Историското село Зансе Сханс, сместено во близина на Зандам во западна Холандија, од претстојната пролет ќе почне да наплаќа влез за туристите. Цената на билетот ќе изнесува 17,50 евра, одлучија локалните власти поради сè поголемиот број посетители и притисокот врз малата заедница. Само минатата година, Зансе Сханс го посетиле околу 2,6 милиони луѓе, што претставува огромен товар за село во кое живеат едвај стотина жители. Местото е светски ...

Светот на бразилската гимнастика е завиен во црно по веста за ненадејната смрт на Изабел Марцинијак, млада и исклучително талентирана гимнастичарка, повеќекратна државна и национална шампионка. Таа почина на само 18-годишна возраст, по тешка и исцрпувачка борба со сериозна болест. Тажната информација ја потврди Федерацијата за гимнастика на државата Парана, која соопшти дека Марцинијак ја загубила битката со Хоџкиновиот лимфом. Смртта ...

Мнозинството хрватски граѓани сметаат дека земјата се движи во погрешна насока, а како најголеми проблеми ги издвојуваат корупцијата, инфлацијата, ниските плати и пензии, како и растечката сиромаштија. Ова го покажуваат резултатите од декемвриската анкета „Кробарометар“. Според истражувањето, кое беше објавено во Дневникот на хрватската телевизија Нова ТВ, дури 69 проценти од испитаниците изјавиле дека Хрватска оди во погрешен правец. Само 22 ...

Српската фолк ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ уште еднаш покажа дека нејзината популарност е неприкосновена. Иако последниот албум „Автограм“ го издаде во 2016 година, нејзините хитови и понатаму доминираат на Јутјуб. Според годишните статистики, во 2025 година песни на Цеца биле преслушани неверојатни 114 милиони пати само во Србија. Со просечна заработка од Јутјуб од 800 до 1.000 евра на милион прегледи, тоа значи дека фолк ѕвездата ...

Во голема полициска акција во Истанбул, во рамки на истрага за дрога, уапсени се осум лица, меѓу кои и турската актерка Садет Езги Ејубоглу (37), соопштија надлежните институции. Ејубоглу е позната по улогата на Ајбиге Хатун во втората сезона од популарната серија „Сулејман Величествениот“. Истанбулското јавно обвинителство објасни дека налогот за нејзино приведување е издаден поради сомнежи за купување, поседување и користење наркотични и ...

Вишото јавно обвинителство во Белград официјално поднесе обвинение против 19-годишната Александра С., поради сомнение дека на 29 август 2025 година се обидела да го одземе животот на своето новородено женско дете, родено на 9 август истата година. Обвинението е доставено до Вишиот суд во Белград на одлука за потврда и ја товари обвинетата за кривично дело „обид за тешко убиство“. Поради сериозноста на настанот и јавната вознемиреност што го ...

Значителна количина оружје и муниција беше запленета на граничниот премин Капитан Андреево, а случајот отвора сериозни прашања за тоа за кого била наменета пратката и со каква цел. Службеници од Генералната дирекција за борба против организиран криминал (ГДБОК) и Царинската агенција на Бугарија ја извршија акцијата за заплена на три пушки, 20 гасни пиштоли и 5.750 куршуми. Акцијата е дел од континуираната борба против нелегално оружје, опасни ...

Најмалку пет лица загинаа во експлозија во џамијата „Имам Али бин Таиб“ во сирискиот град Хомс. Инцидентот се случил за време на пладневната молитва, кога верниците биле присутни во храмот. Безбедносните сили веднаш ја опколиле областа и започнале истрага за причините на експлозијата. Локалниот владин претставник Исам Наамех посочи дека се утврдува дали станува збор за терористички напад или несреќен случај, додека граѓаните остануваат во шок ...

Управата за јавни приходи (УЈП) до сега наплатила речиси 1.000.000 евра од 2.500 граѓани кои пред пет години оствариле приходи во странство, а не ги пријавиле во своите даночни пријави. Овие лица се околу една четвртина од сите кои биле повикани да го пријават својот доход, а процесот ќе продолжи со повикување и на останатите, изјави директорката на УЈП, Елена Петрова. Од околу 10.000 покани упатени до граѓани, 1.200 лица доброволно поднеле ...

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека САД извршиле воздушни напади врз позиции на Исламска држава на северозападот на Нигерија, откако групата била поврзана со серија напади врз цивилното население. „По моја наредба како врховен командант, Соединетите Држави извршија силен и смртоносен удар врз терористичкиот олош на Исламска држава на северозападот на Нигерија“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social. Тој додаде ...

По повеќе од десет години непроменети цени, Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) ќе ги зголеми партиципациите за дел од здравствените услуги во јавните болници. Генералниот директор на ФЗО, Сашо Клековски, објасни дека најзначајната промена се однесува на специјалистичките прегледи — наместо досегашните 380 денари, од 1 јануари граѓаните ќе плаќаат 720 денари. Клековски го нарече зголемувањето „симболично“, иако реално станува збор за ...

Во недела, 28 декември 2025 година, припадници на Министерството за внатрешни работи, Одделот за вонредни ситуации, ќе отстранат, транспортираат и уништат американска воздушна бомба од Втората светска војна, модел „АН-М44“, пронајдена на градилиштето Белград на вода, на улицата Николаја Кравцова. Бомбата тежи околу 470 килограми, со експлозивно полнење од приближно 250 килограми и била употребена за време на сојузничкото бомбардирање на ...

Случај што шокира: 17-годишно момче од Русија се обидело да ја подобри својата анемија со пиење на сопствена крв, откако на Тик-ток прочитало дека тоа може да го зголеми нивото на железо. Набргу по тоа, момчето развило симптоми како повраќање, треска и болки во желудникот, по што било хоспитализирано со дијагноза на акутно труење и пренесено на интензивна нега. Лекарите успеале да го стабилизираат, а откако им објаснил што направил, момчето ...

Весна Вуловиќ, легендарната југословенска стјуардеса, останува единствената личност во светската историја која преживеала пад од околу 10.000 метри по експлозија на авион во 1972 година. Таа почина на 23 декември 2016 година, оставајќи зад себе животна приказна што и денес се прераскажува како пример на неверојатна храброст и човечка волја. Несреќата се случила на лет на ЈАТ од Стокхолм кон Белград, во воздушниот простор на тогашна ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека е постигнат договор за скорешна средба со американскиот претседател Доналд Трамп, оценувајќи дека токму во наредниот период може да се донесат одлуки од огромно значење за завршување на војната во Украина. „Се договоривме за состанок на највисоко ниво со претседателот Трамп во блиска иднина. Многу работи можат да се одлучат пред Нова година“, објави Зеленски на социјалните мрежи, ...

Оваа зима нема да донесе долготрајни екстремни студови, но ќе биде обележана со повремени студени бранови и изразена временска променливост, покажуваат најновите сезонски климатски очекувања за земјава. Според анализите, средната зимска температура ќе биде за околу +1°C повисока од повеќегодишниот просек, што укажува на умерено потопла зима од вообичаеното. Студени бранови со температури околу или под нормалните вредности се најверојатни кон ...

Најмалку десет лица го загубија животот, а уште 32 се здобија со повреди во тешка автобуска сообраќајна несреќа што се случи во источниот дел на Мексико, во државата Веракруз, информираа локалните власти. Несреќата се случила во средата во близина на градот Зонтекоматлан, во момент кога автобусот сообраќал на релација од Мексико Сити кон селото Чиконтепек. Според првичните информации, автобусот од засега неутврдени причини изгубил контрола, ...

Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување (ПИОМ) ја одржа својата 28-ма седница, на која беа донесени повеќе значајни одлуки од надлежност на Фондот, кои директно ги засегаат пензионерите и функционирањето на институцијата. Со седницата раководеше заменик-претседателот на Управниот одбор, Игор Китаноски, кој на самиот почеток му даде збор на директорот на Фондот, Никола Мемов. Директорот ги информираше членовите за ...

На 82-годишна возраст, по кратко боледување, вчера утро во Велес почина Ѓоко Манчев, истакнат општествено-политички работник од времето на поранешниот општествен систем. Манчев имаше значајна улога во развојот на Велес од почетокот на седумдесеттите години на минатиот век. Тој извршувал повеќе политички функции во градот, меѓу кои најзначајна е позицијата Потпретседател на Собранието на Општина Титов Велес, а бил и пратеник во Собранието на ...

На денешната седница за пратенички прашања, координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, упати прашање до министерката за финансии Гордана Димитриеска‑Кочоска во врска со високата цена на зелениот картон за автомобили, кој е потребен за патување надвор од земјата. Спасовски истакна дека станува збор за заштита на трети лица и нивниот имот од последиците од сообраќајни незгоди, бидејќи секој сопственик на моторно возило е ...

Полските борбени авиони утрово пресретнаа руски извидувачки авион кој леташе во близина на полскиот воздушен простор над Балтичкото Море, соопшти војската на Полска. Настанот се случува во контекст на зголемени тензии на источното крило на НАТО, каде земјите од септември се во висока готовност поради нарушувања на воздушниот простор од страна на Русија, вклучително и прекршувања на естонскиот и полскиот воздушен простор од руски воени авиони ...

Група граѓани кои во изминатите години работеле во американските бази во Ирак и Авганистан денесво 12 часот ќе протестираат пред зградата на Управата за јавни приходи (УЈП) во Куманово. Причината за протестот е ретроактивното оданочување на доходите остварени од странство. Еден од засегнатите граѓани истакна дека поради коронавирусот во 2020 година бил „заробен“ во Авганистан и не можел да се врати во државата. Сега УЈП му бара да плати 10% ...

Руската република Јакутија регистрираше температура од -56 степени Целзиусови, што моментално претставува најниска забележана температура во светот. Најтешко погодено е селото Тикси, каде веќе трет ден беснее силна снежна бура. Поради екстремните услови, училиштата ја прекинаа наставата, а градинките останаа затворени. Снегот се натрупа пред влезовите на домовите, што им го отежнува на многу жители да ги напуштат своите домови. Метеоролозите ...

Одбранбените сили на Израел соопштија дека убиениот е Хусеин Махмуд Маршад ал-Џавхари, идентификуван како клучен оперативец во Единицата 840, дел од иранската Quds Force. Според израелската страна, ал-Џавхари бил вклучен во активности насочени против Израел и неговите безбедносни сили. Ликвидацијата се случила во подрачјето на местото Ансар во јужен Либан, а деталите за самата операција не се објавени. Овој инцидент доаѓа во период на ...

И покрај најавите и формалните повици, Собранието ја завршува годината со бројни блокирани процеси, а клучните закони сè уште немаат јасна временска рамка за разгледување. Претседателот на законодавниот дом, Африм Гаши, призна дека недостасува политичка волја кај партиите за формирање работни тела и комисии, и покрај тоа што процедурите одамна се отворени. Еден месец по испраќањето писма до пратеничките групи за именување членови во работното ...

За време на празничната прослава на Коледе во Лерин (Флорина), настапот на македонската народна песна „Софка на татко“ бил прекинат по интервенција на градоначалникот Василеос Гианакис. Музичкиот бенд „Ендопика“ бил укажан дека не смее да ја изведува песната на македонски јазик и дека таа може да се свири само во инструментална форма. Активистот Павле Васкопулос истакна дека вакви случаи на притисок и дискриминација не се новост за ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека Советот на Град Скопје едногласно го усвои Буџетот за 2026 година, без ниту еден глас против. Тој истакнува дека со новиот буџет се поставуваат темелите за силен развоен циклус и финансиска консолидација на градот, обезбедувајќи конкретни резултати за граѓаните. „Буџетот за 2026 е доказ дека кога има ред, визија и работа, ќе има резултати. Сакам да им се заблагодарам на сите советници ...

Хантер Бајден, син на поранешниот американски претседател Џо Бајден, во интервју со подкастерот Шон Рајан остро го критикуваше нивото на корупција во Украина, нарекувајќи ја „дувло“, и призна дека неговата вклученост во украинската енергетска компанија Бурисма Холдингс била грешка. Во интервјуто, емитувано врз основа на снимка од „Шоуто на Шон Рајан“, Бајден рече дека кога ја прифатил работата во Бурисма, бил „многу, многу наивен“ во ...

Денеска, 25 декември, Божик го слават и некои православни европски народи како Романците, Грците и Бугарите, но причината за тоа не е само усвојувањето на грегоријанскиот календар, туку поврзана со новојулијанскиот календар, создаден од српскиот научник Милутин Миланковиќ. Миланковиќ го дизајнирал овој календар со цел да го подобри јулијанскиот и да го реши проблемот со двојното празнување на религиозните празници во Кралството Југославија. ...

Украина соопшти дека нејзините беспилотни летала со долг дострел ја погодиле најголемата руска фабрика за преработка на гас во регионот Оренбург, објект кој преработува гас од казахстанското нафтено и гасно поле Карачаганак. Според лице запознаено со случајот, кое сакаше да остане анонимно, нападот бил извршен на околу 1.700 километри источно од Киев. Информациите не можат независно да се потврдат, но се наведува дека беспилотните летала биле ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
100%
1006
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
94%
1007
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
1.54
91%
1007
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
2.06
83%
1007
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.09
93%
1006
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 5ᴼ
1.26
97%
1008
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
2.24
75%
1006
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
87%
1007
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
93%
1007
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
94%
1005
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
0.45
92%
1006
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 9ᴼ
0.51
80%
1006
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Иридиум

215504.98

Родиум

336779.07

Платина

67484.42

Бакар

11.83

Калај

46.06

Паладиум

54077.56

Цинк

3.29

Рутениум

45750.51

Сребро

2497.79

Злато

159436.20

Кобалт

64.04

Алуминиум

3.07