Во Гостивар се очекуваат резултатите од анализите на надлежните институции кои треба да ја утврдат причината за појавата на зголемен број лица со стомачни тегоби. Од синоќа преку владините служби започна дистрибуција на вода за пиење, а во акцијата се вклучија и поединци и компании. Според директорот на СОЗР, Ивица Томовски, на дневно ниво во Гостивар ќе се доставуваат 50 илјади литри пакувана вода. Епидемиолозите вчера прогласија епидемија ...

На 18.07.2026 година околу 16:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Ќемал Сејфула“ и „Павле Илиќ“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа. Во несреќата учествувале патничко возило „југо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Б. (71) од Скопје, електричен тротинет управуван од 15-годишник од Скопје и уште еден електричен тротинет управуван од исто така 15-годишник. При несреќата, едниот малолетник ...

Во изминатиот период полицијата лиши од слобода тројца возачи кај кои било утврдено дека управувале моторни возила под дејство на алкохол. На 18.07.2026 година во 21:12 часот, на регионалниот пат кај струшкото село Калишта, од слобода бил лишен Н.Б. (45) од Струга, кој претходно, управувајќи возило „тојота“ со струшки регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна незгода. При увидот, кај него биле констатирани 2,56 промили алкохол во крвта. По ...

На 18.07.2026 година во 19:20 часот во СВР Штип било пријавено дека во куќа во Кочани, при поправка на импровизиран лифт наменет за транспорт на инвалидизирано лице, дошло до повредување на две лица. Со телесни повреди се здобил В.Т. (42), додека С.В. (68), двајцата од Кочани, се здобил со тешки телесни повреди. За настанот бил известен јавен обвинител. Увид извршила увидна екипа од ОВР Кочани, а се преземаат мерки за целосно расчистување на ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, го реализира она што го вети пред бизнис заедницата, оцени претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески. Азески се осврна на неговите долгогодишни согледувања за позитивните страни, но и за кадровските и финансиските слабости во македонската дипломатија низ годините. Тој посочи дека при последната посета на Брисел забележал позитивен пресврт во професионалноста на ...

Шпанскиот фудбалски репрезентативец Феран Торес стана херој на својата нација откако со гол во 106. минута и донесе победа на Шпанија од 1:0 над Аргентина во големото финале одиграно во Њу Џерси. По регуларните 90 минути мрежите мируваа (0:0), за на крајот фудбалската правда да биде задоволена на Мундијалот во САД, Канада и Мексико. Шпанија по вторпат во својата историја се искачува на светскиот трон, притоа повторно успевајќи во подвигот да ...

Двајца загинати и неколкумина тешко повредени во тешка сообраќајка во Германија откако жена возела во спротивна насока. Во критична состојба се трите деца на 34-годишната жена-возач од Баварија. Несреќата се случила североисточно од Франкфурт, на автопатот А45. Влегла на автопатот во погрешна насока на раскрсница во Флорштат и се судрила со голема брзина со автомобил управуван од 70-годишен маж. Мажот починал на местото на настанот, додека ...

Од денеска (20.07.2026) до 23.07.2026 во официјална посета на Република Северна Македонија ќе присуствува Претседателката на Република Индија, г-ѓа Друпади Мурму. -Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Град Скопје., стои во соопштението на МВР. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ...

Три лица кои вчера беа пријавени за исчезнати, синоќа се пронајдени починати во превртено возило „мерцедес“ на патот ГП Блаце – Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи. „На 19.07.2026 во 22:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на патот ГП Блаце – Скопје има превртено возило ‘мерцедес’ со германски национални ознаки. Веднаш се упатени полициски службеници на местото на настанот и е утврдено дека во возилото има три починати лица ...

Денеска горивото повторно поскапе. Иако Христијан Мицкоски пред неколку дена најави намалување на акцизите, граѓаните сега со страв чекаат колку ќе поскапат сите останати производи, се вели во соопштението од СДСМ. -Секоја негова мерка доаѓа предоцна, секоја мерка е неефикасна и наместо да ги намали цените, го слабее буџетот и им носи дополнителни приходи на одредени компании. Мицкоски делува повеќе како застапник на приватните интереси ...

Федералните власти во Мајами вчера ги приведоа контроверзните инфлуенсери Ендру и Тристан Тејт, постапувајќи по официјално барање на британското правосудство. Од Американската маршалска служба потврдија дека браќата во моментов се наоѓаат во притвор, каде што се спроведува формалната постапка за нивна екстрадиција. Според тврдењата на надлежните служби од Обединетото Кралство, против двајцата се отворени нови случаи за тешки кривични дела ...

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеа да ја стабилизира состојбата, да спроведе клучни системски реформи и да реализира значајни инвестиции во културата и туризмот, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение. -Во изминативе две години, фокусот беше ставен на воспоставување системски пристап во управувањето со културата и тоа преку стратешко планирање, започнување на законски реформи, финансиска стабилизација и капитални инвестиции. Наследен беше долг ...

Коалицијата на СДС, ДУИ и Арбен Таравари за време на изборната кампања за последните локални избори, барајќи ја довербата, на граѓаните во Гостивар им ветуваа подобар живот и подобри услови, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение. -Гостиварчани им ја дадоа довербата, коалицијата СДС-ДУИ-Таравари ја предводи локалната власт, но тоа што им го донесоа е страв и неизвесност по нивно здравје и живот. Подобриот живот и услови за гостиварци станаа ...

На 19.07.2026 година околу 05:00 часот во СВР Скопје, 56-годишен такси возач од Гевгелија пријавил дека околу 02:00 часот во неговото возило влегле две лица кои побарале превоз до Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, со договор да му платат по пристигнувањето. Според пријавата, откако стигнале на посочената локација, лицата физички го нападнале возачот и му го одзеле паричникот во кој имало пари и лични документи. Од СВР Скопје информираат ...

Епидемијата на гастроентеритис во Гостивар не избувна преку ноќ. Таа се развиваше со денови пред очите на надлежните институции, се вели во соопштението од СДСМ. -Она што започна со поединечни случаи, брзо прерасна во стотици заболени дневно, со речиси 2.000 жители кои побараа лекарска помош поради симптоми поврзани со загадена вода за пиење. Институциите уште во раната фаза имале информации и сомнежи за небезбедноста на водата и за ...

ВРЕДИ со загриженост ја следи состојбата во Гостивар, по зголемувањето на бројот на граѓани кои побараа медицинска помош и по прогласувањето на епидемија, се неведува во партиското соопштение на ВРЕДИ. -Во овие моменти, најважно е да се заштити здравјето на граѓаните, да се обезбеди безбедна вода за пиење и јавноста навремено и точно да биде информирана за секој понатамошен развој. Ние не останавме со скрстени раце. Преку државните ...

На 18.07.2026 година во 21:35 часот во СВР Скопје, 36-годишен маж пријавил дека истиот ден околу 18:00 часот, на подрачјето на Центар, бил физички нападнат од неговата 35-годишна поранешна сопруга. Во друг одделен настан, на 19.07.2026 година во 02:00 часот, 35-годишна жена пријавила дека била физички нападната од нејзиниот 36-годишен поранешен сопруг. Од СВР Скопје информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите. На ...

На 18.07.2026 година во 08:00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионалниот пат меѓу Гевгелија и Богданци се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки излетало од коловозот. Со возилото управувал Б.И. (67) од Скопје. Во несреќата, сопатничката З.И. (62) од Скопје се здобила со тешки телесни повреди, додека возачот се здобил со телесни повреди. Повредите биле констатирани во ...

Во Собранието денеска ќе се одржи второто продолжение на надзорната расправа на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, посветена на спроведувањето на законите, политиките и институционалните мерки за превенција и заштита од семејно насилство. Темата на расправата е „Спроведување на законите, политиките и институционалните мерки за превенција и заштита од семејно насилство, од аспект на еднаквите можности, институционалната ...

УХМР ги измери температурите во 08 часот во градовите низ Македонија. На стартот на новата работна недела, најтопло е во Кавадарци со 27 степени. Следи Гевгелија со 28 степени во 8 часот, Струмица, Крушево и Скопје со 25 степени. Ова утро со 20 степени, најниска утринска температура има на Попова Шапка, но сепак е значително потопло отколку вообичаено. Денеска времето ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ...

Во Собранието денеска ќе заседаваат Комисијата за образование, наука и спорт, Комисијата за одбрана и безбедност, Законодавно-правната комисија, Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија, како и Комисијата за еднакви можности на жените и мажите. Комисијата за одбрана и безбедност ќе расправа за Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за продолжување на рокот на кризна состојба поради можност од нарушување на снабдувањето со ...

Собранието денеска ќе ја одржи 115. седница, на чиј дневен ред, меѓу другото, е и Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за продолжување на рокот на кризна состојба поради можност од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати во државата. Владата на седницата одржана на 17 јули ја усвои оваа предлог-одлука, со која се предлага кризната состојба да се продолжи од 21 јули до 20 октомври. Според Владата, со тоа ќе се обезбеди ...

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска ќе ја посети Командата за обука и доктрини во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес. Во рамки на посетата, Мисајловски ќе изврши увид во тековните градежни активности во касарната. Според информациите од Министерството за одбрана, посетата е предвидена за 10:15 часот, а по завршувањето на увидот министерот ќе даде изјава за медиумите. Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска ќе ...

Зголемена фреквенција на возила е забележана на граничните премини „Богородица“ и „Дојран“, каде времето на чекање за излез од државата изнесува околу 40 минути, информира АМСМ. На граничниот премин „Табановце“, пак, има задржување за влез во земјава од околу 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез или излез од државата. Од АМСМ посочуваат дека времето на чекање на грчката страна од ...

По реакциите во јавноста, Град Скопје ги коригираше сликите на влезните билборди, со што покажа дека можел веднаш да интервенира. Сепак, и по корекцијата, албанскиот јазик и натаму недостасува. Ова го велат ДУИ преку соопштение. -Ова покажува дека станува збор за свесна одлука да се игнорираат албанскиот јазик и мултиетничкиот карактер на Скопје. Во двојазичен град, исклучувањето на албанскиот јазик од официјалните натписи претставува тешка ...

Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради планирани технички зафати денеска ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија во дел од Општина Карпош. Без струја во периодот од 09:00 до 10:00 часот ќе останат корисниците на Природонаучниот музеј и објектот на „Тобако“ во близина на Зоолошката градина. Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради планирани технички зафати денеска ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија во ...

На 18.07.2026 година во 21:30 часот, во СВР Куманово, 72-годишна жена од Куманово пријавила дека во својот дом била физички нападната од нејзината 13-годишна внука. Според пријавата, малолетничката упатувала и закани со остар предмет кон пријавителката и кон други членови на семејството. Од СВР Куманово информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. На 18.07.2026 година во 21:30 часот, во СВР Куманово, 72-годишна ...

Денеска времето ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Во попладневните часови се очекува локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а на поедини места се можни услови за невреме со појава на град. Минималната температура ќе се движи од 14 до 22 степени, додека максималната ќе достигне од 34 до 40 степени. Во Скопје ќе преовладува ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ќе престојува во работна посета на Општина Велес, каде ќе присуствува на почетокот на реконструкцијата на патниот правец Челошево – Дорутовец. Во рамки на посетата, премиерот ќе присуствува и на пуштањето во употреба на реконструираните улици „11 Октомври“ и „Васил Главинов“. Според информациите од владината прес-служба, по настаните предвидено е Мицкоски да даде изјава за медиумите. ...

Популарната социјална мрежа Фејсбук во моментов се соочува со сериозни технички потешкотии кои го оневозможуваат нејзиното нормално функционирање на глобално ниво. Голем број корисници ширум светот алармираат дека воопшто немаат пристап до десктоп-верзијата на оваа платформа, а според нивните тврдења, сериозни пречки и кочења се забележуваат и кај мобилната апликација. Проблемот веќе е детектиран и на специјализираните платформи за следење на ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
1.03
79%
1028
weather icon

Софија

-3ᴼ / -3ᴼ
0.51
100%
1031
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.83
92%
1031
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
89%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.58
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
0.0
63%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
72%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 1ᴼ
1.79
79%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
2.57
92%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Родиум

295786.87

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Калај

46.54

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42