Македонија, заедно со остатокот од европските земји, идната недела преминува од зимско кон летно сметање на времето. Стрелките на часовниците ќе се поместат за еден час нанапред. Официјалното преминување на летното време е на 29 март. „Стрелките на часовниците ќе се поместат за еден час нанапред, на 29 март во 02:00 часот, а потоа ги поместуваме часовниците за еден час нанапред, до 03:00 часот“,. Со оваа промена, денот ќе станува „подолг“, а ...

Членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска изнесе серија шокантни тврдења за заднината на ПР тимот на СДСМ. Според него, главниот стратег на Бихачка е Зоран Башановиќ, човек опишан како поранешен естраден менаџер, сопственик на телевизија и контроверзна фигура апсена во САД. „Башановиќ, кумот на Александар Вучиќ и екс-советник на Заев, го води ПР-от на СДСМ и Филипче. Овој човек бил избркан од СНС во Србија поради сомнителни ...

Полскиот премиер Доналд Туск денеска упати остри критики на сметка на својот унгарски колега Виктор Орбан, обвинувајќи го дека користи „процедурални и формални трикови“ за да ја блокира помошта на Европската Унија наменета за Украина. Враќајќи се од самитот на ЕУ во Брисел, Туск пред новинарите изјави дека зад потезите на Орбан се кријат домашни политички пресметки. „Не успеавме да го убедиме премиерот Орбан и тој сè уште е решен да ја ...

Ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и САД со Иран нема да го промени надворешнополитичкиот фокус на Париз кога станува збор за руската агресија врз Украина. Ова го потврди францускиот претседател Емануел Макрон, кој преку социјалните мрежи испрати јасна порака дека Франција останува доследна на своите стратешки приоритети. „Остануваме на курсот”, напиша Макрон на платформата Икс (поранешен Твитер). Тој нагласи дека Франција нема да се ...

Вчера во 21:10 часот, во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишија од слобода А.Б.(47) и М.М.(37), двајцата од Кавадарци. При претрес во дом и помошни простории на А.Б., извршен со наредба од Основен суд Кавадарци, каде бил затекнат и М.М., била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни ...

Клучниот воден пат за глобалниот транспорт на нафта, Ормушкиот Теснец, добива нова и засилена заштита. Шест водечки светски сили изразија подготвеност да испратат свои воени капацитети и логистика за да го осигураат слободниот проток на стоки, по серијата закани и инциденти во овој регион. Стратешки потег против глобална криза Ормушкиот Теснец, кој ги поврзува Персискиот Залив и Оманскиот Залив, е местото низ кое поминува речиси една петтина ...

Европскиот совет не успеа да постигне целосен консензус за најновите заклучоци поврзани со помошта за Украина, откако Унгарија и Словачка одбија да ги потпишат клучните делови од документот. Овој потег на Будимпешта и Братислава уште еднаш ја потврди нивната резервираност кон воената поддршка за Киев. Мир наместо оружје – Ставот на Орбан и Фицо Претставниците на двете земји останаа доследни на своите политики дека дополнителното вооружување ...

Светот се соочува со нов енергетски потрес откако цените на природниот гас на светските берзи вртоглаво пораснаа за рекордни 25% во само неколку часа. Причина за овој драматичен скок е воениот напад врз клучни енергетски постројки во Катар, еден од најголемите извозници на течен природен гас (LNG) во светот. Паника на берзите и страв од недостиг Инвеститорите и енергетските компании стравуваат дека оштетувањата на инфраструктурата во Катар би ...

Американскиот претседател Доналд Трамп упати јасно и одлучно предупредување до својот израелски сојузник, Бенјамин Нетанјаху, во обид да спречи глобален енергетски колапс. Трамп откри дека во директна комуникација со израелскиот премиер побарал воените операции против Иран да ги заобиколат стратешките енергетски извори. Трамп во заштита на глобалната економија Од позиција на прв човек на САД, Трамп нагласи дека неговиот приоритет е ...

Сите седум хрватски војници ангажирани во мисија во Ирак се евакуирани и се на пат кон Хрватска, соопшти кабинетот на претседателот Зоран Милановиќ. Одлуката за повлекување на припадниците на вооружените сили од Ирак и Либан била донесена веднаш по почетокот на конфликтот на Блискиот Исток, кој се прошири и во овие земји. „Повлекувањето е спроведено согласно одлуката на претседателот и врховен командант“, се наведува во соопштението. Во него ...

Американскиот претседател Доналд Трамп упати остри критики до земјите-членки на НАТО и Јапонија, обвинувајќи ги за пасивност во обезбедувањето на еден од најкритичните морски патишта во светот – Ормушкиот Теснец. Според Трамп, додека американската морнарица гарантира безбеден премин за енергенсите од кои зависи цела Европа и Азија, сојузниците одбиваат финансиски и воено да придонесат. „Зошто ние ги штитиме нивните бродови?“ Трамп нагласи ...

Односите меѓу Русија и Израел се на најниска точка по последниот израелски воздушен напад врз воени цели во Сирија. Официјална Москва изрази остар протест, нарекувајќи ги ваквите потези на Тел Авив „целосно неприфатливи“ и опасни за стабилноста на целиот регион. Напад врз „руската зона“ Според извори од Кремљ, израелските ракети погодиле локации кои се наоѓаат во близина на руските воени бази, што директно ја загрозило безбедноста на руските ...

Во ненадеен, но стратешки потег, белоруските власти ослободија 250 лица кои се наоѓаа во затвор поради политички мотиви. Ваквиот чекор на Минск наиде на позитивен одговор од администрацијата на претседателот Доналд Трамп, која веднаш најави дека САД се подготвени да повлечат дел од економските рестрикции кон земјата. „Хуманитарен гест“ или политичка трговија? Ослободувањето на затворениците се случи по серијата дискретни преговори меѓу ...

Европските берзански индекси денеска бележат раст, додека цените на нафтата од типот Брент забележаа благ пад, стабилизирајќи се на околу 107 долари за барел. Сепак, енергетскиот пазар останува под силен притисок поради тековниот конфликт на Блискиот Исток кој предизвика значителни прекини во снабдувањето. Според податоците на „Блумберг“, цената на Брент нафтата скокнала за повеќе од пет проценти само оваа недела, а неверојатни 50 проценти од ...

Силно изразен земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала го погоди грчкото тло утринава во 10:05 часот. Според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), потресот бил на релативно мала длабочина од 5 километри под површината на земјата, што придонело да се почувствува на пошироко регионално подрачје. Епицентарот на земјотресот бил лоциран на 11 километри североисточно од грчкиот град Парамита, односно ...

Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Јавното обвинителство и му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на В.А. (41) од Кочани, актуелен директор на Државниот инспекторат за земјоделство. Притворот е одреден по сите три законски основи: опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и опасност да го повтори кривичното дело. Тој се товари за кривично дело „Примање поткуп“ (чл. 357 од КЗ), откако синоќа беше фатен со ...

Денеска не очекува променливо облачно време, но со повремени сончеви периоди кои ќе го одбележат денот. Според најавите на синоптичарите, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минимални температури: -3 до 3 Максимални температури: 9 до 16 Во Скопје времето ќе биде слично – променливо облачно со сончеви периоди и умерен северен ветер. Утринската температура во главниот град ќе се спушти до -1, додека дневната ќе се искачи до 15 ...

Утрово цела Македонија се разбуди со ниски температури, а најстудено беше на Попова Шапка каде се измерени минус седум степени. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека утрински минуси се забележани и во Берово, Крушево и Маврово. Утрински температури по градови: -7°C: -3°C: -2°C: 1°C: 2°C: 3°C: 4°C: 5°C: 7°C: Снежната покривка на Попова Шапка и понатаму е значителна и изнесува 58 сантиметри. Утрово цела Македонија се ...

СДС со српска ПР машинерија ја манипулира јавноста, Башановиќ и Заев диригираат и ги влечат конците зад сцената. СДС користи надворешна ПР поддршка за креирање на соопштенија и прес-конференции со кои ја манипулира јавноста. Зоран Башановиќ, екс советникот на Зоран Заев има клучна улога во ПР тимот на СДС и Филипче. Зоран Заев стои зад ангажирањето на ПР структурата, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „Пред само неколку месеци, по препорака ...

Нов корупциски скандал ја тресе Владата на Мицкоски и Министерството за земјоделство на Цветан Трипуновски. Директорот на државниот инспекторат за земјоделие, Васе Анакиев, е уапсен за примање поткуп од 50.000 евра. Ова е уште еден доказ за делувањето на организираната криминална група – ВМРО, стои во соопштението на СДСМ. „Пред само неколку месеци се случи исто така корупциски скандал во кој директор на Агенцијата за финансиска поддршка на ...

Вистинска драма се одвивала во раните утрински часови во Струмица, откако млада девојка паднала во провалија под тврдината Цареви Кули. Благодарение на брзата и професионална интервенција на пожарникарите-спасители од ТППЕ Струмица, девојката е успешно извлечена од бездната. Акцијата се одвивала на локацијата викана „Црвен Дол“, на исклучително тежок и непристапен терен. Шестмина пожарникари со две теренски возила се бореле со непристапноста ...

Ученици од државното средно стручно училиште „Партенија Зографски“, наменето за деца со посебни образовни потреби, беа во едукативна посета на производствените капацитети на БРАКО. Станува збор за девет ученици од образовните профили машински техничар и бравар/заварувач, кои имаа можност одблиску да се запознаат со современите индустриски процеси и технологии што се применуваат во компанијата. За време на посетата тие го разгледаа процесот на ...

Скопската зоолошка градина беше место на несекојдневен и крајно разочарувачки инцидент. Познатиот зоонегувател Војо Иванов преку социјалните мрежи сподели вест која ги остави граѓаните во неверување – дел од посетителите решиле да ги присвојат подароците наменети за роденденот на мајмунот Мики. „Правевме роденден на мајмунот Мики. Повеќе од пола подароци му ги украдоа гости (луѓе!!!) – на мајмунот!!! Толку имам да кажам“, напиша разочараниот ...

Министерството за внатрешни работи информираше за посебен режим на сообраќај утре во Скопје. Како што посочија од МВР, утре во периодот во 07:30 до 11:30 часот ќе се одржи атлетска улична трка со стартно-целна позиција на бул.„Јане Сандански“ при што натпреварувачите ќе се движат на дел од булевар „Јане Сандански“ на потегот од крстосница со булевар „Србија“ и булевар „Видео Смилевски Бато“ до крстосница со улица „Владимир Комаров“, на дел од ...

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. Попладне наместа ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти УХМР. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Во почетокот на новата седмица ќе има услови за повремени локални врнежи од дожд. Кон средината на неделата ќе преовладува стабилно и потопло време со пораст на дневната температура. Во ...

Пратеникот од коалицијата Европски фронт, Блерим Беџети, реагираше по соопштението што, како што вели, го добил од Собранието, посочувајќи дека СМС-пораките биле испратени само на македонски јазик. Тој оцени дека во оваа ситуација не се почитува употребата на албанскиот јазик и додаде дека истиот пристап, според него, го применуваат и претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, како и претседателот на Собранието, Африм Гаши. Во ...

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, организираше ифтарска вечера, воочи големиот муслимански празник Рамазан Бајрам. На вечерата присуствуваа битолскиот муфтија Амит Расими, заедно со дел од членовите на битолското муфтиство, претседателeлот на Советот, советници, како и соработници на Општина Битола од невладиниот и бизнис секторот. „Во месецот кога нашите сограѓани од исламска вероисповед го празнуваат светиот месец Рамазан, ...

Вечерва имав чест да присуствувам на одбележувањето на 50-годишнината од формирањето на Европската народна партија (ЕПП), значаен јубилеј кој обедини лидери, претставници и пријатели од цела Европа, информираше на социјалните мрежи премиерот Христијан Мицкоски. Настан исполнет со силна енергија, визија и заедништво, каде се потврди улогата на ЕПП како двигател на европските вредности, демократијата и стабилноста. Присуството на бројни ...

Тензиите на Блискиот Исток достигнаа нова критична точка откако противвоздушната одбрана на Саудиска Арабија пресретна серија ирански ракети истрелани кон главниот град Ријад. На социјалните мрежи се појавија бројни видеоснимки на кои се гледаат експлозии на небото и моментот кога саудиските системи за одбрана ги неутрализираат проектилите пред да погодат населени подрачја. BREAKING: Iranian missiles have struck multiple points in Riyadh, ...

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, во последното обраќање јавно го призна притисокот врз економијата поради наглиот скок на цените на нафтата и дериватите. Тој истакна дека администрацијата е целосно свесна за товарот што го носат граѓаните и компаниите, нагласувајќи дека се работи на стратегија за стабилизација на пазарот. Според Венс, главната причина за нестабилноста се геополитичките тензии и обидите за блокада на клучните поморски ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
49%
1015
weather icon

Белград

19ᴼ / 18ᴼ
3.09
49%
1011
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
77%
1011
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
4.63
45%
1016
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
2.86
66%
1013
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
1.03
92%
1011
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
0.89
51%
1016
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
77%
1017
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
68%
1017
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
4.63
56%
1015
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 17ᴼ
8.75
72%
1010
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
3.09
63%
1017
Currency

61.635

Currency

52.7072

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Цинк

3.35

Алуминиум

3.57

Сребро

2840.84

Платина

64172.89

Злато

166450.52

Паладиум

48883.97

Калај

50.03

Бакар

12.06

Рутениум

51376.89

Кобалт

45.39

Родиум

319899.93

Иридиум

253540.09