици брзо се проширија кон околните куќи. Според првичните информации, пожарот зафатил и една семејна куќа, при што бил оштетен дел од нејзиниот ѕид. Засега нема информации за повредени лица. На терен интервенираат бројни екипи на ...
Важно известување за скопјани: Утре ќе има авионско прскање против комарци Град Скопје информира дека утре, 10 јули, во раните утрински часови ќе се спроведе авионска дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на главниот град. Од Градот соопштуваат дека доколку временските услови не дозволат реализација на акцијата, прскањето ќе биде одложено за првиот нареден ден со поволни временски услови, во истиот термин. Воедно, надлежните ...
До крајот на годината овие 3 хороскопски знаци би можеле да бидат најсреќните Според астролошките толкувања, последните месеци од годината би можеле да донесат позитивни промени за три хороскопски знаци. По период исполнет со предизвици и неизвесност, за Лавовите, Скорпиите и Јарците се најавуваат нови можности на професионален, финансиски и љубовен план. Лав Лавовите би можеле конечно да ги видат резултатите од својот долгогодишен труд. ...
Трагедија во Охрид: Почина маж откако проголтал паковка со дрога при полициска контрола Четириесет и четиригодишен жител на Охрид почина откако, според информациите од Секторот за внатрешни работи Охрид, проголтал паковка со наркотична материја за време на полициска контрола. Настанот се случил откако полициски службеници се обиделе да запрат автомобил „Ренџ Ровер“ со чешки регистарски ознаки. Возачот првично не застанал на дадениот знак и се ...
Милатовиќ: Европскиот пат не значи откажување од идентитетот на Црна Гора Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, порача дека пристапувањето на земјата во Европската Унија не претставува откажување од националниот идентитет, туку негово зачувување преку вредностите на слободата, демократијата и владеењето на правото. Говорејќи на свечен прием во Цетиње по повод Денот на државноста, Милатовиќ истакна дека европската интеграција е природно ...
Четириесет и едногодишен жител на Куманово се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила доцна синоќа на улицата „11 Ноември“ во Куманово. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила околу 22:40 часот, кога патнички автомобил со кумановски регистарски таблички, управуван од М.Т. (41), удрил во паркирано товарно возило „Пежо“, кое било сопственост на С.К. (38) од Куманово. Во ...
Франција повторно се соочува со силен топлотен бран, поради што метеоролошките служби прогласија црвен аларм за девет департмани, додека уште десетици региони се ставени под портокалово ниво на предупредување. Според Метео-Франс, највисокото ниво на тревога ќе стапи во сила во петок напладне и ќе важи за департманите Морбијан, Ил-ет-Вилен, Мајен, Сарт, Лоара-Атлантик, Ванде, Мен-ет-Лоар, Виена и Де Севр. Метеоролозите предупредуваат дека ...
Драма кај Рача: Два автомобили се судрија, банкината спречила поголема трагедија Сообраќајна несреќа се случи вечерва на булеварот „Свети Наум Охридски“ во Охрид, во близина на населбата Рача, каде што дошло до судир меѓу два автомобили. Според првичните информации од местото на настанот, во несреќата има повредени лица, а по ударот возилата биле поместени кон работ на коловозот. Очевидци посочуваат дека еластичната заштитна ограда спречила ...
Земјотрес со магнитуда од 5,5 степени според Рихтеровата скала денес беше регистриран во Чешка, а потресот бил почувствуван и во делови од соседна Словачка, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Според првичните информации, епицентарот се наоѓал на околу 14 километри од градот Прибрам, во Чешка, на длабочина од околу 10 километри. Во моментот нема официјални информации за евентуални жртви, повредени лица или поголема материјална ...
Здравствените власти предупредуваат на значителен пораст на случаите на морбили во Европа, при што неколку балкански и западноевропски земји бележат сериозно зголемување на бројот на заразени. Според податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC), најмногу случаи од почетокот на годината се регистрирани во Романија, Бугарија, Италија, Шпанија, Франција и Германија. Особено загрижува состојбата во Бугарија, каде што ...
Добра вест за граѓаните: Почна исплатата на социјалната и детската помош Министерството за социјална политика, демографија и млади соопшти дека денес официјално започна исплатата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита за јуни 2026 година. Корисниците кои располагаат со дебитни картички можат веднаш да ги користат средствата преку банкомати, за безготовинско плаќање во трговската мрежа, како и преку електронско и мобилно ...
Само малкумина го добиваат точниот одговор: Оваа задача ги збуни социјалните мрежи Наизглед едноставна математичка задача повторно стана хит на социјалните мрежи, каде што илјадници корисници дебатираат околу точниот резултат. Иако изгледа како задача што лесно се решава, многумина прават иста грешка. Равенката гласи: 8 + 2 × 5 ÷ 8 = ? Голем број луѓе почнуваат да пресметуваат по ред, од лево кон десно, па прво ги собираат 8 и 2. На тој начин ...
Сите ја прават оваа навика, а може тивко да ве дебелее – експертите предупредуваат Доколку внимавате на исхраната и редовно вежбате, а сепак забележувате дека килограмите се зголемуваат, причината можеби не е само во храната. Експерти посочуваат дека одредени производи за секојдневна употреба можат да содржат хемикалии кои потенцијално влијаат врз хормоналниот баланс и метаболизмот. Станува збор за фталати – соединенија што често се наоѓаат ...
Романскиот фудбал остана без едно од своите познати имиња. Поранешниот репрезентативец Габриел Мурешан почина на 44-годишна возраст, откако се удавил во езеро во близина на општината Аполд, каде што воедно ја извршувал функцијата градоначалник. Според романските медиуми, несреќата се случила во средата вечер. Откако бил извлечен од водата, медицинските екипи веднаш започнале со реанимација, но и покрај нивните напори, не успеале да му го ...
Дали некогаш сте се запрашале зошто има камења под железничките шини? Причината ќе ве изненади Дробениот камен што се наоѓа под железничките шини не е поставен случајно. Тој е познат како баласт и претставува еден од најважните елементи на железничката инфраструктура, бидејќи овозможува пругите да останат стабилни и безбедни за сообраќај. Неговата основна задача е рамномерно да ја распредели огромната тежина на возовите врз подлогата. ...
ВАЖНА ПРОМЕНА: Од денес важат нови правила за горивата во Македонија! Во Македонија официјално почна да се применува новата Уредба за квалитет на течните горива, со која се воведуваат построги стандарди и поефикасни механизми за контрола на горивата што се продаваат на домашниот пазар. Од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информираат дека целта е граѓаните да добијат поквалитетни горива, а компаниите да работат ...