Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Центарот за управување со кризи (ЦУК) излезе со детален извештај за штетите предизвикани од обилните врнежи што ја зафатија државата во изминатите 24 часа. Заклучно со синоќа во 21:00 часот, состојбата е најкритична во западниот и југозападниот регион, каде се регистрирани излевања на реки, поплавени домови, земјоделско земјиште и сериозни проблеми во сообраќајот. Кичево најпогодено: Евакуирани 60 жители Најдраматично било во Кичево, каде ...
Од утре (08.01.2026) со почеток во 10:00 часот, граничниот премин Меџитлија (Ники) ќе биде под целосна блокада за товарниот сообраќај. Како што информираат од АМСМ, причина за прекинот е протестот на грчките земјоделци кои најавија радикализација на своите активности. Забраната за движење на камионите ќе трае точно 48 часа, односно сè до сабота (10.01.2026) во 10:00 часот. Превозниците се советуваат да ги пренасочат своите рути кон останатите ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) официјално активираше жолто ниво на предупредување поради опасност од нови поплави. Според метеоролозите, постои сериозна потенцијална опасност од локално излевање на реките, но и на суводолиците кои по обилните дождови можат брзо да се наполнат и да предизвикаат штети. Ова предупредување доаѓа во момент кога земјата веќе се соочува со поплавени домови во Кичево и Охрид, а властите апелираат на ...
Силното невреме предизвика серија одрони и излевања на реките во западниот и полошкиот регион. Реката Вардар веќе се излева во атарот на селото Балин Дол, додека кај Гостивар и Тетово сообраќајот е во прекин или се одвива со големи тешкотии поради одрони на патните правци кон Стража и Бањиче. Критични точки и состојби: Струга: Гостивар: Маврово: Стабилни зони: Надлежните институции продолжуваат со деноноќно следење на водостоите, бидејќи ...
Директорот на ЦУК, г-дин Мухамед Али, заедно со дежурните екипи на 112 и Секторот за операции, континуирано ја следи состојбата по обилните врнежи и ги повикува граѓаните, доколку имаат потреба или забележат проблеми, истите да ги пријават на бројот 112. Според пријавите и интервенциите до 21:00 часот на 07.01.2026 година: Гостивар – Стража: одрони на патот, сообраќајот се одвива редовно. Тетово – Бањиче: одрони покрај коловозот кои ...
Обилните дождови предизвикаа критична состојба во Кичево, каде на улицата „Прилепска“ во тек е евакуација на граѓани од нивните станбени објекти. На терен се екипи на Дирекцијата за заштита и спасување, Црвениот крст и локалните комунални служби кои се борат со водната стихија. Покрај Кичево, под вода е и Охрид каде се поплавени десетици подруми, гаражи и дворови. Центарот за управување со кризи (ЦУК) е во состојба на висок аларм, а кризните ...
Силното невреме предизвика серија одрони и излевања на реките во западниот и полошкиот регион. Реката Вардар веќе се излева во атарот на селото Балин Дол, додека кај Гостивар и Тетово сообраќајот е во прекин или се одвива со големи тешкотии поради одрони на патните правци кон Стража и Бањиче. Критични точки и состојби: Струга: Гостивар: Маврово: Стабилни зони: Надлежните институции продолжуваат со деноноќно следење на водостоите, бидејќи ...
Градоначалникот на општина Даниловград, Александар Гргуровиќ, вели дека ситуацијата со поплавите во таа општина станала уште покомплицирана преку ноќ и дека неколку семејства биле евакуирани. Им бил понуден сместување во Полициската академија, а откако ќе се повлече водата, општината ќе ја процени штетата и, како што вели Гргуровиќ, ќе биде тука за сите свои граѓани. Сообраќајот е прекинат на неколку локации. Орја Лука е непроодна, критично е ...
Вчера околу 21:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул. „Србија“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „даихатсу“ со бугарски национални ознаки, управувано од Ј.Ч.(63) од Прилеп, со престој во Скопје и трицикл „томос“, управуван од М.С.(18) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле М.С. и неговиот сопатник С.Р.(23), а со телесни повреди се здобил уште еден сопатник од трициклот И.С.(19), ...
Завчера во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода К.А.(34) и И.М.(34), двајцата од село Марвинци, валандовско. При преглед кај нив, кај К.А. пронајдени се неколку пакувања со амфетамин. Лицата се задржани во полициска станица и на 06.01.2025 врз основа на судски наредби, извршени се претреси во нивните домови во с. Марвинци, при што при претрес во домот на К.А. пронајдени се три поголеми пакувања со амфетамин и ...
Вчера во 11:45 часот на улица „Архиепископ Михаил“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес, го лишиja од слобода А.К.(63) од Велес. Претходно, тој со патничко возило „пежо“ со велешки регистарски ознаки, удрил во патничко возило „бмв“ со хрватски национални ознаки, управувано од С.Г.(39) од Велес. При преземање мерки во врска со несреќата, било констатирано дека А.К. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно дека има 2,90 ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, утрово присуствуваше на Божествената литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“, со која чиноначалствуваше поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан. Преку својот Фејсбук профил, тој упати порака во која нагласи дека молитвата и заедништвото се клучни потсетници за силата на верата и единството. „Христос се роди! Божиќ е празникот што тивко нè собира околу највредното, семејството. Тој нè потсетува ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, утрово присуствуваше на централната божиќна литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Премиерот, заедно со бројни верници, го одбележа најрадосниот христијански празник, упатувајќи пораки за спокој и семејна среќа. „На православните христијани им го честитам Христовото раѓање, а на сите граѓани им посакувам, пред сè, здравје, среќа и мир во домот“, истакна премиерот Мицкоски ...
Подгответе ги топлите облеки – Македонија се наоѓа под влијание на силна циклонска активност која во наредните денови ќе донесе променливо време и значително заладување. Како што информираат од УХМР, поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер утре врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места. На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во ...
Вчера во 13:30 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.Л.(36) од Скопје, по пријава дека на 04.01.2025, додека се движеле во неговото патничко возило на подрачјето на Центар, физички ја нападнал неговата 36-годишна партнерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Вчера во 13:30 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.Л.(36) од Скопје, по пријава дека на ...
Вчера во 21:35 часот на автопатот Гостивар- Тетово, кај с.Жеровјане, полициски службеници од СВР Тетово, поради основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на пари” ги лишиле од слобода С.С.(31) од Гостивар и Ч.Ј.Б.(24) од Р.Турција. Тие во 17:15 часот во ПО Жеровјане биле пријавени од А.Р.(22) од с.Жеровјане, вработен во бензинска пумпа во с.Жеровјане, дека околу 15:40 часот, во патничко моторно возило „цитроен” со гостиварски ...
Вчера во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.К.(31), Б.А.(73) и А.Н.(46), сите од Скопје и М.М.(26) од Берово, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци. Вчера во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.К.(31), Б.А.(73) и А.Н.(46), сите ...
Вчера во 22:20 часот во СВР Скопје А.Ј.Е.(27) од Р.Турција пријави дека околу 19:15 часот, пред трговски центар на подрачјето на Гази Баба, заедно со неговата сопруга се качиле во такси возило со крајна дестинација на подрачјето на Бит Пазар и откако пристигнале, пријавителот извадил 2000 денари и 50 евра и го прашал такси возачот колку треба да плати за услугата, а тој му ги одзел парите и ги избркал од возилото. Се преземаат мерки за ...
Вчера во 14:45 часот во СВР Скопје М.Г.Д. од Р.Турција, со престој во Скопје, пријави дека на 05.01.2026 околу 17.50 часот на подрачјето на Бит Пазар бил пресретнат од В.Ф. и „О.„Н.“, по што В.Ф. почнал да удира по неговото возило. Подоцна, повторно бил пресретнат од В.Ф. и уште едно лице, кои физички го нападнале, а му го оштетиле и возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Вчера во 14:45 часот во СВР Скопје М.Г.Д. од ...
Вчера во 12:00 часот, во ОВР Струга е пријавено дека во нива лоцирана на локален пат помеѓу струшките села Ливада и Корошишта, пронајден е пиштол „застава“, калибар 6.35 милиметри и пет куршуми. Увид на местото извршија полициски екипи по што, пронајдените предмети се подигнати за натамошна постапка. По целосно расчистување на настанот, ќе следи соодветен поднесок. Вчера во 12:00 часот, во ОВР Струга е пријавено дека во нива лоцирана на ...
Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено, но под зимски услови. Од ЈП „Македонија пат“ информираат дека на Попова Шапка веќе се бележат врнежи од снег со среден интензитет. Засега нема забрани за движење, а екипите се на терен за да обезбедат чисти коловози. Низ останатиот дел од државата патиштата се претежно влажни поради дождот, а на повисоките предели се препорачува максимална претпазливост. „Нашите дежурни екипи се ...
Западна Европа се подготвува за повеќе снег и мраз додека бурата Горети се движи по атлантскиот брег на континентот. Обилните снежни врнежи предизвикаа прекини во сообраќајот во Париз и северна Франција, а јужна Британија се очекува да биде најтешко погодена во четврток и петок. Автобуските услуги во Париз се суспендирани, а властите забранија камиони и училишни автобуси од една третина од нејзините административни оддели. Сообраќајните ...
Вицепремиерот Тимчо Муцунски, се придружи на празничните честитки по повод Божиќ, ставајќи го акцентот на семејството и меѓусебната почит. Во својата порака, тој повика празничните денови да се поминат во духот на разбирањето и заедништвото. „Честит Божиќ, Христос се роди! Божиќ е празник што нè потсетува на најважните вредности – мирот, човечноста, солидарноста и грижата еден за друг. Во време на предизвици, токму овие вредности нè ...
Напорите за враќање на електричната енергија и греењето во областите во југозападен Берлин продолжуваат четврти ден по ред откако десетици илјади домаќинства останаа без струја по нападот врз електричната мрежа, објави ДПА. Околу 45.000 домаќинства и повеќе од 2.200 бизниси во саботата останаа без струја откако беа запалени високонапонски кабли што ги поврзуваат со електрана. Берлинските власти веруваат дека левичарските активисти се ...
Силен земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди источниот брег на Филипините, предизвикувајќи паника меѓу локалното население. Епицентарот на потресот бил лоциран во близина на Бакулин, во провинцијата Суригао дел Сур, на длабочина од околу 10 километри под морското дно. Сведоци велат дека тресењето траело неколку секунди, при што луѓето во паника ги напуштале објектите. Сеизмолозите предупредуваат дека овој ...
Критична е состојбата во регионот на Драч по силните врнежи кои предизвикаа масовни поплави. Според последните информации, водната стихија веќе навлезе во околу 800 домови, принудувајќи ги спасувачките екипи итно да евакуираат над 180 лица чии животи биле во директна опасност. Министерот за одбрана, Пиро Венгу, синоќа итно го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за да се координира одбраната на градот. Состојбата останува тензична, а ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска упати честитка по повод големиот христијански празник Божиќ, повикувајќи на меѓусебна почит и грижа. Филипче истакна дека во овие турбулентни времиња, мирот е неопходен за да се продолжи со градење на праведно и толерантно општество. Во своето обраќање, тој стави посебен акцент на борбата против дискриминацијата и почитувањето на различностите во државата. „Посакувам сите заедно да градиме ...
Стотици скијачи се собраа на снежна падина во Кран-Монтана, Швајцарија, каде што заедно формираа облик на срце во знак на сеќавање на жртвите од смртоносниот пожар за време на новогодишната ноќ во локалнииот бар „Ле Констелејшн“, во кој загинаа 40 лица, а повеќе од 100 беа повредени. Иницијативата беше предводена од Швајцарското училиште во Кран-Монтана и различни скијачки клубови од регионот. На нив им се приклучи и Туристичко-конгресната ...
Министерството за внатрешни работи отвори истрага по фотографиите што се појавија на социјалните мрежи, на кои се гледа свештеник како врши верски обред и осветување на службени полициски возила во кругот на Министерството. Од МВР информираат дека Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди презема активности за целосно утврдување на околностите и дека јавноста ќе биде дополнително информирана по завршување на постапката. ...
Вчера во 21:20 часот полициски службеници од ОВР Гостивар, на ул. „Илинденска” во Гостивар го лишија од слобода Љ.Х. (33) од Гостивар, кој бил баран со потерница по судска наредба поради бегство од затворот „Идризово“, а за доиздржување имал уште една година и четири месеци од вкупната затворска казна од осум години, на која бил осуден поради сторени кривични дела по членовите 237, 215, 382,186 од КЗ. Тој бил спроведен во затворот „Идризово“ ...