Најмалку 44 Палестинци се убиени во израелските напади во Појасот Газа, многумина додека се обидувале да добијат храна, соопштија локалните власти, а УНИЦЕФ предупреди дека жителите се соочуваат со недостиг на вода поради уништувањето на системот за водоснабдување. Најмалку 25 лица кои чекале камиони со помош беа убиени во израелски оган јужно од Нецарим во централниот Појас Газа, соопштија локалните здравствени власти. Израелската армија, на ...

Основниот кривичен суд Скопје на 25 јуни ќе ја донесе конечната пресуда за петмината обвинети за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, откако денеска одбраната на првообвинетиот Љупчо Палевски и другите обвинети во случајот ги дадоа своите завршни зборови. Палевски во завршните зборови денеска првпат ги посочи обвинетите Велибор Манев како организатор на убиствата, Боре Видевски како извршител, додека Влатко Кешишев како стражар на двата ...

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител одлучи дека Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје и уште еден јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје сториле тешки дисциплински повреди од член 91 алинеја 6 од Законот за јавното обвинителство, односно намерно и неоправдано направиле крупни професионални грешки. „Врз основа на изведените докази, Комисијата утврди дека јавниот обвинител од ...

Апелациониот суд Скопје ги уважи жалбите на Основното јавно обвинителство Скопје по мерките куќен притвор и им определи мерка ефективен притвор во траење од 30 дена на поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев и поранешниот организациски директор Нехат Нухи за случајот „Онкологија“. Во Апелациониот суд во Скопје денеска се одржа јавна седница по жалбите на мерката „куќен притвор“ за поранешниот директор на Клиниката за ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ја посети хидроелектраната „Козјак“, каде што се информираше за тековното функционирање на капацитетот, безбедносните стандарди, како и можностите за понатамошно унапредување на производните перформанси. Хидроелектраната „Козјак“, која е дел од производниот систем на АД „ЕСМ“, располага со инсталирана моќност од 80 мегавати и служи како еден од клучните столбови за ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април година, изнесува 45 452 денари и во однос на април лани е повисока за 10,6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита за 14.7 проценти, Образование за 14.4 проценти и Административни и помошни услужни ...

Во Апелациониот суд во Скопје денеска се одржа јавна седница по жалбите на мерката „куќен притвор“ за поранешниот организациски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи за случајот „Онкологија“. Обвинителството бара укинување на куќниот и определување ефективен притвор, поради опасност од бегство, додека Нухи вели дека е невин и побара од судот да се брани од слобода. Судијката Весна Димишкова, образложувајќи го предметот рече дека ...

Судот во Струга го прогласи за виновен градоначалникот Рамиз Мерко по обвинението за извршено кривично дело „несовесно работење во службата“, односно за сторени нерегуларности при назначувањето вршители на должност директори на општински основни училишта во селата Лабуништа, Радолишта и Подгорци. Судијата Јордан Јованов, кој го водеше процесот за стореното кривично дело на обвинетиот му изрече парична казна, во износ од сто дневни глоби односно ...

Денеска е уапсен З.Д., вработен во Народната банка на Северна Македонија, по сведочењето на Велибор Манев, еден од обвинетите за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски. Манев пред судот изјави дека токму З.Д. е лицето кое, по налог на Љупчо Палевски, го уништило оружјето за кое се сомнева дека е употребено во двата монструозни злосторства. Обвинителството ја потврди информацијата за апсењето и најави дека се ...

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во јуни се зголемени за 790 денари во споредба со мај, покажуваат податоците што ги изработува Сојузот на синдикати на Македонија. Според овие податоци, вредноста на синдикалната минимална кошница во јуни изнесувала 64 698 денари, а со изнајмен стан од 60 метри квадрати 80 073 денари. Зголемување од 733 денари има и кај храната и пијалоците во однос на мај. Пресметките на ССМ покажуваат дека за ...

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека е објавен Јавен повик бр. 02/2025 за доставување на барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2025 година. Првата мерка е за финансиска поддршка во рибарството: Потточка 1.6 - Дополнителна заштита на рибите во риболовните води: - до 30.000 денари за заштита на риболовните ревири и рекреативни зони; - до 150.000 ...

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека е објавен Јавен повик бр. 02/2025 за доставување на барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2025 година. Првата мерка е за финансиска поддршка во рибарството: Потточка 1.6 - Дополнителна заштита на рибите во риболовните води: - до 30.000 денари за заштита на риболовните ревири и рекреативни зони; - до 150.000 ...

Обвинетиот Велибор Манев на денешното судско рочиште во Основниот кривичен суд за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, го откри идентитетот на лицето кое добило задача од Палевски да го земе и да го уништи или скрие синиот ранец каде бил пиштолот и моторолите користени во двата кривично правни настани. – Ова е последната коцка од сложувалката. Ранецот е кај член на Десна, вработен како техничко лице во Народна банка, дознав кога ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,57% во однос на одлуката од 19.6.2025 година. Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на Екстра лесното масло за ...

Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште во својот завршен збор во Основниот кривичен суд за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, побара ослободителна пресуда за првообвинетиот Љупчо Палевски, посочувајќи дека Основното јавно обвинителство не ја докажало вмешаноста на Палевски во двата кривично правни настани. Според Страшески, Обвинителството не прикажало ниту еден конкретен доказ со кој би се докажала вината на ...

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Богородица, информираа од АМСМ, задржувањето од македонска страна е околу 40 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна ...

Во Апелациониот суд во Скопје денеска се одржа јавна седница по жалбите на мерката „куќен притвор“ за поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев за случајот „Онкологија“. Обвинителството побара укинување на куќниот и определување ефективен притвор, додека Васев побара од судот да се брани од слобода. Судијката Весна Димишкова, образложувајќи го предметот рече дека основниот суд одредил мерка куќен притвор во траење од 30 дена ...

Фотографија покажува пожари што горат во близина на канцелариите на Мајкрософт во Бер Шева, јужен Израел, а оштетени се и станбени згради, јавува Би-би-си. Пожарникарите и амбулантните возила се на местото на настанот. Според досегашните информации, пет лица се повредени и однесени во болница. Се чини дека Иран повторно го нападна технолошкиот парк Гав-Јам, за кој иранските власти вчера наутро изјавија дека бил нивна цел кога ја нападнале ...

Министерството за транспорт информира дека Државниот инспекторат за градежништо и урбанизам постапувајќи во рамки на своите надлежности преку вонредна контрола направи увид во изгрaдба на објект во општина Охрид, објект кој се наоѓа во заштитетната зона на Старото градско јадро во Охрид, поточно во Старата охридска чаршија. „При увидот, констатирано е прекршување на одредбите од Законот за градење, односно инвеститорот вршел градежни активности ...

Синоќа беше фрлена граната врз резиденцијата на норвешкиот амбасадор во Израел во Тел Авив, но никој не беше повреден, изјави израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар. „Пред кратко време разговарав со норвешкиот амбасадор во Израел, Пер Егил Селваг, во чиј двор вечерва беше фрлена граната. Остро го осудувам ова сериозно и опасно злосторство“, напиша Саар на мрежата Икс. Израелското Министерство за надворешни работи не одговори ...

За синоќашното стенд-ап шоу „Широк дијафазон“ на Сашко Коцев, кој речиси два часа ја смееше до солзи кривопаланечката публика на отворањето на програмата од „Кривопаланечко културно лето“ 2025, се бараше место повеќе. Настапот на Коцев предизвика досега незапаметен интерес кај публиката која уживаше во извонредниот, атрактивен и енергичен стенд-ап, со актуелни теми од општествените случувања, машко-женските релации, коментар на Коцев на неговото ...

Иранската војска испука нов бран ракети кон Израел, соопшти израелската војска. Нападот доаѓа откако Израел издаде предупредување за евакуација до жителите на иранско село северозападно од Техеран, најавувајќи напад врз воената инфраструктура таму. Предупредувањето се однесува на индустриската зона на селото Колеш Талешан. Иранска ракета се чини дека паднала на пат во близина на станбена зграда во израелски град Нема извештаи за повредени по ...

Рускиот милијардер и основач на Телеграм, Павел Дуров, откри дека има повеќе од 100 деца и планира да го сподели своето богатство со нив. Павел има шест деца со три партнерки и над сто деца родени преку донација на сперма. 40-годишниот милијардер, чие богатство се проценува на 17,1 милијарди долари, во интервју за француското списание „Ле Поинт“ објасни дека планира да го сподели своето богатство меѓу повеќе од 100 деца и дека не прави никаква ...

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, денеска ќе ја чуе пресудата по предметот што против него се водеше пред Основниот суд во Струга, во кој тој беше обвинет за „несовесно работење во службата“ и нерегуларности при назначување вршители на должноста директори на основни училишта во струшките села Лабуништа, Радолишта и Подгорци. Судијата Јордан Јованов, кој го водеше предметот на вчерашното рочиште на кое беа изведени завршните зборови на ...

Иран во неделата испали ракета врз Израел што расфрла мали бомби со цел зголемување на цивилните жртви, соопштија израелската војска и израелската амбасада во Вашингтон, што е прва пријавена употреба на касетна муниција во седумдневната војна. „Иранските вооружени сили испалиле ракета што содржела касетна муниција врз населено цивилно подрачје во Израел“, соопшти амбасадата во е-пошта до Ројтерс, без да ја наведе областа на нападот. „Касетното ...

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Хезболах ќе биде уништен ако либанската организација го нападне Израел како поддршка на Иран. „Генералниот секретар на Хезболах не учи ништо од судбината на своите претходници и се заканува дека ќе дејствува против Израел по наредба на иранскиот диктатор. Предлагам овој либански пион да биде внимателен и да разбере дека Израел го изгубил трпението со терористите кои му се закануваат. Ако се ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) вчера донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,06 % во однос на одлуката од 16.06.2025 година. Од 20.6.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,00 (денари/литар) Моторен бензин ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) вчера донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,06 % во однос на одлуката од 16.06.2025 година. Од 20.6.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,00 (денари/литар) Моторен бензин ...

Судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува денеска во Основен кривичен суд Скопје со завршен збор на обвинетите и одбраната на Љупчо Палевски откако на изминатото рочиште одбраната на Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски побараа ослободителна пресуда. Основното јавно обвинителство претходно побара максимална казна доживотен затвор за Палевски, Кешишев, Видевски и Манев, додека, за таткото ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу 30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
68%
1019
weather icon

Белград

19ᴼ / 18ᴼ
1.03
57%
1018
weather icon

Загреб

21ᴼ / 15ᴼ
1.03
71%
1018
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
4.12
72%
1021
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
2.77
69%
1020
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 13ᴼ
0.0
93%
1019
weather icon

Атина

27ᴼ / 26ᴼ
8.75
47%
1013
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
0.51
64%
1014
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
1.03
32%
1015
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 17ᴼ
2.24
72%
1022
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
1.03
72%
1020
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
6.69
69%
1018
Currency

61.54

Currency

53.0129

Currency

71.3354

Currency

34.6232

Currency

38.5115

Currency

65.6625

Currency

7.38423

Currency

0.66559

Currency

0.35881

Currency

0.52799

Currency

1.30132

Currency

0.60505