Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Градскиот плоштад во Кавадарци денес беше исполнет со детска смеа, радост и позитивна енергија, благодарение на омиленото туристичко вовче Гроздоберко, кое уште еднаш ги воодушеви најмалите посетители. Стотици деца со нетрпение чекаа да се качат на веселото вовче, уживајќи во возењето низ центарот на градот, додека нивните родители ги овековечуваа најубавите моменти со фотографии и видеа. Настанот создаде прекрасна атмосфера исполнета со ...
При изборот на крема за сончање, многумина се двоумат дали да купат производ со SPF 30 или SPF 50. Иако бројките изгледаат како да прават голема разлика, експертите објаснуваат дека нивото на заштита е многу послично отколку што повеќето мислат. SPF, односно факторот за заштита од сонце, покажува колку ефикасно кремата ги филтрира штетните ултравиолетови зраци. Кремите со SPF 30 блокираат околу 96,7 проценти од УВ-зрачењето, додека SPF 50 ...
Државјанин на Србија, камионџија од Нови Пазар, е пронајден мртов покрај товарното возило што го управувал на територијата на Бугарија, додека локалните власти спроведуваат истрага за да ги утврдат околностите на случајот. Според првичните информации што ги пренесуваат регионалните медиуми, телото на возачот било откриено во непосредна близина на камионот, по што на местото пристигнале полициски екипи и започнале увид. Во јавноста се појавија ...
Кинеските власти ги зголемија мерките за подготвеност во провинциите Џеџијанг и Фуџијен поради приближувањето на тајфунот Бави, деветтиот регистриран тајфун во земјата од почетокот на годината. Според информациите од локалните метеоролошки служби, системот се движи кон југоисточниот брег на Кина, а во текот на денот се наоѓал на повеќе од 1.000 километри југоисточно од градот Венџоу. Во неговото јадро се регистрирани ветрови со сила на ...
Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривична пријава против 59-годишна жителка на селото Таринци, во општина Карбинци, поради сомнение дека извршила кривично дело „насилство врз дете“. Според информациите од полицијата, инцидентот се случил на 29 мај 2026 година на детско игралиште во селото Таринци, каде што осомничената физички нападнала малолетно лице. По преземените активности и документирањето на случајот, против жената е поднесена ...
На денешното рочиште за предметот поврзан со злоупотребите на средствата од ИПАРД програмата, во судницата беа преслушани дел од телефонските разговори обезбедени со посебни истражни мерки. Во разговорите, според обвинителството, се слушаат комуникации меѓу дел од обвинетите, како и лица кои не се опфатени со обвинението. Меѓу нив е и поранешна вработена во Министерството за земјоделство, која претходно призна вина за примање поткуп и беше ...
Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ предупредува дека, покрај вирусот Западен Нил, постои и потенцијален ризик од појава на денга и чикунгуња, заболувања што ги пренесуваат комарци, пред сè инвазивниот тигрест комарец (Aedes albopictus). Според експертите, климатските промени, сè почестите патувања и ширењето на инвазивните видови комарци ја зголемуваат можноста за појава на увезени случаи, а во одредени услови и локално ...
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција соопшти дека во рамки на истрага за организирана криминална група, поврзана со нелегален увоз, дистрибуција и употреба на медицински лекови и помагала, биле приведени три лица, меѓу кои и двајца лекари. Во акцијата, која се реализирала во текот на вчерашниот ден, биле извршени претреси на пет различни локации во Скопје, вклучително и во две здравствени установи. По ...
Ако чувствувате замор, пад на концентрацијата или ментална исцрпеност, решението можеби е поедноставно отколку што мислите. Според повеќе научни истражувања, само неколку минути поминати гледајќи низ прозорецот кон природа можат позитивно да влијаат врз вниманието и менталната енергија. Психолозите Рејчел и Стивен Каплан преку Теоријата за обновување на вниманието објаснуваат дека мозокот користи два вида внимание. Насоченото внимание, кое го ...
Десетмесечното бебе кое во критична состојба беше пренесено од островот Родос во Атина поради задушување со храна, починало и покрај напорите на лекарите да му го спасат животот. Според грчките медиуми, бебето починало утринава околу 04:30 часот, неколку часа по итниот транспорт до специјализирана болница во главниот град. Инцидентот се случил кога детето се задушило додека било хрането, по што веднаш било пренесено во Општата болница на ...
Предложените измени на Законот за студентскиот стандард предвидуваат построги правила за однесување во студентските домови, меѓу кои и можност студентите што внесуваат или користат алкохол да добијат забрана за сместување во сите државни студентски домови во период од една до пет години. Иако забраната за внесување алкохол во студентските домови е правно дозволена, дел од правните експерти сметаат дека најголемото прашање е дали предложените ...
Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа на раскрсницата меѓу Булеварот на кралот Александар и Ресавска улица во Белград, при што тешко е повреден 53-годишен мотоциклист. Според информациите од Градското сообраќајно претпријатие, несреќата се случила околу 22:45 часот, кога трамвај при свртување од Булеварот кон Ресавска улица бил удрен од мотоцикл кој се движел во правец кон Вуковиот споменик. Од силината на ударот, мотоциклистот се ...
Македонија во следните десет дена ќе биде под влијание на стабилно и многу топло летно време, со температури кои на повеќе места ќе достигнуваат и надминуваат 35 степени, додека во одделни денови ќе има услови за локална нестабилност и краткотрајни поројни врнежи со грмежи. Според прогнозите, викендот ќе биде најтопол, со максимални температури од 34 до 38 степени, а во најтоплите делови од државата локално е можно живата во термометарот да ...
За време на екстремно високите температури, покрај доволниот внес на течности, важна улога има и правилната исхрана. Според експертите, изборот на намирници може да помогне организмот полесно да се справи со топлината и да остане подобро хидриран. Епидемиологот Тим Спектор советува во текот на летните горештини почесто да се консумираат намирници богати со вода, како лубеница, краставици, домати, агруми, зелена салата и бобесто овошје. Освен ...
Недостатокот на железо е состојба која може да се манифестира преку различни симптоми, како што се постојан замор, вртоглавици, главоболки, забрзано чукање на срцето или зголемено паѓање на косата. Навременото препознавање на овие знаци е важно, бидејќи со соодветни лабораториски анализи може да се утврди нивото на железо во организмот и, доколку е потребно, да се започне со соодветен третман. Во ПЗУ ВЕ ЛАБ – Лабораторија, пациентите имаат ...
Во заедничка меѓународна полициска акција во Драч, Албанија, приведени се две лица кои се поврзуваат со организираната криминална група „Беланоца“, а едниот од нив е осомничен и за убиството на офицер на АРМ во Батинци. Според информациите што ги објави Министерството за внатрешни работи, уапсени се М.Џ. (26), роден во Скопје, и С.Н. (34), роден во Норвешка. За двајцата Интерпол имал распишано меѓународни потерници за повеќе тешки кривични ...
Конфликтот меѓу САД и Иран повторно се интензивираше по новата размена на воени напади, само неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека примирјето со Техеран, според него, е завршено. Според соопштението на американската Централна команда (CENTCOM), американските сили извеле напади врз повеќе од 90 цели во Иран. Наведено е дека биле погодени системи за воздушна одбрана, ракетни позиции и логистичка инфраструктура, ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска најави измени на Законот за студентски стандард, со кои ќе се воведе максимална старосна граница од 30 години за сместување во студентските домови. Според Јаневска, целта е да се спречат злоупотребите, бидејќи биле евидентирани случаи на студенти кои со години ги презапишувале студиите само за да продолжат да користат сместување по субвенционирани цени. Освен старосната граница, измените ...
Авантуристичкото патување на младиот Џејк Добс во Гватемала се претворило во исклучително непријатно искуство, откако по искачување на активен вулкан открил дека во неговото стапало се развиле ларви од паразитска мува. Иако за време на експедицијата уживал во спектакуларните пејзажи и активниот вулкан од кој се издигал чад, по враќањето забележал необична промена на стапалото. Бидејќи симптомите не исчезнувале, веднаш побарал лекарска помош, ...
Во изминатите 24 часа полициските службеници низ целата држава спровеле засилени сообраќајни контроли, при што лишиле од слобода вкупно 13 возачи поради безобѕирно управување со моторни возила, информира Министерството за внатрешни работи. Според податоците на МВР, најголем дел од приведените, односно 10 лица, биле затекнати зад волан без воопшто да поседуваат возачка дозвола, односно без положен возачки испит. Надлежните оценуваат дека ...
Неочекуван безбедносен инцидент ја вознемири англиската фудбалска репрезентација за време на Светското првенство, откако вооружен маж упаднал во објект во близина на базата каде што престојува тимот во Канзас Сити. Според информациите на „Дејли Меил“, инцидентот се случил претходно оваа недела во медиумскиот центар KC Parks, кој се наоѓа во непосредна близина на тренинг-комплексот Swope Soccer Village, каде што се подготвува англиската ...
Непријатен инцидент се случил во филијала на банка во Неготино, каде 35-годишен маж е лишен од слобода по пријава дека ѝ се заканувал на својата мајка, а потоа нападнал и полициски службеници кои пристигнале на местото. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен на 9 јули 2026 година околу 13:00 часот, кога полициски службеници од ОВР Неготино интервенирале во банкарската филијала. Според пријавеното, И.П. ...
Меѓународна полициска акција во Албанија резултираше со апсење на две лица кои биле барани од македонските власти преку Интерпол за сериозни кривични дела. Албанската полиција информираше дека е завршена операцијата со кодно име „Бес“, во рамки на која во градот Драч биле лишени од слобода двајца државјани кои се наоѓале на меѓународни потерници издадени по барање на Северна Македонија. Според официјалните информации, уапсени се М.Џ. (26), ...
Необичен случај на злоупотреба на банкарска картичка е пријавен во Берово, каде 21-годишник е осомничен дека искористил малолетник за да дојде до туѓи пари. Од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово информираат дека е поднесена кривична пријава против И.В. (21) од Пехчево поради сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Според пријавата, осомничениот наводно го ...
Комбинираното медицинско и балистичко вештачење донесе нови сознанија за нападот врз Александар Нешовиќ, кој беше застрелан во ресторанот „27“ во Белград. Според наодите на стручната комисија, во инцидентот најверојатно учествувало едно лице со едно огнено оружје, а пукањето било извршено од кратко растојание. Вишото јавно обвинителство во Белград го објави мислењето на Комисијата на медицински вештаци од Институтот за судска медицина ...
Илјадници граѓани излегоа на улиците во Љубљана на протест на кој беа упатени барања Словенија да го напушти НАТО и да ја промени својата надворешна и безбедносна политика. Демонстрантите носеле различни транспаренти со пораки против Алијансата и зголемувањето на воените издвојувања. Меѓу пораките можеле да се видат натписи како „НАТО = мочуриште“ и „Повеќе не сакаме да сме робови на НАТО“, како и барања за воведување санкции кон САД и Израел ...
Вистинска опасност од минатото беше откриена во Битола, откако на локацијата „Тумбе кафе“, во рамки на поранешната касарна, беа пронајдени повеќе од 1.400 парчиња неексплодирани бомби и гранати кои потекнуваат од периодот на Првата светска војна. Од СВР Битола информираат дека случајот бил пријавен од пиротехничар на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) – Битола, кој заедно со екипите извршил безбедно подигнување на пронајденото ...
Системот „Безбеден град“ (Safe City) започнува да се воведува и во Дебар, каде веќе се поставува нова опрема за автоматска контрола на сообраќајот. Надлежните најавуваат дека камерите наскоро ќе влезат во фаза на техничко тестирање, но во овој период прекршоците сè уште нема да се санкционираат. Според информациите од Секторот за внатрешни работи Охрид, во моментов се поставуваат сообраќајни камери и дополнителна опрема на повеќе фреквентни ...
Возачот кој е осомничен дека ја предизвикал сообраќајната несреќа во која загина Драган Лазиќ, братот на познатиот српски фолк-пејач Дарко Лазиќ, е пуштен да се брани од слобода, но со одредени ограничувања додека трае истрагата. Станува збор за В. К. (62), кој се сомничи дека предизвикал тешка сообраќајна несреќа со смртни последици во местото Белотиќ кај Владимирци. Од Основното јавно обвинителство во Шабац потврдиле дека против ...
Тешка трагедија го потресе Гостивар, откако 14-годишно девојче од Кавадарци го загубило животот по пад од лулашка во еден од парковите во градот. Според информациите од СВР Тетово, случајот бил пријавен на 9 јули во 20:20 часот, откако од Медицинскиот центар во Гостивар било известено дека во установата било донесено малолетно девојче без знаци на живот. Станува збор за Ш.Н. (14) од Кавадарци, која во тој период престојувала во Гостивар. ...