Поради силното невреме кое во текот на денешниот ден го зафати Скопје, Кризниот штаб на Град Скопје, заедно со службите и јавните претпријатија, е целосно мобилизиран и подготвен за брза интервенција на терен, доколку има штети, поплави или потреба од итна реакција, соопшти градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски. Во постојана координација сме со ЦУК, МВР, ЕВН, Противпожарната бригада на Град Скопје и сите надлежни институции, истакна ...

Вчера во 10:00 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода В.К. (52) од Куманово, кој бил баран по судска наредба за издржување казна затвор за сторено кривично дело – „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од КЗ. Лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор К’шање за издржување на казната. Вчера во 10:00 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода В.К. (52) од ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот Горан Ангеловски, денеска на граничниот премин Табановце, со министерот за внатрешни работи на Република Србија Ивица Дачиќ и вршителот на должност директор на Агенцијата за безбедност во сообраќајот на Република Србија Бранко Стаматовиќ, официјално ја означија првата заедничка превентивна акција „Вози одморен“. Кампањата ...

СДСМ нема да дозволи носење на Изборниот законик во форма што отвора сериозни сомнежи за злоупотреби, нерегуларности и нарушување на легитимноста на изборниот процес, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, нагласувајќи дека партијата ќе го блокира законот. „Токму овој начин на гласање на дијаспората, кој што го предлага Христијан Мицкоски да се имплементира кај нас, не е ниту европски, не е ниту ...

Јавната администрација не се менува со најави, туку со конкретни решенија, системски промени и работа на терен. По две години работа, Министерот за јавна администрација Горан Минчев ги презентираше резултатите од реформскиот процес насочен кон создавање професионална, ефикасна и модерна администрација, која ќе биде поблиска до граѓаните и подобро подготвена да одговори на нивните потреби. „Не ветувавме реформи, туку работевме на нивно ...

Видео-снимка која прикажува случај на врсничко насилство меѓу малолетници во скопската населба Аеродром, во текот на денешниот ден се прошири на социјалните мрежи. Материјалот за кратко време стана предмет на бројни реакции од страна на јавноста. На видеото е прикажано малолетно девојче кое е клекнато на колена, додека неколку други девојчиња физички и вербално го напаѓаат. Инцидентот се случува во присуство на поголема група малолетници кои ...

Вчера во СВР Велес е пријавено дека околу 13:00 часот во близина на село Мрежичко, кавадаречко, при истовар на земја од товарно возило „ман“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од И.К.(56) од Кавадарци, возилото се превртело и паднало во провалија. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал И.К., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кавадарци. Од страна на алпинистички тим од Специјалната антитерористичка ...

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Примање поткуп. „Според обвинението, обвинетиот, како службено лице – директор на Државниот инспекторат за земјоделство, во март годинава директно побарал и прибавил значителна имотна корист за себе за да изврши службено ...

Новиот мост „Генерал Михајло Апостолски“ во Скопје, кој со години беше надвор од употреба поради нерешени имотно-правни односи, конечно ќе биде пуштен во сообраќај. Процесот е придвижен откако градските и општинските власти го решија долгогодишниот проблем со експропријација на куќите на самата траса. На терен веќе започна расчистувањето на булеварот „АСНОМ“, со што се отвора патот за целосно поврзување на сообраќајната инфраструктура. ...

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска одржа прес конференција заедно со националната координаторка за трансплантација, проф. д-р Билјана Кузмановска, на која информираа за имплементацијата на модулот во системот Мојтермин за евидентирање на волјата на граѓаните да бидат органодарители. Со денешната прес-конференција заокружуваме еден од најчовечките, најсмелите и најуспешно финализирани процеси што ги водевме во здравството. Со ...

По дестабилизацијата на времето во Кичевско и Преспа, Управата за хидрометеоролошки работи регистрираше развој на нови нестабилни облачни маси во уште неколку региони низ државата. Синоптичарите предупредуваат дека интензивните атмосферски процеси попладнево се селат и во источниот дел на земјата. „По Кичево и Преспа Нестабилна облачна маса има и источно од Свети Николе каде има јак пороен дожд, ретки грмежи, засилен ветер и наместа можна ...

Во Струмица денеска беше поставен камен-темелник за изградба на нов маркет од германскиот малопродажен синџир „Лидл“. Оваа инвестиција се очекува да донесе директна поддршка за пласманот на домашното земјоделско производство на странските пазари. Министерот за транспорт, Александар Николоски, преку социјалните мрежи порача дека овој проект има стратешко значење за целиот струмички регион. Според него, влезот на овој бренд значително ќе ја ...

Опозициските партии СДСМ и Левица преку поднесување на десетици илјади амандмани вршат блокада на предложените измени на Изборниот законик во Собранието, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски. Според него, овој законски текст претходно бил предмет на повеќемесечни меѓупартиски договори и усогласувања. Од владејачката партија посочуваат дека мотивот за ваквиот чекор на опозицијата е поврзан со нивните очекувања за претстојниот ...

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, од денеска и официјално ги продолжува своите редовни работни активности и обврски во локалната самоуправа. Од општината информираат дека и во периодот на неговото отсуство, институцијата функционирала професионално, непречено и согласно утврдената динамика на администрацијата. Тековните проекти и услугите кон граѓаните се реализирале континуирано, со цел да не се почувствува застој во ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска појасни дека владејачката партија е подготвена да излезе во пресрет на барањата на опозицијата за измени во Изборниот законик. Единствениот услов кој не се прифаќа е укинувањето на предложеното електронско гласање за македонската дијаспора. Воедно, првиот човек на Владата категорично ги отфрли медиумските написи кои го поврзуваат овој изборен модел со негова лична политичка агенда. Мицкоски јавно порача ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево излезе со вонредна информација за нагла дестабилизација на временските прилики во делови од државата. Силни атмосферски процеси веќе се регистрирани во два региона. Според официјалното известување од метеоролозите, невремето е проследено со интензивни врнежи и електрични празнења. „Поинтензивна нестабилност има североисточно од Кичево и јак пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на ...

Претседателот на Владата и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска изјави дека партијата ги прифаќа сите предлози на опозициските СДСМ и Левица во однос на измените на Изборниот законик, со исклучок на електронското гласање за дијаспората. Премиерот истовремено ги демантираше шпекулациите во јавноста дека планира претседателска кандидатура во 2029 година. Мицкоски потенцираше дека по завршувањето на неговиот премиерски мандат планира ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на увид во градежните активности за уредување на речното корито и канал во општина Кисела Вода. Проектот се реализира со финансиски средства обезбедени директно од централниот буџет преку Министерството за животна среда и просторно планирање. Премиерот потенцираше дека оваа инвестиција е од витално значење за локалното население бидејќи трајно се решава долгогодишен ...

Со инвестиција од еден милион евра, Меѓународниот аеродром Скопје ја надгради безбедносната контрола преку воведување на два нови уреди со компјутерска томографија за проверка на рачен багаж и две автоматизирани ленти. Новата опрема е набавена од британската компанија „Smiths Detection“ и од денеска е официјално пуштена во функција. Новите системи обезбедуваат поголема прецизност при детекција на потенцијални закани, со што значително се ...

Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран претпладнево во 09:46 часот во југоисточна Србија. Потресот бил почувствуван од населението во овој дел од земјата. Според официјалните сеизмолошки податоци, епицентарот е лоциран во непосредна близина на градот Лесковац. „Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во близина на Лесковац, на околу 6 километри од неговиот центар, на географски ...

Христијан Мицкоски денеска изјави дека нема намера да се кандидира за претседател на државата во 2029 година и дека по завршувањето на мандатот планира да се врати на факултет, велат од СДСМ. „Значи, откако ќе ја ограби Македонија, ќе ја изолира од европскиот пат, ќе го постави своето судство и обвинителство, и ќе ја доведе државата до економски и институционален колапс, сака мирно да си замине и да се врати во академска кариера? Нема да биде ...

Напад со ладно оружје се случил во текот на изминатата ноќ на Булеварот „Кралја Александра“ во белградската населба Звездара. Според првичните сознанија, четириесет и седумгодишниот Љ. Г. бил повреден по расправија во објектот каде што престојувал, по што напаѓачите побегнале. Настанот се случил околу 2 часот наутро кога, според очевидци, во објектот влегле три женски лица. По првичната вербална расправија меѓу присутните, ситуацијата брзо ...

Времето утре променливо облачно и нестабилно со повремен локален дожд и грмежи. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), грмежи, засилен ветер (над 60 km/h) и појава на краткотрајно невреме со град, соопшти УХМР. Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд и појава на град. ...

Одговорно тврдиме дека новиот изгласан Закон за игри на среќа и забавни игри содржи одредби кои се во спротивност со темелните вредности, но и со членот 55 од македонскиот Уставсо кој уставотворците предвиделе гаранции за слободата на пазарот и претприемништвото. Доколку предлагачите на законот навистина сметаа дека игрите на среќа се штетни по здравјето на луѓето, тогаш тоа мораше прво да го докажат во соодветна правосудна постапка, а потоа ...

УХМР ги објави температурите во 11 часот во градовите низ Македонија. Најтопло е во Гевгелија со 32 степени, како и Велес со 31. 30 степени се измерени во Скопје и Струмица. Со 18 степени Попова Шапка е на листата со најниска температура во 11 часот. Денеска времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Попладне се очекува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можност за ...

На 30.06.2026 во 18:00 часот на улица „Љубо Божиновски Пиш“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Б.С. (54) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загадување на животната средина и природата“ казниво по член 218 од КЗ. По претходно објавено видео на социјалните мрежи, на кое се гледа како лице кое дошло со патничко возило „цитроен“ со тетовски регистарски ознаки, фрла вреќи со ...

Руската Федерација донесе одлука за итно затворање на сите железнички гранични премини со Финска, Естонија и Латвија, со што привремено се суспендира сообраќајот на седум клучни железнички точки долж северозападната граница. Како што објави руската државна новинска агенција ТАСС, руското Министерство за надворешни работи доби инструкции официјално да ги извести сите три европски земји за одлуката. Официјалниот декрет соопштува дека мерката ...

Возачите во Велика Британија се соочуваат со ризик од високи парични казни доколку ги остават своите возила да работат во место со цел да ја разладат кабината. Додека делови од Англија и Велс се под влијание на силен топлотен бран со температури до 40 степени Целзиусови, локалните власти потсетуваат дека ваквата практика е спротивна на законот. Правната регулатива се заснова на актуелните прописи за емисии на штетни гасови во урбаните ...

Со реконструкцијата на Владата, Министерството за социјална политика ќе го преземе Ѓоко Велковски, кој во моментов ја извршува функцијата заменик-министер. Тој се огласи на социјалната мрежа Фејсбук и упати благодарност. -Упатувам искрена благодарност до Претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски Hristijan Mickoski и до Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за укажаната доверба да бидам предложен за министер за социјална политика, ...

Во емисијата „Утринско Еспресо“ на Радио Лидер, гостуваше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски кој на самиот почеток истакна дека изминатите две години ВМРО-ДПМНЕ покажала дека работи чесно, одговорно и транспарентно и посочи дека во тој период биле реализирани бројни проекти и мерки во повеќе области, меѓу кои транспортот, образованието, дигитализацијата, економијата, како и зголемувањето на платите и пензиите. „Изминативе две ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.33
46%
1018
weather icon

Белград

25ᴼ / 25ᴼ
6.3
54%
1017
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
1.8
75%
1022
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.22
51%
1018
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
0.86
51%
1017
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
1.5
87%
1022
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
3.39
39%
1012
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.68
52%
1014
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
3.96
40%
1016
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 21ᴼ
5.36
63%
1018
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
0.89
50%
1022
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
3.09
100%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.3095

Currency

71.9016

Currency

37.6328

Currency

38.2957

Currency

65.7252

Currency

7.903

Currency

0.64661

Currency

0.3348

Currency

0.52421

Currency

1.11625

Currency

0.55894

Платина

56328.11

Паладиум

43853.62

Калај

56.16

Бакар

13.36

Рутениум

53852.50

Сребро

2102.98

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Родиум

278103.96

Злато

141498.65

Алуминиум

3.34

Иридиум

252383.36