Во пресрет на јубилејното петто издание на Спортски Игри Велес 2026, денеска се одржа прес-конференција на која беа најавени деталите за еден од најмасовните спортски настани во Македонија, кој од 1 до 6 јуни ќе се одржи во Градски парк Велес. На прес-конференцијата присуствуваа Бубе Црвенпанов, дел од организацијата на Спортските Игри, градоначалникот на Велес Марко Колев, Жарко Спасовски, дел од организацијата на турнирот во мал фудбал, ...

Семејството на Златица Бојчевска упати јавен апел за помош во потрагата по нејзината мајка, која исчезнала на 26 мај околу 3:15 часот наутро во Скопје. Според информациите споделени преку социјалните мрежи, жената последно била забележана во дворот на основното училиште „Петар Поп Арсов“, а потоа и во населбата Црниче, во близина на маркетот „Рептил“. Семејството информира дека исчезнатата жена боледува од деменција, што дополнително ја ...

Бројот на земји кои ја финансираат иницијативата за набавка на муниција за Украина, предводена од Прага, речиси се преполови откако Андреј Бабиш се врати на функцијата премиер на Чешка. Чешкиот претседател Петр Павел изјави дека иницијативата во моментов ја поддржуваат само девет земји, додека минатата година нивниот број изнесувал 18. „Иницијативата сè уште функционира, но новиот проблем е што финансиски придонес сега даваат само околу девет ...

Во Велес повторно е забележана ситуација на железничките премини каде што воз мора со свирење да ги предупредува пешаците и возилата да застанат, поради тоа што сигнализацијата и рампите не функционираат правилно. Според наводите, утринскиот воз од Скопје кон Гевгелија, кој минува низ повеќе премини во централниот дел на Велес, се движел со значително намалена брзина и дополнително со звучни сигнали предупредувал на своето приближување. ...

Холивудскиот актер Џони Деп бил жртва на сериозна финансиска измама, откако 27-годишен државјанин на Јордан наводно добил пристап до податоците од неговата банкарска картичка и направил трошоци кои надминуваат 620 илјади евра, пренесуваат странските медиуми. Според информациите, Деп наводно повеќе од две години не забележал дека од неговата сметка исчезнуваат големи суми пари. Сомнителните трансакции биле откриени дури кога банката ги ...

Мртвото Море, едно од најнеобичните природни чуда на светот, се соочува со драматични промени кои би можеле неповратно да го изменат неговиот изглед. Нивото на водата од година во година забрзано паѓа, брегот се повлекува, а низ подрачјето се шират опасни дупки во тлото (кратери) кои голтаат патишта, плажи и туристички објекти. Експертите предупредуваат дека станува збор за еколошка катастрофа предизвикана од човечки активности и климатските ...

Сериозен инцидент со смртоносен исход ја потресе Приштина, откако едно лице било убиено во вооружен напад што се случил на јавна улица во градот. Според потврдата од таканаречената косовска полиција, мажот бил погоден од огнено оружје во среда вечерта и им подлегнал на повредите на самото место. Пукањето се случило на улицата „Сали Нивица“, каде што граѓаните околу 20:30 часот пријавиле дека слушнале истрели, по што веднаш биле алармирани ...

Секторот за вонредни состојби при МВР упати итен апел до граѓаните за максимална одговорност и претпазливост при користење отворен пламен. Поради топлото и суво време, опасноста од појава и брзо ширење на пожари на отворен простор е сериозно зголемена, што претставува директна закана за животот и здравјето на луѓето. Надлежните потсетуваат дека со Закон е строго забрането палење трева, ниска вегетација, стрништа и ѓубре, како и ложење оган во ...

Сериозна несреќа ја потресе белградската населба Земун, откако 77-годишна жена се здобила со тешки повреди при излегување од автобус, во инцидент што предизвика големо вознемирување кај очевидците. Според информациите што ги пренесуваат српските медиуми, жената останала приклештена во вратата од автобусот во моментот кога возилото продолжило да се движи, по што била влечена по улицата додека не паднала на коловозот. Инцидентот се случил ...

Едномесечен притвор му е одреден на професор од Земјоделското и медицинското училиште во Бијелина, кој беше уапсен под сомнение за сексуално вознемирување на 16-годишен ученик во училиштето. Полициските службеници од Бијелина го предадоа осомничениот С.Д. на Окружното јавно обвинителство, по пријава од самиот оштетен ученик. „Полициски службеници го предадоа С. Д. на Окружното јавно обвинителство со извештај за сторено кривично дело сексуално ...

Најновите податоци на Евростат покажуваат дека граѓаните на Европската Унија денес работат помалку часови во неделата во споредба со пред десет години, што укажува на постепена промена во работните навики низ блокот. Според статистиката, вработените на возраст од 20 до 64 години во 2025 година во просек работеле 35,9 часа неделно на своето главно работно место. За споредба, во 2015 година овој просек изнесувал 36,9 часа неделно, што ...

Најмалку десет ученички загинаа во пожар што избувнал во ученички дом во регионот Накуру во Кенија, додека спасувачките екипи и понатаму работат на терен по трагичниот настан што ја потресе јавноста. Според информациите од локалните власти, пожарот избувнал околу еден час по полноќ во објектот „Утумиши“, кој служел за сместување на ученици. Регионалниот полициски началник Самуел Ндањи потврдил дека службите веднаш интервенирале, но ...

Неколку основни и средни училишта во Загреб утрово добиле дојави за поставени бомби, по што веднаш биле активирани безбедносните протоколи и започнати евакуации на учениците и вработените. Според информациите што ги пренесуваат хрватските медиуми, директорите на училиштата без одложување организирале евакуација на децата, додека полицијата започнала проверки на објектите. На терен биле испратени полициски екипи, како и специјално обучени ...

Од „Охрид Мол“ алармираат за серија опасни ситуации што во изминатиот период биле регистрирани на паркинг-просторот на трговскиот центар, каде поединци управувале мотори на начин што сериозно ја загрозувал безбедноста на посетителите и останатите присутни. Според информациите споделени од трговскиот центар преку социјалните мрежи, биле забележани случаи на возење со прекумерна брзина, изведување ризични маневри, возење на едно тркало, како и ...

Трагичен настан ја потресе Македонија откако 85-годишна жена го загуби животот во пожар што избувнал во текот на ноќта во семејна куќа во скопската населба Пинтија. Според неофицијални информации, огнот избувнал на долниот кат од куќата, а жената не успеала навреме да се евакуира и да се спаси од пламените јазици. На местото веднаш интервенирале екипи на Итната медицинска помош, кои констатирале смрт кај жената, додека на други лица кои биле ...

Цените на нафтата утрово повторно забележаа значителен раст, откако новата ескалација на тензиите меѓу САД и Иран предизвика дополнителна неизвесност на светските пазари. Според информациите што ги пренесува Ројтерс, цените пораснаа за повеќе од три проценти откако САД извршиле нови напади врз Иран, насочени кон воена локација во Бандар Абас – стратешки важен пристанишен град. По нападите, Иранската револуционерна гарда возвратила со напад ...

НАСА објави амбициозен план за серија нови мисии кон Месечината, кои треба да се реализираат во текот на годината. Овие активности се дел од пошироката стратегија за создавање постојано човечко присуство на природниот сателит на Земјата. По успешно завршената мисија „Артемис II“, агенцијата продолжува со следните чекори, насочени кон тестирање на нова технологија. Во фокус се лунарни ровери, лендери и опрема што ќе помогне подобро да се ...

Тешка сообраќајна несреќа се случила во селото Велика Ораша, во близина на Велика Плана, при што животот го загубил 47-годишен маж. Настанот ја вознемири локалната заедница и повторно го отвори прашањето за безбедноста на патиштата. Според првичните информации, мажот управувал мотоцикл и се движел кон Велика Плана. Во еден момент, при влез во кривина, изгубил контрола над возилото и излетал надвор од патот. Сè се случило многу брзо, без ...

Румен Радев во Париз изјави дека Европа треба да преземе поактивна улога во дипломатските напори поврзани со конфликтот во Украина, нагласувајќи дека е неопходно отворање на канал за преговори со Русија. Според него, европските држави не треба да бидат само набљудувачи, туку активни учесници во процесот на изнаоѓање политичко решение. Тој оцени дека дипломатските механизми мора повторно да добијат примат во однос на воените решенија. Во ...

Потрагата по млада девојка која исчезнала во летото 2023 година и понатаму трае, без конкретен одговор за тоа што навистина се случило. Таа последен пат била видена ноќта кога го напуштила станот на својата баба, излегувајќи преку тераса и упатувајќи се во непознат правец. Безбедносните камери го забележале нејзиното движење по улица, што воедно е и последниот сигурен траг. Во моментот на исчезнувањето, носела лесна облека и дури била без ...

Случајот што ја бранува јавноста во регионот доби нов развој, откако судот донесе одлука за притвор на жена поврзана со сериозно кривично дело. По жалба на обвинителството, првичната мерка куќен притвор е заменета со притвор во траење до 30 дена. Одлуката е донесена поради сериозноста на делото и силното влијание што случајот го има врз јавноста. Според информациите, таа се сомничи за незаконско поседување и ракување со оружје, што ...

Во скопската општина Аеродром е пријавен инцидент во кој 39-годишен маж бил физички нападнат додека се движел со велосипед, при што му бил одземен ранец со пари и лични предмети. Според информациите од СВР Скопје, на 26 мај 2026 година околу 10:52 часот, лицето пријавило дека додека возел велосипед на подрачјето на Аеродром, бил пресретнат од едно лице кое го нападнало со тврд предмет. По нападот, сторителот му го одзел ранецот во кој се ...

Во Пробиштип е пријавен инцидент на работното место во кој 25-годишна жена од Кратово се здобила со повреди додека била на работа во фабрика. Според информациите од надлежните служби, на 26 мај 2026 година во 16:45 часот во ОВР Пробиштип било пријавено од Итната медицинска помош од Кратово дека кај нив била донесена повредена жена на возраст од 25 години. Како што е наведено, повредите се случиле неколку часа порано, околу 13:00 часот, додека ...

Во Охрид се случи инцидент на улицата „Аџи Мустафа“, каде по подолг период на градежни работи, товарно возило пропаднало во дел од коловозот. Улицата веќе неколку месеци е во фаза на реконструкција, но граѓаните реагираат дека состојбата на теренот е хаотична и небезбедна за сообраќај. Според нив, наместо уредена и функционална сообраќајница, секојдневно се соочуваат со раскопани делови од патот, тешко движење и ризични услови за возење. ...

Во кичевскиот регион е пријавен инцидент во кој 10-годишно дете завршило со повреда на ногата предизвикана од дијабола испукана од воздушна пушка. Според информациите од надлежните, на 26 мај 2026 година, околу 12:20 часот, во СВР Охрид било пријавено од Специјалната болница за ортопедија и трауматологија во Охрид дека кај нив било донесено малолетно лице од кичевско со повреда на долниот екстремитет. Лекарите констатирале дека повредата е ...

Во Нов Загреб, 43-годишен маж заврши во притвор под сомнение за обид за двојно убиство, откако нападнал две лица со нож во угостителски објект. Според информациите од Државното обвинителство на Хрватска, инцидентот започнал со вербална расправија меѓу осомничениот и двајца мажи на возраст од 26 и 35 години. Конфликтот брзо прераснал во насилство, при што напаѓачот употребил нож. Помладиот маж бил сериозно повреден со убоди во главата, ногата ...

Одлуката на Министерството за финансии да ѝ ја одземе лиценцата на Креди Јес отвори бројни прашања кај граѓаните кои имаат активни кредити – најважното е дали нивните долгови може да бидат избришани. Од институцијата појаснуваат дека, и покрај затворањето на компанијата, договорите за кредит остануваат важечки. Тоа значи дека обврските на корисниците не исчезнуваат автоматски, освен ако суд не донесе поинаква одлука или страните не постигнат ...

Велес е следната станица на спортскиот караван „Ден на спортот“, кој се одржува во рамките на Плазма Спортски игри за млади. Овој настан има за цел да им овозможи на сите деца бесплатен пристап до спорт и да ги мотивира да водат активен и здрав живот. Манифестацијата, која за првпат годинава се организира во Македонија, важи за една од најголемите аматерски спортски платформи во Европа со традиција подолга од три децении. Настанот во Велес ќе ...

Според најновата анализа на метеорологот Славчо Попоски, во Македонија започнува период на стабилно и значително потопло време, со што практично започнува летната сезона. По подолг период на нестабилни временски услови, проследени со врнежи, грмежи и пониски температури од просекот, времето конечно се стабилизира. Во изминатиот период дури имаше и појава на снег на планините, што е невообичаено за овој дел од годината. Во меѓувреме, голем дел ...

Во Бристол, Велика Британија, сопственичката на куче кое минатата година усмрти 19-годишна девојка, ја признала вината пред судот. Таа се изјаснила како виновна за поседување куче кое било опасно и надвор од контрола, што довело до фаталниот напад. Според информациите, кучето ненадејно ја нападнало девојката, нанесувајќи ѝ тешки повреди од кои таа починала на местото на настанот, и покрај обидите за помош од минувачи и медицински екипи. ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.24
35%
1017
weather icon

Белград

30ᴼ / 28ᴼ
2.68
53%
1017
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
1.36
50%
1016
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
2.35
61%
1021
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
2.33
45%
1019
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 23ᴼ
1.23
74%
1018
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
3.58
45%
1015
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
0.89
56%
1016
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.61
48%
1016
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
1.89
49%
1019
weather icon

Будимпешта

34ᴼ / 33ᴼ
0.45
37%
1017
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 22ᴼ
6.09
100%
1019
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4463

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.68548

Currency

0.33441

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Сребро

1902.84

Рутениум

49029.89

Злато

131072.82

Кобалт

56.29

Иридиум

233896.68

Паладиум

38195.09

Родиум

249168.29

Калај

50.56

Цинк

0.00

Бакар

12.33

Алуминиум

3.20

Платина

51923.46