Вчера во 18:15 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул.„Бањешница“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(56) од Гостивар и мотоцикл „кросер“, управуван од А.Ф.(19) од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Ургентен центар Гостивар, информираа од полицијата во дневниот билтен. По ...

Полициски службеници од СВР Куманово синоќа во 23:00 часот, ги лишија од слобода С.Р.(34) , А.М.(31), А.М.(27), Ј.К.(38), сите од тетовско, С.А.(40) од село Черкезе, кумановско и Н.М.(62) од Гостивар затоа што на подрачјето на Куманово организирале борба на кучиња, соопштија од МВР. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави, додаваат од МВР. Полициски службеници ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против правно лице од Свети Николе, Б.К.(34) – одговорно лице во правното лице и С.С.(21), двајцата од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалоци на дете“ и против А.П.(37) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „попречување на правдата“. На 12.04.2025, во ...

Пет лица лишени од слобода, а со едно извршен службен разговор за семејно насилство, од вкупно 10 пријави во Скопје, Охрид, Куманово и Битола во последното деноноќие На 23.03.2026 во 16:30 часот во охридско село, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода А.П.(54) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека на 21.03.2026 во семејниот дом физички ја нападнал неговата 76-годишна мајка, при што употребил и тврд предмет. На ...

На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Загреб беше пречекана од претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, со што започна нејзината дводневна официјална посета на земјата. Двајцата претседатели одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на македонската и хрватската делегација во чиј фокус беа традиционално пријателските билатерални односи. ...

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Универзитетската клиника за очни болести по повод успешно реализирани трансплантации на рожница, во соработка со тим експерти од Америка. -Во рамки на посетата на експертите од САД, успешно се реализирани вкупно 16 трансплантации на рожница. Оваа посета претставува значајно продлабочување на соработката што ја воспоставивме со нив при првата посета, кога беа поставени темелите на ова ...

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Ф.(59), М.Р.(48), Д.Ф.(45) и Ј.Ф.(41), сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна верска и друга дискриминаторска основа“ и „поттикнување“. На 03.02.2026 на пат во близина на Битола и во Битола, пријавените организирале ненајавен собир, каде со поголема група на граѓани го блокирале сообраќајот и ...

Вчера во 13:00 часот, полициски службеници од ОВР Демир Хисар го лишиле од слобода Н.Д.(33) од с.Сопотница, демирхисарско. Имено, врз основа на наредба од Основен суд Битола, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории, сопственост на Д.Д(64) од с.Сопотница, Демир Хисар, кои ги користи Н.Д., при што биле пронајдени две ловечки пушки, муниција за ловечка пушка. По документирање на настанот, против него ќе следува ...

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска упати остри обвинувања до опозициската СДСМ, тврдејќи дека партијата веќе пет дена не ја демантира соработката со Зоран Башановиќ и Милјан Шчекиќ. Според Манасиевски, токму нивните „лоши ПР лекции“ се причината за ниската конкурентност на СДСМ на политичката сцена. Манасиевски смета дека Филипче со својот молк директно ги потврдува тезите на ВМРО-ДПМНЕ за нивната ...

Времето утре променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, соопшти УХМР. Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Во четврток преку денот времето ќе биде стабилно, суво и потопло. Ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено силен ветер од јужен правец. Од вечерните часови нашето подрачје ќе потпадне под влијание на циклонска активност која ќе услови период на ...

Деновиве во државата се случува тоа на што предупредивме и тоа уште пред неколку недели, а тоа е дека порастот на цените на енергенсите, на дериватите, на нафтата, на бензините ќе повлече поскапување на сите прво прехранбени продукти, понатаму на се друго во државата. Нафтата беше 71 денар сега е 95,5 денари и граѓаните веќе се жалат дека имаат проблем дека не може да наполнат ниту една кошничка, дека едноставно не може да се прехранат. ...

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, во интервју за Независен, предупреди дека намалувањето на ДДВ-то за нафтените деривати не е доволно за справување со енергетската и економската криза, ниту пак ова го решава енергетскиот проблем со која се соочува државата. „Само со намалување на ДДВ не се решава енергетски проблем. Тоа е само лепење на фластер на раната, а не терапија на процесите кои водат до проблемот.“, истакна Битиќи. Битиќи предупреди ...

Утрово Израел се соочи со шестиот бран ирански напади од полноќ, при што ракета со моќна боева глава од 100 килограми директно погоди улица во срцето на Тел Авив. Експлозијата предизвика огромна материјална штета врз три згради и целосно уништи повеќе возила. Само вистинско чудо и навремената реакција на граѓаните спречија претворање на овој напад во масовна трагедија. „Штетата е огромна, ова беше директен удар. Среќна околност е што ракетата ...

Демократската унија за интеграција излегува со конкретни факти кои покажуваат како граѓаните се оштетуваат во време криза со енергенси. Ова го велат од ДУИ преку соопштение испратено за јавноста. – Додека на светските берзи цените на нафтените деривати бележат драстичен пад од околу 10%, во нашата држава граѓаните ќе продолжат да плаќаат повисоки цени цела недела. Причината е јасна – Регулаторната комисија за енергетика применува застарен ...

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, оствари стратешки важна средба со својот турски колега, Мехмет Нури Ерсој, со цел привлекување на што поголем број турски туристи и капитал во Македонија. На средбата во Турција, двајцата министри ги потврдија традиционално блиските врски, но овојпат со фокус на конкретни економски чекори. Главен акцент беше ставен на привлекувањето на турски инвеститори кои би ја развивале туристичката ...

На 23.03.2026 во Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Струга лишија од слобода Л.Р. (19) и неговиот 15-годишен брат поради постоење основи на сомнение за кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, пронајден е пиштол „Dessert Lort“ калибар 9 мм и празна рамка за ...

Страшен потрес со јачина од дури 7,6 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран на дното на Тихиот Океан, во непосредна близина на архипелагот Тонга. Според првичните податоци од Американскиот институт за геофизика (USGS), епицентарот на овој моќен земјотрес бил на длабочина од 238 километри под морското дно. Иако длабочината на потресот вообичаено го намалува ризикот од катастрофално цунами, силниот интензитет предизвика паника ...

Во обраќањето на Конференцијата во Скопје посветена на централното банкарство, премиерот Христијан Мицкоски нагласи дека во време на глобални промени и неизвесности, улогата на централните банки станува клучна – не само како чувари на ценовната стабилност, туку и како столб на довербата и економската отпорност. Мицкоски посочи дека Владата ја поддржува дигиталната трансформација во финансискиот сектор, финтек иновациите и модернизацијата на ...

Екипите на ЈП Комунална хигиена – Скопје отстранија две обемни диви депонии, лоцирани на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица) и во Старата скопска чаршија, соопштуваат од јавното претпријатие. Локацијата на булеварот Никола Карев, на пресекот со улицата Максут Садик, веднаш до детското игралиште, претставува „црна точка“ каде континуирано се одлага отпад на јавни и сообраќајни површини. Во текот на последните активности на оваа ...

Државниот завод за ревизија направил ревизија на работата на Државната изборна комисија (ДИК) за 2024 година, при што утврдил неправилности и системски слабости. При ревизијата било констатирано дека пописот на средствата и обврските не е извршен согласно законските и подзаконските акти, дека не била извршена процена на вредноста на дел од недвижностите, како и дека планирањето и одобрувањето на средствата за спроведување на изборите во 2024 ...

Црна вест доаѓа од селото Трешњевица, во близина на српскиот град Ивањица, каде згасна млад живот поради кобна грешка. 12-годишно момче го загуби животот откако, помагајќи им на своите родители во земјоделските работи, се напило од пластично шише мислејќи дека во него има сок. Наместо освежување, во шишето имало силен отровен раствор наменет за сузбивање на корови во овоштарникот. Иако момчето се борело за живот во болниците во Ивањица и ...

Директорот на ДЗС и претседател на партијата Достоинство, Стојанче Ангелов, го искажа своето мислење за нападите од страна на Америка на Иран. Тој вели дека го оправдува нападот, поради суровиот режим кој владее во Иран. -Замислете кога една таква власт како што е иранската би имала на располагање нуклеарно оружје? Која би била безбедноста на светот? Целосно го оправдувам нападот на САД заедно со Израел и времето ќе покаже што се имал Иран од ...

Српското дуо Башановиќ-Шчекиќ со лоши лекции за дуото Филипче-Заев. Горивата ќе поскапеа за 10.5 денари за дизел и 6 денари за безоловен бензин да не беше реакцијата на Владата. Ефектот од мерката е заштеда за граѓаните од 200 илјади евра секој ден, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение. Тезата на СДС дека сепак поскапеле горивата и нема ефект од мерките на Владата не само што не е точна, туку говори и за принципот по кој се води ...

На 23.03.2026 година во 23:30 часот, на регионалниот пат Демир Капија – Неготино, кај местото викано „Острово“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово го лишија од слобода Б.Е. (29) од Република Турција. Претходно, при преземање на мерки кај клучка Тремник, полициските службеници забележале дека од возилото „Шкода Камик“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, излегле неколку лица. Возилото наскоро ...

Во своите први изјави откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека води разговори со Иран за ставање крај на војната, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека Израел „ќе ги заштити своите витални интереси во секоја ситуација“. Во видео изјава, Нетанјаху рече дека денеска телефонски разговарал со „нашиот пријател“ Трамп. – Трамп верува дека постои шанса да се искористат масивните достигнувања на ИДФ (израелските одбранбени ...

Унапредување на соработката во образованието, развојот на вештини и младинските политики, како и можностите за натамошно продлабочување на партнерството во рамки на европските образовни и мобилни програми, биле главните теми на средбата меѓу министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Ана Михајлов, со извршната потпретседателка на ...

Министерството за одбрана на Колумбија денеска соопшти дека воен авион од типот „Херкулес Ц-130“, од американско производство, учествувал во несреќа на југот на земјата, додека локалните медиуми наведуваат дека во леталато се наоѓале околу 110 војници. Министерот за одбрана на Колумбија, Педро Санчез, изјави дека несреќата се случила при полетување од база во колумбискиот дел на прашумата Амазонија, на границата со Перу, додека авионот ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Загреб ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од хрватскиот претседател Зоран Милановиќ. Во рамки на официјалната посета на Хрватска, предвидена е тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, како и пленарен состанок на делегациите на двете земји. Сиљановска-Давкова ќе се сретне и со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. Во агендата е предвидено таа да положи венец на ...

Само еден ден по прес-конференцијата на Христијан Мицкоски, цената на дизелот повторно се зголеми за 3,5 денари, достигнувајќи 95,5 денари за литар. Ова е трето покачување, со што вкупното зголемување изнесува 24,5 денари по литар. Јасно се гледа ефектот од „мерката“ на Мицкоски, велат од СДСМ. -Секако, Мицкоски го покажува своето вистинско лице – нема капацитет ниту за државничка ниту за економска политика, прав дилетант. Намалувањето на ДДВ ...

Турција, Египет и Пакистан во последните денови пренесуваат пораки меѓу САД и Иран во обид да го деескалираат конфликтот, објавува американскиот портал Аксиос, повикувајќи се на неименуван американски извор. Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек и постигнува ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
45%
1015
weather icon

Белград

19ᴼ / 18ᴼ
3.09
49%
1011
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
77%
1011
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
4.63
45%
1016
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
2.86
62%
1013
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
1.03
93%
1011
weather icon

Атина

21ᴼ / 17ᴼ
0.89
50%
1016
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
77%
1017
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
68%
1017
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
4.63
59%
1015
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
49%
1010
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
3.09
60%
1017
Currency

61.635

Currency

52.7072

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Алуминиум

3.57

Сребро

2840.84

Калај

50.03

Кобалт

45.39

Бакар

12.06

Цинк

3.35

Платина

64172.89

Злато

166450.52

Паладиум

48883.97

Рутениум

51376.89

Родиум

319899.93

Иридиум

253540.09