Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Во близина на украинскиот град Орихив, на фронтот во Запорошката област, е снимен силен воздушен удар, за кој на социјалните мрежи се тврди дека е извршен со руската водена бомба ФАБ-3000. На достапната снимка се забележува силен блесок, по кој следува масивна експлозија и густ облак од чад што се издигнува над местото на ударот. Според информациите што циркулираат на социјалните мрежи, станува збор за една од најмоќните конвенционални бомби ...
Српските власти воведоа итни мерки за справување со африканската свинска треска, откако заразата се прошири во повеќе делови од земјата. На состанок на државниот врв била разгледана актуелната состојба и биле договорени дополнителни активности за спречување на натамошното ширење на болеста. Според официјалните информации, инфекцијата досега е регистрирана во 18 општини, а како дел од мерките за контрола на заразата биле еутаназирани повеќе од ...
Нови информации излегуваат во јавноста за трагичниот случај што синоќа го потресе скопската населба Чаир, каде што 31-годишен маж е осомничен дека со нож смртоносно го нападнал својот татко. Според информациите што ги објавија медиумите, трагедијата се случила откако 52-годишниот Едем Лукмани, наводно под дејство на алкохол, физички ја нападнал својата сопруга Хикмете Џемаили. Во обид да ја заштити мајката од нападот, нивниот син Бесарт ...
Два последователни земјотреса денеска беа регистрирани во Мексико, предизвикувајќи вознемиреност кај населението во погодените подрачја. Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), потресите биле со јачина од 5 и 4 степени според Рихтеровата скала. Посилниот земјотрес бил регистриран на длабочина од околу 80 километри, а неговиот епицентар се наоѓал во јужниот дел на Мексико, во близина на брегот на Тихиот Океан, ...
Тешка сообраќајна несреќа се случила на регионалниот пат Крушево – Прилеп, каде што во судир меѓу патничко возило и мотоцикл тешко е повреден 26-годишен мотоциклист, кој по несреќата бил итно пренесен на лекување. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 12 јули 2026 година во 16:26 часот во ОВР Крушево. Сообраќајката се случила кај месноста „Двојна кривина“ на регионалниот пат Крушево – Прилеп. ...
Шеесет и деветгодишен жител на Велес е приведен откако во алкохолизирана состојба го нарушувал јавниот ред и мир и не ги почитувал наредбите на полициските службеници. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, настанот се случил на 12 јули околу 21:30 часот на улицата „Стеван Гајдов“ во Велес, каде полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Ј.Т. (69). При преземените мерки било утврдено дека мажот бил под дејство ...
Со доаѓањето на високите летни температури повторно се појавува дилемата дали е безбедно резервоарот на автомобилот да се наполни до врв. Стручњаците велат дека најголемиот дел од возачите имаат погрешна претстава за ова. Според нив, нема никаков проблем резервоарот да се наполни целосно, сè додека точењето ќе заврши во моментот кога пиштолот на бензинската пумпа автоматски ќе го прекине дотокот на гориво. Вистинскиот проблем настанува кога ...
Необичен потег на пилот за време на пробен лет стана вистински хит на интернет, откако со траекторијата на авионот „напиша“ порака што можеше да се види преку апликацијата за следење летови FlightRadar24. Малиот авион на компанијата „Равенер“ полетал од Ливерпул во саботата околу 11:30 часот по локално време за двочасовен пробен лет. Наместо вообичаена рута, пилотот кружел над полуостровот Вирал, Чешир и Северен Велс, формирајќи ја пораката ...
Лекарите од Итната медицинска помош деновиве бележат зголемен број повици од пациенти кои користат лекови за разредување на крвта, а најчестите симптоми поради кои бараат помош се крварење од носот, појава на модринки, крварење од непцата и крв во урината. Според докторката Данијела Јевтиќ, овие симптоми можат да укажуваат дека терапијата има посилен ефект од очекуваното, па затоа пациентите треба навреме да се консултираат со својот лекар. ...
Стравот од скап дефект на високонапонската батерија е една од главните причини поради кои многумина се двоумат при купување половен електричен автомобил. Сепак, најновата анализа покажува дека ваквите дефекти се значително поретки отколку што се претпоставува. Истражувањето на британската компанија Warrantywise, засновано на барања за поправки во гарантен рок, покажува дека најчестите проблеми кај електричните автомобили се поврзани со ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изнесе нови тврдења за состојбата во Иран, наведувајќи дека земјата претрпела сериозни загуби во военото раководство и дека Моџтаба Хамнеи, синот на покојниот врховен лидер Али Хамнеи и негов наследник, „најверојатно е исчезнат“. Во интервју за „Фокс њуз“, Трамп оцени дека иранските воени капацитети се значително ослабени, тврдејќи дека земјата останала без морнарица, воздухопловни сили и воздушна ...
Исповед на брачен пар објавена на социјалната мрежа Reddit предизвика силни реакции ширум интернетот, откако татко открил дека тој и неговата сопруга одлучиле својата тримесечна ќерка да ја дадат на посвојување. Според неговото сведоштво, двајцата биле целосно посветени на своите кариери и со текот на времето сфатиле дека не се подготвени за родителството. Тој навел дека сопругата се вратила на работа само две недели по породувањето, а ...
Во рамките на манифестацијата „Кавадаречко културно лето 2026“, на Градскиот плоштад во Кавадарци се одржа уште една успешна културна вечер, исполнета со музика и одлична атмосфера. Пред бројната публика настапи Младинскиот гитарски оркестар „Каровски“, кој со внимателно избраниот репертоар и одличната изведба ги воодушеви присутните и создаде незаборавно музичко доживување. Концертот беше проследен со голем интерес од граѓаните, кои со ...
Спортската јавност во Србија е потресена по трагичната вест за смртта на младиот фудбалер Немања Петровиќ, кој го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила ноќта меѓу 11 и 12 јули. Петровиќ настапуваше за ФК Десимировац, а неговата смрт предизвика бројни пораки на сочувство и збогување од пријатели, соиграчи и ривалски клубови. Особено емотивно се простија од него во ФК Напредак Маниќ, каде истакнаа дека иако посакувале да го ...
Српските власти најавија нов пакет строги мерки за спречување на ширењето на африканската свинска чума, меѓу кои и привремена забрана за берење вргањ и други шумски печурки во најризичните подрачја. Одлуката е донесена по итниот состанок во Владата, каде беше оценето дека вирусот продолжува да се шири, а една од главните опасности претставува неговото пренесување преку обувки, облека и опрема на луѓе кои престојуваат во шумските подрачја каде ...
Една од најшокантните приказни поврзани со нервниот агенс „Новичок“ повторно е во фокусот на јавноста, осум години по трагедијата што ја потресе Велика Британија. Чарли Раули верувал дека во контејнер пронашол скап француски парфем, но наместо подарок за својата девојка Дон Стерџес, несвесно ѝ предал смртоносен нервен отров. Настанот се случил во јуни 2018 година во Ејмсбери, Англија. Раули ја пронашол кутијата со шишенце означено како парфем ...
Објектот во кој работела дискотеката „Пулс“ со години бил реконструиран и пренаменуван без соодветна проектна документација, стручен надзор и инспекциски контроли, покажало градежното вештачење презентирано пред судот. Според судскиот вештак и професор Горан Марковски, безбедноста на посетителите не била земена предвид при бројните интервенции што биле изведувани во периодот од 2012 до 2024 година. Во својот исказ тој посочил дека не биле ...
Македонската културна јавност остана без уште едно значајно актерско име. На 73-годишна возраст почина долгогодишната актерка и една од основачите на Струмичкиот театар „Антон Панов“, која зад себе остави богата кариера и неизбришлив белег во македонското глумиште. Нејзиниот прв настап на сцената бил на само 16-годишна возраст, во претставата „Бегалка“, по што започнала актерска кариера долга 55 години. Во текот на својот професионален пат ...
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука со која од полноќ се зголемуваат малопродажните цени на нафтените деривати. Во просек, горивата поскапуваат за 3,59 проценти во однос на претходната одлука. Најголемото поскапување го има дизел горивото, чија цена се зголемува за 5,50 денари по литар, додека бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 ќе бидат поскапи за 1,50 денар по литар. Со новата одлука, од 00:01 часот ќе ...
Основниот кривичен суд во Скопје изрече првостепени затворски казни за случајот со незаконско предавање на новороденче, откривајќи детали за организирана шема преку која бебе било предадено на брачен пар за 5.000 евра. На пресудата се поднесени жалби. Според судот, неколку дена по породувањето во Куманово, наместо да замине дома со својата мајка, новороденото девојче било однесено кај брачен пар од скопско. Во организацијата, како што е ...
Излегуваат нови детали за семејната трагедија што се случи во Скопје, каде 31-годишен маж е осомничен дека смртно го избол својот татко по семејна расправија. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, трагедијата се случила во семејниот дом, откако, според првичните сознанија, 52-годишниот татко, кој бил под дејство на алкохол, физички ја нападнал својата сопруга. Во обид да ја заштити мајката, синот наводно употребил нож и ...
Новата недела носи динамични случувања на сите полиња. Некои хороскопски знаци ќе имаат можност за напредок во кариерата, други ќе уживаат во љубовни изненадувања, додека за трети ова ќе биде период на важни животни одлуки. Проверете што ви подготвија ѕвездите од 13 до 19 јули. Овен Пред вас е активна недела исполнета со нови предизвици. На работното место ќе имате можност да се докажете, а финансиската состојба постепено ќе се подобрува. Во ...
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа забележа значителен напредок на најновата ВТА ранг-листа, откако се искачи за 14 позиции благодарение на успешниот настап на Вимблдон. По претходниот пласман на 222. место, Ѓорческа од денес се наоѓа на 208. позиција во светот со вкупно 367 освоени поени. Напредокот доаѓа како резултат на одличниот настап во Лондон, каде што македонската тенисерка успешно ги мина квалификациите и обезбеди место во ...
Семејна трагедија се случила синоќа во Скопје, каде 31-годишен маж е осомничен дека со нож го усмртил својот татко по расправија што претходно започнала со семејно насилство. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, починатиот во моментот на настанот бил под дејство на алкохол и физички ја нападнал својата 54-годишна сопруга, која е мајка на осомничениот. Во обид да ја запре расправијата и да ја заштити мајката, 31-годишниот ...
Голем шумски пожар продолжува да се шири во историската шума Фонтенбло, на околу 60 километри јужно од Париз, принудувајќи ги властите да евакуираат жители, да затворат дел од автопатот А6 и привремено да го прекинат железничкиот сообраќај. Пожарот зафатил околу 800 хектари шумска површина, а францускиот претседател Емануел Макрон го опиша како пожар од „огромни размери“. Тој изрази поддршка за погодените граѓани и им се заблагодари на ...
Опасно неексплодирано убојно средство било безбедно отстрането од плажа на Дојранското Езеро, информираше Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Станува збор за артилериска граната со калибар од 100 милиметри, тешка 13,6 килограми, која потекнува од Првата светска војна и била наменета за хаубица М14. Од ДЗС соопштија дека интервенцијата ја извршил пиротехничарот Зоран Пејев, кој безбедно ја отстранил гранатата од брегот на езерото, со што ...
Патнички автомобил целосно изгоре во пожар што ноќеска избувна во скопската населба Тафталиџе. Според неофицијални информации, станува збор за возило кое го користел судијата Ѓоко Ристов, додека од Министерството за внатрешни работи засега го потврдуваат само идентитетот на сопственикот преку иницијали. Од МВР информираат дека околу 02:50 часот било пријавено опожарување на патничко возило „пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на ...
Во текот на само едно деноноќие, Министерството за внатрешни работи регистрирало дури девет случаи на семејно насилство низ државата, а седум лица завршиле во полициска станица. Во еден од случаите, лице било пренесено на лекување во Психијатриската болница во Демир Хисар. Според информациите на МВР, серијата инциденти била евидентирана на 12 јули во повеќе градови и населени места низ Македонија, при што во повеќето случаи станува збор за ...
Во североисточниот дел на Демократска Република Конго започна клиничко испитување на два експериментални лека против сојот на вирусот ебола „Бундибуџо“. Истражувањето се спроведува во рамки на голем меѓународен проект во кој учествуваат универзитети, фармацевтски компании и Светската здравствена организација (СЗО). Научниците се надеваат дека новата терапија ќе придонесе за значително намалување на смртноста кај заразените пациенти. ...
Основното државно обвинителство (ОДО) во Подгорица и полицијата ги истражуваат околностите под кои настапила смрт кај новороденче, откако мајката, наводно, се породила во домашни услови. Според неформални информации на медиумот „Вијести“, 26-годишна девојка синоќа, три часа по полноќ, во Ургентниот блок на Клиничкиот центар на Црна Гора (КЦЦГ) го донела телото на тукушто роденото бебе. Наредена обдукција Девојката им изјавила на лекарите дека ...