Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
На 01.07..2026 година во 16:20 часот, на автопатскиот патен потег Охрид-Подмолје, кај клучката „Св. Еразмо“, патнички автомобил „Опел“ со струшки регистарски ознаки, управуван од С.М.(70) од струшкото село Подгорци, излетал надвор од коловозот и удрил во метален електричен столб. Тој, како и две малолетни лица на 14 и 16 годишна возраст од селото Подгорци, се префрлени во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид каде им биле констатирани тешки телесни ...
Во Полициска станица е извршен разговор со две малолетнички и нивни родители во врска со насилството во скопски Аеродром. Од МВР информираат дека на 01.07.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје 31-годишна жена пријави дека на 30.06.2026 околу 22:00 часот во парк на подрачјето на општина Аеродром нејзината 12-годишна ќерка била физички нападната од 14-годишна малолетничка која била заедно со нејзина другарка и кои претходно ја натерале во два ...
Енергетската безбедност денес претставува заедничка одговорност на регионот и може да се обезбеди само преку поврзана инфраструктура, усогласени политики и заеднички инвестиции, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на Неформалниот министерски совет на Енергетската заедница во Приштина. На состанокот, на кој учествуваа министри од регионот, претставници на Европската комисија и Секретаријатот на ...
Иако со месеци се работеше на консензус на сите политички партии за носење на нов Изборен законик, коалицијата на Венко Заев и Апасиев излезе повторно на виделина и со над 10 илјади амандмани здружено го блокираат реформскиот закон, односно Изборниот законик, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на партискиот портпарол Валентин Манасиевски. -Венко Заев и СДС свесни дека поддршката ја губат се повеќе и повеќе, ...
ВМРО-ДПМНЕ покажа дека реформите доаѓаат со многу труд, работа и одговорност, и носат конкретни резултати. Еден од најважните приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е Реформската агенда. Нејзиното спроведување е доказ дека Македонија конечно има јасен план, институционална дисциплина и политичка волја да испорачува резултати, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Драгана Бојковска, член на ИК на ...
Сопственик на возило во Тетово пријавил оштетување на неговиот автомобил, при што полициската истрага открила проектил од непознат калибар. Според информациите од СВР Тетово, на 1 јули Е.Д. (48) од гостиварското село Равен пријавил дека на улицата „Јане Сандански“ во Тетово забележал оштетување на предниот дел од неговото паркирано возило „Рено Каптур“, а полициските екипи под возилото, на заштитната маска, пронашле и подигнале проектил од ...
Во Полициското одделение Групчин било пријавено дека 11-годишно дете од Сараќино било каснато од куче додека се движело низ селото. Според информациите од полицијата, на 2 јули околу 00:20 часот, Р.С. од Сараќино пријавила дека претходната вечер околу 22:30 часот нејзиниот син бил нападнат од куче пред куќа на жител на селото. Како што е наведено, кучето било без надзор и не било соодветно врзано, при што детето се здобило со повреда на ...
Бесплатен спортско-едукативен камп за учениците од социјален ризик и талентирани спортисти од Кисела Вода! Ова денеска на Фејсбук го објави градоначалничката Бети Стаменковска- Трајкоска. -Утрово од Општина Кисела Вода ги испратив нашите талентирани млади спортисти и учениците од семејства во социјален ризик на бесплатен летен спортско-едукативен камп во Охрид! Тие ќе престојуваат во одморалиштето „Детски радости“ во Свети Стефан, каде им се ...
Голем пожар зафати болница во северниот германски град Лудвигслуст, во близина на Шверин, при што загинаа две лица, а повеќе од 30 се повредени. Локалните власти потврдија дека несреќата се случила во раните утрински часови, предизвикувајќи итна евакуација на целиот објект. Жртвите се пациенти, пожарот почнал од болничка соба Според првичните информации од истрагата, огнот избувнал во една од собите за пациенти, по што брзо се проширил на ...
Тешка несреќа се случи во Македонија кога возач удри во бандера и повреди двајца малолетници. Според информациите на СВР – Охрид, вчера во 16:20 часот, на автопатскиот патен потег Охрид-Подмолје, кај клучката „Св. Еразмо“, патнички автомобил „Опел“ со струшки регистарски ознаки, управуван од С.М.(70) од струшкото село Подгорци, излетал надвор од коловозот и удрил во метален електричен столб. За жал повредени биле двајца малолетници на возраст ...
Богатиот малтешки бизнисмен, обвинет дека го нарачал убиството на Дафне Каруана Галиција, се појави пред судот денеска, девет години по смртта на новинарката која истражуваше корупција на малиот медитерански остров. 44-годишниот Јорген Фенех е обвинет за соучество во нејзиното убиство и за злосторничко здружување. Негираше вина во исказот пред судот. Доколку судот го прогласи за виновен, му се заканува доживотен затвор. Новинарката Каруана ...
Лути демонстранти запалија центар за третман на заболени од ебола во источниот дел на Демократска Република Конго, при што загина еден полицаец, а други двајца беа повредени, соопштија официјални лица. Неколку пациенти со ебола, заедно со луѓе кои покажуваат симптоми на смртоносниот вирус, избегаа од центар за третман во селото Бафвабанго, во покраината Итури, изјави за ДПА Џозеф Пемамакуве, главен здравствен службеник на локалниот здравствен ...
Државниот завод за ревизија (ДЗР) објави конечен извештај за финансиското работење и усогласеноста на ЈЗУ Универзитетска клиника за торакална и васкуларна хирургија за 2024 година, во кој се утврдени слабости во повеќе сегменти од работењето. Ревизорите констатирале недостатоци во управувањето со залихите, спроведувањето на јавните набавки и наплатата на побарувањата, како и значително оптоварување на Клиниката поради голем број итни ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на социјалната мрежа Фејсбук објави дека Горан Герасимовски ќе го номинирам за нов потпретседател на партијата. -„СДСМ дополнително се зајакнува. Со задоволство ги информирам членовите дека Горан Герасимовски ќе го номинирам за нов потпретседател на #СДСМ. Горан е човек кој со силна, посветена и одговорна работа ја заслужи довербата на граѓаните на општина Центар. Победата и освоениот втор мандат како ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изненади со позитивен тон кон Техеран, изјавувајќи дека Соединетите Американски Држави во моментов „многу добро се согласуваат со Иран“. Ваквиот остар пресврт во реториката следува веднаш по завршувањето на најновите преговори и технички состаноци кои двете дебатирачки страни ги одржаа во Доха. Шефот на Белата куќа пред новинарите јавно ги пофали постигнатите резултати, нагласувајќи дека процесот за ...
Реформите кои ги спроведува Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ даваат резултати. Дигитализацијата носи конкретни резултати за граѓаните и крај на бирократијата и чекањето по шалтери. Дигиталната трансформација е обврска кон граѓаните. Државата мора да работи брзо, ефикасно и без бирократски лавиринти, а институциите конечно да бидат во служба на народот, а не обратно, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. – Преку Националниот портал за ...
УХМР издаде метео-аларм за локално невреме на територијата на Македонија. Македонија и денеска ќе биде под влијание на нестабилна воздушна маса, која ќе донесе променливо облачно време со локални врнежи од дожд и грмежи. Според прогнозата, на повеќе места се очекуваат интензивни врнежи, при што локално може да наврнат повеќе од 15 литри дожд на квадратен метар. Невремето ќе биде проследено со силни грмежи, ветер што повремено ќе надминува 60 ...
Ретка и исклучително силна политичка изјава на социјалните мрежи сподели поранешната прва дама Меланија Трамп, отворено поддржувајќи ја радикалната одлука на американскиот Врховен суд за спортот. Врховниот суд пресуди дека сојузните држави имаат целосно право со закон да ги ограничат и забранат настапите на трансродовите спортисти во женските категории. Меланија Трамп јавно порача дека иако лично ја поддржува ЛГБТКИА+ заедницата, сепак мора ...
По насилното укинување на техничката Влада, Христијан Мицкоски сака со сила да воведува автократски модели. Ова го велат од опозициската СДСМ денеска преку соопштение упатено до јавноста. -Мицкоски сака изборен закон со кој никој нема да контролира околу 200.000 гласови. Сака гласовите на дијаспората што ќе пристигнуваат преку интернет да немаат никаква контрола. Додека нашите граѓани кои гласаат во татковината минуваат сериозна контрола пред ...
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, преку објава на социјалните мрежи реагира дека на лидерската средба во фокус била темата за воведување на една изборна единица, а не електронското гласање на дијаспората, кое според него подоцна се појавило како клучно прашање и „црвена линија“ на ВМРО-ДПМНЕ во преговорите за новиот Изборен законик, се наведува во соопштението од ПП Левица. -„Чекај малце премиере… На лидерската средба зборевме за една ...
СДС и Левица по месеци разговори усогласувања и прифатени забелешки, денес го блокираат донесувањето на Изборниот законик и ги кочат реформските процеси. СДС и Левица учествуваа во креирањето на текстот, но денес поднесуваат десетици илјади амандмани со единствена цел да го блокираат донесувањето на Изборниот законик и да ги закочат реформските процеси. Ова го велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение до јавноста. -Изборниот законик е усогласен со ...
Обилните врнежи што ја зафатија земјава во изминатото деноноќие беа најизразени во скопскиот регион, каде во населбата Црешево се измерени 74 литри дожд на квадратен метар. Високи количини се регистрирани и во Лисиче со 63 литри, како и во Гази Баба, каде наврнале 44 литри на квадратен метар. Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до 8 часот утрово 32 литри на квадратен метар се измерени во Куманово, 29 во Крива ...
По вчерашната седница на Претседателството на ВРЕДИ, донесена е одлука претставници на коалицијата во Владата да бидат личности кои носат нова енергија, одговорност и посветеност во служба на граѓаните. Ова го наведуваат од партијата, преку соопштение упатено до јавноста. -За министер за правда е предложен универзитетскиот професор Џетон Шасивари, за министер за односи меѓу заедниците е предложен Агон Ферати, додека за министер за култура и ...
Силното невреме што вчера го зафати Куманово зад себе остави поплавени домови, деловни објекти и улици, а екипите на надлежните служби со часови работеа на отстранување на последиците. Денеска состојбата е ставена под контрола и повеќе нема активни интервенции. Според Регионалниот центар за управување со кризи, најголем дел од пријавите се однесувале на поплавени подруми и навлегување вода во станбени и деловни објекти, при што е причинета ...
Воздушниот транспорт во Северна Македонија бележи континуиран напредок преку инвестиции во безбедност, технологија и проширување на врските со нови дестинации. Кадрите на ВРЕДИ во институциите покажуваат дека со работа и посветеност можат да се постигнат стандарди кои до вчера изгледаа недостижни. Ова го велат од партијата ВРЕДИ преку соопштение упатено до јавноста. – Во таа насока, заменик-министерката за транспорт и врски, Калтрина Зеколи, ...
Четириесет и осумгодишен работник е тешко повреден при извршување на работни задачи во фирма на подрачјето на скопската општина Чаир. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 30 јуни околу 21:35 часот од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во СВР Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.К. (48). Според првичните информации, тој се здобил со повредите за време на извршување на работните обврски. ...
Возач од Тетово е лишен од слобода откако бил фатен како вози со брзина од 177 километри на час на делница каде што максимално дозволената брзина е 80 километри на час. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, случајот е евидентиран вчера околу 18 часот на патниот правец Гостивар – Тетово, кај клучката Боговиње. Брзината била измерена од полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот со специјално возило ...
УХМР ги измери температурите во градовите низ Македонија во осум часот утринава. Според податоците од УХМР, утрово најсвежо е во Радовиш каде се измерени 15 степени, а највисока температура е измерена во Гевгелија, 22 степени. Во Скопје утринава во осум часот се измерени 17 степени. Македонија и денеска ќе биде под влијание на нестабилна воздушна маса, која ќе донесе променливо облачно време со локални врнежи од дожд и грмежи. Според ...
Во Секторот за внатрешни работи Струмица денеска свечено ќе бидат пуштени во употреба нови простории наменети за разговор со деца кои се во судир со законот. На отворањето е најавено присуството на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој ќе има свое обраќање пред присутните. Предвидено е на настанот да се обратат и амбасадорот на Кралството Шведска, Ола Сулстром, шефот на Мисијата на ОБСЕ, Килиан Вал, како и директорот на Бирото ...
Државна делегација предводена од заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески денеска ќе престојува во Штип, каде ќе ја посети подрачната канцеларија на Агенцијата за вработување. Во посетата ќе учествуваат и градоначалникот на Штип Иван Јорданов, директорката на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА, Даниела Димовска, како и заменик-директорката на Агенцијата за вработување Весна Пешова. Како ...